Озил ќе се жени, а за прослава на свадбата ќе даде пари за операција на 1000 деца

На Месут Озил не му оди баш најдобро на фудбалскиот терен. Откако минатата година се откажа од репрезентативниот дрес на Германија, сезонава ја заврши разочарувачки откако поради слабата игра, беше повлечен од игра во финалето од Лигата на Европа меѓу Арсенал и Челзи. Германецот со турско потекло едноставно не ја оправда платата од 350.000 фунти која му ја дава Арсенал.

Сепак, на приватен план, на Озил му е сосема добро. Утре ќе се жени со долгогодишната девојка Амине Гулсе, а по повод свадбата која се очекува, фудбалерот откри како планира да го прослави големиот ден. На социјалните мрежи Озил најави дека тој и неговата девојка ќе платат операции на 1.000 деца од целиот свет.

Озил ги повика сите хумани луѓе кои ќе сакаат да му се приклучат и да донираат, па бројот на помогнати деца да ја надмине бројката од 1 000. Операциите ќе ги организира организацијата „Големиот чевел“, која работи со германски и шведски доктори, а главна цел е да им се подобри животот на децата на кои тоа им е потребно.

 

 

- Оглас -

Најнови вести