Дома Blog Страница 10631

Некој нов Јунајтед – „Ѓаволите“ подобри од Евертон

Манчестер јунајтед го совлада Евертон со 2-1 во последниот меч од денешната програма во Премиер лигата. „Црвените ѓаволи“ стигнаа до три бода благодарение на Пол Погба, кој ја имаше главната улога на оваа средба.

Тимот на Мурињо влезе со многу самодоверба на мечот, па заслужено стигнаа и до предност во 27-та минута, кога беше досуден пенал во корист на Јунајтед. Пикфорд прво му одбрани на Погба, а Французинот ја смести одбиената топка за 1-0.

Со почетокот на второто полувреме, „црвените ѓаволи“ ја дуплираа предноста, откако Погба овој пат се најде во улога на асистент, а Марсијал ја смести топката во мрежата. Судијата додели пенал и за Евертон во 77-та минута, а Сигурдсон врати барем малку надеж за гостите, кои сепак на крајот го претрпеа третиот пораз сезонава.

Јунајтед со овој триумф се искачи на осмата позиција на табелата со 17 бода, застана точно пред Евертон кој има два бода помалку.

Хет-трик шоу на Суарез, „петка“ во мрежата на Реал

Барселона славеше со убедливи 5-1 на првото „Ел класико“ за оваа сезона против Реал Мадрид. „Каталонците“ понесени на крилјата на Луис Суарез, кој со хет-трик им зададе нов тежок удар на „кралевите“, славеа пред повеќе од 92.000 гледачи на „Ноу камп“.

Кутињо го отвори дербито со погодок во 11-тата минута, додека за вториот гол во првото полувреме се чекаше до 30-тата минута. Варан го фаулираше Суарез во казнениот простор, судијата со помош на ВАР – технологијата досуди пенал за „каталонците“, а Суарез без проблеми ја затресе мрежата.

Марсело даде тронка надеж за гостите во 50-тата минута, Реал намали на 2-1, а потоа го презеде шоуто. Прво зголеми во 75-тата минута, а за хет-трик и 4-1 погоди во 83-тата минута со фантастичен лов преку Куртоа. Видал фрли сол на раната на Реал само три минти откако влезе на теренот, за големи 5-1.

Барселона сега изби на првата позиција на табелата со 21 бода, Реал по овосезонскиот четврти пораз се наоѓа на деветтата позиција со 14 бода.

https://www.youtube.com/watch?v=f4rqz27Ez6U

СРАМОТА: Македонија загуби од Грција

Македонија со пораз се враќа од гостувањето во Кожани против селекцијата на Грција со конечни 28-26. Иако во поголемиот дел од средбата нашата селекција го имаше резултатот во своја корист, последните неколку минути беа пресудни, во кои нашиот јужен сосед искористи да ја средбата и на крајот да издвои победа.

Во воведните минути Македонија тргна фуриозно и направи 5-1 предност, но таа разлика полека се намалуваше во текот на првото полувреме, па на паузата се замина со еден гол разлика во корист на нашите ракометари, 13-12. Предноста во вториот дел ја одржувавме до последните 7-8 минути, а потоа домаќините направија серија од 4-1 и ја презедоа иницијативата во клучни моменти. Неколку напади подоцна Грција направи и два гола предност, па така до крајот Македонија мораше да се помири со првиот пораз во квалификациите.

 

Пандев од клупа го проследи ремито на Џенова, прв триумф за Фросиноне

Екипата на Џенова ремизираше пред своја публика со 2-2 против Удинезе. Новиот предводник на Горан Пандев, Иван Јуриќ, по две кола е без победа во Серија А, а денес на два пати не успеаја да ја задржат предноста. Нашиот капитен не доби минутажа на средбата, ремито го следеше од клупата за резерви.

Ромуло донесе предност од пенал во 32-та минута за домаќините, пред Ласања да израмни на 1-1. Ромеро за помалку од 10 минути од херој стана трагичар за Џенова, прво реализираше за 2-1 во 67-та, а потоа заработи втор жолт картон и исклучување во 74-тата минута. Во меѓувреме Де Паул им ја одзеде втората предност на Џенова за конечни 2-2.

Фросиноне за прв пат сезонава во Серија А се радува на победа, а таа стигна по 10 натпревари во шампионатот. Тимот на Спал беше тимот кој настрада со убедливи 3-0, за само петти бод на Фросисоне. За значајната победа погодија Чибса (40‘), Чиано (53‘) и Пинамонти (89‘).

На третиот меч од натпреварите кои почнаа во терминот од 15 часот, Калјари им нанесе нов, осми пораз на Киево сезонава со конечни 2-1. Паволети и Кастро беа прецизни за удобна предност на домаќините, пред Киево да го постигне почесниот гол на десетина минути пред крајот на средбата.

 

Федерер го освои 99. трофеј во кариерата

Роџер Федерер по деветти пат го освои трофејот на АТП турнирот во Базел, истовремено ја одбрани титулата од лани. Во финалната пресметка против романскиот тенисер Мариус Копил, Швајцарецот триумфираше со 2-0 во сетови (7-6, 6-4), и го освои вкупно 99. трофеј во својата кариера.

Романецот добро му парираше на фаворитот во првиот сет, Федерер имаше достоен противник, па се одлучуваше во тајбрејк, кој со 7-5 го освои третиот светски рекет во моментов. Во вториот сет Копил се залета, па откаку му направи брејк на Федерер стигна и до 4-1. Но, од тој момент Роџер освои два гема на сервис на противникот, и по 6-4 славеше нова победа во неговиот роден град.

 

Челзи им се врати на победите, „стоп“ за серијата на Арсенал

Челзи ескпресно им се врати на победите во Премиер лигата по драматичното реми од 2-2 со Јунајтед, па денес убеливо славеше на гостувањето какј Барнли со 4-0. Притисокот на „сините“ им обезбеди водство во 22-та минута, го постигна Мората, додека останатите три погодоци ги реализираа во второт полувреме.

Баркли по асистенцијата се запиша и во листата на стрелци во 57-та минута, а потоа повторно асистираше, овој пат кон Вилијан за убедливи 3-0. Конечниот резултат го постави младиот Лофтис-Чик во судиското надополнување.

Арсенал не успеа да ја продолжи победничката серија на осум во англискиот шампионат, откако со Кристал палас одиграа реми од 2-2. Домаќините беа поконкретни во првиот дел, па кон крајот на полувремето дојдоа и до заслужената предност. Дефанзивецот Мустафи направи прекршок во казнената зона, а Миливојевиќ од белата точка погоди за 1-0.

Сепак, „топчиите“ очекувано притиснаа и за кратко време направија пресврт. Џака израмни во 51-та минута, а Обамејанг постигна сомнителен погодок само пет минути подоцна, но гол-линија технологијата го потврди како регуларен. Во 82-та минута повторно беше досуден пенал во корист на Кристал палас, а спрскиоте репрезентативец одново ја затресе мрежата за конечни 2-2.

Челзи до утре ќе престои на второто место со 24 бода, по денешниот седми триумф по 10 кола, Арсенал ја пропушти шансата да се искачи на третото место, со нивното прво реми за оваа сезона имаат 22 бода.

Попович во специјалниот клуб „1200“

По вчерашната победа на Сан Антонио спарс против ЛА Лејкерс (110:106), тренерот на „спарси“, Грег Попович, своето име го запиша со дебели букви во историјата на НБА.

Имено, „Поуп“ стана петтиот тренер во НБА кој остварил 1,200 или повеќе победи, тој е единствениот активен тренер со ваков учинок, а пред него се само пет легендарни имиња со вакви импресивни бројки.

Пред Попович уште се Пет Рајли (1,210), Џери Слоун (1,221), Лени Вилкенс (1,332) и Дон Нелсон со 1,335 победи. Во текот на оваа сезона, тренерот со српско потекло може да застане и на третата позиција на оваа листа, бидејќи Слоун од него има 21 победи повеќе, а со оглед дека се играат 82 натпревари само во регуларниот дел од сезоната, Сан Антонио би требало да запише победи барем 20 или повеќе победи од големиот број на средби.

 

Струмичкото дерби за пандевци, Вардар удри во тетовскиот ѕид

Предноста која ја има лидерот Вардар се стопи на само два бода, откако денеска скопските „црвено-црни“ киксираа против Ренова, и одиграа без голови. Грешката на Вардар ја искористи Шкендија, која им даде пет гола на „лавовите“ од Ѓорче Петров.

Струмичкото дерби кое се играше на „Кукуш“ во Турново, им припадна на „пандевци“ со головите на Дориев, Крстовски и Миловановиќ. На Шкупи не му оди ниту со новиот тренер, а Силекс освои три важни бода против „романтичарите“ од Дебар Маало.

РЕЗУЛТАТИ: Академија Пандев – Беласица 3:0, Победа – Шкупи 2:0, Шкендија – Македонија Ѓорче Петров 5:1, Силекс – Работнички 2:0, Вардар – Ренова 0:0.

ТАБЕЛА: Вардар 24, Шкендија 22, Академија П. 19, Победа и Работнички по 14, Македонија ЃП и Беласица по 13, Ренова 12, Силекс 10, Шкупи 9.

Елина Свитолина е новата тениска кралица во најава

Украинката Елина Свитолина е победник на завршниот ВТА турнир кој се играше во Сингапур. Таа во финалето беше подобра од Американката Слоун Стивенс со 3-6, 6-2, 6-2.

Овие две тенисерки немаа пораз во претходните мечеви, Серина Вилијамс од 2013 беше последната без пораз на завршниот турнир, но во финалето мораше да има само еден победник. Првиот сет го доби Стивенс, но потоа работите се сменија и Свитолина на убедлив начин дојде до својата прва ваква титула.

Свитолина е единствената тенисерка на светот со девет освоени ВТА турнири во последните две години, а успехот е поголем затоа што деветте трофеи се освоени во девет финалиња. Свитолина нема пораз во финалните мечеви цели две години.

Оваа 2018 година, Свитолина ќе ја заврши на 4. место на ВТА листата, нејзин најдобар пласман во кариерата.

Хувентуд и Димитријевиќ ја препотија Барселона

Хувентуд на Ненад Димитријевиќ, добро ја намачи Барселона, но не успеа да и го нанесе првиот пораз сезонава. Фаворитот победи со 94:92, по продолжение од пет минути, откако во регуларниот дел мечот заврши 81-81.

Барса и Реал Мадрид се на делба на првото место во шпанскиот шампионат, со по 12 бода од шест кола.

Македонскиот плејмејкер во дресот на Хувентуд, за 16 минути игра, даде седум поени, а имаше и по два скока и асистенции. За Нено заврши серијата мечеви на кои даваше двоцифрен број на поени, но тимот од Бадалона може да биде задоволен од отпорот кој му го даде на евролигашот. По шест рунди, Хувентуд има скор 3-3.