Падна договор: Осимен ќе биде рекордно засилување на Наполи

Наполи е на прагот да го реализира трансферот на Виктор Осимен, младиот напаѓач на Лил. Нигериецот ќе биде рекордно засилување за тимот на Џенаро Гатузо, откако италијанските медиуми потврдија дека Лил прифати 50 милиони евра кеш плус Адам Оунас, па трансферот вкупно ќе чини 81 милион евра.

Осимен во една нецела сезона во дресот на Лил го привлече вниманието на големите екипи од Европа, постигна 18 погодоци на вкупно 38 меча од кои 13 се во Лига 1. Одличниот учинок беше доволен за 21-годишниот голгетер да го вклучи алармот на „Сан Паоло“, па сега од него се очекува да биде замена за Аркадјуш Милик, кој е на излезна врата од Наполи.

Лил по само една година откако го продаде Николас Пепе на Арсенал за 80 милиони евра, прави уште еден фантастичен „дил“ од кој добро ќе заработи, со оглед на тоа дека Осимен ги чинеше 10 милиони евра кога го ангажираа од Шарлерој минатото лето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести