Сенаторите подобри од Монтреал во продолжение

Отава сенаторс во продолжение го победи Монтреал канадиенс со 4-3. Домаќините се најдоа во незавидна ситуација по првиот период, во кој Монтреал три пати го смести пакот во голот и си направи навидум сигурна предност од два гола разлика.

Сепак, ништо не беше завршено, бидејќи во вториот период „сенаторите“ се извлекоа од негативата со головите на Бедкер и Дучен. Без возбудувања во третиот период, па двете екипи мораа да играат продолжение за да се одлучи победникот, а домаќините благодарение на Стоун ја забележаа четвртата овосезонска победа.

„Ловоровите листови“ од Торонто веќе два меча не знаат за победа, а „скалпот“ ноќеска им го зеде и Сент Луис со конечни 4-1. Гостите изненадија со три гола во вториот период, а Торонто само еднаш успеа да погоди во третиот период, што беше недоволно да се стигне негативата.

„Предаторите“ од Нешвил влегоа во победничка серија од пет меча, а со сигурни 3-0 славеа над Едмонтон ојлерс. Со 14 бода, тимот на Нешвил полека ја зазема лидерската позиција на Западната конференција.

Резултати НХЛ:

Колумбус блу џекетс – Чикаго блекхокс 1-4

Флорида пантерс – Детроит ред вингс 3-4 по продолжение

Отава сенаторс – Монтреал канадиенс 4-3 по продолжение

Торонто мејпл лифс – Сент Луис блуз 1-4

Минесота вајлд – Тампа беј лајтнинг 5-4 по продолжение

Едмонтон ојлерс – Нешвил предаторс 0-3

Ванкувер канукс – Бостон бруинс 2-1 по продолжение

Вегас голден најтс – Анахејм дакс 3-1

Сан Хосе шаркс – Њујорк ајлендерс 4-1

- Оглас -

Најнови вести