Падна договор: Столе кажува збогум на Европа и му се приклучува на Алиоски во Саудиска Арабија

Столе Димитриевски и дефинитивно ќе замине од Рајо Ваљекано и кариерата ќе ја продолжи во Ал Наср од Саудиска Арабија.

Неговиот сегашен тим ја прифати понудата од 10 милиони евра од Ал Наср и му даде „одврзани“ раце за да замине во Саудиска Арабија.

Димитриевски беше прогласен за најдобар голман по првиот дел од сезоната во Шпанија и со тоа се поврзуваше и со трансфер во Барселона, но очигледно до тоа ништо не дојде.

Сè уште не е познато на колку години ќе биде соработката меѓу Македонецот и еден од најголемите тамошни клубови кој и оваа сезона атакува на титулата и во моментов по 17 одиграни кола има 32 бода и е на третотто место.

Како што е добро познато, од претходно Езџан Алиоски настапува во Саудиска Арабија, но тој е во екипата на Ал Ахли.

- Оглас -

Најнови вести