Дома Blog Страница 86

Ќе има голови на „Метрополитано“

6004 Ливерпул – ПСЖ (21 часот)
Ливерпул нема друг избор, мора да тргне во напад во обид да ги надомести двата гола негатива. Типуваме дека домаќинот нема да загуби на „Енфилд“ и дека на мечот ќе има најмалку два гола.
Предлог тип: 1X & 2+ (1.70)

 

6003 Атлетико Мадрид – Барселона (21 часот)
Ова ќе биде нов жесток дуел меѓу големите ривали. Атлетико има голема предност од првиот меч, но Барселона е напаѓачки многу силна, ќе има голови, а наш тип е и дека каталонскиот тим нема да загуби.
Предлог тип: X2 & 3+ (1.83)

 

1011 Саутемптон – Блекбурн (21 часот)
Саутхемптон е одличен на домашен терен оваа сезона и наш предлог е дека ќе победи, а ќе постигне и најмалку два гола.
Предлог тип: 1 & T1 2+ (1.97)

 

1012 Портсмут – Ипсвич (21 часот)
Домаќинот се бори за опстанок, а Ипсвич се надева на директна промоција во Премиер лигата. Се очекува отворен натпревар, а типуваме дека ќе има најмалку три гола.
Предлог тип: 3+ (2.15)

 

3011 Катанзаро – Модена (19 часот)
Двата тима се во битка за подобра позиција пред плејофот за пласман во Серија А, а очекувањата се дека домаќинот нема да загуби и на мечот нема да има многу голови.
Предлог тип: 1X & 0-3 (1.93)

Од лошо полошо за Тотенхем: Капитенот Ромеро ќе отсуствува до крајот на сезоната

Капитенот на Тотенхем, Кристијан Ромеро, ќе ја пропушти завршницата од сезоната поради повреда на коленото, јавуваат англиските медиуми. Аргентинскиот дефанзивец најверојатно ќе отсуствува меѓу шест и осум недели откако се повреди во неделниот пораз на гостувањето кај Сандерленд, по судир со противничкиот голман Антонин Кински.

Главната цел на Ромеро сега ќе биде целосно закрепнување и враќање во форма за Светско првенство 2026 во САД, Мексико и Канада, каде што Аргентина ќе ја брани светската титула.

Ромеро ја доби капитенската лента пред почетокот на сезоната, но во последните месеци неколкупати влегуваше во конфликти со клупското раководство поради слабите резултати и нестабилната форма на тимот.

Оваа вест претставува уште еден сериозен удар за Тотенхем и за новиот тренер Роберто де Ѕерби, кој дебитираше на клупата токму со пораз од Сандерленд, што дополнително ја влоши позицијата на лондонскиот клуб и го внесе во зоната за испаѓање.

Во следното коло Тотенхем ќе го пречека амбициозниот Брајтон, тим кој сè уште има надежи за настап во европските натпреварувања следната сезона.

Фудбал и тенис со максимално зголемени коефициенти во Супер типот (Фото)

Фудбалот и тенисот се во фокусот на денешниот Супер тип, кој носи максимално зголемени коефициенти.

Понудата стартува уште од 11 часот со неколку тениски мечеви, а фудбалот се приклучува во вториот дел од денот.

Зголемени се коефициентите на Мартинес, Чилиќ, Циципас, Шабаб Ал-Ахли, Рубљев, Ференцварош, Ал-Итихад, Виган, Барселона, Ливерпул, Саутхемптон…

 

Неизвесни битки за опстанок во Првата лига (Фото)

Со двата денешни натпревари се заокружува 27-то коло во Првата фудбалска лига на Македонија. Тоа се директни дуели во разврската околу опстанокот, па затоа се оечкува да понудат и многу неизвесност.

Од 13 часот, во Гостивар се игра мечот меѓу Арсими и Пелистер. Според квотите, битолскиот тим имала мала предност, но тоа е апсолутно неизвесен меч, со оглед дека Арсими на домашен терен оваа сезона оствари победи против најсилните екипи во лигата, Вардар и Шкендија.

Во Струмица, од 15:30 часот се игра дуелот меѓу Брера и Македонија ЃП. Гостите се во негативна низа од пет порази по ред, па затоа тимот од Струмица е умерен фаворит за освојување на трите бода.

Дуелите од ЛШ имаат посебен фокус во Квотите на денот (Фото)

Лигата на шампионите денеска треба да ги даде првите полуфиналисти, а двете денешни четвртфинални пресметки се во фокусот и на Квотите на денот. Петте предлози имаат вкупен коефициент од 36,97.

Првиот предлог е дуелот меѓу Виган и Ротерам, а квотата на денот е 2.40 ако домаќинот победи и на мечот има од два до шест гола.

