Дома Blog Страница 85

Ќе има спектакл во Англија, дерби-дуели и во Италија и во Португалија

Новото 27-мо коло на Спортската прогноза ќе биде специјално. Тоа е така затоа што има неколку спектакуларни дерби-мечеви, но главно во фокусот ќе биде дербито во Англија, меѓу двете екипи кои се борат за титулата. Манчестер сити на свој терен ќе игра против Арсенал и со евентуална победа, Граѓаните целосно ќе се вратат во трката за трофејот.

Моментално Арсенал е лидер со 70 бода, шест повеќе од Сити кој има и меч помалку. Доколку Сити го добие заостанатиот дуел, со триумф во меѓусебната пресметка против Топчиите, бодовното салдо би било израмнето.

Освен ова дерби, во Премиер лигата ќе има привлечна пресметка и во Лондон каде Челзи ќе го пречека Манчестер јунајтед. Дерби дуели има и во Италија, а предизвик ќе биде да се погодат и останатите мечеви кои се дел од ова ново коло.

Секој обложувач сонува да биде перфектен во прогнозите и да стигне до Среќна 13-ка, што ќе му донесе  освојување на iPhone 16. Со 12 погодени натпревари се добива вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека 11-ката значи и освојување на ваучер од 500 денари.

Атлетико со „валкан потег“, тренерот на Барселона веднаш пријавил кај УЕФА (Видео)

Во последниве два месеца, Барселона и Атлетико Мадрид одиграа четирипати, а вечерва ќе биде нивната петта меѓусебна пресметка. Барселона има две победи, а исто толкупати и Атлетико Мадрид се радуваше во претходните четири дуели на овие шпански гиганти.

Вечерва адутот е на страната на Атлетико затоа што игра на домашен терен и има предност од 2:0 во исчекување на реванш-дуелот од четвртфиналето во Лигата на шампионите. Тимот на Барселона вчера тренираше на „Ванда Метрополитано“, а тренингот во еден момент бил прекинат од прскалките кои се поставени на теренот, а се вклучиле додека Каталонците ги одработуваа зададените обврски од тренерот Ханси Флик.

Изненадени од неочекуваниот проблем, гостите веднаш реагирале. Наводно, тренерот Ханси Флик веднаш упатил жалба до делегатот на мечот, потенцирајќи дека тоа не е во духот на ферплејот.

Мартин Карапалевски е третото засилување на ГРК Охрид за наредната сезона!

Македонскиот повремен репрезентативец Мартин Карапалевски во наредната сезона ќе го носи дресот на ГРК Охрид. Ракометарот кој игра на позицијата среден бек, потпиша договор кој го обврзува да остане во тимот на Охрид до 2028 година. Ќе го носи дресот со број 11.

Карапалевски во изминативе две сезони играше за тимот на Ваљадолид, а пред тоа го носеше дресот на РК Вардар 1961.

„Се радувам што ќе бидам дел од ГРК Охрид, клуб кој расте од година во година. Уште од првите разговори ми се допадна идејата и проектот по кој клубот сака да се движи во наредните години. Со нетрпение чекам да настапам пред охридската публика и верувам дека заедно ќе се радуваме и ќе ги исполниме целите на клубот“, изјави Карапалевски.

Охрид сезонава игра одлично како на домашната сцена, така и во ЕХФ купот.

На шпанската пресметка повторно „мириса“ на црвен картон, големи квоти за Барселона и Ливерпул да победат, а Јамал и Салах да дадат гол

Ливерпул на свој терен, а Барселона на гости ќе брка негатива од 2:0 во реванш-дуелите против Пари Сен Жермен и Атлетико Мадрид за евентуалемн пласман во полуфиналето од Лигата на шампионите.

Барселона беше шокирана на „Камп ноу“ и со 0:2 загуби од Атлетико Мадрид, но квотите велат дека каталонскиот гигант е фаворит за победа во Мадрид вечерва. Барселона победи на три од последните четири гостувања на „Ванда Метрополитано“, но двапати славеше со еден гол-разлика, што сега не би било доволно. Се очекува тимот предводен од Ханси Флик да започне офанзивно од првата минута и да нападне.

Феран Торес има дадено три гола на последните четири гостувања кај Атлетико, двапати погодувал Роберт Левандовски, а еднаш прецизни биле и Ламин Јамал и Маркус Рашфорд, па јасно е дека овие играчи и вечерва треба да бидат главни адути на гостинскиот тим. Барселона да победи, а Јамал да даде гол е со квота од точно 3.00.

Треба да се знае дека на три од последните четири дуели на овие две екипи имало црвен картон (два за играчи на Барселона и еден за фудбалер на Атлетико).

Ливерпул на „Енфилд роуд“ ќе има пеколно тешка мисија да се обиде да го елиминира актуелниот европски владетел ПСЖ. Англискиот гигант на свој терен достигнувал и поголема негатива, но сега ситуацијата делува поинаку. Црвените се во лоша форма, додека ПСЖ игра одлично. Сепак, атмосферата која може да се создаде на „Енфилд роуд“ може да ги понесе домашните играчи кон ново чудо.

