Дома Blog Страница 10673

Не беа потребни ни 10 минути: Македонија води против Лихтенштајн (Видео)

Старт како што можеше да посакува македонската фудбалска репрезентација на арената „Филип Втори“. За неполни 10 минути, „црвено-жолтите“ донесоа радост на трибините. Александар Трајковски погоди за водство на Македонија од 1:0.

По една одлична акција, Пандев асистираше во празно кон Трајковски, а овој од околу 11 метри биеше во десниот горен агол. Само две минути по погодокот на Трајковски, лесно можеше да биде и 2:0, но Хасани шутираше над голот.

Квинтетот виросани на клупата за резерви против Лихтенштајн

Македонија има зицер за првото место во четвртата група од Д сегментот во Лигата на Нации, со победа вечерва против Лихтенштајн, а и нема потреба од преголем ризик, па квинтетот репрезентативци што имаа проблем со вирус се резерви.

Бобан Николов, Аријан Адеми, Стефан Ристовски, Стефан Спировски и Мите Цикарски се чувствуваат многу подобро, но селекторот Игор Ангеловски нема потреба од преголем ризик против аутсајдерот Лихтенштајн па одлучи да ги остави на клупата за резерви.

Непосредно пред последниот тренинг, вчера Фудбалската федерација на Македонија објави дека петте наши репрезентативци имаат стомачен вирус, па дури и беше поместен тренингот. Сега тие се чувтствуваат многу подобро, а ќе чекаат шанса за евентуален настап од клупата и тоа само ако има потреба.

Тешко се трпат сензационални порази – Се степаа полицијата и навивачите во Ереван

Ерменија претрпе сензационален пораз од Гибралтар со што исчезнаа шансите за првото место во четвртата група од Д сегментот во Лигата на Нации, а тешкиот дебакл не мина без инциденти.

Како што објавија ерменските медиуми веднаш по завршувањето на мечот што заврши со сензационална победа на Гибралтар од 1:0 на трибините дојде до голем инцидент и пресметка меѓу публиката и полицијата. Засега нема информации за повредени, но поразот беше тешко прифатен од љубителите на фудбалот во Ереван.

Фото: News.am

 

Гибралтар заврши работа за Македонија – ја победи Ерменија на гости

Уште пред да почне дуелот меѓу Македонија и Лихтенштајн, добри вести за нашата репрезентација. Гибралтар со 1:0 ја победи Ерменија на гости и со тоа донесе радост и за нашите „црвено-жолти“. За Гибралтар ова е прв триумф на меч од некои квалификации.

Чиполина во 50 минута од пенал погоди за прв гол на Гибралтар, што беше доволен и за победа на гости. По ваквиот исход, Ерменија и Гибралтар имаат по три бода од три меча, Лихтенштајн исто така има три бода, но од две средби, додека Македонија е единствена со шест бода од два дуели.

Доколку Македонија вечерва го победи Лихтенштајн, ќе стигне до 9 бода и на половина од групната фаза ќе има шест повеќе од останатите три конкуренти. Едноставно на Македонија широко и се отвори вратата за прво место во групата, што носи шанса за директен пласман на Европското првенство во 2020 година.

Македонија бие битка за ЕП, Арената ќе биде празна за Лихтенштајн (Фото)

Речиси и да нема интерес кај македонската публика за вечерашниот дуел со Лихтенштајн, иако Македонија е прва во четвртата група од Д сегментот и има шанса за настап на ЕП 2020 година.

Пред билетарата има повеќе каси за продажба од луѓе кои се заинтересирани за влезници, а и продавачите на реквизити со македонски обележја веројатно ќе останат со празни раце.

Мечот се игра од 20,45 часот, а непосредно перд стартот на дуелот со Лихтенштајн ќе се одбележи јубилејот, 25 години од првиот меч против Словенија во Крањ.

Маслинко доминираше против Шкупи

Крилниот центар на МЗТ Скопје Аеродром, Андреј Маслинко, со 30 поени и 11 скока за 35 минути игра, беше предводник на „штрковите“ во триумфот од 103:63 над Шкупи.

За вицепрвакот, ова е прва победа сезонава, а големата разлика во квалитет, му овозможи на тренерот Кочов да одмори некои од главните играчи и да им даде шанса на резервистите. Не играа Соколов, Медфорд, Иванов и Симоновски, но веројатно ќе може да помогнат в среда против Ловќен во втората АБА лига.

