Емполи експресно најде решение за испразнетото место на клупата, а замена за Аурелио Андреацоли, кој доби отказ, ќе биде добропознатиот Џузепе Јакини.
На човек кој досега водеше дури 11 италијански клубови во различни лиги на Чизмата, Емполи ќе му биде епизода број 12, по што е неприкосновен во земјата со четири светски круни.
Меѓу клубовите кои ги предводеше од клупата е и Палермо, а му беше тренер на Александар Трајковски, и тоа многу кратко, само неполн месец, од 15-ти февруари до 10-ти март во 2016 година.
Во кариерата бил шеф на стручен штаб уште и на: Сампдорија, Сиена, Бреша, Удинезе, Киево, Пјаченца, Виченца, Чезена, Сасуоло и Венеција.
Четвртото коло од Спортска прогноза е вистински мерак за оние кои обожаваат да прогнозираат на дерби-дуели. Викендот кој следи нуди неколку големи мечеви, кои, секако, се дел од понудата од 12 натпревари на кои ќе може да прогнозирате со „1Х2“.
Најтрофејните два клуба во Италија играат меѓусебе. Милан е во серија од три победи во Серија А, а, секако, најголем предизвик ќе биде да продолжи низата и против Јувентус на „Сан Сиро“. Ако во Италија стандардно Јувентус е прв на табелата, во германската Бундеслига има измена. Баерн Минхен не делува толку доминантно сезонава. Актуелниот првак е четири бода зад лидерот Борусија Дортмунд, а в сабота ќе гостува кај „милионерите“. Ова ќе биде вистински тест за избраниците на Нико Ковач да покажат дали имаат шампионски менталитет.
Центарот на Премиер лигата ќе биде во Манчестер. Шампионот Сити на свој терен игра против Јунајтед. „Граѓаните“ имаат дури девет бода повеќе од Јунајтед, но кога се работи за градски дуел, секогаш е неизвесно да се прогнозира.
Покрај овие три меча, ви нудиме уште девет интересни парови за да се комплетира „12-ката“. Погледнете ги паровите и ПРОГНОЗИРАЈТЕ.
Правила
Прогнозерот со погодени 12 натпревари добива телефон Samsung Galaxy A6 2018.
Доколку 2 или повеќе ги погодат сите натпревари во едно коло, подарокот ќе се подели – ќе бидат доделени ваучери од Sport Life во вкупна вредност од 15.000 (ако има двајца добитници ќе добијат ваучери во вредност од 7.500 денари, тројца по 5.000 денари).
За погодени 11 натпревари – ваучер од 1.000 денари.
За погодени 10 натпревари – ваучер од 500 денари.
За погодени 9 натпревари – ваучер од 200 денари.
За учество во играта потребно е да сте фан на нашата facebook страница: facebook.com/SportManija
Секој корисник има право на една прогноза. Корисникот кој прогнозирал два или повеќе пати ќе биде дисквалификуван за тековното коло.
Ваучерите се активираат исклучиво на Sport Life клуб-картичка.
Легендарниот француски стратег Арсен Венгер се најавува како следен тренер на Милан. Според најавите, некогашниот легендарен менаџер на Арсенал во многу брзо време ќе биде назначен за наследник на Џенаро Гатузо. Малку е чудно што најавите за смена на Гатузо доаѓаат во време кога „росонерите“ наредија три победи во низа, но очигледно дека ова со Венгер е договорено многу порано.
Шпекулациите велат дека Венгер веќе има на радар и прво големо засилување за Милан. Французинот сака на „Сан Сиро“ да го врати Златан Ибрахимовиќ. Шведскиот голгетер две сезони го носеше „црвено-црниот“ дрес на Милан и во тоа време се радуваше на трофеј во Серија А и на Суперкупот на Италија.
Ибрахимовиќ е член на Лос Анџелес галакси, клубот кој во последното коло не успеа да се избори за влез во плејофот во МЛС-шампионатот на САД.
Црвена ѕвезда на својот стадион вечерва игра против Ливерпул во меч од четвртото коло во Лигата на шампиони. Српскиот првак има само еден бод по првите три меча и е аутсајдер во групата каде што се уште и Наполи и Пари Сен Жермен. Тоа го знае и тренерот на Ѕвезда, Владан Милојевиќ.
„Екипите кои се во нашата група играат во трите најдобри лиги во светот и за нас се како од друга димензија. Сите три ривали се натпреваруваат за трофејот во Лигата на шампиони, но ние ветуваме дека ќе се бориме за секоја топка. Важно е дека во Белград ќе има спектакл. Потребни ни се вакви случувања. Потребно ни е најдобрите клубови во свет да гостуваат во Белград. Резултатот не е толку важен, но секако дека без разлика каков ќе биде, јас сум одговорен за тоа. Ливерпул е голем фаворит, но ние сме подготвени. Верувам дека атмосферата на нашиот стадион ќе биде многу подобра од таа на „Енфилд роуд“. Не знам дали тоа ќе влијае на гостинските играчи, но знам дека ќе биде спектакл“, рече тренерот на Црвена ѕвезда, Милојевиќ.
Мечот на стадионот „Рајко Митиќ“ се игра со почеток од 18.55 часот.
Датумот шести ноември засекогаш ќе биде запамтен како датум на кој е остварена најславната кошаркарска победа во Македонија. Точно пред 22 години, МЗТ Скопје во својата сала „Јане Сандански“ го пречека најтрофејниот европски клуб, Реал Мадрид. Тоа беше во рамките од тогашниот Сапорта куп.
Шпанскиот гигант беше апсолутен фаворит. Со Жељко Обрадовиќ на клупата, а Дејан Бодирога на теренот, Кралскиот клуб веруваше дека лесно ќе помине во Скопје. Сепак, играчите на МЗТ не мислеа така. Врбица Стефанов, Мирза Куртовиќ, Тони Симиќ, Игор Михајловски, Дејан Димов, Марк Дин, Перо Блажевски и Ѓорѓи Књазев лавовски се бореа на теренот, а предводени од Александар Књазев од клупата, станаа кошаркарски херои за кои уште долго време ќе се зборува.
Во пеколна атмосфера во тогашната сала „Јане Сандански“, МЗТ направи чудо. Перо Блажевски ги даде победничките поени, и тоа од линијата за слободни фрлања на три секунди до крајот, а Аеродромци славеа со 69:68. Пред изведувањето на слободните фрлања, се памтат зборовите на коментаторот Љубомор Николовски, кој рече „тишина е потребна“. Цела сала молчеше се додека Блажевски не ги даде двете слободни фрлања, а потоа ерупција бидејќи славниот „крал“ од Мадрид падна на колена во Аеродром.
Овој меч уште долго ќе се памети, а во Аеродром постои и графит посветен на најважниот момент во македонската клупска кошарка. Перо Блажевски со топката се обидува да се концентрира, а стојат и зборовите „Тишина е потребна“…
За жал, македонската кошарка сезонава не само што нема свој претставник во силно европско натпреварување, туку како најголем успех е играњето на МЗТ Скопје Аеродром во АБА 2 лигата, додека шампионот Работнички не игра ниту во регионално натпреварување.
Џек Сок бележи огромен пад во 2018 година и од топ 10 играч лани, тениската сезона ќе ја заврши надвор од топ 100. Според проекциите, Американецот ќе биде на 105-тата позиција на крајот од оваа година и ќе им се приклучи само на уште тројцата тенисери во историјата со ваков пад.
Досега Алберто Мансини, Серхи Бругера и Марк Филипусис имале идентичен лош биланс во една година како и Сок.
Во 1990 година, Аргентинецот Мансини тргна од 10-тото место и сезоната ја заврши како 127-ми тенисер на светот. По него и Бругера забележа сличен резултат, во 1998 година од одлична стартна позиција број 8, до пад на 132-рата позиција.
Во овој милениум покрај Сок, сличен резултатски шок доживеа уште само Австралиецот Марк Филипусис. На почетокот на 2004 година беше 9-то рангиран на АТП-листата, а заврши на 109-тата позиција.
Ниту еден од четворицата тенисери со најголем пад на АТП-листата во една календарска година не беа повредени во текот на таа сезона.
Осуммина играчи на Спортска прогноза успеаја да освојат ваучер од Sport Life, благодарение на синоќешната победа на Еспањол против Атлетик Билбао. Тие осум прогнозери очекуваа „единица“ и добија ваучер од по 200 денари.
Според погодените типови, ова е најслабо коло досега. Нема ниту една 10-ка, а прогнозерите беа далеку од ваучер од 1.000 денари кој се добива со погодена 11-ка. Телефонот кој се добива за погодени сите 12 парови и овојпат останува недоделен.
Во текот на денешниот ден очекувајте ги паровите за 4-тото коло на Спортска прогноза.
На добитниците од 3-тото коло кои внеле број на Sport Life Клуб картичка ваучерите ќе им бидат префлени автоматски, другите ќе бидат контактирани со порака на е-адресата која ја пишале при прогнозирањето.
Џиџи Буфон се врати во Италија, сега како голман на ПСЖ, откако претходно целата кариера ја мина во два клуба од Серија А, Парма и Јувентус.
Токму како член на Јуве, Буфон честопати беше последната пречка на патот на Наполи кон Скудетото, а денеска, од 21 часот ќе се обиде да ги сопре разиграните „наполитанци“ сега како голман на Пари Сен Жермен.
„Се радувам што повторно ќе бранам во Италија. Треба да останеме смирени, бидејќи атмосферата ќе биде жешка. Да ја искористиме секоја шанса што ќе ни се укаже. Ова е незгодно гостување и на ’Сан Паоло’ тешко се победува, но ние имаме квалитет да ги освоиме бодовите“, вели Буфон.
Првиот меч во Париз пред две седмици заврши нерешено, 2-2, а двете екипи бијат голема битка да се најдат на првите две места во групата Ц. Ливерпул е лидер со шест бодови, Наполи има пет, ПСЖ 4, а Црвена ѕвезда само еден бод.
Вечерва ќе биде вистински фудбалски празник во Милано. На „Џузепе Меаца“ Интер ја пречекува Барселона, во дербито на денот од четвртото коло во Лигата на шампионите. Неверојатен беше интересот за овој меч. Во рекордно време беа продадени сите 80.000 билети, иако се работеше за прилично скапи влезници.
Интер се пофали дека е поставен нов рекорд во Италија кога се работи за сумата заработена од продадените билети. Вкупно 5,8 милиони евра се инкасирани од парите кои навивачите ги дадоа за влезници.
Марио Мело, некогашниот континентален боксерски првак на Јужна Америка во тешка категорија, почина на бизарен начин. Популарниот Мазазо во текот на боксерската кариера прими многу тешки удари од противниците во рингот, но ниту еден не успеа да го турне како што го направи тоа еден кроасан.
Мело почина за време на едно телевизиско шоу, додека учествувал во натпревар за брзо јадење кроасани. Во еден момент 56-годишниот Мело паднал и започнал да се гуши. Дел од присутните помислиле дека се работи за шега, но додека сфатат дека се работи за борба за живот, веќе било предоцна.
Еден пожарникар кој бил во публиката прв притрчал да помогне, но и покрај тоа што се обидел да го врати во живот, некогашниот боксер починал, и тоа за време на прикажување на ТВ шоуто.
Ние користиме колачиња за да се погрижиме да ви го дадеме најдоброто искуство на нашата интернет-страница. Ако продолжите да ја користите оваа страница, ќе претпоставиме дека сте задоволни со неа.