Дома Blog Страница 10625

Најголемите лоши одлуки во спортската историја

Една погрешна одлука често знае да биде катастрофален потег на еден спортист. Во текот на кариерата, атлетите се наоѓаат на раскрсница која може да ги однесе до слава или, пак, целосно да ги упропасти. Еден лош момент може да ги овековечи и да ги прогонува цел живот, а вакви ситуации имало безброј во спортската историја.

Вејн Грецки – Олимписки игри 1998 година

Несомнено најдобриот хокеар на сите времиња, Вејн Грецки, не беше избран од селекторот на Канада да биде меѓу играчите кои ќе шутираат пенали против Чешка во полуфиналната пресметка на ЗОИ во 1998 во Нагано. Селекторот Крофорд не му даде шанса на својата мегаѕвезда, а неговите избраници ги промашија сите обиди во пенал-рулетот и на крајот Канада остана без посакуваното финале.

Валентино Роси ја замени Јамаха со Дукати

Во 2011 година, тогашниот актуелен светски првак во Мото ГП, Валентино Роси, одлучи да ја напушти Јамаха и да се пресели во тимот на Дукати. Следните две сезони ги помина во сивило, италијанскиот мотоциклист само трипати се искачи на подиумот од 35 трки.

Боуви пред Џордан

НБА-драфтот од 1984 година ќе остане запаметен по најголемата глупост направена од франшизата од Портланд. Трејлблејзерс бираа како втор тим на драфтот, па својот пик го искористија да го одберат Сем Боуви, пред Мајкл Џордан. Кариерата на Боуви брзо згасна, а Џордан подоцна се наметна како најдобриот кошаркар на сите времиња.

Фернандо Алонсо го смени Рено со Мекларен

Алонсо во 2007 година потпиша договор со Мекларен откако освои две последователни светски титули во Формула 1 со тимот на Рено. По неуспешната соработка со Луис Хамилтон, Шпанецот одлучи да се врати во Рено, иако тие веќе немаа толку брз болид со кој ќе конкурира за тронот, додека Хамилтон остана во Мекларен и наредната година стана светски првак.

Атлетико Мадрид не го потпиша Раул Гонзалез

Во 1992 година претседателот на Атлетико Мадрид испуштил шанса да му понуди професионален договор на Раул Гонзалез, кој како кадет бил член на „јорганџиите“, иако тренерите од младинската академија инсистирале за негово задржување. Раул откако останал без клуб, заминал во редовите на Реал Мадрид, каде што подоцна стана клупска легенда.

Гутман и проклетството на Бенфика

Во 1962 година Бела Гутман со Бенфика ја освоил втората европска титула, па одлучил да побара зголемување на платата. Раководството на клубот одбиле да му дадат покачување, а тој си заминал од Бенфика и притоа им „фрлил“ клетва: „Бенфика без мене никогаш нема да стане европски шампион.“ Повеќе од половина век подоцна, Бенфика одигра седум финалиња и ги загуби сите седум.

Барселона се откажала од Ди Стефано

Барселона и Реал Мадрид имале можност да ги делат услугите на легендарниот Алфредо ди Стефано откако националната спортска делегација им го дозволи тоа. Ди Стефано требало да игра по една полусезона за секој тим, но откако од таборот на Каталонците не се согласиле на оваа делба, Ди Стефано во целост бил играч на Реал, а подоцна прерасна во клупска икона.

Хулен Лопетеги станува тренер на Реал Мадрид

Шпанија се сметаше меѓу главните фаворити за освојување на Мундијалот во Русија кој се одигра летово. Но, целиот труд од претходно им пропадна во вода откако селекторот Хулен Лопетеги на два дена пред почетокот на Светското првенство одлучи да потпише со Реал Мадрид и да стане наследник на Зинедин Зидан. Тој потег го чинеше селекторското столче во „црвената фурија“ само еден ден пред почетокот, а пет месеци подоцна, односно вчера, поради слаби резултати доби отказ и од „кралевите“.

Конор Мекгрегор симнат од престолот на UFC

Кралот на октагонот, Конор Мекгрегор, одлучи да оди по ризичен пат и да се проба во боксерски ринг. Ирецот прифати борба против Флојд Мејведер, по која си го наполни џебот, но не му донесе уште поголема слава. Конор загуби од Мејведер, а поради неактивност во „UFC“, му беа одземени титулите во лесна и суперлесна категорија. Мекгрегор сакаше со стил да ги врати титулите, па по две години пауза, прифати борба против актуелниот шампион Хабиб Нурмагомедов, но и од него загуби.

Деле Али уште шест години во дресот на Тотенхем

Навивачите на Тотенхем брзо го заборавија вчерашниот пораз од Манчестер сити (0-1) бидејќи денес потпиша нов договор еден од нивните миленици во тимот. Деле Али ја обнови соработката со „петлите“, потпиша шестгодишен договор со кој ќе остане во Лондон најмалку до 2024 година.

Дваесет и двегодишниот Англичанец во јануари 2015 година пристигна од редовите на нисколигашот МК Донс само за пет милиони фунти и брзо се наметна како еден од лидерите на тимот. Али вкупно има одиграно 153 натпревари во сите конкуренции за Тотенхем, на кои постигна 48 погодоци. Непосредно по трансферот во Тотенхем, Али дебитираше и за англиската репрезентација, а досега настапил на 31 натпревар за „Гордиот Албион“.

„Уживав во секој момент кој го поминав во Тотенхем. Со нетрпение чекам да видам што ќе се случува во иднина“, се огласи Али преку социјалните мрежи по потпишување на договорот.

Играчот за врска се приклучи на останатите првотимци кои ставија потпис на нов договор, претходно потпишаа: Хари Кејн, Сон Хеунг-мин и Ерик Ламела.

Црвенковска и Петрушевски ќе го водат Вардар во Белорусија

Билјана Црвенковска, која е помошник-тренер, и Стојан Петрушевски, кој е тренер на ракометниот тим Вардар јуниор, ќе бидат тандемот кој од 16.15 часот ќе ја води екипата на Вардар на гостувањето кај Мешков Брет, во натпревар од регионалната СЕХА-лига.

Вардарци ќе настапат со комбиниран состав. Ќе недостасуваат најголемиот дел од ракометарите од првиот тим, но затоа шанса ќе добијат оние што помалку играат и оние од Вардар јуниор.

Поради репрезентативните обврски и неможноста навреме да се комплетира тимот за ова гостување, најдобрите останаа во Скопје и тука ќе тренираат. Со нив ќе биде и тренерот Роберто Гарсија Парондо.

За Белорусија отпатуваа: Јања Војводиќ, Владо Недановски, Мартин Поповски, Марко Мишевски, Марко Кизиќ, Калифа Гедбан, Стефан Атанасовски, Давид Гашовски, Стефан Крстевски, Дејан Кукуловски и Мартин Димов.

Подмладениот Вардар ќе биде аутсајдер, но тоа не значи дека без борба ќе му ги препуштат бодовите на противникот.

Што да се типува кога во вторник нема Лига на шампиони?

Денес и утре ќе преовладуваат куп-натпреварувањата од топ 5 лигите во Европа. Иако сите се навикнати во вторник и среда да типуваат на натпревари од Лигата на шампионите, за нив ќе мора да се чека до следната недела, а во меѓувреме редовните типувачи среќата може да си ја пробаат во домашните купови.

 

Борнмут – Норвич (20.45 часот)

Борнмут како прволигаш е фаворит во овој осминафинален дуел од Лига купот на Англија, а уште поголеми им се шансите за победа со фактот дека Норвич ќе биде без ниту еден играч за врска во составот. Тоа се големи проблеми за тренерот Даниел Фарке, кој ќе мора да скрпи тим кој ќе истрча на теренот против расположениот состав на Еди Хау, кој брои три победи и едно реми на последните четири меча во Премиер лигата. Уште поголеми шанси за триумф има Бормунт поради фактот дека победиле на 10 од последните 11 средби во Лига купот кога играле против тим кој не е од највисоко рангираната англиска лига.

Предлог тип: 1&3+ (2.45)

 

Стразбур  – Лил (21.05 часот)

Купот на Франција за прволигашите стартува денес, а мечот меѓу Стразбур и Лил е еден од двата дуели коишто ќе се играат во вечерните термини. И двете екипи на оваа средба влегуваат во добро расположение, во серии без пораз на последните четири натпревари во францускиот шампионат. Лил дава во просек по два гола на последните четири меча, на исто толку Стразбур редовно прима барем еден гол, па вечер нема да биде изненадување ако мрежите повеќе пати се тресат.

Предлог тип: 1-2I & 1-2II (2.70)

 

Сант Андреу – Атлетико Мадрид (21.30 часот)

За „јорганџиите“ ова треба да биде тренинг-меч, но, четвртолигашот од предградијата на Барселона нема да се предаде предвреме, тоа е сигурно. Диего Симеоне најверојатно ќе им даде шанса на неколку играчи кои сезонава не се во прв план, а тие ќе имаат задача да покажат дека овој дуел навистина ќе биде лесен тест. Атлетико и Сант Aндрeу претходно се сретнаа во 2013 година, а на два пати славеше тимот од Мадрид, со 2-1 и 4-0.

Предлог тип: 2 & 2+I (2.35)

 

Мускрон – Гент (20.30)

Во белсгиската Прва лига овој дуел ќе го отвори 13-тото коло. Шампионот од 2015 година подолго време успева да триумфира на два последователни меча во белгиското првенство, а вечер ќе има шанса да ја нареди и третата победа. Домаќините се во лоши позиција и форма, само со една победа од 12 натпревари не даваат надеж дека можат да извлечат позитивен исход против Гент. Лани Мускрон успеа да изненади со победа од 3-2 против Гент, но тоа е нивниот единствен триумф против денешниот противник на осум меѓусебни пресметки.

Преглод тип: X2 3-6 (2.05)

 

Карпи – Палермо (21 часот)

И без Александар Трајковски, Палермо мора да ја искористи оваа шанса и да ги совлада домаќините кои тонат на табелата во Серија Б. Палермо со евентуална победа со два или повеќе гола разлика може да избие на врвот во шампионатот, токму затоа да се освојат бодови против Карпи е исклучително важно за екипата која ја води Роберто Стелоне. Карпи има само еден триумф во петте последни меѓусебни дуели против Палермо, статистика која никако не оди во нивна полза.

Предлог тип: X2 T22+ (2.65)

Палермо ќе мора без Трајковски да оди на победа во Карпи

Исклучувањето на средбата со Венеција во минатото коло е причината поради која Александар Трајковски ќе го нема вечерва на гостувањето на Палермо кај Карпи. Овој меч од италијанскатра Серија Б почнува во 21 часот. Сепак, на теренот на стадионот „Сандро Кабаси“ ќе има еден Македонец, тоа е Илија Несторовски.

Тренерот Роберто Стелоне изјави дека вечер ќе им треба храброст и убиствен инстинкт за да ја оправдаат фавовритската улога и жали што Трајковски нема да биде во тимот.

„Мора да ги користиме шансите против Карпи, кој ќе биде многу борбен. Отсуствата на Трајковски и Муравски ми ги сменија плановите кои ги имав околу ротацијата. Несторовски и Јајало се во добра форма и ќе се обидам да извлечам максимум од нив. Тоа што често даваме голови во последните минути е доказ за психичката цврстина на екипата, за квалитетот на момчињата и добриот физички аспект“, изјави Стелоне.

Даде гол, ја запроси девојката, па се здоби со тешка повреда (Видео)

Венецуелскиот фудбалер Едуард Белјо откако даде гол во втората минута за водство на неговиот тим Антофагаста во чилеанското првенство, истрча кон трибините и својата девојка ја побара за жена. Таа му кажа „да“. Овој потег со аплауз го поздравија и домашните навивачи на клубот Евертон.

Белјо до крајот на првото полувреме даде уште еден гол, но паузата помеѓу двете полувремиња како да ја прекина неговата среќа. По 15-тина минути во вториот дел, тој беше повреден и мораше да излезе од игра при 2-2, а на крајot Антафагоста загуби со 2-3.

Снимките покажаа дека има мала фрактура во потколеницата и ќе мора да паузира два-три месеци, што значи дека сезоната му е завршена, бидејќи во Чиле се игра до втори декември.

Погледнете го романтичниот потег на фудбалерот:

Малерот Дел Потро – Пет години го чекаше завршниот Мастерс, а нема да игра

Хуан Мартин дел Потро потврди дека нема да се појави на завршниот АТП-турнир кој ќе се одржи во Лондон. Аргентинецот, по советот од лекарите, одлучил да мирува сè до Отворенто првенство на Австралија, кое ќе се одржи во 2019 година, откако повредата на коленото која ја заработи на турнирот во Тајланд минатиот месец го спречи во целост да ја заврши сезоната.

