Озил ги збесна навивачите на Арсенал по објавената порака за мечевите од ЛШ

Месут Озил повеќе од половина година нема одиграно ниту една минута во дресот на Арсенал, но германскиот интернационалец нема намера да го раскине договорот според кој е најскапоплатен фудбалер во клубот. Озил тренира со Топчиите, но тренерот Микел Артета одлучи да не смета на неговите услуги.

Во една таква ситуација, кога Арсенал се подготвува за дуелот против Рапид Виена во Лигата на Европа, Озил ги следеше возбудувањата во Лигата на шампионите. По последните мечеви од ЛШ, Озил на својата твитер-страница реши да го пофали некогашниот соиграч Оливие Жиру.

Напаѓачот Жиру беше дел од Арсенал, но потоа направи трансфер и сега игра за Челзи. Французинот даде четири гола на гостувањето кај Севилја, а Озил го пофали овој историски потфат на Жиру, што веднаш наиде на реакции кај фановите на Топчиите затоа што се работи за фудбалер на лутиот лондонски ривал.

 

- Оглас -

Најнови вести