Озил ги налути Германците со поканата до Ердоган

Месут Озил летово ќе стапи во брак со манекенката и актерка Амине Ѓулше, а фудбалерот на истанбулскиот аеродром се сретна со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, за да му даде покана за свадбата, па дури од него побарал и да му биде кум.

Ова ја налути германската јавност. Озил поради блискоста со Ердоган, често беше критикуван од германски медиуми, а тоа е и една од причините поради кои крилото на Арсенал веќе не добива покани за настап во репрезентацијата на Германија.

 

Озил и Амине која е важи за една од најубавите Турчинки, се верија во јануари. Но, проблемот на Озил со Германците е што тој е поповрзан со земјата од која потекнува, отколку со земјата во која е роден.

„Јас сум фудбалер, а не политичар. Тоа што сум се сликал со претедателот на земјата на моето семејство не е водење политика, туку почит. Во Германија ме третираа лошо, се чувствував непосакуван, и нема зошто да играм за репрезентацијата. Мислам дека е заборавено што сум направил за селекцијата од моето деби во 2009 година, дресот го носев со гордост и возбуда. Сега тоа е минато“ – изјави Озил.

 

- Оглас -

Најнови вести