Озил му рекол на Мурињо: Ако толку знаеш, облечи дрес и ти влези да играш!

Турскиот Германец Месут Озил кажа дека додека играл за Реал Мадрид, имал еден конфликт со тогашниот тренер Жозе Мурињо, но генерално имале добри односи со португалскиот стручњак.

Специјалниот во 2013 година рече дека Озил е најдобриот полушпиц на светот, а само една година порано имале жестока кавга во соблекувалната на Реал, на полувреме на дуел со Депортиво Ла Коруња. Реал на тој септемвриски меч во 2012 година водел со 3-1, но Мурињо го критикувал Озил.

„Ако сакаш топката да биде кај тебе, треба да трчаш повеќе. Мислиш дека две прецизни додавања за едно полувреме се доволни?, прашал Мурињо и продолжил да критикува. „Што сакаш? Да одиш под туш и да ставиш шампон во косата? Сакаш да седиш сам или да им помогнеш на колегите и да ги радуваш навивачите? Сакам да играш како маж“, велел Мурињо и пред сите имитирал како се однесувал Озил по теренот.

Озил прво молчел, а потоа возвратил.

„Ако си толку добар, играј си самиот. Облечи дрес и играј, со среќа“, му одговорил Озил.

Тука не бил крајот. Мурињо прашал: „Што е, што сакаш? Кукавица си. Плачко еден, оди под туш, не ни требаш“, рекол Мурињо и на паузата го заменил Озил.

Озил се извинил за однесувањето, но доби поддршка. Серхио Рамос, кој влезе во игра на негово место, под својот носеше дрес на Озил. Инаку, Месут за заминувањето од Реал го обвини својот татко.

„Не сакав да си одам од Реал, тоа ми беше најтешка одлука во животот, сонував да освојат ЛШ со Реал, но татко ми беше лош преговарач. Не е баш паметно да се биде тврдоглав кога спроти вас е Флорентино Перес“, рече Озил.

Откако Озил си замина од Реал, тимот освои четири европски титули.

- Оглас -

Најнови вести