20.8 C
Skopje
понеделник, 15 септември 2025
Дома Blog Страница 9452

Рома го пронајде наследникот на Џеко меѓу „биковите“

Рома повторно ја чека работно лето откако Мончи подготвува нов ремонт на екипата. Во преден план е да се подобри квалитетот во нападот, односно да се доведе долгогодишно решение за Един Џеко. „Римската волчица“ го посакува Андреа Белоти од Торино, да биде наследникот на Босанецот кој веќе е во искусните години, а и договорот му истекува во 2020 година.

Цената за италијанскиот голгетер е 50 милиони евра, но Римјаните ќе се обидат да преговараат и да ја намалат истата, бидејќи Белоти не брилјира како во претходните сезони. Пред две лета Торино можеше да инкасира и 100 милиони евра за услугите на Белоти, но тогаш беа одбиени сите понуди, пред се од неколку англиски екипи.

Засега на 19 натпревари во Серија А, Белоти бележи учинок од седум погодоци.

РЕСПЕКТ: Куба ќе игра за Висла без плата, а ќе донира и 300 илјади да ги спаси од банкрот

Јакуб Блажиковски најави враќање во неговиот клуб од детството, Висла Краков, каде до крајот на сезоната ќе игра и нема да добива плата. Оваа одлука ја донесе поради што полскиот клуб се наоѓа во финансиски проблеми, а популарниот „Куба“ одлучи да донира и 300 илјади евра за раководството да може да им ги исплати задоцнетите плати на фудбалерите и да ги покрие останатите трошоци.

Блажиковски изминатото лето стана слободен играч откако му заврши соработката со Волфсбург, а сега по долги години повторно ќе го облече дресот на клубот кој му ги отвори фудбалските врати. Рекордерот по број на настапи за полската репрезентација (104 меча), веќе тренира со тимот на Висла и во наредниве денови ќе биде официјализиран ангажманот.

https://twitter.com/FootballFactly/status/1084483354567692288?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1084483354567692288&ref_url=http%3A%2F%2Fsportklub.rs%2FFudbal%2FFudbal-ostalo%2Fa263846-Respekt-Blascikovski-spasava-Vislu-od-bankrota.html

Атлетик и Севилја играа вторпат во три дена, Ињаки е херојот на Билбао

Атлетик Билбао му се реваншираше на Севилја за поразот од пред три дена (3-1), па со конечни 2-0 им го нанесоа на Андалужаните четвртиот овосезонски пораз во Ла Лига. Херој на домаќините беше Ињаки Вилијамс, кој ги реализираше двата погодоци на средбата на „Сан Мамеш“.

Офанзивецот на Атлетик во 23-тата минута го постигна осмиот гол во првенството за оваа сезона, а вториот погодок на мечот го реализираше точно еден час подоцна. Во 83-тата минута Ињаки ги постави конечните 2-0.

Атлетик и Севилја повторно ќе играат за три дена. Третиот меѓусебен дуел за помалку од 10 дена, односно реваншот од осминафиналето во Купот на Кралот ќе се игра на „Рамон Санчез Писхуан“.

https://www.dailymotion.com/video/x70kukl

Хрватите против Јапонија се загреваа за дуелот против црвено-жолтите

Хрватска лесно ја совлада Јапонија со конечни 35-27, па така избраниците на Лино Червар ја запишаа втората победа на СП. „Коцкестите“ практично се загреваа за дуелот против Македонија кој ќе го играат утре, а против денешниот противник можеа да слават и со 10 гола разлика, сепак, Јапонците со два гола во финишот не им го дадоа тоа задоволство.

По првите 30 минути резултатот беше 18-13 во корист на Хрватска, но тие не се опуштија во вториот дел, па со уште побрз ритам се обидуваа да обезбедат што поголема гол-разлика. Во еден момент имаа и +11, но Хрватите мора да се задоволат со победата од осум погодоци предност.

Хорват беше немилосрден и погоди осум гола од девет обиди, а како втор најефикасен се истакна Степанчиќ со пет гола. Кај поразените, Токуда се истакна како најдобар со шест гола.

Ако Барса го продаде Кутињо, Ливерпул ќе изгуби многу пари

Бразилецот Кутињо пред една година ја засили Барселона за 160 милиони евра и стана најскапиот играч во историјата на каталонскиот клуб, но оваа сезона откако се повреди, почнаа проблемите, тој го загуби местото во првиот тим, па сега можеби и ќе биде продаден.

Кутињо не е задоволен од моментната минутажа, но порача дека ќе се бори со Усман Дембеле, кој му го презеде местото. За услугите на Кутињо заинтересиран е Манчестер јунајтед, а се шпекулира дека и Барса не би имала против да го продаде, за да присобере пари за евентуалното враќање на Нејмар од ПСЖ.

Сепак ова само шпекулации, нема никакви официјални информации, но во Ливерпул веќе стравуваат од можниот премин на Кутињо. Освен тоа што Бразилецот би го засилил ривалсот Манчестер јунајтед, Ливерпул ги загубил и многу пари.

