Падна Кралот, Ајакс со брилијантна игра го нокаутира Реал Мадрид (Видео)

Ајакс одигра меч што долго ќе се памети и со 4-1 на „Сантијаго Бернабеу“ го нокуатира Кралот, Реал Мадрид, и му ја одзеде европската круна.

Популарните „копјаници“ четирипати погодуваа во целта и со играта го понижија фаворитот. Реал тргна во реваншот со предност од 2-1 од првиот меч, но брзо се најде во подредена улога.

Зијеч и Нерес со голови во првите дваесеттина минути му донесоа предност на Ајакс од 2-0, со што експресно беше анулиран резултатот од првиот меч во Амстердам.

Потоа прецизен беше и Душан Тадиќ, кој блескаше со еврогол и две асистенции, а Ласе Шене со уште еден еврогол го декласира Кралскиот клуб и фаворит за пласман во четврт-финалето.

Марко Асенсио успеа само да го ублажи поразот, кој е тежок и ќе ја продлабочи кризата кај Реал по двата порази од Барселона и елиминацијата во ЛШ.

https://www.youtube.com/watch?v=THa57SlwLWE

Во Дортмунд, Тотенхем повторно успеа да слави против Борусија, вечерва со 1-0 и со вкупен резултат од 4-0 му се приклучи на Ајакс во четврт-финалето во ЛШ.

https://www.youtube.com/watch?v=Yhn7C1nrkoQ

- Оглас -

Најнови вести