Атлетико Мадрид ја пречекува Барселона и ако каталонскиот тим постигне два гола, а истовремено и Атлетико даде барем еден гол, квотата на денот е 1.95.

Ливерпул игра против ПСЖ и квотата на денот е 2.10 ако во првото полувреме бидат постигнати најмногу два гола, а во второто има од еден до два гола.

Портсмут се среќава со Ипсвич и доколку гостите не загубат, а во првото полувреме има најмногу еден гол, квотата на денот е 1.75.

Саутхемптон игра против Блекбурн, а квотата на денот 2.15 доколку домаќинот не загуби и двете екипи постигнат најмалку по еден погодок.

Суперкомпјутерот му дава огромни шанси на Арсенал во трката за титулата

Битката за шампионската титула во Премиер лигата се разгоре, а суперкомпјутерот даде јасна прогноза за конечниот победник.

Изминатиот викенд донесе значајни пресврти во трката за титулата меѓу Арсенал и Манчестер сити, барем теоретски. Разликата меѓу двата тима се намали на шест бода, при што Граѓаните имаат и натпревар помалку.

Овој развој следуваше по поразот на тимот на Микел Артета од Борнмут со 1-2, како и убедливата победа на Сити од 0-3 над Челзи на „Стемфорд бриџ“.

И покрај намалувањето на разликата, суперкомпјутерот и натаму го смета Арсенал за неприкосновен фаворит. Поточно, Топчиите имаат импресивни 91,5% шанси за освојување на титулата, додека за тимот од Манчестер остануваат само 8,5%.

Според истата анализа, се очекува Арсенал да ја заврши сезоната со 83 бода, додека Манчестер сити се прогнозира да заврши со 77.

Карик: Повторно имаше скандалозни одлуки на штета на нашиот клуб

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Мајкл Карик, беше бесен на судиите по поразот од Лидс јунајтед (1-2) во Премиер лигата. Тој имаше забелешки и за недосудениот фаул врз Лени Јоро при првиот гол на тимот од Јоркшир, како и за црвениот картон на Лисандро Мартинес, кој го повлече за коса Доминик Калверт-Луин во дуел за една топка.

„Не го започнавме натпреварот најдобро. Очигледно примивме гол кога Лени Јоро доби удар со рака во задниот дел од главата и тие го постигнаа првиот погодок. Судиите одлучија да не го поништат тој гол. Тоа беше клучен момент во мечот. Немавме потребен ритам, не ни одеше играта. Имавме некои моменти, но во најголемиот дел од првото полувреме не бевме на нивото. Но, во второто полувреме сметам дека момците, со оглед на пристапот, останаа позитивни и се бореа да извлечат нешто од натпреварот по уште една скандалозна одлука, исклучувањето на Лисандро Мартинес. Во два последовни натпревари вакви одлуки се против нас, но ова беше една од најлошите што сум ги видел“, изјави Карик.

Но, стратегот не застана тука и продолжи со критиките кон арбитрите.

„Можеш да го удриш Лени Јоро со лакот при првиот гол, очигледно движење со раката, можеш да му ставиш рака во лице на Лисандро Мартинес, а потоа, додека тој губи рамнотежа поради тоа и се обидува да се задржи, го допира задниот дел од косата, што доведува до паѓање на ластикот. Не знам ни како тоа изгледа. Не е влечење, не е кубење, не е агресивно. Тој го допира и е исклучен.
Најлошо од сè е што судијата е испратен да ја прегледа одлуката за „јасна и очигледна грешка“. Скандалозно“, додаде тој.

Сепак, призна дека ова не беше добар натпревар за неговиот тим.

„Момците дадоа сè од себе. Тоа е фудбалот, понекогаш имаш слаби периоди во натпреварите, понекогаш не. Знаеме дека можеме да бидеме подобри и да ги правиме работите подобро. Очигледно ќе го анализираме тоа. Во второто полувреме можевме да извлечеме нешто од мечот и задоволен сум од начинот на кој пристапивме. На паузата зборувавме да го постигнеме следниот гол и да се обидеме да го добиеме натпреварот. Секако, стана потешко кога останавме со играч помалку“, заклучи Англичанецот.

Арјен Робен предизвикал инцидент во Холандија на натпревар за фудбалери до 14 години (Видео)

Холандскиот телевизиски водител Вилфред Жене ги појасни околностите околу неодамнешниот конфликт со Арјен Робен, при кој славниот поранешен фудбалер го оттурнал за време на натпревар на помлади категории. Водителот на емисијата Vandaag Inside наведува дека однесувањето на поранешниот холандски репрезентативец го изненадило и дека инцидентот не бил изолиран, туку му претходеле низа тензични ситуации.