МЗТ после 30 минути игра водеше со 79-37, но во финишот, чаирчани кои немаат ниту еден странец во тимот, малку ја ублажија катастрофата и сезоната ја почнаа со убедлив пораз.

Последните минути од третата, и првите минути од последната четвртина, беа клучниот период во кој Кожув го скрши отпорот на АВ Охрид. Гевгеличани победија со 92:81, и дојдоа до првата победа сезонава, додека „галебите“ имаат 0-2.

Пековиќ и Нацевски со по 17 поени, беа најефикасни во победничкиот тим.

Барселона со меч повеќе се израмни со Вардар

Со супериорна игра во второто полувреме Барселона го декласира Брест Мешков на гостински терен, победи со 29:21 и се израмни со Вардар на врвот на табелата.

Каталонците имаа предност од еден гол по првите 30 минути, на полувреме беше 15:14 за гостите, кои потоа се разиграа и го декласираа белорускиот состав. Второто полувреме и припадна на Барселона со 14:7.

Сега двете екипи кои се претенденти за ново учество на Ф4 во Келн имаат по 8 бодови во А групата во Лигата на шампионите, но Каталонците имаат меч повеќе.

Вардар утре му гостува на полски Кјелце и ако победи, или ремизира повторно ќе биде осамен на врвот во тешката А група.

Никој нема потежок распоред од Интер

Клупскиот фудбал во најсилните европски лиги е ставен во мирување и тоа поради распоредот наменет за репрезентативните средби. Ова е викенд за дуели од Лигата на нации и пријателски средби, но големите клубови веќе размислуваат за обврските кои ги очекуваат.

Според распоредот кој го имаат, Интер е веројатно во најнезавидна ситуација. „Нераѕурите“ по пауза од шест години повторно се дел од групната фаза од Лигата на шампиони, каде во скро време треба да одиграат два меча против европскиот гигант Барселона. Освен дуелите во ЛШ, Интер ќе има и дерби мечеви во Серија А. Ќе треба да играат против градскиот ривал Милан, потоа против Џенова и на крај против Лацио.

Пеколниот распоред на Интер започнува на 21 октомври кога го играат градското дерби против Милан на „Сан Сиро“. Три дена подоцна, односно на 24 овој месец следува гостување на „Камп Ноу“ против Барселона. Каталонците ќе им бидат ривал и на 6 ноември, но овојпат дуелот ќе се игра во Милано. Меѓу двете средби со Барселона, Интер треба да одигра дуел против Џенова во Серија А. Пет дена по реваншот со Барселона, односно на 11 ноември, Интер го очекува и дерби против Лацио.

 

Марадона: Меси не може да е лидер кога 20 пати оди во тоалет

Легендарниот аргентински фудбалер, Диего Армандо Марадона, повторно фрли „отровни стрели“ врз Лионел Меси. Марадона вели дека Меси е одличен фудбалер, но дека не може да биде лидер на националниот тим.

„Меси е одличен фудбалер, но не и лидер. Не може да бараш да биде лидер од човек кој 20 пати оди во тоалет пред почетокот на мечот. Ајде да престанеме да го правиме Бог. Тој едноставно е фудбалер од аргентинската репрезентација“, рече Марадона.

Лео Меси е клучниот играч за успесите на Барселона во изминативе 10-тина години, но затоа со селекцијата на Аргентина не може да се израдува на голем трофеј. По завршување на Светското првенство во Русија, Меси најави дека привремено се повлекува од селекцијата.

Шик е во мода – Големото дерби е за Чешка

Напаѓачот на Рома Патрик Шик ги замолчи навивачите на Словачка во Трнава и со гол во 76. минута и донесе голема победа на Чешка во големото дерби со Словаците.

Чешка двапати имаше предност со головите на Крменчик и на Шик и успеа да победи. Голот на Хамшик за 1:1 беше слаба утеха за домаќините.

Словачка со вториот пораз во првата група од Б сегментот има многу тенки шанси за пласман понатаму, а загрозен им е и статусот во втората по квалитет дружина во Лигата на Нации.

Чешка ја забележа првата победа и донекаде се рехабилитираше за домашниот пораз од лидерот Украина. Ова беше и прв меч и победнички старт за новиот селектор Јарослав Шилави на кормилото на Чесите.