Дома Blog Страница 10644

Раул Гонзалес, Лео Меси и …… Карим Бензема

Карим Бензема од Реал Мадрид со синоќешниот погодок против Викторија Плзењ, негов прв по подолго време, придонесе за триумфот на својот тим од 2-1 и стана само третиот фудбалер во историјата на Лигата на шампионите, по Раул Гонзалес и Лионел Меси, кој постигнал барем по еден гол во 14 сезони по ред во најсилното клупско натпреварување.

Бензема е првиот играч од шпански клуб кој сезонава во сите натпреварувања постигнал три гола со глава и, уште позначајно, го надмина Руд ван Нистелрој на вечната листа на стрелците во ЛШ. Повеќе голови од Бензема (сега има 57 гола во ЛШ, од кои 12 за Лион и 45 за Реал) имаат само Кристијано Роналдо (120), Меси (105) и Раул (71).

МАРСЕЛО Е ВО ФОРМА, А НЕИЗВЕСЕН Е ЗА „КАМП НОУ“ В НЕДЕЛА

Реал синоќа конечно победи по 31 ден без радост, но не остави позитивен впечаток. Дополнителен проблем е што „кралевите“ во последните минути играа без Марсело, кој се повлече откако доби силен удар. Бразилскиот лев бек е во форма, даде голови на последните два меча и за тимот би било сериозен проблем ако не може да смета на него на неделното дерби против Барселона.

Грифин го одигра мечот на кариерата и ги даде поените за победа (Видео)

Во највозбудливиот дуел кој ноќеска се одигра во НБА-лигата, Детроит пистонс со 133:132 ја победи Филаделфија, и тоа откако мораше да се одиграат дополнителни пет минути. Блејк Грифин е играч на мечот. Тој едноставно беше незадржлив за гостите. Грифин постигна рекордни 50 поени во кариерата, вклучувајќи ги и оние кои беа клучни за триумфот.

Откако во регуларниот дел беше 120:120, неизвесноста продолжи и во следните пет минути. Гостите имаа предност од 132:130, а до крајот останаа помалку од шест секунди. Грифин ја доби топката и тргна кон кошот. Не само што реализираше за два поени, туку над него беше направен и прекршок за дополнително слободно фрлање. Одличната игра Грифин ја заврши со погодок од линијата за „пенали“, што значеше и победа на Детроит со разлика од еден поен и радост на домашните фанови. Детроит сега има три победи и уште е без пораз, додека „76-ките“ се со биланс 2-2.

https://youtu.be/lzLga3cdHXQ

Покрај 50 постигнати поени, Грифин имаше и 14 скока и шест асистенции. Во победничкиот тим добар беше и Реџи Џексон со 23 поени. Кај Филаделфија најпрецизни беа Џоел Ембид со 33 поени и Џеј џеј Редик со 3 поени.

Во останатите мечеви кои се играа ноќеска: Њу Орлеанс – ЛА клиперс 116:109 и Денвер – Сакраменто 126:112.

 

Јуве минимално против Јунајтед, Рома и Сити доминантни, „фешта“ во Хофенхајм

*Крај на натпреварите: Ајакс 1-0 Бенфика, Хофенхајм 3-3 Лион, Шахтар 0-3 Манчестер сити, Манчестер јунајтед 0-1 Јувентус, Реал Мадрид 2-1 П‘лзен, Рома 3-0 ЦСКА Москва

*ГООООООООООООЛЛЛЛЛЛ 90+2‘ – Хофенхајм сепак се спаси од пораз пред самиот финиш на мечот против Лион, Жоелитон израмни на 3-3

*ГООООООООООООООЛЛЛЛЛ 90+3‘ – Ајакс во судиското надополнување стигна до минимална победа од 1-0 над Бенфика со голот на Мазрауи

*ГООООООООООЛЛЛЛЛ 79‘ – П‘лзен ја намалува предноста на Реал Мадрид на 2-1, Хросовски стрелец

*ГОООООООООООООЛЛЛЛ 71‘ – Сити води и со 3-0 против Шахтар, Бернардо Силва ја запечати победата за гостите

*ГОООООООООООЛЛЛЛЛЛ 67‘ – Повторно пресврт на мечот Хофенхајм – Лион, овој пат гостите го направија преку Депај, 2-3

https://www.dailymotion.com/video/x6w05bo

*ГООООООООООЛЛЛЛЛ 59‘ – Лион се враќа во игра против Хофенхајм, Ндомбеле израмни на 2-2

https://www.youtube.com/watch?v=2x10rjZewRY

*ГОООООООООЛЛЛЛ 56‘ – „Кралевите“ изградија сигурна предност за 2-0, Марсело прецизен по асистенција на Бејл

https://www.dailymotion.com/video/x6w03r1

*ГОООООООООЛЛЛЛЛЛ 50‘ – Ундер погодува за убедливи 3-0 на Рома против ЦСКА

*ГОООООООООООЛЛЛЛЛ 47‘ – Хофенхајм го постигнува првиот гол во второто полувреме од шестте натпревари, Крамариќ повторно ја тресе мрежата на Лион, 2-1

