Дома Blog Страница 10653

Сенаторите подобри од Монтреал во продолжение

Отава сенаторс во продолжение го победи Монтреал канадиенс со 4-3. Домаќините се најдоа во незавидна ситуација по првиот период, во кој Монтреал три пати го смести пакот во голот и си направи навидум сигурна предност од два гола разлика.

Сепак, ништо не беше завршено, бидејќи во вториот период „сенаторите“ се извлекоа од негативата со головите на Бедкер и Дучен. Без возбудувања во третиот период, па двете екипи мораа да играат продолжение за да се одлучи победникот, а домаќините благодарение на Стоун ја забележаа четвртата овосезонска победа.

„Ловоровите листови“ од Торонто веќе два меча не знаат за победа, а „скалпот“ ноќеска им го зеде и Сент Луис со конечни 4-1. Гостите изненадија со три гола во вториот период, а Торонто само еднаш успеа да погоди во третиот период, што беше недоволно да се стигне негативата.

„Предаторите“ од Нешвил влегоа во победничка серија од пет меча, а со сигурни 3-0 славеа над Едмонтон ојлерс. Со 14 бода, тимот на Нешвил полека ја зазема лидерската позиција на Западната конференција.

Резултати НХЛ:

Колумбус блу џекетс – Чикаго блекхокс 1-4

Флорида пантерс – Детроит ред вингс 3-4 по продолжение

Отава сенаторс – Монтреал канадиенс 4-3 по продолжение

Торонто мејпл лифс – Сент Луис блуз 1-4

Минесота вајлд – Тампа беј лајтнинг 5-4 по продолжение

Едмонтон ојлерс – Нешвил предаторс 0-3

Ванкувер канукс – Бостон бруинс 2-1 по продолжение

Вегас голден најтс – Анахејм дакс 3-1

Сан Хосе шаркс – Њујорк ајлендерс 4-1

Тепачка меѓу Рондо и Пол го засени дербито во Лос Анџелес (видео)

Тепачка меѓу Ражон Рондо и Крис Пол во средината на четвртиот период го засени утринското дерби меѓу ЛА Лејкерс и Хјустон рокитс. Двајцата плејмејкери при прекин си дофрлија неколку збора, Пол прв тргна да се пресмеа, а Рондо без размислување реши да се пресмета.

Двајцата играчи беа исклучени од игра, а истото го снајде и Брендон Инграм, кој непосредно по мешаницата бурно реагираше и го турна Харден, па и тој го заврши мечот предвреме.

Во најскоро време асоцијацијата ќе ги одреди казните за овие тројца кошаркари.

Марк Маркез старо-нов светски шампион во МотоГП

Марк Маркез ја оствари осмата овосезонска победа во МотоГП, а со освојувањето на Големата награда на Јапонија, Шпанецот ја одбрани светската титула со недостижни 102 бода пред Андреа Довициозо. Маркез се изедначи по бројот на титули со Мика Дуан во МотоГП, има пет, а повеќе од него имаат само Валентино Роси – седум, и Џакомо Агостини – осум.

Ова беше прва шасна за Маркез да ја одбрани титулата, а го направи тоа токму на патеката од Хонда, „Твин ринг Мотеги“. За титулата, на Маркез му беше потребно да биде пред неговиот ривал Довициозо. Токму против италијанскиот возач се водеше битка за искачување на подиумот, а сѐ беше решено откако Довициозо излета од патеката на два круга пред крајот.

На второ место на трката заврши Карл Крачлои, додека на подиумот како трето пласиран се искачи Алекс Ринс.

Шампионатот во МотоГП продолжува следниот викенд, со трката за Големата награда на Австралија, на патеката „Филип Ајленд“.

 

https://twitter.com/MotoGP/status/1053888902786887681?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1053888902786887681&ref_url=http%3A%2F%2Fsportklub.rs%2FAutomoto%2FMoto-GP%2Fa255218-On-je-vladar-Moto-GP-sampionata-Markesu-sedma-titula.html

https://twitter.com/MotoGP/status/1053886514302738432?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1053886514302738432&ref_url=http%3A%2F%2Fsportklub.rs%2FAutomoto%2FMoto-GP%2Fa255218-On-je-vladar-Moto-GP-sampionata-Markesu-sedma-titula.html

Хјустон му го расипа дебито на Леброн во „Стејплс“

Хјустон рокитс славеше на гостувањето кај ЛА Лејкерс со 124:115, „ракетите“ во финишот зедоа замав и му го расипаа дебито на Леброн Џејмс пред домашната публика. „Езерџиите“ забележаа два порази на стартот на регуларната сезона, а Хјустон брзо се опорави по поразот од Пеликанс во премиерниот меч.

Во неизвесната пресметка клучни беа последните две минути од средбата, во кои при резултат од 114-112 во корист на  Хјустон, гостите направија серија од 10 поени, а лејкерси постигнаа само еден кош.

