Дома Blog Страница 10660

Вардар одлично пазареше – Оцвирк втор најталентиран тинејџер во Европа

Грега Оцвирк има само 19 години и е втор најголем талент во Европа според изборот на Европската ракометна федерација. Вардар одлично пазареше летоска кога од Целје успеа да го донесе левиот бек и со него потпиша тригодишен договор.

Оцвирк блескаше на младинското европско првенство и со 57 погодоци беше најдобар стрелец, а предводена од него Словенија го освои златото.

Пред Оцвирк според ЕХФ е 18-годишниот француски талент Дилан Нахи, а во топ-10 нема ниту еден македонски ракометар.

Зад Нахи и Оцвирк следат Диого Силва од Португалија, потоа и Лудвиг Холбек од Шведска, соиграчот на Нахи, Килијан Вилемино, Хаукар Трастарсон од Исланд, Швеѓанецот Фабијан Норстен, Јовица Николиќ од Србија, Германецот Јури Кнор и Саду Нтанзи од Франција.

Типично за Бразилец – Жуниор од Шкендија едвај чека да игра (Фото)

Стенио Жуниор не игра за репрезентацијата на Бразил, таму конкуренцијата е жестока, па има интересна порака.

„Конечно заврши паузата поради настапите на репрезентациите“, со натпис на маркерот за тренинг порача интернационалецот од Бразил во редовите на Шкендија.

И за него ќе биде таман, ако е толку нестрплив да игра, бидејќи веќе во недела од 14,30 часот ќе се игра големото дерби во нашето првенство меѓу Вардар и Шкендија.

Дуелот ќе се игра на стадионот „Борис Трајковски“ во скопската населба Маџари.

Руни постигна еден од најубавите голови во кариерата (Видео)

Еден од најдобрите напаѓачи во светот за изминативе 20-тина години, Вејн Руни, покажува дека уште знае да ги тресе противчничките мрежи на спектакуларен начин. Руни летово направи трансфер во ДЦ Јунајтед во САД, па сега и тамошната публика се воодушевува на мајсториите на англискиот голгетер.

Руни даде спектакуларен гол од 30 метри од слободен удар и тој беше доволен за победа на ДЦ Јунајтед во дуелот против Торонто. Вејн погоди во 18 минута и тоа беше единствен погодок на средбата.

Пејтон со три десетки за историја го почна летот со Пеликаните

Елфрид Пејтон нанижа три десетки, во поени, скокови и асистенции, доволно за трипл-дабл и е прв кошаркар во новиот милениум со двоцифрен учинок во три категории на првиот меч во сезоната за нов клуб.

Пејтон летоска се пресели од Феникс санс во Њу Орлеанс и во дебитантскиот меч против Хјустон забележа по 10 поени, скокови и асистенции. Њу Орлеанс го декласира Хјустон на гостински терен со 131:112.

Пред Елфрид последен со трипл-дабл во деби меч за нов клуб забележа Луис Лојд од Хјустон во 1983 година, откако истата година кај ракетите дојде од Голден стејт вориорс.

Ова е понудата од првите 12 мечеви за Спортска прогноза

Стартот на возбудувањата од новиот предизвик кој ви го нуди Спорт Манија, популарната Спортска прогноза е закажан за в сабота во 13 часот. Тоа е времето кога и ќе започне првиот, од вкупно 12 натпревари кои се дел од понудата. Мечот кој треба да се погоди е Блекбурн роверс – Лидс во англиската Премиершип. По тој меч, во саботните и неделните термини ќе се одиграат уште 11 средби кои се дел од понудата на Спортската прогноза, која по долго време се враќа во Македонија и тоа благодарение на Спорт Манија.

Без никакви уплати, но со шанси за освојување на вредни подароци ќе бидат сите оние кои ќе се вклучат во прогнозирањето. Освен дуелот Блекбурн роверс – Лидс, во понудата за погодување на конечниот резултат се и средбите: Челзи – Манчестер јунајтед, Штутгарт – Борусија Дортмунд, Вест Хем – Тотенхем, Шалке – Вердер, Удинезе – Наполи, Барселона – Севилја, Вардар – Шкендија, Парма – Лацио, Евертон – Кристал палас, Интер – Милан и Арсенал – Лестер. Доколку некој од овие мечеви не се доигра или се одложи, како резерви се дуелите: Стразбур – Монако и Вилјареал – Атлетико Мадрид.