За малерот да биде уште поголем, Дел Потро пет години чекаше да биде меѓу осумте тенисери кои ќе играат на завршниот турнир, а шансата ја испушта поради повреда. Сезонава е најдобра за него во последните неколку години, се наоѓа на четвртото место на АТП-листата, веднаш зад големата тројка – Надал, Ѓоковиќ, Федерер.

Дел Потро годинава ги освои Индијан велс и турнирот во Акапулко, а играше и финале на Отвореното првенство на САД, каде што загуби од Новаќ Ѓоковиќ, и со овој успех наместо да се подготвува за последниот овосезонки предизвик, Аргентинецот пак ќе го прескокне последниот турнир, а на терените ќе се врати дури во првиот месец од 2019 година.

За последниот овосезонски Мастерс, покрај „големата тројка“, пласман обезбедија уште Александр Зверев и Кевин Андерсон, додека за останатите места се борат Марин Чилиќ, Доминик Тим, Кеј Нишикори и Џон Иснер.

Спортска прогноза 1Х2 – трето коло: Арсенал и Ливерпул редовно приредуваат спектакл

Спортската прогноза продолжува и овој викенд, а во третото коло најголем акцент се става на дербито во Англија, односно мечот меѓу Арсенал и Ливерпул (сабота, 18.30 часот). Токму од овој дуел се очекува да биде највозбудливиот од 12-те парови кои ги нудиме за типување на Спортска прогноза, а покрај него, има уште 11 други интересни средби.

Мечот Евертон – Брајтон (сабота, 16 часот) е најавен како прв тип на којшто може да прогнозирате, а за потенцијална добивка ќе се чека конечниот исход од средбата Еспањол – Атлетик Билбао, која се игра во понеделник, во 21 часот.

Главната награда за точна прогноза на сите 12 двојки е мобилен телефон „Самсунг галакси А6“, а има уште многу награди и за погодени 11, 10 и 9 натпревари.

Читајте Спорт Манија и прогнозирајте за привлечни награди на СПОРТСКА ПРОГНОЗА.
Резултати од второто коло.

Без натурализирани во ноемврискиот циклус

Селекторот на женската сениорска репрезентација, Марјан Лазовски, го скрати списокот на повикани кошаркарки на кои ќе смета за претстојните натпревари во рамките на квалификациите за Европското првенство 2019, а на листата нема натурализирани.

Криси Гивенс и Дјуана Бонер фигурираа на поширокиот список на Лазовски, но нема да настапат од различни причини. На скратената листа ги нема и Едина Муса и Нена Трајчевска, а тука е Јелена Антиќ, за која е неизвесно дали ќе игра бидејќи не е во натпреварувачка форма.

Од друга страна, шанса да дебитираат за сениорската селекција ќе добијат неколку млади кошаркарки кои во иднина треба да бидат носителки на играта на репрезентацијата.

За првиот собир, закажан за 12-ти ноември, со почеток во 20 часот, во малата сала при спортскиот центар „Јане Сандански“, предвидено е да се појават 13 кошаркарки. Тоа се: Анџелика Митрашиновиќ, Ивона Пејковска, Ана Тантуровска, Софија Лазареска, Александра Стојановска, Ивана Кметовска, Матеа Николиќ, Јована Петрушевска, Јелена Антиќ, Цветанка Димова, Анамарија Шеќероска, Ивона Кожобашиовска и Кристина Јаневска.

Хамилтон: Шумахер е најголемиот, секогаш ќе бидам негов фан

Актуелниот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, по освојувањето на петтата шампионска титула, многумина почнаа да го прашуваат дали мисли дека има шанса да го стигне Михаел Шумахер, кој е рекордер со седум. Шумахер го држи рекордот и по бројот на гран-при победи.

Пилотот на Мерцедес никогаш за себе нема да каже дека е најдобар на сите времиња. Тој има две титули и 20 победи на трки помалку од Шумахер, но во Мерцедес ќе вози најмалку уште две години. Има една статистичка категорија во која Хамилтон е најдобар во историјата, а тоа е бројот на пол-позиции, и таму ќе остане долго време.

„Шумахер и понатаму е прилично далеку пред мене по бројот на победи. Тој и понатаму е најдобриот на сите времиња. Не знам дали ќе имам прилика да освојам уште некоја титула, но којзнае. Ќе се обидам. Оние 91 победа што ги има Михаел се навистина многу, но јас ќе возам уште неколку сезони и ќе пробам да му се доближам. Тој беше генијалец кој феноменално се вклопи во Ферари, секогаш ќе бидам негов фан“, изјави Хамилтон.