Паѓаат ракети врз Израел, мечот Аргентина – Уругвај ќе биде одложен?

Репрезентациите на Аргентина и Уругвај имаат закажано пријателски меч за 18 ноември во Тел Авив, но средбата може да биде одложена поради најновите настани во Светата Земја.

Палестинците од појасот Газа испалија 50 ракети, дел од нив паднаа на територијата на Израел, па и во Тел Авив беа воведени посебни мерки на безбедност, училиштата не работат. Ако ситуацијата не се подобри, веројатно мечот ќе мора да се одложи или да се откаже.

Аргентинците веќе еднаш искусија како е да им се откаже меч во Израел, тоа се случи пред СП во Русија, кога требаше да играат со Израел по повод 70-годишнината од формирањето на израелската држава, но Палестинците се изборија за откажување на тој меч. Овојпат ривал на Гаучосите им е соседот Уругвај, со кого сакаат да бидат домаќини на Мундијалот во 2030 година, но повторно Палестинците може да спречат Меси да заигра во Израел.

- Оглас -

Најнови вести