Дома Blog Страница 10662

Боксер го потпиша најголемиот спортски договор на сите времиња

Мексиканскиот боксер Саул Канело Алварез руши светски рекорди. Откако неодамна го победи рускиот боксер Генадиј Головкин, му пристигна уште поубава вест. Тој е новиот рекордер за најголем спортски договор на сите времиња.

Стриминг платформата ДАЗН му понуди неверојатни 365 милиони долари за пет години соработка. ДАЗН ќе има ексклузивно право да ги пренесува следните 11 борби на Алварез. Со овој договор, мексиканскиот боксер го сруши рекордот на бејзбол играчот Џанкарло Стантон од Њујорк јенки.

Алварез следната борба ќе ја има на 15 декември против Британецот Фелдинг.

Дончиќ ќе им го сврти паметот во НБА

Лука Дончиќ ноќеска за првпат ќе ја почувствува магијата на НБА-лигата, а со неговиот Далас гостува во Феникс. Словенецот на 19 години ќе дебитира во најсилната кошаркарска лига откако лани ја покори Европа, а неговиот поранешен соиграч од тимот на Реал Мадрид, Серхио Љуљ, вели дека Дончиќ ќе биде голема закана за сите противници.

„Сметам дека ќе се снајде без проблем. Лука е многу интелигентен кошаркар, одлично ја разбира играта. Ако противникот му остава простор, тој ќе му го сврти паметот, на сите ќе им го прави тоа“, вели Љуљ.

Далас маверикс ноќеска, од 4.30 часот, ќе биде гостин кај „сонцињата“ од Феникс, мечот е предвиден како последен од програмата во која се играат вкупно 11 дуели. Гостите ќе мора да бркаат победа без ветеранот Дирк Новицки, како и еден од најдобрите во тимот, Харисон Барнс, па ова ќе биде одлична шанса за Дончиќ да блесне уште во првиот меч од регуларната сезона.

 

 

УЕФА покрена дисциплинска постапка против Романија

Европската фудбалска асоцијација, УЕФА, покрена постапка против Фудбалската федерација на Романија поради истакнување расистички транспаренти и скандирање од трибините со политичка содржина. Овие прекршоци, романската публика ги направи на дуелот со Србија од Лигата на нациите, меч кој заврши 0-0.

Романските фанови во Букурешт скандираа „Косово е Србија“, порака која ја испраќаа и српските фанови, проследено со аплаузи, а на товар на домашните им се става и тоа што расистички ги навредувале Унгарците!? Иако Унгарија не играше на средбата, сепак Романците не ги „мирисаат“ своите западни соседи.

Делегатот во својот извештај запишал и дека имало палење факли и втрчување на навивачи на теренот. Дисциплинската комисија на УЕФА ќе заседава на 25-ти октомври и тогаш ќе се знае дали Романците ќе минат само со парична казна или ќе има и суспензија на теренот.

 

Јосиф Петковиќ: Пелистер повторно да биде респектабилен клуб

Пелистер најде замена за Томе Петрески, нов предводник на екипата ќе биде спрскиот стратег Јосип Петковиќ. Искусниот српски стратег вчера ги договори условите со клубот, денеска беше официјално промовиран за нов шеф на стручниот штаб. Петковиќ е добро познато лице на македонскиот ракомет, откако во минатото ги водеше екипите на Македонија ЃП, Металург, Вардар и Младост Богданци.

„Дојдов во Пелистер да помогнам со сето мое знаење. Сакам овој клуб да биде сериозен конкурент, како на појаки, така и на послаби екипи, да се игра квалитетен ракомет. Сметам дека за брзо време можеме да смениме многу работи тука, со помош на натпреварите кои ни претстојат, бидејќи досегашните резултати не ги задоволуваат критериумите. Со задоволство прифатив да бидам тренер на Пелистер. Некои работи мора веднаш да се променат, Пелистер да биде респектабилен клуб“, истакна Петковиќ при претставувањето на медиумите како нов предводник на екипата.

