Дома Blog Страница 10661

Јапонецот беше подобар – Фаик Весели се весели на бронза

Фаик Весели не успеа во полуфиналето на Младинските олимписки игри во Аргентина и по поразот од Масаки Јамаоко го освои бронзениот медал.

Ова е голем успех за нашиот каратист, кој во полуфиналето беше поразен со 8:0 од Јамаоко. Резултатот изгледа превисок, но клучна беше четвртата опомена за Весели во последните десетина секунди. При резултат 0:0 двајцата каратисти имаа по три опомени, а за жал нашиот каратист доби и четврта по што борбата беше решена во корист на Јапонецот.

Еден Швед е малку за Фенербахче

Алексеј Швед му се закани на Фенербахче, постигна 26 поени за Химки, но и тоа беше премалку за победа во Истанбул против поранешниот европски првак. Фенербахче славеше со 93:85.

Бекот на рускиот тим погоди 7 тројка од 12 обиди, но во таборот на Химки имаше само четворица играчи со двоцифрен учинок. Кај избалансираниот состав на Фенербахче се истакна Николо Мели со 16 поени, а Али Мухамед и Луиџи Датоме уфрлија по 14.

Во уште еден меч во Истанбул, Ефес Пилсен загуби дома и тоа убедливо со 79:93 од Жалгирис, а уште два меча се во тек.

МЗТ покажа дека знае да победи и во продолжение

Нов неизвесен меч за МЗТ Скопје Аеродром во АБА 2 лигата, но овојпат со среќен крај за македонскиот тим. Во салата „Јане Сандански“ МЗТ го победи Ловќен со 100:90 но дури по продолжение од пет минути. Во регулраниот дел, средбата заврши 79:79.

Ова е втор дуел по ред на кој МЗТ игра продолжение. По поразот на гостувањето кај Приморска, овојпат играчите на МЗТ покажа дека знаат како да одиграат во решавачките моменти. Откако во поголемиот дел од регуларните 40 минути бркаа предност на гостите, МЗТ во продолжението започна силовито и брзо стигна до предност од 89:82, па беше јасно дека победата ќе остане за „штрковите“.

Медфорд со 24 поени беше најефикасен кај МЗТ, а со двоцифрен број поени завршија и Вудард (17 п.), Младеновски (14 п.), Иванов (13 п.) и Бојиќ (12 п.). За МЗТ Скопје ова е трета победа во четвртото коло и потврди дека ќе биде еден од конкурентите за враќање во првата АБА лига.

Мечот против Ловќен започна неизвесно и двете екипи се менуваа во водство. Во 5 минута, МЗТ имаше предност од 13:12, а во следните три и пол минути гостите со серија од 8:0 стигнаа до првото солидно водство (20:13), а на полувреме беше 24:19 за гостите. Во втората четвртина „штрковите“ постојано бркаа негатива. Стигнаа до 36:37 во 17 минута, но не поведоа, па гостите од Црна Гора на полувреме заминаа со два поени предност (45:43).

На почетокот на третата четвртина, МЗТ додеј во водство 48:45, а предноста ја сочува до 53:52 (24 минута). Потоа нешто слично како во првата четвртина. Ловќен со серија од 7:0 поведе со 59:53 и до крајот на овој квартал успеа да задржи позитива од пет поени (64:59).

Дури во последната четвртина, дојде ред МЗТ да направи серија со поени. По негативата од 65:68, нашиот претставник стигна до 73:68 на помалку од шест минути до крајот. Сепак, ни Ловќен не се предаде па повторно двете екипи се менуваа во водство, што беше знак за неизвесен финиш. Во последната минута се влезе со резултат 77:77, а потоа беше и 79:79, а гостите преку Поповиќ промашија напад за победа во регуларниот дел.

Соиграч на Барди играл повреден за Црна Гора – Леванте готви тужба

Никола Вукчевиќ играл повреден за Црна Гора во дербито со Србија, обвинуваат од Леванте. Клубот за кој настапува и нашиот Енис Барди размислува и за тужба против Црногорската фудбалска федерација, со образложение дека знаеле дека фудбалерот е повреден. но и покрај ризикот повредата да се влоши, бил во стартнито состав.

Вукчевиќ го одигра целиот меч, но не помогна многу, бидејќи Србија славеше во Подгорица со 2:0.

Од Леванте се незадоволни, а Вукчевиќ на следниот меч во Лигата на Нации против Литванија не беше во составот.

Мане е опериран и заврши со настапи во октомври

Октомври предвреме заврши за Садио Мане, а сенегалскиот репрезентативец денеска беше опериран по повредата на африканските квалификации.

Мане имаше скршеница на палецот на левата рака, успешно ја мина операцијата, а препораката на докторите е да паузира околу две седмици.

Тоа значи дека октомвриските дуели на Ливерпул во Премиерлигата ќе ги пропушти што ќе биде голем хендикеп за кандидатот за титулата во Англија.

