Дома Blog Страница 10617

Рекорд во НХЛ, два гола за две секунди (видео)

Хокеарите на Монтреал канадиенс поставија нов рекорд во НХЛ-лигата, со победата од 6-4 против актуелниот првак – тимот на Вашингтон капитолс. Откако по две третини резултатот беше 4-3 во корист на гостите, Доми и Армија приредија вистински спектакл, по кој Монтреал направи и пресврт, а потоа ја запечати победата.

На 19,38 минути до крајот, Доми погоди за 5-4 во корист на својот тим, а две секунди подоцна Армија го искористи празниот гол за конечните 6-4, па двата гола за две секунди се новиот рекорд за најбрзо постигнати погодоци во НХЛ-лигата.

Де Бројне пак се повреди

Фудбалерот за врска на Манчестер сити, Кевин де Бројне, повторно се здоби со повреда на коленото во вчерашниот триумф на „граѓаните“ против Фулам од 2-0. Белгиецот во 86-тата минута мораше да го напушти теренот, по еден незгоден пад на противничкиот играч врз неговата нога, по што де Бројне направи гримаса.

Поради повреда на коленото, од која се врати пред скоро време, ѕвездата на Сити беше надвор од редовите цели два месеци и пропушти 10 натпревари, а потребни се дополнителни прегледи за да се утврди дали се работи за сериозна повреда и колку време ќе го тргне од терените.

Шампионот на Англија викендов игра против тимот на Саутхемптон во рамките од 11-тото коло во Премиер лигата, додека во среда на свој терен го пречекува Шахтар Доњецк, во четвртиот меч од групната фаза во ЛШ.

 

Бразилец се почеша додека свиреше химната на Кина и доби казна (Видео)

Фудбалерот на кинескиот Шандонг Луненг, Диего Тардели, заработи необична суспензија и парична казна од тамошната фудбалска федерација. Бразилецот е казнет поради непочитување на кинеската химна.

Единствената причина поради која Тардели е казнет е тоа што додека свиреше химната, тој со раката се почеша за лицето. За Кинезите тоа е големо непочитување, па затоа решија да го казнат Бразилецот со еден меч суспензија и парична казна од 5.000 евра.

„Однесувањето на Тардели е непримерно. Додека свиреше националната химна, тој не се однесуваше како што треба“, стои во објаснувањето од кинеската федерација.

Нареден пат кога ќе биде пуштена химната, Тардели сигурно ќе стои мирно.

 

Неверојатен пресврт на Калгари, 40 одбрани на Коскинен за триумф на Едмонтон

Калгари флејмс успеа да се врати од заостанувањето со 4-1 и да направи комплетен пресврт во победата од 6-5 над Колорадо аваланш. Иако домаќините поведоа во вториот период со голот на Беклунд, Колорадо во четири наврати ја тресеше мрежата на Калгари. Во одлучувачките 20 минути, хокеарите на Калгари направија серија 5-0 и за 15 минути го остварија пресвртот и големата победа.

„Маслинарите“ од Едмонтон со 4-0 го совладаа тимот на Чикаго блекхокс, а ноќ за паметење имаше голманот на домаќините, Мико Коскинен. Финецот имаше неверојатни 40 одбрани, поточно ги спречи сите удари на гостите кон неговиот гол и придонесе за седмиот овосезонски триумф на Едмонтон.

Резултати НХЛ:

Њујорк ајлендерс – Питсбург пингвинс 3-2 (по пенали)

Торонто мејплс лифс – Далас старс 1-2

Детроит ред вингс – Њу Џерси девилс 4-3

Монтреал канадијанс – Вашингтон капитолс 6-4

Отава сенаторс – Бафало сејберс 4-2

Тампа беј лајтнинг – Нешвил предаторс 1-4

Сент Луис блуз – Вегас голден најтс 5-3

Калгари флејмс – Колорадо авеланш 6-5

Едмонтон ојлерс – Чикаго блекхокс 4-0

Анахејм дакс – Њујорк ренџерс 2-3 (по пенали)

ЛА кингс – Филаделфија флаерс 2-5

Сан Хозе шаркс – Колумбус блу џекетс 1-4

Четврток, 1-ви ноември:

Флорида пантерс – Винипег џетс 2-4

 

Невидена пенал-серија го исфрли Динамо од романскиот куп (Видео)

Некогаш големиот Динамо Букурешт е елиминиран од романскиот Kуп, и тоа во осминафиналето од третолигашот Мјеркуреја Чук со 9-8 на пенали, откако по продолженијата средбата заврши 3-3, а во регуларните 90 минути беше 2-2.

Пенал-серијата беше посебна приказна. Во петтата серија, Динамо имаше шут за победа, но Грозав сакаше да испадне мангуп и со „паненка“ да го матира противничкиот голман, но испадна смешен бидејќи топката заврши половина метар преку голот.

Последниот шут за Динамо беше непрецизен и домашните почнаа да се радуваат. Но, по 3-4 минути, судијата го врати пеналот бидејќи голманот Бордаш (Унгарец, а и не е чудно, бидејќи клубот Чук го спонзорира унгарската влада) излетал предвреме. Но, и повторениот пенал не беше реализиран. Голманот Бордаш гледаше во судијата и чекаше да види дали повторно ќе му ја поништи одбраната. Овојпат славјето можеше да почне.