Инцидентот се случил откако екипата на Гронинген У-14, која ја тренира Робен, загубила со 1-0 од водечката Викторија, за која настапува синот на водителот. По последниот судиски свиреж избила расправија меѓу Робен и судијата, а Жене решил да интервенира. Робен тогаш го оттурнал водителот и му одговорил: „Не мешај се.“

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by VoetbalPrimeur (@voetbalprimeur)

Снимката од настанот предизвика неверување кај Јохан Дерксен, колега на Жене и поранешен фудбалер.

„Ти се смееш, но мене воопшто не ми е смешно кога те оттурнува рекордерот по број на настапи за репрезентацијата. Сигурно си го испровоцирал“, изјави Дерксен.

Вилфред Жене потоа откри дека тензијата започнала уште пред натпреварот.

„Беше прилично емотивно, повозрасен судија стоеше со мобилен телефон за да се фотографира со Арјен Робен. Сакаше слика, но Арјен го одби.“

Водителот го опиша и однесувањето на Робен за време на натпреварот како проблематично.

„На полувремето, при резултат 1-0 за екипата на мојот син, беше бесен поради гол-аут или корнер. Но, тој целото прво полувреме го навредуваше судијата“, раскажа Жене.

Коментаторот Рене ван дер Гијп се насмеа кога се спомена судијата.


„Па тоа е само некој човек кој во сабота од забава суди натпревар.“


Дерксен беше подеднакво изненаден од реакцијата на Робен.


„Воопшто не можам да го замислам Арјен Робен да го прави ова. Срамота е да се гледа како стои пред клупата на аматерски клуб како некој селски идиот.“

Жене тврди дека приговорите на Робен влијаеле врз судењето.

„Во првото полувреме ни беше поништен сосема регуларен гол, а не ни беше досуден ни пенал, така што можеше да биде 3-0.“

По натпреварот, вели, му пришол на Робен за да го смири.

„Му реков: ‘Не се вознемирувај толку’, а тој ми одговори: ‘Што те засега тебе тоа?’“ Првично мислел дека навредата е шега, но потоа следела и посериозна реакција.

Тој ги отфрли сугестиите дека намерно барал конфликт.


„Му пријдов бидејќи бев запрепастен од тоа што се случуваше во првото полувреме. Оној човек (судијата) беше целосно збунет и поради постојаното викање од клупата едноставно не досуди чист пенал. Во второто полувреме Робен влезе на теренот и продолжи да му вика на судијата. Навистина штета“, заклучи Вилфред Жене.

Ханси Флик: „Можно е, зошто да не? Мора да се фокусираме на играта, головите сами ќе дојдат“

Барселона има негатива од два гола против Атлетико Мадрид во пресрет на гостинскиот меч на „Метрополитано“. Сепак, и покрај поразот пред своите гледачи, во Барселона се надеваат дека може да направат подвиг и да се пласираат во полуфиналето од Лигата на шампионите.

„Мораме да се фокусираме на добра игра, а не на резултатот, затоа што кога играме добро, способни сме да постигнуваме голови. Имам чувство дека утрешниот натпревар ќе биде сосема поинаков од претходните против нив, бидејќи атмосферата на стадионот ќе биде неверојатна. Навивачите знаат што е потребно и ќе ни биде тешко, но верувам во мојот тим и во тоа што можеме да го направиме. Можно е, зошто да не? На тоа треба да се фокусираме. Ако го погледнете последниот натпревар, тоа можеби беше големата разлика меѓу нив и нас. Можеби утре ќе биде сосема поинаку, и тоа би ме направило среќен. Имаме многу квалитетни играчи, но имаат и тие. Реков дека натпреварите често ги решаваат моментите и се надевам дека утре ќе бидат во наша корист.“ – рече тренерот на Барселона, Ханси Флик.

Шок за Манчестер јунајтед: Карик првпат поразен на „Олд Трафорд“! (Видео)

Манчестер јунајтед и втор меч по ред не успеа да победи, а Мајкл Карик го доживеа првиот пораз на домашен терен. Лидс приреди вистинска сензација и успеа со 0-2 да слави на „Олд Трафорд“.

Ноа Окафор уште во петтата минута го отвори резултатот и го донесе гостите во водство од 0-1.

Окафор успеа да погоди и во 29-тата минута за високи 0-2.

Лисандро Мартинес беше исклучен во 56-тата минута, но и покрај фактот дека останаа со играч помалку, Манчестер јунајтед продолжи да напаѓа. Каземиро во 69-тата минута успеа да погоди за 1-2, но на крајот тоа се покажа и како конечен резултат на мечот.

„Црвените ѓаволи“ остануваат на делба на третата и четвртата позиција со по 55 бода со Астон вила.