Хит на месецот во Ла Лига – Лео Меси само четвртипат во четири години

Лионел Меси е прогласен за играч на месецот септември во Ла Лига и изненадувачки тоа му е само четврто признание во четири години, откако се доделува наградата.

Меси блескаше минатиот месец и заслужено е играч број 1 во една од најсилните фудбалски лиги на планетата, а нагрдата ќе му биде доделена во сабота. На „Камп Ноу“ пред дуелот меѓу неговата Барселона и Севилја ќе има мала свеченост во чест на Меси и неговата награда.

Ова признание се доделува од пред четири години и Меси дури сега стаса до четворката.

Фаик Весели обезбеди медал на Младинските олимписки игри, ќе бие битка за злато

Фаик Весели обезбеди најмалку бронзен медал на Младинските олимписки игри во Буенос Аирес, а вечерва ќе бие битка и за финале против јапонскиот каратист Масаки Јамаока.

Каратето за првпат е на листата на спортови на МОИ, а Весели лошиот старт го претвори во успех. Во првата борба загуби со 0:4 од Ал Асири од Саудиска Арабија, но потоа со две победи си обезбеди полуфинале. Со 1:0 го победи Абдалах Хамад од Јордан, а потоа го декласира Родриго Тељо од Аргентина со 6:0.

Ова е прв медал за Македонија на игрите во Буенос Аирес.

Милан е во минус од 730 милиони евра

Некогашниот европски и италијански првак Милан, реши да се обиде да се врати на стартите триумфални патеки со тоа што почна да ги враќа своите легенди. Во клубот сега работат Паоло Малдини и Леонардо, а тренер е Џенаро Гатузо. И додека се обидуваат да донесат нови радости кај навивачите, многу очигледно е дека допрва ќе следува тежок период за „росонерите“.

Од Милан денеска соопштија дека минатата сезона работеле со дури 126 милиони евра во загуба, што сепак е за 53 милиони евра помалку од претходната година. За тоа во каква финансиска криза е тимот од „Сан Сиро“ покажуваат бројките и од претходните сезони. Во последните пет години клубот загубил 460 милиони евра, а таа бројка за последните 14 години изнесува неверојатни 730 милиони евра.

Од доаѓањето на новите сопственици пред шест месеци, американскиот конзорциум Елиот, кој дојде на местото на Кинезот Ли Јонг Хонг, загубата е намалена на 22,3 милиони евра. Ли беше прв човек на Милан цели две години. Кинезот го купи клубот од Силвио Берлускони, но не само што не успеа да го извлече од криза, туку „росонерите“ повеќе пропаднаа.

УНИКАТНО: Тотенхем е клуб на капитени

Англискиот премиерлигаш Тотенхем може да се пофали со еден податок за кој не може да се пофали ниту еден друг клуб во светот. Екипата од Лондон објави дека во своите редови има осуммина фудбалери кои барем еднаш биле капитени на своите национални селекции. Дел од играчите се стандардни предводници на своите селекции, а дел само повремено ја имаат честа да ја носат капитенската лента.

Дефанзивецот Јан Вертонген е капитен на Белгија, Ерик Дајер е повремен капитен на Англија, каде Хари Кејн е прва опција за предводник на теренот. Кристијан Ериксен е капитен на Данска,Уго Љорис ја предводи Франција, а Серж Орие на Брегот на Слоновата Коска. На Кенија капитен е Виктор Ванјама, а Сон Хунг-Мин е предводник на Јужна Кореја.

Иако сите овие играчи покажале дека заслужено ја носат капитенската лента во националните селекции, сепак кога сите ќе се вратат на клупските обврски, само еден има право на теренот да биде капитен на Тотенхем. Таа чест и привилегија му припаѓа на голманот Љорис, додека негов заменик е напаѓачот Кејн.

https://twitter.com/SpursOfficial/status/1052567435440807937

И тоа го дочекавме: Болт почна да одбива фудбалски понуди

Освојувачот на осум златни олимписки медали и светски рекордер во спринт, Јусеин Болт веќе е фудбалска ѕвезда. Болт заигра во австралискиот тим Централ Коуст Маринерс и за многу брзо време почна да постигнува и голови. Со игрите во овој тим, за Болт се заинтересираа повеќе екипи, па некогашниот спринтер почна и да одбива понуди.

Шампионот на Малта, Валета му понуди договор на Болт, но овој веднаш ја одби. Во Валета од неодамна главен финансиер е конзорциум од Абу Даби. Богатиот нов газда вели дека главна цел ќе му биде за неколку години да го одведе тимот до пласман во Лигата на шампиони.

Уште додека беше активен на атлетската патека, Болт постојано потенцираше дека сака да биде професионален фудбалер, па неколку пати можеше да се забележи како тренира во англискиот гигант Манчестер јунајтед. Има одработено и неколку тренинзи и со германскиот бундеслигаш Борусија Дортмунд.