*ПОЛУВРЕМЕ Резултати:

Ајакс 0-0 Бенфика, Рома 2-0 ЦСКА, Хофенхајм 1-1 Лион, Манчестер јунајтед 0-1 Јувентус, Реал Мадрид 1-0 П‘лзен, Шахтар 0-2 Манчестер сити

*ГООООООООООЛЛЛЛЛ 43‘ – Џеко втор пат стрелец за „волчицата“, Рома води со 2-0 против ЦСКА

https://www.dailymotion.com/video/x6w02ei

*ГООООООООООЛЛЛЛ 35‘ – „Граѓаните“ веќе имаат двојно водство против Шахтар, стрелец на голот Лапорт

*ГООООООООООЛЛЛЛ 33‘ – Крамариќ израмнува на 1-1 за Хофенхајм против Лион

https://www.dailymotion.com/video/x6w026n

*ГОООООООООООЛЛЛЛЛ 30‘ – Един Џеко погодува за 1-0 во корист на Рома против ЦСКА

*ГОООООООООООЛЛЛЛ 30‘ – Манчестер сити со голот на Давид Силва води во Украина со 1-0

https://www.dailymotion.com/video/x6w01ek

*ГОООООООООООЛЛЛЛЛ 27‘ – Лион води со 1-0 на гостувањето кај Хофенхајм, благодарение на голот на Траоре

https://www.dailymotion.com/video/x6w026g

*ГООООООООООООЛЛЛЛЛ 17‘ – Пауло Дибала го совлада Де Хеа за предност на Јувентус на „Олд трафорд“, 0-1

*ГООООООООООЛЛЛЛЛ 11‘ – Карим Бензема погодува за 1-0 во корист на Реал Мадрид против П‘лзен

*Крај на натпреварите: Баерн Минхен го совлада тимот на АЕК Атина со 2-0, Јанг бојс и Валенсија ремизираа при конечен исход од 1-1

*ГОООООООООЛЛЛЛ 63‘ – Левандовски зголеми на 2-0 само две минути откако Мартинез донесе водство за Баерн

https://www.dailymotion.com/video/x6vzw6t

*ГОООООООООООЛЛЛЛЛЛ 61‘ – Мартинез носи предност од 1-0 за „баварците“ против АЕК

https://www.dailymotion.com/video/x6vzvpv

*Официјални состави:

Шахтар Доњецк  – Манчестер сити

Шахтар: Пјатов, Кристов, Степаненко, Ракитски, Исмаили, Жуниор Мораеш, Матвијенко,Мајкон, Велингтон Нем, Коваленко, Фернандо.

Манчестер сити: Едерсон, Стоунс, Отаменди, Лапорт, Менди, Де Бројне, Давид Силва, Фернандињо, Марез, Стерлинг, Габриел Жесус.

Манчестер јунајтед – Јувентус

Јунајтед: Де Хеа, Јанг, Линделоф, Смолинг, Шо, Матиќ, Мата, Погба, Рашфорд, Марсијал, Лукаку.

Јувентус: Шчезни, Кансело, Кјелини, Бонучи, Алекс Сандро, Матуиди, Пјаниќ, Бентанкур, Квадрадо, Дибала, Роналдо.

Рома – ЦСКА Москва

Рома: Олсен, Флоренци, Фацио, Манолас, Сантон, Де Роси, Нзонзи, Пелегрини, Ундер, Ел Шарави, Џеко.

ЦСКА: Помазун, Фернандеш, Чернов, Власиќ, Чалов, Набабкин, Сигурдсон, Магнусон, Бекао, Ахметов, Облиаков.

Хофенхајм – Олимпик Лион

Хофенхајм: Бауман, Кадерабек, Вогт, Шулц, Акпогума, Бичакчиќ, Грилич, Демирбај, Крамариќ, Белфодил, Залаи.

Лион: Лопес, Тете, Денајер, Марсело, Менди, Тусар, Ндомбеле, Оуар, Траоре, Депај, Териер.

Ајакс – Бенфика

Ајакс: Онана, Мазрауи, Де Лигт, Блинд, Талјафико, Шоне, Ван де Бик, Де Јонг, Зиеч, Долберг, Тадиќ.

Бенфика: Влачодимос, Алмеида, Конти, Жардел, Грималдо, Фејса, Пици, Фернандеш, Рафа Силва, Салвио, Сеферовиќ.

Реал Мадрид – Викторија П‘лзен

Реал: Навас, Васкез, Рамос, Начо, Марсело, Крос, Модриќ, Касемиро, Иско, Бејл, Бензема.

П‘лзен: Хрушка, Резник, Хејда, Хубник, Лимберски, Хросовски, Прочазка, Чермак, Петржела, Хавел, Крмечик.

*ГОООООООООООООЛЛЛЛ 54‘ – Јанг бојс израмнува на 1-1 против Валенсија, стрелец на погодокот е Хорау од белата точка

https://www.dailymotion.com/video/x6vzv5y

 

*Полувреме во Атина и Берн – Баерн Минхен засега не може да ја пробие одбраната на АЕК, Валенсија води со минимални 1-0 на гости кај Јанг бојс со голот на Батчуаји

*ГООООООООООООЛЛЛЛЛЛЛЛ 26‘ – Батчуаји е човекот кој го постигнува првиот гол вечерва, Валенсија води 0-1 

 

*15′ – Нема промени на резултатите, и на двата меча е 0-0, Баерн и Валенсија прават иницијатива за отворање на средбите, но засега без конкретни закани.

*18:55 – Почеток на натпреварите: АЕК – Баерн Минхен, Јанг Бојс – Валенсија

*Официјални состави:

АЕК Атина – Баерн Минхен

АЕК: Баркас, Бакакис, Лампропулос, Чигрински, Хулт, Галанопулос, Андре Симоеш, Бакасетас, Манталос, Клонаридис, Понсе.

Баерн: Ноер, Кимих, Суле, Хумелс, Рафиња, Хави Мартинез, Тијаго, Хамес Родридез, Робен, Гнабри, Левандовски.

Јанг бојс – Валенсија

Јанг бојс: Волфли, Мбабу, Вон Бегрен, Лаупер, Бенито, Соу, Саного, Фасначт, Сулејмани, Асале, Хоару.

Валенсија: Нето, Пикини, Диакаби, Габриел, Гаја, Кондогбија, Парехо, Солер, Торес, Родриго, Батчуаји.

 

Лигата на шампионите се враќа на сцената за мечевите од третото коло во групната фаза. Се очекуваат доста интересни пресметки, а секако сите со нетрпение го чекаат дербито на колото, Манчетер јунајтед и Јувентус, спектклот на „Олд Трафорд“ каде по 2011 година Крисијано Роналдо повторно ќе истрча на теренот.

 

Федерер со магични потези покажа дека е главен во родниот град (Видео)

Роџер Федерер победнички започна на турнирот во родниот град Базел. Во првото коло, Федерер по голема борба, со 2:1 во сетови го победи Филип Крајиновиќ од Србија. Фаворитот без проблем го доби првиот сет со 6:2, но потоа Србинот се врати во вториот и со 6:4 најави борба и во третиот сет. Сепак, Федерер не дозволи изненадување и откако успеа да направи еден брејк, на крајот го доби решавачкиот сет со 6:4.

Федерер е актуелен освојувач на овој АТП турнир во сала, а Швајцарецот е и рекордер по бројот на трофеи. Во кариерата вкупно осум пати го освојуваше овој турнир. Миленикот на публиката покажа дека и на 37 години може да освои „магични“ поени.

https://twitter.com/TennisTV/status/1054793200450367489

Лопетеги ќе добие 18 милиони евра ако биде избркан од Реал

Хулен Лопетеги нема причина за многу да биде загрижен, дури и да добие отказ од Реал Мадрид. Поради слабите резултати, актуелниот стратег на „кралскиот клуб“ е пред отказ, но тоа не би требало многу да го засега стратегот.

Доколку претседателот на Реал, Флорентино Перез реши да го избрка Лопетеги, во тој случај мадридскиот гигант ќе треба да му плати 18 милиони евра како оштета на тренерот. Тоа е сумата која според договорот потпишан летоска, Лопетеги треба да ја одработи до 2021 година.

Лопетеги реши да дојде во Реал непосредно пред Светското првенство во Русија, па поради тој потег ја загуби селекторската работа во шпанската репрезентација. Сепак, овој стратег не е ни малку на исто ниво како што тоа беше Зинедин Зидан во претходните три сезони.

ПСЖ ќе биде без капитенот Силва против Наполи

ПСЖ утре ќе игра без својот капитен на екипата, Тијаго Силва, кој има повреда на задната ложа и не ќе може да настапи против Наполи. Бразилецот го пропушти и дуелот против Амиен изминатиов викенд, а на тренинг се нема појавено од петокот.

Добри вести за Тухел се брзите опоравувања на Ди Марија и Верати, кои се здобија со ситни повреди во победата од 5-0 против Амиен во саботата, па ќе бидат во можност да настапат против екипата која ја предводи Карло Анчелоти.