На клупата ќе дебитира во сабота, кога во Битола ќе гостува тимот на Радовиш, во рамките од петтото коло во ракометната Суперлига.

 

Идол на Димитријевиќ е еден Американец (Видео)

Ненад Димитријевиќ во мини-интервју за сајтот на шпанската кошаркарска лига изјави дека негов идол е Демон Малет, американски плеј кој лани ја заврши кариерата. Малет играше за Хувентуд од 2007 до 2009 и потоа од 2014 до 2016. Во неговиот втор престој во Бадалона, и Нено имал прилика да се запознае со оваа легенда.

„Кога бев кадет, во првиот тим на Хувентуд беше Демон Малет. За мене, тој беше спектакуларен плејмејкер, играч од многу високо ниво. Разговарав со него многу и ми претставува чест и гордост што го познавам. Немаше некакви спектакуларни физички предиспозиции, но секогаш знаеше каде треба да биде и што треба да направи, а тоа се најважни карактеристики за еден плејмејкер. Беше лидер на теренот, разговараше со сите соиграчи, ги бодреше, вистински шеф на паркетот“, вели Димитријевиќ.

 

Коста е љубоморен на Гриезман – Сака иста плата како Французинот

Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Диего Коста, наводно бара обнова на договорот со клубот со цел да извлече поголема плата. Како што известуваат шпанските медиуми, Коста сака да заработува исто колку и Антоан Гриезман, поточно 20 милиони евра по сезона.

Шпанскиот интернационалец минатата сезона се врати во Атлетико по три сезони поминати во Челзи, а по неговиот трансфер назад во Мадрид, се согласи на плата од осум милиони евра по сезона и е меѓу најплатените играчи во тимот, но сега сака таа сума да биде двојно поголема. Мадридските таблоиди велат дека доколку оваа желба не му е исполнета, Коста ќе ги разгледа опциите за преселба во Кина, од каде што имаше понуди и пред да се врати во Атлетико.

Бразилецот со шпански пасош нема постигнато првенствен гол за „јорганџиите“ од февруари, додека очигледно е дека тој и Гриезман одлично соработуваат во нападот. Коста наводно му љубомори на својот клупски колега само поради финансиите.

 

 

Боксер стана најплатениот спортист во светот

Боксерот Саул Алварес, или познат како Канело, потпиша петгодишен договор со ДАЗН, сервис за интернет-пренос на спортски настани. Договорот има вредност од 365 милиони долари, а ДАЗН ќе ги емитува неговите 11 следни борби, почнувајќи од закажаната пресметка за декември, против Роки Филдинг.

Алварес е повеќекратен шампион во неколку категории, почнувајќи од лесна, па до супер-средна категорија, а се борел на 53 меча од кои победил на 50, 34 од нив ги победил со нокаут.

Дваесет и осумгодишниот Мексиканец веќе се наметна во боксерската историја, а со овој договор се погрижи неговото име да остане запаметено. Телевизиската компанија „ХБО“ одлучи да не ја продолжи соработката со него, па тој си најде уште подобар партнер, односно сервис кој ќе ги емитува неговите борби дури до 2023 година.

Борбата против Филдинг, закажана за 15-ти декември, ќе биде првиот пренос по потпишувањето на договорот.

Време е за прва победа на Металург

Средбата со Железничар која се игра вечерва, од 20.15 часот, во „Борис Трајковски“ е шанса за скопскиот Металург да дојде до првата победа во СЕХА-лигата.

„Имаме убава можност за добар натпревар. Противникот го респектираме, но ова е шанса да одиграме добро и да ја забележиме нашата прва победа. Да бидам искрен, малку сме заморени по двете гостувања во Лигата на шампионите, но сега нашите мисли се насочени само на средбата со Железничар. Направивме анализа на последниот меч и тоа ќе ни овозможи да ги исправиме грешките од претходните дуели. Имаме уште два тренинга на кои ќе треба да се подготвиме. Заморот ни е непријател, но имаме можност да одиграме добро и да забележиме победа“, рече тренерот Данило Брестовац.

