20.8 C
Skopje
понеделник, 15 септември 2025
Дома Blog Страница 9451

Погледнете ги магичните одбрани на Де Хеа (Видео)

Манчестер јунајтед стигна до шестата победа по ред откако на клупата седна Оле Гунар Солскјер. „Црвените ѓаволи“ се радуваа во дербито против Тотенхем на гости во Лондон со 1-0. Најзаслужен за победата беше голманот Давид де Хеа, кој имаше дури 11 одбрани, од кои повеќето беа неверојатни.

Едноставно, Де Хеа беше енигма за домашните фудбалери, кои шутираа, но ниеднаш не го совладаа. Одбраните на Де Хеа, погледнете ги ТУКА.

Не знаев ни да зборувам, ама трчав, ја шутирав топката и викав Панчев, Панчев

Марко Марин е еден од најдобрите играчи на Црвена ѕвезда сезонава и, секако, еден од најзаслужните што српскиот првак успеа да игра дури и во групната фаза од Лигата на шампиони. Марин, кој е роден во Босанска Градишка, уште како многу мал со своето семејство заминале во Германија, каде што и ја градеше речиси целата кариера. Марин, кој има и 16 настапи за репрезентацијата на Германија, во 2018 година дојде во Црвена ѕвезда.

Во емисијата „Ѕвездаши прашуваат“, Марин одговараше на многу прашања, а најинтересно е кога објасни од кога ја засакал Црвена ѕвезда.

„Уште како многу млад, мислам дека уште не ни знаев да зборувам, а веќе ја шутирав топката и викав Панчев, Панчев, така барем моите родители ми кажуваат. Откако знам за себе, навивам за Црвена ѕвезда“, открива Марин.

Објаснувањето на Марин за тоа како ја засакал Црвена ѕвезда го има на 9:30 минути од видеото.

Рома дава 4 милиони евра за да го купи Адеми

Македонскиот фудбалски репрезентативец Аријан Адеми е пред трансфер во Рома. Италијанските медиуми пренесуваат дека калчолигашот е подготвен да плати четири милиони евра за трансфер на капитенот на Динамо Загреб.

Рома е во потрага по нови играчи, а спортскиот директор Мончи се фокусирал на Адеми. Веќе неколку месеци се најавува заминување на Адеми од Динамо, но засега тој останува дел од хрватскиот првак. Офанзивниот играч моментно е на зимски подготовки со „модрите“ во Анталија.

Адеми се жали на ситна повреда, поради која нема да биде во составот на утрешниот пријателски меч против Партизани Тирана. Зимскиот преоден рок е во полн ек, а останува да видиме дали може да се случи македонскиот репрезентативец да заврши на „Олимпико“ во Рим.

Червар: Дуелот против Македонија е клучен

Македонија утре, од 18 часот ќе игра против Хрватска во дерби-дуелот од групата Б во третото коло на Светското ракометно првенство. По првите два меча, Македонија и Хрватска се со максимални 4 бодови. Селекторот на „коцкестите“, Лино Червар, вели дека мечот против нашите ракометари ќе биде клучен.

„Имаме четири бода, но мора да бидеме внимателни. Наша прва задача е Олимписките игри во 2020 година. Нема да биде лесно, но многу селекции го сакаат само тоа. Утре играме против Македонија и тоа нема да биде воопшто лесен меч. Не смее да се задоволиме со овие четири бода кои ги имаме. Сега мора да го задржиме ритамот. Како тренер, мора да барам повеќе. Кога нашата цел е повисока, тогаш мора и повеќе да дадеме. Постои место за напредок во играта. Мора да бидеме цврсти во одбраната. Нема да ни биде лесно против Македонија, тие го имаат Кирил Лазаров“, вели Червар.

Хрватска имаше дури 19 загубени топки на мечот против Јапонија, но тоа не беше проблем да стигнат до победа од 35:27. Сепак, Червар знае дека такво нешто не смее да им се повтори за мечот против Македонија.

