Озил во Фенер – Платата огромна, бројот на дресот необичен

Месут Озил без сомнежи ќе биде најголемата ѕвезда во Турција, а со тоа и платата ќе му биде огромна откако ќе го стави потписот на договорот со Фенербахче.

Во следните три и пол години, Озил ќе заработува по пет милиони евра по сезона, а исто така ќе добие бонус од пет милиони евра кој ќе му се исплаќа на рати додека е во Истанбул.

По крајот на секоја сезона, Озил ќе добива по 500.000 евра бонус за учество во турското првенство, како и по 250.000 евра за секој пласман на Фенер во Лигата на шампионите.

Она што изненадува е изборот на Озил околу бројот кој ќе носи на дресот. Германецот ќе отсапи од стандарната „10-ка“ и неговиот број во Фенер ќе биде 67.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести