Дома Blog Страница 144

Босанските репрезентативци на У21 не се поздравија со врсниците од Израел (Видео)

Квалификацискиот дуел на У21 репрезентациите на Израел и Босна и Хереговина немаше многу возбудувања, а на крајот немаше ни погодоци и заврши 0:0. Според тоа што беше покажано на теренот, овој дуел сигурно не е важен за споменување, но пред почетокот на средбата се случи нешто што не е секојдневие.

Откако беа ислушани химните, младите фудбалери на Босна и Херцеговина, кои беа гости на неутрален терен во Будимпешта, решија да не ги поздрават противниците. Најголем дел од младите репрезентативци на БиХ едноставно не сакаа да им подадат рака на своите врсници од Израел.

Подоцна стигна и објаснување дека ваквиот потег на играчите на БиХ било покажување револт кон моменталната политичка и воена состојба во светот. Според Босанците, ова е тивок револт, додека младите фудбалери на Израел збунето ги гледаа ривалите, а потоа заминаа на својата половина од теренот да се подготват за почеток на дуелот кој заврши без погодоци.

Донарума ја „отвори“ душата и призна дека плачел по поразот од БиХ

Четирикратниот светски првак Италија повторно остана без пласман на Светско првенство. Ова е третпат во низа Аѕурите да извисат и да не бидат дел од планетарниот собир. Вторпат по ред Италија е елиминирана во баражот за пласман на планетарниот собир. Во финалниот дуел на гости во Зеница, Италија беше елиминирана од Босна и Херцеговина. Откако дуелот заврши 1:1 на пенали, БиХ беше подобра со 4:1.

Еден од оние кои најтешко ја прифатија елиминацијата во плејофот беше голманот Џанлуиџи Донарума. Еден од најдобрите голмани на денешницата призна дека плачел откако репрезентацијата не успеа да се квалификува за Светското првенство.

„Плачев по натпреварот. Плачев од разочарување што не можев да ја водам Италија таму каде што заслужува да биде. Плачев од огромна тага што ја чувствувам заедно со целиот тим, чиј капитен сум горд и знам дека и вие, навивачите на нашиот тим, ја чувствувате оваа тага“, напиша Донарума на своите социјални мрежи.

Капитенот ги повика навивачите да веруваат во репрезентацијата и рече дека мора да се соберат и да почнат одново. Донарума веќе една деценија е голман на Италија, но досега немал шанса да брани на СП затоа што последен настап на Италија на најголемиот фудбалски собир беше на Мундијалот во 2014 година во Бразил.

„Зборовите сега не значат многу, тоа е вистина. Но, по толку длабоко разочарување, мора да најдеме храброст да свртиме нова страница – повторно. А тоа бара многу сила, страст и вера. Верата е она што нè движи напред. Бидејќи животот има начин да ги наградува оние кои даваат сè од себе, не штедејќи никаков напор“, додаде Донарума.

Хари Кејн неизвесен за дуелот со Реал во ЛШ?

Мартовската репрезентативна пауза донесе повеќе штета отколку корист за Баерн Минхен, а дефинитивно лоша е веста за повредата на Хари Кејн.

Голгетерот на Англија почувствувал непријатност на тренингот пред натпреварот против Јапонија, поради што не беше дел од тимот.

Селекторот Томас Тухел, кој веќе го одмори Кејн во дуелот против Уругвај, реши да не ризикува и за секој случај го остави Англичанецот надвор од протоколот.

Кејн се врати на теренот во средината на март, откако пропушти две средби за Баерн поради повреда на листот. Сега германскиот великан се соочува со предизвик дали воопшто ќе го подготви напаѓачот за претстојните дуели против Реал Мадрид во Лигата на шампионите.

Првиот натпревар е закажан за вторник навечер, но сите детали ќе станат појасни во петок, кога тренерот Венсан Компани ќе се обрати пред медиумите околу гостувањето кај Фрајбург во Бундеслигата.

Димитријевиќ го предводеше Баерн до триумф против Фенербахче

Македонскиот кошаркарски ас Ненад Димитријевиќ имаше блескава вечер во дресот на Баерн Минхен во триумфот против Фенербахче во Евролигата. Германскиот тим славеше со 85-76, а Македонецот беше најефикасен на мечот со 22 постигнати поени и три асистенции.

Баерн му го нанесе на Фенербахче петтиот последовен пораз во сите натпреварувања и стигна до 15-тата победа оваа сезона во Евролигата.

Димитријевиќ беше одличен, ги разигруваше соиграчите, но исто така имаше и блескава поентерска вечер.

Тарик Биберовиќ беше најефикасен кај Фенербахче со 21 поен.