 

Откриени сите детали околу аферата на Карлеуша со репрезентативецот на БиХ

Огњен Врањеш, фудбалскиот репрезентативец на Босна и Херцеговина, и познатата српска пејачка Јелена Карлеуша цели две години имале тајна афера. Оваа нивна афера беше откриена на почетокот на годинава, кога мажот на Карлеуша, фудбалерот Душко Тошиќ, се вратил во Белград. Тошиќ го зел мобилниот телефон на Јелена и во него пронашол многу пораки кои биле разменувани меѓу неговата жена и играчот на Андерлехт.

Откако се откри аферата, Врањеш реши да ги открие сите детали.

„Почитувани претставници на медиумите, немаше да го направам ова ако не бев изложен на тортури и обвиненија и закани на моето семејство од страна на госпоѓата и господинот Карлеуша. Со оглед на тоа дека се подготвени да направат сѐ само да се одбранат себеси и своето семејство, ја сум подготвен да ја кажам целата вистина, а тоа е следната: Јелена и јас се запознавме преку „Инстаграм“ пред две години и така сè започна. Таму си ги разменивме и телефонските броеви и со тоа започна сето ова. За тие две години, доживеавме и преживеавме сѐ и сешто. Од заеднички патувања, доаѓања кај мене во Атина, гледања на разни места, па дури и кај неа во куќата. Во сето тоа имаше убави и помалку убави моменти. Пресветата Јелена сега глуми силна жена, а преку пријатели и познаници моли и плаче, што е типично за неа кога нешто ѝ треба. Затоа, да утврдиме: јас не сум ниту нејзин фан, ниту психопат, како што сака таа да ме претстави, тоа попрво ќе биде она самата и подготвен сум со докази да го докажам тоа. Никого ниту сум бркал на интернет, ниту сум присилувал, сѐ беше доброволно, на заедничко задоволство. Затоа, господине Карлеуша и госпоѓо Тошиќ, виновникот барајте го меѓу вас, а не кај мене. Доцна се сетивте на патетиката и спинувањето. Мене ми е многу жал што на сето ова е изложено моето семејство, но ова е единствен начин да ја кажам вистината, а со тоа да се заштитам самиот себе и моето семејство од понатаможни обвиненија. За почеток, еве ви еден доказ. Со почит, Огњен Врањеш“, напиша фудбалерот, кој ја признава целата афера со Карлеуша.

Врањеш постираше фотографија од дружењето со Карлеуша додека тој играше во Атина. На фотографијата се гледа колку пејачката е среќна во друштво на репрезентативецот на БиХ.

 

 

Шпанија во друштво на Македонија и Хрватска

Шпанија славеше во дуелот против Исланд со 32:25 и стигна до максимални четири бода по првите две кола во групата Б. „Црвената фурија“ им се приклучи на Македонија и Хрватска, кои се перфектни досега и тоа е тројката која е на позициите што водат во следната фаза на Светското ракометно првенство.

Исланд покажа дека е послаб противник и од Хрватска, но и од Шпанија, па затоа „рибарите“ засега се без ниту еден бод. Уште во првото полувреме, Шпанија покажа дека ќе стигне до триумф. Дадоа дури 19 погодоци во првите 30 минути и имаа предност од пет гола. Во вториот дел, Исланд во ниту еден момент не успеа да намали под негатива од три поени, а во последнините минути Шпанија го засили ритамот и стигна до победа со предност од седум гола.

Утре на програмата е третото коло од групата Б. Македонија игра против Хрватска, Исланд со Бахреин, а Шпанија ќе има тренинг-тест против Јапонија.

Барселона на полусезона обезбеди двоцифрена залиха пред Реал Мадрид

Барселона не дозволи никаков кикс на „Камп ноу“ и лесно го победи Еибар со 3:0, во меч од 19-тото коло на Примера дивисион. Со оваа победа, Барселона само потврди дека како лидер ќе влезе во вториот дел од сезоната во Шпанија. Точно на половина од трката за титулата, каталонскиот гигант освои 43 бодови, што е пет повеќе од второпласираниот Атлетико Мадрид, а дури 10 повеќе од Севилја. Најголемиот ривал Реал Мадрид заостанува со 13 бода, но Кралскиот клуб вечерва гостува кај Бетис, па со победа може да стигне до минус 10.