Повеќе од 10-мина фудбалери се во понудата за стрелец на гол, а има и комбинации за стрелец на гол и победник на меч. Ливерпул да слави, а Салах да постигне гол е со квота од точно 4.00. Тука се и статистичките игри за тоа колку шутеви ќе има во рамките на головите, колку фаули ќе бидат направени, колку корнери ќе бидат изведени, потоа тука се и бројот на жолти картони, офсајд-позиции… Едноставно за вакви специјални дуели од Лигата на шампионите има специјална понуда во Sport Life.

Повеќе од десетпати работел како селектор, сега седнува на клупата на учесник на СП 2026

На два месеца пред стартот на Светското првенство, фудбалската репрезентација на Гана доби нов селектор. Искусниот португалски стратег Карлос Кеирош ја доби довербата да ја предводи африканската репрезентација на планетарниот собир во САД, Канада и Мексико.

Португалецот доаѓа на местото на Ото Ада, кој беше отпуштен на 31 март, по двата порази на Гана од Германија и Австрија во контролни натпревари. Кеирос повеќе од 35 години е во тренерските води и зад себе има огромно искуство. Дватапати беше помошник на Сер Алекс Фергусон во Манчестер јунајтед (во периодите од 2002-2003 и 2004 до 2008 година), а беше главен тренер во Реал Мадрид.

Сепак, Кеирош најдобро се снаоѓа во селекторската работа. Оваа функција како предводник како Гана ќе биде дури 11-тата селекторска задача за него. Првпат беше селектор на Португалија, а потоа работеше и како селектор во Обединетите Арапски Емирати, Саудиска Арабија, Јужноафриканскате Република, потоа повторно во Португалија, па во Иран, Колумбија, повторно во Иран, Катар, Оман и сега во Гана.

„Го прифаќам овој предизвик со истата страст и посветеност кои ме водеа во текот на целата кариера. Гана е нација во која има многу фудбалски таленти и има фудбалска душа. Доаѓам со голема почит кон нејзината историја и вербата за добра иднина“, рече Кеирош на промоцијата.

На СП 2026 година, Гана е во група со репрезентациите на Хрватска, Англија и Панама.

Со Бет билдер од ЛШ до квота 30 (Фото)

Реванш-натпреварите од четвртфиналето на Лигата на шампионите се во фокусот вечерва, а голема возбуда треба да донесат и двата дуела, во Мадрид и во Ливерпул.

Подготвена е и Бет билдер понуда за натпреварите Атлетико Мадрид – Барселона и Ливерпул – ПСЖ.

Најголема квота нуди предлогот за мечот меѓу Ливерпул и ПСЖ. Можете до коефициент 30 ако на мечот има најмалку четири гола, ако стрелци бидат Мохамед Салах и Хвича Кварацхелија и ако Алексис Мекалистер добие картон.

Доколку ова не ви изгледа лесно достижно, можете да одберете и од другите предлози од Бет билдер понудата.

Вардар или Шкендија, кој има подобар распоред до крајот на сезоната?

До крајот на првенството во македонската фудбалска лига има уште шест кола, но веќе е јасно дека борбата за титулата се сведува само на две екипи. Струга ТЛ вчера дома загуби од Тиквеш со 1:2 и остана на 56 бода, дури девет помалку од лидерот Вардар, па јасно е дека стружани се исфрлени од трката за пехарот.

Единствен кој држи чекор со лидерот Вардар е Шкендија. Тетовци имаат само еден бод помалку од најтрофејниот македонски клуб и сигурно до крајот на сезоната ќе атакуваат на одбрана на титулата која ја освоија лани.

До крајот на сезоната остануваат уште шест кола, а Вардар и Шкендија покажаа дека се речиси со израмнет квалитет. Во двата меѓусебни дуела сезонава победуваа гостинските екипи. Најпрво во есенскиот дел Вардар со гол од пенал славеше со 1:0 во Тетово, а потоа Шкендија возврати во Скопје и победи со 1:0.

Двата тима имаат по 20 победи сезонава, но Вардар е прв затоа што има едно реми повеќе од Шкендија (пет наспрема 4). Двата тима имаат примено по 20 голови, а Вардар има малку подобар напад со 58 дадени погодоци, додека тетовци се израдувале на 55 постигнати голови.

Според распоредот, и Вардар и Шкендија ќе играат по три меча на свој терен и трипати ќе бидат гости. Ако не киксираат драстично и ако разликата меѓу двете првопласирани остане само во три или помалку бодови, прашањето за шампион ќе се решава во последното 33-то коло, кога Вардар на арената „Тодор Проески“ ќе биде домаќин на Шкендија.

ЕВЕ ГО РАСПОРЕДОТ НА ДВЕТЕ ПРВОПЛАСИРАНИ ЕКИПИ ДО КРАЈОТ НА СЕЗОНАТА

28-мо коло: Шкупи – Вардар, Тиквеш – Шкендија

29-то коло: Вардар – Тиквеш, Шкендија – Башкими

30-то коло: Башкими – Вардар, Силекс – Шкендија

31-во коло: Вардар – Силекс, Шкендија – Струга ТЛ

32-ро коло: Струга ТЛ – Вардар, Шкендија – Брера

33-то коло (23 мај): Вардар – Шкендија.

Спалети сака да го врати Ким Мин-јае во Серија А

Тренерот на Јувентус, Лучано Спалети, има силна желба повторно да соработува со поранешниот централен дефанзивец на Наполи, Ким Мин-Јае, за време на летниот трансфер-прозорец. Јужнокорејскиот стопер моментално не е стандарден првотимец во својот клуб Баерн Минхен и постои можност да замине на крајот од сезоната, што Бјанконерите сакаат да го искористат.

Спалети и Ким заедно ја освоија титулата во Серија А во сезоната 2022/23, што беше прв шампионски трофеј за Наполи по повеќе од три децении, односно прв по ерата на Диего Марадона. По таа историска сезона, Ким беше продаден во Баерн Минхен за сума поголема од 50 милиони евра, со што стана најскапиот азиски фудбалер во историјата.

Јужнокорејскиот репрезентативец, кој има 77 настапи за својата земја, во последните сезони се соочува со тешкотии да се наметне како стандарден првотимец. Во тековната сезона под водство на Венсан Компани, тој најчесто останува на клупата, зад Џонатан Тах и Дајо Упамекано.

Според информациите од Италија, Спалети би бил многу задоволен доколку успее да го доведе Ким во Јувентус. Поради нивната успешна соработка во Неапол, тренерот смета дека има добра позиција да го убеди дефанзивецот да се пресели во Торино.

Иако договорот на Ким со Баерн трае уште две години, германскиот клуб наводно бара околу 40 милиони евра за неговите услуги. Се наведува и дека играчот би морал да прифати намалување на платата бидејќи во моментов заработува околу 16 милиони евра бруто по сезона.

Ќе има голови на „Метрополитано“

6004 Ливерпул – ПСЖ (21 часот)
Ливерпул нема друг избор, мора да тргне во напад во обид да ги надомести двата гола негатива. Типуваме дека домаќинот нема да загуби на „Енфилд“ и дека на мечот ќе има најмалку два гола.
Предлог тип: 1X & 2+ (1.70)

 

6003 Атлетико Мадрид – Барселона (21 часот)
Ова ќе биде нов жесток дуел меѓу големите ривали. Атлетико има голема предност од првиот меч, но Барселона е напаѓачки многу силна, ќе има голови, а наш тип е и дека каталонскиот тим нема да загуби.
Предлог тип: X2 & 3+ (1.83)

 

1011 Саутемптон – Блекбурн (21 часот)
Саутхемптон е одличен на домашен терен оваа сезона и наш предлог е дека ќе победи, а ќе постигне и најмалку два гола.
Предлог тип: 1 & T1 2+ (1.97)

 

1012 Портсмут – Ипсвич (21 часот)
Домаќинот се бори за опстанок, а Ипсвич се надева на директна промоција во Премиер лигата. Се очекува отворен натпревар, а типуваме дека ќе има најмалку три гола.
Предлог тип: 3+ (2.15)

 

3011 Катанзаро – Модена (19 часот)
Двата тима се во битка за подобра позиција пред плејофот за пласман во Серија А, а очекувањата се дека домаќинот нема да загуби и на мечот нема да има многу голови.
Предлог тип: 1X & 0-3 (1.93)

Од лошо полошо за Тотенхем: Капитенот Ромеро ќе отсуствува до крајот на сезоната

Капитенот на Тотенхем, Кристијан Ромеро, ќе ја пропушти завршницата од сезоната поради повреда на коленото, јавуваат англиските медиуми. Аргентинскиот дефанзивец најверојатно ќе отсуствува меѓу шест и осум недели откако се повреди во неделниот пораз на гостувањето кај Сандерленд, по судир со противничкиот голман Антонин Кински.

Главната цел на Ромеро сега ќе биде целосно закрепнување и враќање во форма за Светско првенство 2026 во САД, Мексико и Канада, каде што Аргентина ќе ја брани светската титула.

Ромеро ја доби капитенската лента пред почетокот на сезоната, но во последните месеци неколкупати влегуваше во конфликти со клупското раководство поради слабите резултати и нестабилната форма на тимот.

Оваа вест претставува уште еден сериозен удар за Тотенхем и за новиот тренер Роберто де Ѕерби, кој дебитираше на клупата токму со пораз од Сандерленд, што дополнително ја влоши позицијата на лондонскиот клуб и го внесе во зоната за испаѓање.

Во следното коло Тотенхем ќе го пречека амбициозниот Брајтон, тим кој сè уште има надежи за настап во европските натпреварувања следната сезона.