2.8 C
Skopje
сабота, 15 ноември 2025
Дома Blog Страница 10000

Дрогба потсети дека е фудбалски мајстор (Видео)

Екипата на Феникс рајзинг го совлада Портланд тимберс со 3:0 во осминафиналето на плејофот во УСЛ лигата во САД, а дуелот ќе остане запаметен по водечкиот гол на 40-годишниот Дидие Дрогба во 28 минута.

Еден од најдобрите африкански фудбалери на сите времиња, од слободен удар од 35 метри испрати вистинска бомба кон голот на гостите, и голманот беше немоќен да го одбрани шутот.

Дрогба беше повлечен од игра во 71 минута, и ова може да му биде последен настап во дресот на тимот од Феникс. Дрогба сезонава даде пет гола на седум меча, а во четвртфиналето, Феникс ќе игра со Сакраменто рипаблик или Свуп парк ренџерс.

Тактичка војна – Сари контра проклетството на Мурињо

Манчестер јунајтед има примено 14 гола сезонава, Челси само пет, лондонскиот тим има дадено пет гола повеќе, а под водство на Жозе Мурињо, Јунајтед загуби на последните четири гостувања кај екс клубот на португалскиот стручњак.

Но, сите овие бројки не мора ништо да значат, дербито од 13.30 часот е посебно. Пораз за гостите, ќе значи 10 бода заостанување зад Челси, а може да значи и заминување на Мурињо. Нерешено, нема да биде трагедија за „црвените ѓаволи“, па аналитичарите прашуваат дали Мурињо ќе се брани со сите сили, и ќе го „паркира автобусот“ пред голот на Давид Де Хеа.

Еден Азар е во страшна форма, даде седум гола, и од него ќе зависи дали Челси ќе доминира на средбата.

Кај Манчестер, неизвесни се Шо, Матиќ, Мек Томинеј, Лингард, Ерера и Рохо, додека кај домашните, проблеми со повреди имаат само Баркли, Рудигер и Ковачиќ.

Овие два тима се сретнале 180 пати, првпат во далечната 1905 година. Челси има 54 победи, Јунајтед 49, а последниот дуел му припадна на лондонскиот тим со 1:0. Со Мурињо како тренер, Манчестер нема дадено гол на гостување кај Челси.

Јута даде 10 тројки за помалку од 7 минути, но и тоа не беше доволно (Видео)

Јута џез на сите можни начини се обиде да стигне до четвртата победа во низа против Голден Стејт, но не успеа. „Џезерите“ беа на една секунда до победата, но примија поени и на крајот загубија.

Неверојатно прво полувреме одигра Јута, во кое даде дури 81 поени. Благодарение на оваа ефикасност, домаќините по 24 минути игра имаа позитива од 12 поени, но не ги сочуваа до крајот. И покрај поразот, посебно ќе се памти шоуто на „џезерите“ во последните 7 минути од првото полувреме. Јута до тој момент немаше погодено ниту една тројка, а потоа за помалку од седум минути успеаа да дадат дури 10 тројки, што е вистинска реткост.

На крајот од средбата, Јута даде 19 тројки што е рекорд во историјата на клубот.

Шутерското шоу на играчите на Јута започнува од 5:00 минута на видеото.

https://youtu.be/pGPBM8BJzf0

 

„Луд“ меч во Јута: Шампионот победи со поени на 0,3 секунди до крајот (Видео)

Јута џез во последните неколку меча секогаш се покажувал како тежок противник на Голден Стејт. „Џезерите“ славеа на последните три меча и утрово на свој терен играа против шампионот. „Воините“ беа свесни дека ги очекува многу тежок меч. На крајот така и беше. Дуелот беше решен буквално во последната секунда, односно на 0,3 десетинки до крајот.

Јута имаше предност од 123:122, а одговорноста кај шампионот во последнито напад ја превзема Кевин Дјурант. Играчот кој имаше 38 поени, шутираше за два поени, но промаши на две секунди до крајот. Сепак, наместо дефанзивен скок на Јута, највисок беше Јеребко кој само ја пипна топката и ја врати во кошот. На 0,3 секунди до крајот Голден Стејт поведе, а на Јута и остана уште еден последен шут. Мичел биеше за тројка, но промаши, па гостите се радуваа.

Кај победничкиот тим, покрај Дјурант кој имаше 38 поени, 9 скока и 7 асистенции, одличен беше и Стеф Кари со 31 поени. Јута на овој меч „нападна“ со најсилното оружје на Голден Стејт, но не победи. „Џезерите“ дадоа 19 тројки од 46 обиди, а неверојата беше втората четвртина кога погодија 10 удари од далечина. Инглс со 27 поени и Мичел со 19 беа најефикасни кај Јута.

Во останатите мечеви: Орландо – Шарлот 88:120, Бруклин – Њујорк 107:105, Мемфис – Атланта 131:117, Минесота – Кливленд 131:123, Њу Орлеанс – Сакраменто 149:129, Торонто – Бостон 113:101, Милвоки – Индијана 118:101, ЛА Клиперс – Оклахома 108:92.

 

Алавес е нов лидер на шпанската лига!

Депортиво Алавес славеше на гостувањето кај Селта Виго со 1:0, и сега тимот на тренерот Абелардо е нов лидер на шпанската Примера, со еден бод повеќе од Севилја, која утревечер гостува во дербито кај Барселона. Стрелец на единствениот гол беше Пина во 58 минута. За Пина, ова е прв гол сезонава.

Алавес шест гола сезонава даде после прекин, и со тоа е најуспешен тим во лигата. За Алавес, ова е историска, прва лигашка победа на „Балаидос“. Досега имаа седум порази и три ремија. Селта нема победа од 1 септември наваму.

