Падна првиот отказ во Премиер лигата

Шефилд јунајтед е првиот тим во Премиер лигата кој одлучи да го отпушти тренерот. Пол Хекингботом доби отказ и него на клупата на премиерлигашот ќе го замени Најџел Адкинс.

Шефилд јунајтед катастрофално ја започна сезоната и по 14 кола се наоѓа на последното место на табелата во Премиер лигата само со пет освоени бода и само со една победа.

 

Дефинитивната одлука за отказот управата ја донесе по саботниот пораз од Барнли од 5:0.

Адкинс на клупата на Шефилд јунајтед ќе дебитира в среда, на дуелот со Ливерпул.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести