Озил: Ридигер е најдобар дефанзивец на светот, видете што се случи со Челзи по неговото заминување

Месут Озил, поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, го испофали својот сонародник Антонио Ридигер, кој сега игра за Реал и сезонава командува со одбраната.

Ридигер синоќа даде и гол за минимална победа на Кралскиот клуб против Мајорка, па Озил не ја пропушти приликата да му даде комплименти.

„Тони Ридигер е најдобар дефанзивец на светот во моментов. Има неверојатна сезона во Реал. Прашајте ги Халанд и Осимен колку е добар. Погледнете што се случува со Челзи по заминувањето на Ридигер, многу им фали неговиот менталитет“, порача Озил.

- Оглас -

Најнови вести