Прво што треба да направите е да ја лајкнете нашата фејсбук страница https://www.facebook.com/SportManija/, а потоа со вашиот профил на „Фејсбук“ да се логирате на страницата Спортска Прогноза  https://sportmanija.mk/sportska-prognoza/ за да можете да типувате.

Правила

  • Прогнозерот со погодени 12 натпревари добива телефон Samsung Galaxy A6 2018.
  • Доколку 2 или повеќе ги погодат сите натпревари во едно коло, наградата станува парична: Ќе бидат доделени ваучери од SPORT LIFE во вкупна вредност од 15.000 (ако има двајца добитници ќе добијат ваучери во вредност од 7.500 денари, тројца по 5.000 денари).
  • За погодени 11 натпревари – ваучер од 1.000 денари.
  • За погодени 10 натпревари – ваучер од 500 денари.
  • За погодени 9 натпревари – Ваучер од 200 денари.

Секој корисник има право на една прогноза. Дуплираните прогнози ќе бидат дисквалификувани.

Во конкуренција се прогнозите испратени 30 минути пред почетокот на првиот натпревар.

Видал поради тепачка ќе плати казна од 800.000 евра!

Артуро Видал пред почетокот на сезонава направи трансфер и од Баерн Минхен се пресели во Барселона. Иако очекуваше дека ќе има место во стартниот тим на каталонскиот гигант, чилеанскиот репрезентативец почесто е на клупата за резерви, отколку на теренот.

Покрај тоа што не му оди како што сака на фудбалскиот терен, за Видал стигна уште една лоша вест која не е поврзана со неговата работа. Играчот за врска е казнет со неверојатни 800.000 евра, бидејќи бил дел од тепачка која минатата година се случила во една дискотека во Минхен.

Иако поминало повеќе од една година од инцидентот, судот не заборави да ги казни учесниците. Видал настрада најмногу, а казна од 18.000 евра ќе мора да плати и неговиот полубрат Сандрињо, кој исто така учествувал во тепачката. Барселона викендов ја очекува дерби за лидерското место во Примера дивисон против Севилја, но видал сигурно повеќе ќе се фокусира на тоа веќе да не прави такви испади во дискотеките, бидејќи многу скапо ги плаќа.

 

Одби да игра за репрезентацијата, сега нема да смее ни за тимот

Репрезентацијата на Северна Ирска ги загуби сите шанси во Лигата на Европа, откако по три меча нема освоено ниту еден бод. Босна и Херцеговина два пати беше подобра од оваа селекција, а еднаш се радуваше и Австрија.

Селекторот на Северна Ирска, Мајкл О’Нил имаше големи проблеми околу составот, па затоа и не се изненадување овие порази. Вил Григ се повреди, а на собирот воопшто не се појави Кајл Лаферти, па националниот тим остана без ниту еден квалитетен класичен напаѓач.

Иако беше уредно повикан да биде дел од репрезентацијата, Лаферти не ни сакаше да помисли да дојде, велејќи дека е повреден. Подоцна се потврди дека оваа повреда била лажирана и дека играчот се подготвува за настап за својот клуб Глазгов Ренџерс.

Напаѓачот сепак нема да може веднаш да настапи на клупско ниво. Челниците на Северна Ирска решија да го искористат правилото на ФИФА кое вели дека играчот кој лажно пријавува повреда, ќе биде суспендиран и од клупскиот фудбал.

„Фудбалерот не се јави на поканата и со тоа го прекрши правилото на ФИФА. Затоа Северна Ирска реши да го искористи правото дадено во анексот 1, секција 5, а тоа е да не му дозволи да настапи на следниот меч за својот клуб“, стои во објаснувањето на фудбалската федерација на Северна Ирска.