Шутерски расположениот Џејмс Харден заврши со 36 поени, седум скока и пет асистенции, Крис Пол додаде 28 поени и 10 асистенции. Кај домаќините повторно најефикасен беше Џејмс со 24 поени, пет скока и пет асистенции, Мекги додде 16 поени и пет скока.

Резултати НБА:

ЛА Лејкерс – Хјустон рокитс 115:124

Вашингтон визардс – Торонто репторс 113:117

Њујорк никс – Бостон селтикс 101:103

Филаделфија сиксерс – Орландо меџик 116:115

Чикаго булс – Детроит пистонс 116:118

Мајами хит – Шарлот хорнетс 112:113

Далас маверикс – Минесота тимебрвулвс 140:136

Денвер нагетс – Феникс санс 119:91

Портланд трејлблејзерс – Сан Антонио спарс 121:108

 

Меси еден месец во аут, ќе ги пропушти дуелите со Реал и Интер

Лионел Меси нема да може да игра во следните три недели, објавија од Барселона. Ова ќе биде голем хендикеп за тимот кој доста зависи од игрите и головите на Меси.

На Барса во наредните седум дена и претстојат две важни средби, со Интер во Лигата на шампионите и со Реал Мадрид во шпанската лига. Меси нема да игра ниту на вториот меч со Интер, ниту со Рајо и Бетис во Ла Лига. Тренерот Ернесто Валверде ќе треба да крои тактика како да се спротивстават без својот лидер и прв стрелец.

Меси се повреди во првото полувреме на мечот со Севилја, теренот го напушти со големи болки, но снимките покажале дека има скршеница на коска во десниот лакт. Идејата на Барса е Меси да се врати во втората половина на ноември, за гостувањето кај Атлетико Мадрид на 24 ноември, бидејќи пред тоа има и пауза за настапи на репрезентациите.

Барселона ја победи Севилја, но го загуби Меси (Видео)

Барселона ја победи Севилја со 4:2 за лидерска позиција во шпанската Ла Лига, но има проблем, бидејќи им се повреди најдобриот играч Лионел Меси.

Аргентинецот блескаше 25 минути против Севилја, имаше асистенција и гол, 25. во 24 меча со гостинот од Андалузија, но потоа незгодно падна во еден дуел и го повреди лактот на десната рака.

Барселона и без него ја задржа предноста од два гола, славеше со 4:2 и е на првото место со 18 бодови по 9 кола.

Кутињо, Меси, Суарез од пенал и Ракитиќ беа стрелци за домаќинот, а Сарабија и Мјуриел погодија за Севилја.

https://www.youtube.com/watch?v=RonpN1s7zBs

Удинезе остана редовен муштерија на Наполи (Видео)

Удинезе останува редовен муштерија на Наполи и го претрпе шестиот пораз едноподруго во дуелите со ривалот од Серија А.

Наполи доминираше во последниот меч денеска од 9. коло во Серија А и со головите на Руиз, Мертенс и Рог лесно го победи домаќинот.

Карло Анчелоти одлично ги погоди замените на дербито и двајца играчи од клупата беа стрелци. Руиз постигна еврогол во 14. минута, откако десет минути претходно го замени Верди, кој се повреди.

И Рог експресно постигна погодок за Наполи во 86. минута, откако само 60 секунди претходно влезе во игра.

https://www.youtube.com/watch?v=YIjjE3YDC0M

Меси погоди по 25. пат во 24 натпревари со Севилја, па се повреди (Видео)

Барселона е пред победа против Севилја, води со 3:0 на половина час до крајот на мечот со Севилја, но го загуби Лионел Меси.

Аргентинецот прослави мал јубилеј, го постигна 25. гол на 24 дуели против Севилја, но потоа незгодно падна и го повреди лактот на десната рака. Мораше да биде заменет по 27. минути игра, а место него во игра влезе Осман Дембеле.

Според последните информации не се работи за скршеница и истегнати се лигаментите на подлактицата.

Погледнете го моментот кога аргентинскиот ас се повреди.

Анри дојде, Монако продолжи да тоне

Монако претрпе нов пораз во француското првенство, а легендата Тјери Анри имаше несупешно деби на клупата на екипата од кнежевството.

Стразбур беше подобар од Монако и победи со 2:1, а Анри ќе има дополнителни главоболки. Се повреди и најдобриот напаѓач Радамел Фалкао, што ќе  му ја отежни и работата на поранешниот француски репрезентативец, кој за првпат добива шанса да биде прв тренер во некој клуб.

Монако со шест бодови по 10 кола го дели последното место место во францускиот шампионат, заедно со Гингамп.

Јагањац се прости од Металург со победа во СЕХА

Металург конечно победи во меч што не е од домашното првенство, а сефте скопјани забележаа во СЕХА лигата против фаворитот Татран Прешов.

Халил Јагањац се прости од Металург со шест погодоци и победа, а ќе замине во хрватски Нексе. Трансферот е тежок 120 илјади евра.

Покрај Јагањац расположен за голови беше и Анте Токиќ и со 9 погодоци беше најефикасен во победата од 30:28.

Томас Чип со 8 и Лапајне со 7 голови беа најефикасни кај Татран.