Падна рекорд: Меч од европските квалификации заврши со 106 поени разлика

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија синоќа загуби на гостувањето во Германија, во првиот меч од квалификациите за пласман на Европското првенство. Нашите кошаркарски дури 25 минути имаа водство, но на крајот загубија убедливо со 32 разлика.

Овој пораз на Македонија е „минимален“ во споредба со тоа колку загуби Албанија на гости кај Полска. Домаќинките немаа милост и на крајот победија со неверојатни 125:19, што е нов рекорд во европската кошарка на официјалните мечеви. Резултатот на рекордниот меч по четвртини беше: 38:9, 38:4, 29:2 и 20:4.

- Оглас -

Најнови вести