 

Јовиќ со пет гола ја понижи несреќната Фортуна

Ајнтрахт во Франкфурт ја прегази Фортуна Диселдорф со 7:1, и уште еднаш потврди дека овој тим му е омилен ривал, а Лука Јовиќ е фудбалерот за кој се зборува вечерва во фудбалска Европа.

Лука Јовиќ со неверојатни пет, и Себастиен Халер со два гола, без творци на оваа огромна победа, по која тимот од Франкфурт е шести на табелата и втор најефикасен тим во лигата.

Јовиќ кој има 20 години и 300 дена, е прв Србин кој постигна хет-трик во Бундеслигата и втор најмлад Србин зад Невен Суботиќ, кој дал два гола на бундеслигашки меч. Тој стана е најмлад играч воопшто кој постигнал пет гола во Германија, и прв член на Ајнтрахт на кого му пошло тоа од рака.

Ајнтрахт има дури 17 победи во 22 домашни меча (74 отсто успешност) против Фортуна, и тоа им е најдобар биланс против некој бундеслигаш.

Балбај со потегот на вечерта го остави Химки без победа (Видео)

Со тројка на Догуш Балбај на 2,1 секунди до крајот, екипата на Анадолу Ефес славеше минимално на гостувањето кај Химки, оставајќи го тимот од московскиот регион без победа по три меча сезонава во Евролигата. Мечот беше маратонски, а кога во пенал завршницата домашните решија да се бранат, Балбај погоди тројка со која го шокираше Химки, и на Ефес му ја донесе втората радост.

Погледнете ја тројката која го одлучи победникот:

РЕЗУЛТАТИ: Химки – Анадолу Ефес 84:85, Жалгирис – Фенербахче 75:82, Олимпијакос – Армани Милано 75:99, Реал Мадрид – Басконија 97:79.

Македонските топ-тенисери во игра за трофејот на МТП

Горазд Србљак – Иван Манасов и Томислав Јотовски – Стефан Мицов се полуфиналните двојки од турнирот на терените на МТП во Скопје. Ова е еден од ретките турнири кај нас на кои може да се видат најдобрите македонски тенисери.

Турнирот се одржува шеста година по ред, и е ретка прилика за публиката да ги види во акција нашите најдоброрангирани тенисери на АТП листата. Во четвртфиналето, сите полуфиналисти славеа во два сета, и ја оправдаа фаворитската улога.

Утре од 10 часот, на земјените терени во населбата Тафталиџе ќе се појават Србљак и Манасов, а по завршувањето на тој меч, битка за финале ќе водат Јотовски и Мицов.

Јотовски е прв носител, и единствен македонски тенисер кој е меѓу првите 1.000 на светската ранг-листа, но имаше проблеми со рамото и овој турнир му е шанса да види дали повредата е залечена и дали во наредниот период ќе може да игра на ИТФ турнири на кои се освојуваат АТП поени.

Финалето е закажано за в недела, а се играат и мечеви во двојки на кои настапува легендната Зоран Шевченко. За најдобрите, предвидени се парични награди.

Поради политика или не, Нејмар и Бруна раскинаа

Моделот и актерка Бруна Маркезине потврди дека фудбалерот Нејмар ѝ раскинал, и не сакаше да ги открие причините, но тврди дека проблемот не е политички. Се појавија шпекулации дека Нејмар и Бруна се скарале на политичка основа, бидејќи не се на иста страна пред претстојните претседателски избори во нивната земја.

„Ова беше негова одлука, но кажана со љубов и почит. Сакам само јасно да кажам дека причината не се претседателските избори“ – рече 23-годишната Бруна, која му беше девојка на Нејмар од 2012 година.

Пред две недели, тие двајца беа видени заедно во париски Дизниленд, па затоа и раскинувањето е изненадување. Како ќе се одрази ова врз фудбалерот на зелениот терен, останува да се види во наредниот период.

Барди: Подготвен сум за својот прв меч против Реал Мадрид

Енис Барди кој во Шпанија е познат како специјалист за слободни удари, поради шесте гола дадени од таков прекин, утре од 13 часот на „Сантијаго Бернабеу“ за првпат во кариерата ќе игра против големиот Реал Мадрид.

Во минатата сезона, Леванте двапати одигра нерешено со Реал, а Барди остана на клупата за резерви. Сега, Барди е незаменлив стартер и опасност за сите ривали кои прават фаули во близина на 16-никот.

„Не играв против Реал, се надевам дека ќе можам да му помогнам на мојот тим. Верувам дека атмосферата ќе биде пријатна и публиката ќе гледа убав меч. Сите ја знаеме големината на Реал, но ако одиграме најдобро што знаеме, можеме да победиме. Тие се во криза, имаат серија мечеви без победа и ќе се обидеме да го искористиме тоа“ – најавува Барди.

Барди додава дека не му е проблем да игра на било која позиција во средината на теренот која ќе му ја додели тренерот Пако Лопес.

„Ќе играм каде што ќе ми каже тренерот, не ми е проблем, но секако преферирам да играм како полушпиц, затоа и носам дрес со број 10. Важно е да му се помогне на тимот“ – додава Барди.

Македонскиот репрезентативец, вели оти напорно тренира и дека прецизните шутеви од слободни удари, се резултат на тренинзите.

„Многу тренирам и тоа е клучно. Треба да имате и чувство, но тренингот носи напредок и прецизност. Уште како дете шутирав слободни удари, го гледав и имитирав Кристијано Роналдо како шутира во Манчестер. Мислам дека последниот гол што го дадов против Хетафе, ми беше најубав, а би го издвоил и оној со Депортиво во минатата сезона“ – завршува Барди.