До минатото коло и Железничар немаше победа, но потоа го победи Извиѓач. Сега Металург е мотивиран за добар резултат. Двата тима се засилија, домашните со Словенецот Александер Шпенде, а нишкиот тим со крилото Добривоје Марковиќ (ексиграч на Вардар).

Новиот член на Металург има 25 години и 197 сантиметри, а игра на позицијата лев бек и доаѓа од екипата на Порто. Договорот му е со важност до јуни 2019 година и со можност да биде продолжен.

Љорис е „тапа“ голман за бранење пенали

Пенал против Франција значи постигнат гол ако мрежата на „триколорите“ ја чува искусниот Уго Љорис. Голот кој го постигна Тони Крос на синоќешниот натпревар помеѓу Франција и Германија беше 12-тиот пенал по ред кој играчите го претвораат во гол кога меѓу стативите е Уго Љорис.

Иако е прв голман на репрезентацијата светски првак, Љорис има и една слаба точка, а тоа му се пеналите. Едноставно, човекот не може да одбрани удар од 11 метри. Од последните 12 пенали кои беа досудени против Франција, Љорис нема одбрането ниту еден шут.

За среќа на Љорис, голот што го прими од пенал не беше решавачки, бидејќи во второто полувреме Антоан Гриезман даде два гола за пресврт. Со тоа, продолжи серијата натпревари кои Франција не ги губи, иако имала негатива од 0-1. Откако на клупата е селекторот Дидие Дешамп, Франција четири пати губела со 0-1, но никогаш не загубила, има по две победи и нерешени.

Евролигашите се одлична алтернатива за добивка

Половина од средбите во второто коло од Евролигата се одиграа вчера, а за денес се предвидени уште четири средби на кои може да се направи добитна комбинација во обложувалниците на SPORT LIFE.

Армани Милано – Реал Мадрид (20.45 часот)

Бранителот на титулата тргна фуриозно во првото коло со победа над Дарушафака со постигнати високи 109 поени, па со фаворитска улога доаѓа и во градот на модата. И Армани со победа ја отвори сезоната во Европа, и тоа на гостувањето кај Будуќност, јадранскиот првак кој по 15 години се врати во Евролигата. Пред „манекените“ е вистински предизвик, европскиот првак не планира да си создава проблеми уште во првите средби и сака да изгради победничка серија.

Предлог тип: 2 со хендикеп (1.90)

 

Фенербахче – Химки Москва (19.45 часот)

Фенерџиите ја започнаа сезоната со стил и убедлив триумф над новајлиите Гран Канарија. Но, вечерашната пресметка против рускиот тим се очекува да биде највозбудливиот дуел. Швед блескаше против Олимпијакос со 31 поен, но не му донесе триумф на својот тим, а од него се очекува повторно да блесне, па неговиот учинок да придонесе за првата радост на московската екипа, иако за победа ќе треба да игра целиот тим, бидејќи речиси е невозможно да се совлада Фенербахче на негов терен, во преполната „Улкер спортс арена“.

Предлог тип: T1>81.5 (1.92)

 

Басконија – Олимпијакос (20.45 часот)

Желбата е иста кај двете екипи, да останат непоразени и по овој дуел, но јасно е дека само една од нив ќе се радува. Басконија во првото коло се избори за триумф против Жалгирис, додека грчкиот состав буквално го надигра Химки среде Москва. За Олимпијакос ова е второ гостување во низа, а на овој дуел ќе пресуди подобрата одбрана.

Предлог тип: <159.5 (1.90)

 

Анадолу Ефес – Жалгирис (19 часот)

Турскиот тим изненади во претходното коло со гостинскиот триумф над Баерн Минхен, а вечерва ќе сака да му нанесе поголема болка на Жалгирис. Литванците ја разочараа публиката во Каунас против Басконија, па сега одат на поправен во арената „Абди Ипекчи“. Анадолу е фаворит на хартија, но Шарунас Јасикевичиус нема да дозволи неговиот тим да западне во негативна серија.

Предлог тип: <78.5 I (1.88)