По поразот од Турција: Капитенот на Косово обвинет за „предавство“

Фудбалската репрезентација на Косово претрпе минимален пораз од Турција (0-1) во финалето од баражот за пласман на Светското првенство.

Турците славеа на гостувањето во Приштина, оставајќи го Косово без историски настап на Мундијалот. И покрај борбеното и храбро издание на домашната селекција, тоа не беше доволно за да се направи решавачкиот чекор.

Покрај Турција, место на Светското првенство преку баражот изборија и Босна и Херцеговина, Шведска и Чешка.

Натпреварот во Приштина не мина без контроверзии, особено надвор од теренот. Дел од навивачите изнесоа сериозни обвинувања кон капитенот на Косово, Ведат Муриќи, обвинувајќи го за недоволна посветеност и дури за наводно „предавство“.

Еден навивач јавно тврдеше дека Муриќи им открил тактички информации на турските фудбалери и дека неговото однесување пред мечот било сомнително, потенцирајќи ја неговата блискост со противничките играчи.

На ваквите обвинувања остро реагираше самиот Муриќи, кој преку социјалните мрежи ги отфрли сите наводи. Тој нагласи дека ваквите тврдења се навредливи и неосновани, истакнувајќи дека дал сè од себе за репрезентацијата и дека неговата припадност и посветеност кон Косово не треба да се доведуваат во прашање.

Капитенот воедно порача дека ваквите напади се непочитување кон неговиот труд и жртвата што ја вложил за националниот тим.

Ќе „летаат глави“ во Италија: Министерот за спорт побара оставка од првиот човек на италијанскиот фудбал

Италијанскиот министер за спорт, Андреа Абоди, побара оставка од претседателот на Италијанската фудбалска федерација по неуспехот на Aѕурите да се пласираат на Светското првенство.

„На сите им е јасно дека италијанскиот фудбал има потреба од темелна обнова“, порача Абоди ден по поразот на Италија од Босна и Херцеговина по изведување пенали во финалето од баражот.

Според него, процесот на реформи мора да започне од самиот врв, односно од раководството на Федерацијата, на чие чело од 2018 година се наоѓа Габриеле Гравина. Министерот потсети дека неговите претходници, Џанкарло Абете и Карло Тавекио, поднеле оставки по неуспесите во 2014 и 2018 година.

Абоди нагласи дека очекува конкретна реакција од Федерацијата, но не ја исклучи можноста за институционална интервенција доколку тоа не се случи.
„Важно е да не се повторуваат истите грешки и да не се игнорира реалноста“, додаде тој.

Во меѓувреме, Гравина веќе најави состаноци со цел да се анализира состојбата. Извршниот одбор ќе заседава следната недела, а паралелно се планирани разговори со претставници на лигите, како и со здруженијата на фудбалери и тренери.

По елиминацијата, првиот човек на Федерацијата призна дека италијанскиот фудбал се соочува со „длабока и системска криза“, која бара поширока анализа, не само во рамките на спортските структури, туку и на политичко ниво.

Неговите изјави, сепак, предизвикаа бурни реакции во јавноста, особено по контроверзниот коментар дека другите спортови во Италија, во споредба со фудбалот, се „аматерски“. Оваа констатација наиде на остри критики, меѓу кои и од атлетичарот Матија Фурлани и биатлонецот Томазо Џакомел, кои јавно реагираа на социјалните мрежи.

Селекторот на Аргентина: „Ќе биде вистинска привилегија за сите ако Меси игра на Мундијалот“

Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, упати низа пофалби кон Лионел Меси, изразувајќи силна надеж дека фудбалската икона ќе настапи на претстојното Светско првенство 2026.

Капитенот на Интер Мајами сè уште официјално не потврдил дали ќе ги предводи Гаучосите во одбраната на титулата, но по убедливата победа од 5:0 над Замбија, Скалони истакна дека за сите би било привилегија Меси да биде дел од составот.

Тренерот додаде дека целиот тим ќе направи сè за легендарната „десетка“ да се чувствува удобно, нагласувајќи дека по триумфот во Катар, Меси е многу посмирен, но желбата да ја сподели емоцијата со соиграчите останува иста.

„Би било привилегија ако Лео реши да игра на Светското првенство. Сите сакаме да ужива во тоа искуство и ќе направиме сè што можеме за да му помогнеме да се чувствува добро. Тој го сака тоа како и ние – сега е посмирен затоа што веќе ја освоил титулата. Желбата да биде таму и да го сподели тоа искуство постои; ќе видиме што ќе одлучи и ќе го поддржиме“, изјави Скалони.