Во договорот на Кутињо има бонуси кои Барса треба да му ги исплаќа на Ливерпул. На секои 25 меча, Ливерпул добива 4,4 милиони фунти. Кога сè ќе се собере, ако Кутињо во јануари си замине од Барселона, Ливерпул би останал без бонус од 22 милиони фунти.

Македонија денес застана на 28 гола, уште 56.000 денари се собраа во фондот за хуманитарната акција на Sport Life

„Голови за победа, голови за радост“ е хуманитарната акција која ја организираше спортската обложувалница Sport Life, за време на Светското ракометно првенство во Германија и Данска. „Правилата“ на оваа хуманитарна акција се едноставни. Секој погодок на македонската репрезентација на Мундијалот ќе значи донирање на 2.000 денари од страна на Sport Life во хуманитарни цели.

По премиерната победа над Јапонија во која нашите ракометари реализираа 38 погодоци (76.000 денари), денес против Бахреин застанаа на 28, што значи дека според хуманитарната акција по овој меч се собрани дополнителни 56.000 денари. По двете средби, Македонија постигна вкупно 66 погодоци, па засега се собрани вкупно 132.0000 денари, а црвено – жолтите веќе утре ќе можат да го зголемат овој фонд во дуелот против Хрватска (18 часот).

По средбата со селекцијата која ја води Лино Червар, Македонија ќе игра уште против Исланд и Шпанија како дел од натпреварите во групната фаза од светскиот ракометен собир.

Борнмут падна пред француската дефанзивна врска на Евертон

Евертон со 2-0 го совлада Борнмут во мечот од 22. коло во Премиер лигата. Средбата на „Гудисон парк“ во која Борнмут останаа без бодови за нив е шеста во низа сезонава кога играат како гости во англискиот шампионат.

Во 61-та минута, левиот бек на „карамелите“ се избори за простор да нафрли во шестнаесетникот, топката ја проследи неговиот сонародник Зума, кој беше највисок во скокот и со глава го совлада Беговиќ. Трите бода ги осигура Калверт-Луин во последната минута од петте дополнителни кои ги даде судијата.

Евертон ја запиша осмата победа по 22 натпревари во англискиот шампионат, па сега со 30 бода се наоѓа на 10-тото место, додека Борнмут го претрпе 11-от пораз сезонава, по четири последователни средби и натаму се без позитивен исход.

Кјеза ja однесе Фиорентина во четвртфинале на Купот на Италија

Фиорентина обезбеди место меѓу најдобрите осум екипи во Купот на Италија откако го совлада Торино со 2-0. „Виолетовите“ ги искористија единствените две посериозни шанси во вториот дел од средбата на „Олимпискиот“ стадион во Торино, па со два гола во финишот стигнаа до поаскуваниот пласман во четвртфиналето.

При контра-напад на гостите во 87-та минута, Кјеза го искористи просторот во опасната зона на Торино и лесно ја смести топката во голот. Младиот Италијанец го постигна и вториот гол на средбата во четвртата минута од судиското надополнување.

Згасна еден од најстарите фудбалски клубови во Србија

Фудбалскиот клуб ОФК Синѓелиќ од Ниш пред три месеци прослави 100-годишнина од своето постоење, а вчера клубот одлучи да се повлече од Српската лига – исток, и престана да работи.

Буџетот на клубот на годишно ниво е 4 милиони динари (околу 34.000 евра), а кога се појави финансиска обврска кон поранешниот играч Александар Комадина, на кој мора да му се платат 30 илјади евра, тоа беше преголем удар кој Синѓелиќ не можеше да го издржи, па беше ставен клуч на врата и играчите слободно може да си бараат нова средина.

Еден од членовите на Собранието на клубот, изјави дека се планира напролет да се направи основачко собрание и да се формира нов клуб кој ги почнал од нула. Против поранешниот претседател на клубот, Драган Ѓорѓевиќ, ќе се поднесе кривична пријава. Светла точка е што ќе продолжи да работи младинската школа на овој поранешен српски второлигаш и двократен учесник во четвртфиналето на Купот.

 

Раул: Задоволен сум, имаме две од две, но вистинскиот тест е утре

Рутински совладан Бахреин, Македонија има две победи од исто толку натпревари на Светското првенство. Селекторот Раул Гонзалес е задоволен, но тој веќе мислите ги насочи кон утрешната пресметка против Хрватска, која ја смета за првиот вистински предизвик.

„Секако дека сум задоволен, остваривме две победи во низа. Бахреин одигра добар натпревар, ни направија доста проблеми со нивната цврста одбрана, но и ние добро се браневме. Сепак, за нас вистинскиот тест е утре, против Хрватска. Тоа е репрезентација која ги поседува едни од најдобрите ракометари на светот. Но, сметам дека можеме да се надигруваме со нив, иако дуелот ќе биде тежок. Успеавме да се одмориме колку што можеме на денешниот дуел, свежи сме и подготвени за нов позитивен исход“, вели Гонзалес.

Македонија утре во 18 часот ќе се пресмета со Хрватска.