Динамо од сезоната 1972/73 наваму не испаднал во осминафиналето и сега тренерот најави дека ќе игра со младинци бидејќи нема полза од искусните.

Погледнете ги сите голови и пенал-серијата:

https://www.youtube.com/watch?time_continue=259&v=nqOhC1swMIU

Бостон урна сопствен рекорд, „експлозија“ на Ембид (видео)

Бостон селтикс ноќеска го совлада тимот на Милвоки бакс со 117:113, нанесувајќи го првиот пораз на „елените“ за сезонава. „Келтите“ до победата стигнаа откако го соборија сопствениот рекорд во реализирани шутеви за три, постигнаа вкупно 24.

Со 28 поени и седум асистенции, Кајри Ирвин го предводеше тимот на Бостон до шестиот триумф, Хорфорд додаде 18 поени и осум асистеции. Во тимот на Милвоки, Адетокумбо како прва ѕвезда на тимот беше и најефикасен со 33 поени и 11 скока, а за победа не беа доволни ниту 32 поени на Бледсо.

 

Филаделфија до петтиот триумф сезонава стигна откако го совлада тимот на ЛА клиперс со 122:113. Свое шоу на средбата приреди Џоел Ембид, реализирајќи дабл-дабл учинок од 41 поени и 13 скока. Џеј Џеј Редик придонесе со 18 поени, додека на другата страна Вилијамс и Галинари уфрлија по 26, односно 25 поени.

 

Во останатите дуели кои се одиграа ноќеска, Денвер го совлада Кливленд со 110:91, Оклахома победи на гости кај Шарлот со 111:107, Сакраменто постигна 146 поени во победата над Атланта (146:115), а Портланд убедливо славеше против Њу Орлеанс со 132.119.

Нишикори си обезбеди пресметка против Федерер

Познати се сите парови во четврт-финалето на АТП Мастерсот во Париз, откако Кеј Нишикори со 2-0 (6-4, 6-4) беше подобар од Кевин Андерсон. Во текот на целата средба, Нишикори направи само два брејка, му го одзеде првиот гем на противникот во првиот сет, а потоа следуваше и клучниот брејк за 5-4 во вториот сет.

За Јапонецот ова ќе биде само второ појавување во оваа фаза од Мастерсот во Париз, а со оваа победа си обезбеди пресметка во четврт-финалето против Роже Федерер, додека останатите парови се: Доминик Тим – Џон Сок, Марин Чилиќ – Новак Ѓоковиќ и Александр Зверев – Карен Качанов.

Барселона ја „зграпчи“ победата против Макаби

Барселона влезе во мини-серија од три меча на кои издвојува победа, а вечерва лесно беше совладан Макаби со 74:58. „Каталонците“ очекувано беа подобри од израелскиот тим, кој полека, но сигурно тоне во Евролигата со четвртиот овосезонски пораз.

Клучна беше третата четвртина, која Барселона ја освои со 25-7, иако претходно Макаби резултатски беше рамноправен противник во првиот дел. Курич и Клавер беа најефикасни во тимот на Барса со 14, односно 13 поени, додека најсветла точка кај поразените беше Калојаро со 11 поени.

Најдобриот напад против најслабата одбрана, јасно беше кој ќе победи

Во дуелот меѓу најдобриот напад и најслабата одбрана од Премиер лигата, Манчестер сити триумфираше со 2-0 над Фулам во рамките од осминафиналниот дуел во Лига купот на Англија.

Младиот Брахим Дијаз беше двоен стрелец за „граѓаните“, кои и со комбиниран состав немаа проблеми против аутсајдерот на оваа средба. Дeветнаесетгодишниот Шпанец прво погоди во 18-тата минута, а конечните 2-0 ги постави во 65-тата минута од мечот.

Со оваа победа, Манчестер сити во четврт-финалето ќе го чека подобриот од дуелот меѓу Лестер и Саутемптон, додека познати се останатите парови.

Највозбудлив ќе биде дуелот меѓу Арсенал и Тотенхем, лондонското дерби ќе се игра на „Емирати“, Челзи на свој терен ќе го пречека тимот на Борнмут, додека Мидлзбро и Бартон ќе се борат за пласман меѓу најдобрите четири екипи.

Бетис единствена „двојка“ во Кралскиот куп

Реал Бетис со минимални 1-0 славеше во првиот дуел против Расинг Сантандер од двомечот во Кралскиот куп. Серџо Леон го постигна единствениот погодок на средбата, а фудбалерот на гостите беше прецизен од белата точка во осмата минута.

Претходно, Кадис со 2-1 го совлада тимот на Еспањол, Спортинг Хихон, исто така, издвои победа на домашен терен, со 2-1 беа подобри од Ејбар. Селта Виго и Сосиедад ремизираа при конечни 1-1, Алмерија и Вилјареал одиграа нерешено, 3-3, додека Севилја без голови ремизираше против третолигашот Вилановенсе.