На дуелот против Еибар, Лионел Меси испиша историја во Примера. Аргентинскиот виртуоз стана првиот играч во историјата на шпанскиот фудбал кој стигнал до 400 погодоци. Покрај Меси, два гола даде и Луис Суарес за радост на фановите на „Камп ноу“.

 

Солскјер донесе магија: За помалку од еден месец го стигна Арсенал, a „топчиите“ имаа осум бода повеќе

Манчестер јунајтед продолжува со победите. Дека „црвените ѓаволи“ имаат карактер да слават и во дерби дуел, а не само со послабо пласирани екипи од нив, покажаа вечерва во Лондон. На гостувањето кај Тотенхем, Манчестер победи со 1:0. Маркус Рашфорд за прв пат во неговата кариера постигнува погодок во три меча по ред во Премиер лигата. Напаѓачот на Манчестер погоди пред крајот на првото полувреме и тоа се покажа како доволно за победа на гостите.

Иако Рашфорд е стрелец на голот вреден три бода, херој на мечот е голманот Давид де Хеа. Чуварот на мрежата на гостите беше несовладлив. Играчите на тотенхем упатија вкупно 21 шут, од кои 11 беа прецизни и одеа во голот на Манчестер, но не постигнаа ниту еден погодок. Де Хеа бранеше феноменално и ги откажа во сите нивни обиди.

Откако на клупата на најтрофејниот англиски клуб седна Оле Гунер Солскјер, се случи чудо на „Олд Трафорд“. На 19 декември, Арсенал имаше осум бода пред Манчестер, а сега, за помалку од еден месец, двата тима се израмнети со по 41 бодови на табелата. Челзи е на четвртото место со шест бода повеќе.

Манчестер јунајтед во последните три сезони си одеше поразен од гостувањата кај Тотенхем, а интересно е што на претходните 23 гостувања, имале само три порази. Едноставно Солскјер ја врати победничката магија во тимот.

 

АПСОЛУТЕН ВЛАДЕТЕЛ: Меси го постигна 400. погодок во Примера дивисион

Лионел Меси испиша нова исторска страница во Примера дивисион. Аргентинскиот виртуоз стана првиот играч во историјата на шпанското првенство што успеал да стигне до 400 погодоци. Меси погоди во 53 минута за водство на каталонскиот гигант од 2:0 против Еибар, а тоа беше и неговиот јубилеен 400 погодок во Примера дивисион.

Лео целата своја кариера досега ја помина во дресот на Барселона и вкупно има постигнато 575 погодоци. Не само што е прв играч кј стигнал до 400 голови во шпанското првенство, туку Меси е единствен со таков подвиг во Топ 5 лигите во Европа. Ниту еден играч во историјата нема дадено 400 голови во Италија, Франција, Германија и Англија.

По 60 минути на дуелот против Еибар, Барселона на „Камп Ноу“ води со 3:0. Освен погодокот на Меси, два гола даде Луис Суарез.

Јунајтед се крсти во Де Хеа, Рашфорд го реши дербито на „Вембли“

Манчестер јунајтед со минимални 1-0 славеше на гостувањето на „Вембли“ против Тотенхем. Дербито од 22. коло во Премиер лигата го одлучи еден гол, но главна „фаца“ на теренот беше голманот на „црвените ѓаволи“, Давид Де Хеа.

Шпанскиот чувар на мрежата спречи дури 11 клучни закани на „петлите“, па со неколку феноменални интервенции успеа да го сочува својот гол. Единствениот погодок на средбата го постигна Маркус Рашфорд во 44-тата минута од првиот дел.

Со овој триумф, Оле Гунар Солскјер израмни рекорд на Мет Базби, како втор тренер во историјата на Јунајтед кој успеал да слави во првите пет натпревари во англискиот шампионат, додека под негово водство „ѓаволите“ го запишаа шестиот последователен триумф во сите натпреварувања.

https://www.dailymotion.com/video/x70l05b