Триесет и осумгодишниот Меси одигра клучна улога на натпреварот на стадионот „Ла Бомбонера“, каде што асистираше за голот на Хулијан Алварес и самиот се запиша во листата на стрелци, достигнувајќи 116 голови за репрезентацијата и вкупно 902 во кариерата.

Скалони дури навести дека доколку продолжи да игра, Меси би можело да стигне и до бројката од 1000 голови. Сепак, и покрај серијата успеси, вклучувајќи ја и титулата на Копа Америка 2024 и доминацијата во квалификациите на КОНМЕБОЛ, селекторот ги предупреди навивачите да ги намалат очекувањата, потенцирајќи дека Светското првенство ќе биде исклучително тешко.

Тој ја нагласи важноста од врвна физичка и психолошка подготвеност и призна дека ќе биде предизвик да се заменат легендите кои оставиле огромен белег во репрезентацијата.

Кошаркарски маратон со девет меча и речиси 100-тина кошаркари со одлични квоти во Sport Life (Фото)

Шест гостински и три домашни победи се очекуваат на деветте натпревари од ноќната програма во НБА-лигата. Според квотите во Sport Life, најголеми фаворити се Филаделфија (1.08), Хјустон (1.08), Торонто (1.15), Њујорк (1.13), Денвер (1.10) и Сан Антонио (1.13), додека малку поголема неизвесност се очекува на останатите три меча.

Во богатата понуда на Sport Life може да најдете и над 90-мина кошаркари за играта „плус-минус“ на поени, а комплетната понуда е достапна ТУКА.

Јамал им се налути на навивачите: „Вакво непочитување е неприфатливо“

Ѕвездата на Шпанија и Барселона, Ламин Јамал, се осврна на темата за ксенофобичните скандирања за време на контролниот натпревар против Египет. Мечот се одигра на стадионот на Еспањол во Барселона и заврши без голови – 0:0.

Јамал не одигра на своето највисоко ниво и беше заменет уште на полувреме, а според шпанските медиуми, бил вознемирен поради скандирањата од трибините.

„Јас сум муслиман, фала му на Бога! Вчера на стадионот се слушаше скандирањето: ‘Кој не скока е муслиман’. Знам дека тоа беше насочено кон противничкиот тим и не беше лично кон мене, но како муслиман го доживувам како непочитување и нешто неприфатливо“, напиша Јамал на социјалните мрежи.

„Разбирам дека не сите навивачи се такви, но до оние што ги пеат овие работи: користењето на религијата како навреда ве прави неуки и расисти. Фудбалот треба да биде уживање и да обединува, а не да поттикнува непочитување кон луѓе со различна вера.

Им благодарам на сите што дојдоа да нè поддржат – ќе се видиме на Светското првенство“, додаде ѕвездата на Барселона.

Буфон: „Ова е срам за голема нација каква што е Италија“

Спортскиот директорот на репрезентацијата на Италија, Џанлуиџи Буфон, објави дека заедно со селекторот Џенаро Гатузо ќе останат на своите позиции до јуни, со цел да ѝ дадат време на Федерацијата да избере нов селектор по неуспехот во квалификациите за Светско првенство. Претседателот на Федерацијата, Габриеле Гравина, веќе потврди дека побарал од двајцата да останат, но нивната иднина сè уште не е целосно јасна.

„Ова е деликатен момент и мора да одвоиме доволно време за да донесеме правилни одлуки“, изјави Буфон по баражот со Босна и Херцеговина.

„Јасно е дека сезоната завршува во јуни, па дотогаш е фер и исправно да ѝ бидеме на располагање на Федерацијата, на претседателот и на сите коишто имаа доверба во нас“, додаде тој.

„Ако мислите дека нешто се менува и оди на подобро, тогаш сум многу среќен бидејќи тоа беше една од нашите цели. Но, најважната цел беше да се пласираме на Светското првенство. Тоа навистина боли и може да нè натера да не размислуваме јасно, па тука ќе застанам. Ќе бидеме тука до јуни, а потоа ќе видиме како ќе продолжиме“, продолжи Буфон.

„Морам да бидам искрен – ова е срам за голема нација како Италија. Ние ја освоивме светската титула во 2006 година, а сега се мачиме да се пласираме на Светско првенство? Тоа е навистина срамно. Ако денес кажете дека Италија е навикната да игра на Мундијали, тешко дека некој ќе ви поверува. Ова е огромен пад за италијанската репрезентација“, заклучи легендарниот голман.

Италија ќе го пропушти и третото Светско првенство по ред, а на последните две на кои учествуваше, во 2010 и во 2014 година, беше елиминирана уште во групната фаза.