Поради ова, Лаферти нема да биде во составот на Ренџерс за дуелот против Хамилтон.

 

Дончиќ веќе почна да ги излудува и во НБА (Видео)

Лука Дончиќ заигра во НБА лигата и веќе во дебито го покажа раскошниот талент. Младиот Словенец одигра 31 минута во дресот на Далас и беше повеќе од солиден. Даде 10 поени, а имаше и четири асистенции и осум скока.

Дека навистина е нешто посебно, Дончиќ покажа со еден потег кој го воодушеви Американците. Уште  во дебито почна да им „продава“ финти од времето на Мајкл Џордан.

Играат Челзи – Манчестер јунајтед, а двете екипи се плашат од судијата!

По завршување на репрезентативните обврски, викендов ќе продолжат возбудувањата во европските лиги. Еден од најинтересните мечеви ќе биде дербито во Премиер лигата помеѓу Челзи и Манчестер јунајтед. Со овој меч на „Стемфорд Бриџ“ ќе стартува деветото коло во англиското првенство.

Иако во двете екипи има еден куп скапи играчи кои може со еден потег да го решат дербито, стравот во двата табота е повеќе од необичен. Сомнежот на двата клуба е како ќе се води правдата на дуелот. Таа доверба му е доделена на искусниот Мајк Дин. Судијата кој многу пати досега бил главен арбитар на многу важни мечеви, но и често пати оспоруван поради сомнителни одлуки.

Од Челзи велат дека тоа е судијата кој едноставно го мрази клубот од „Стемфорд Бриџ“. Статистиката вели дека Мајк Дин на Челзи му има доделено најмногу жолти и црвени картони. Арбитарот покажал вкупно 122 жолти картони на играчи на Челзи, а шест пати ги исклучувал.

Од друга страна, лондончани се жалат дека Дин го фаворизира Манчестер јунајтед. „Црвените ѓаволи“ од овој судија добиле дури 16 пенали. Дин не досудил повеќе пенали во нечија корист, како тоа што го направил со Манчестер јунајтед.

Дека сепак не е се така „розово“ за Манчестер кога дуси Дин покажува мечот од одаа сезона. Најтрофејниот тим остана без исклучениот Немања Матиќ на дуелот против Вaтфорд.

 

Шарлот стигна негатива од 18 поени, но го промаши шутот за победа (Видео)

Маратонската ноќ со дури 11 натпревари во НБА лигата заврши со седум победи на домаќините и четири на гостинските екипи. Најинтересно беше на дуелот Шарлот – Милвоки, на кој гостите славеа со 113:112. Во текот на речиси целиот меч Милвоки беше во предност која во еден момент беше и 20 поени. Сепак, Шарлот не се предаде и реши да приреди возбудлива завршница. На осум минути до крај разликата беше намалена на 10 поени (97:87), а потоа многу брзо на семафорот стоеше 101:101. Ова беше и двобој на Јанис Антетокунмпо од Милвоки и Кемба Вокер кај домаќините.

Антетокунмпо кој заврши со 25 поени и 18 скока, успеа да погоди две слободни фрлања на 23,7 секунди до крајот, но домаќините го имаа последниот напад. Вокер кој имаше реализирано 41 поени ја превзема одговорноста. Шутираше за победа на 3,4 секунди до крајот, но промаши. Домаќините имаа уште една шанса за победа, но промашија удар за три поени со звукот на сирената.

По 17 години поминати во дресот на Сан Антонио, деби за Шарлот имаше ветеранот Тони Паркер. Французинот во дебито за новиот тим даде осум поени, а имаше и седум асистенции.

Резултати: Шарлот – Милвоки 112:113, Детроит – Бруклин 103:100, Индијана – Мемфис 111:83, Орландо – Мајами 104:101, Њујорк – Атланта 126:107, Торонто – Кливленд 116:104, Хјустон – Њу Орлеанс 112:131, Сан Антонио – Минесота 112:108, Сакраменто – Јута 117:123, Феникс – Далас 121:100, ЛА Клиперс – Денвер 98:107.