Средбата започнува утре, во 21 часот, а се игра на „Паркот на принцовите“ во Париз.

 

Реакцијата на Клоп кога го прашаа дали се сеќава кога Ц. Ѕвезда беше европски првак (Видео)

Англискиот гигант Ливерпул утревечер на „Енфилд Роуд“ ќе ја пречека Црвена Ѕвезда во третото коло од Лигата на шампионите. Иако според многумина, ова е меч на кој однапред се знае дека Ливерпул ќе победи, сепак е дуел на двајца поранешни европски прваци. Ливерпул вкупно пет пати бил на тронот на Европа, а Црвена Ѕвезда направи историски подвиг во 1991 година кога со Македонците Дарко Панчев и Илија Најдовски станаа континентални владетели.

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп знае дека неговиот тим утре треба да освои нови три бода, а кога беше запрашан дали се сеќава кога Црвена Ѕвезда била европски првак, слатко се изнасмеа и даде оригинален одоговор.

„Кога беше тоа? Во 1990? Во 1991 година ли. Тогаш сум имал 23 години и очигледно сум имал попаметна работа од гледање на финалето во Лигата на шампиони“, со смеење одговори Клоп, кој подоцна додаде дека има гледано неколку меча од таа сезона и дека Ѕвезда тогаш имала добар тим.

https://twitter.com/thisisanfield/status/1054743297250471936

 

Диего Коста и Савиќ се опоравија пред гостувањето во Дортмунд

Од таборот на Атлетико Мадрид стигнаа убави вести пред тешкото гостување во Дормунд за дуелот против „милионерите“ во Лигат на шампионите. Симеоне ќе може да смета на својот прв избор во нападот, Диего Коста, како и на дефанзивецот Стефан Савиќ. И двајцата се опоравија од повредите поради кои не беа во тимот две недели, односно еден месец.

Коста се повреди на претходниот меч од европси рамки, против Бриж, па не играше на дуелите во шпанскиот шампионат против Бетис и Вилјареал. Савиќ најверојатно утре ќе се најде и во стартниот состав, откако Хозе Марија Хименес остана во Мадрид поради ситна повреда која ја заработи изминатиов викенд.

 

Ливерпул добро го памети првиот пораз на „Енфилд“ во Европа (видео)

Дуелот меѓу Ливерпул и Црвена ѕвезда (среда, 21 часот) во Лигата на шампионите ќе биде посебен, потврди и петминутното видео во кое „црвените“ ја најавија утрешната пресметка. Ливерпул добро го памети првиот пораз на домашен терен во европскиот шампионат, а го претрпе токму против нивниот утрешен противник, во далечната 1973 година.

Според видеото, токму овој двобој во 1973 година имал големо влијание врз успехот на Ливерпул кој го направи на европската сцена од 1977 година до 1984, освојувајќи четири титули од вкупно петте титули кои ги имаат во својата историја.

Од 1900 година, па сѐ до 2000 година, Ливерпул само еднаш бил поразен на своја публика, токму од Црвена ѕвезда, благодарение на голот на Слободан Јанковиќ од слободен удар во 90-тата минута, за конечни 2-1. Тој дуел беше реванш, а „црвено-белите“ претходно со идентичен резултат триумфираа во Белград.

Леброн вети: На крајот сѐ ќе биде добро

Лос Анџелес лејкерс стартуваше со три порази во новата НБА сезона. Најболен од сите сите три неуспеси беше последниот. Утрово, Лејкерс на свој терен дури по продолжение загуби од Сан Антонио спарс со 143:142.

Првата ѕвезда се само во дресот на ЛА лејкерс туку и во цела лига, Леброн Џејмс од херој се претвори во трагичар на дуелот против Сан Антонио. Најпрво, во регуларниот дел Џејмс постигна тројка во последниот напад и израмни на 128:128, што беше доволно за продолжение.

Во дополнителните пет минути, Лејкерс водеше со 142:138 на помалку од 30 секунди, но загуби. Сан Антонио даде тројка, а потоа Леброн промаши две слободни фрлања. Гостите го реализираа и последниот напад водство од 143:142, а Џејмс ја превзема одговорноста во последниот напад, но промаши и ЛА лејкерс загуби.

„Го посакував тој шут и го добив, но не го реализирав. Имавме шанса, водевме со шест поени на една минута до крајот, но направивме грешки. Неприфатливо е да промашам две слободни фрлања. На крајот го утнав и последниот шут“, самокритичен беше Леброн, кој потоа додаде, дека се ќе биде како што треба.

„Играме се подобро и подобро. Ми се допаѓа начинот на кој играме. Сезоната е долга, иако овбие резултати не се добри, на крајот се ќе биде добро. Кога доаѓав не ни мислев дека ќе биде сјајно“, изјави Џејмс по поразот од Сан Антонио,