21.8 C
Skopje
понеделник, 15 септември 2025
Дома Blog Страница 9453

Лазарови: Игравме подобро, утре е вистинскиот испит

Победите против Јапонија и Бахреин покажаа добри и слаби страни во македонскиот национален тим, а утрешната пресметка против Хрватска треба да покаже колкави се можностите на оваа генерација на Светското првенство.

Капитенот Кирил Лазаров смета дека е одлично што Македонија победи и притоа успеа да се одмори, и да не се потроши премногу.

„Имаме добри и лоши моменти, требаше порано да го решиме мечот. Дозволивме голем пад во првото полувреме и серија на Бахреин од 5-0. Тоа се работите кои треба да загрижуваат, но позитивно е што игравме по 35-40 минути, не повеќе. Утре после мечот со Хрватска ќе видиме дали е можно да одмориме кратко и да одиграме добро два дена по ред. Утре е испитот. Хрватите се фаворити, но ние ќе се бориме, ќе се подготвиме. И Хрватска ќе биде заморена, денеска ќе се изнатрчаат со Јапонија. Исланд изненади со Хрватска, пред нас се тврди и неизвесни мечеви. Ги знам Хрватите, тие целат кон медал, но не го кажуваат тоа јавно, не сакаат да си ставаат притисок и мислат дека така може да стигнат далеку. Ќе пробаме да ги запреме и да уживаме во дуелот“ – вели Лазаров.

Филип Лазаров смета дека Македонија играла подобро во одбрана отколку против Јапонија, па тоа овозможи порелаксиран финиш.

„Можеме подобро од ова, селекторот одмори дел од клучните играчи во последните минути, утре ќе пробаме да победиме, и да видиме колкава ни е силата. Одиме на победа на секој меч. Хрватска е фаворит и за нијанса има поголема ритација, искусни се, но на терен ќе ја чекаме својата шанса. Ќе дадеме максимум. Нема да калкулираме и а ја чуваме силата за последниот меч со Исланд. Не може да излезеш на терен и да калкулираш, нема чување за дуелот со Исланд“ – најавува Филип Лазаров.

 

Талески: Одлични во одбрана, но брзавме во нападите

Македонија ја забележа и втората победа во групната фаза од Светскиот ракометен собир со 28:23 над Бахреин. Филип Талески одигра солиден натпревар, постигна три гола од седум обиди, а по мечот истакна дека одбраната беше клучна во денешниот триумф.

Македонија веќе утре ја очекува нова пресметка, против Хрватска (18 часот), а Талески смета дека тој дуел е клучен за нашата репрезентација.

„Не можам да кажам дека победата е рутинска, игравме против доста квалитетна селекција кој има шанси да изненади фаворит, така беше и во првиот натпревар. Ние одигравме максимално во одбраната, во тој сегмент го добивме натпреварот, додека имавме доста грешки во нападот, доста избрзани шутеви, со таков напад нема да имаме многу шанси за позитивен исход во следните три натпревари. Научени сме да играме на ваков турнирски систем, подготвени сме и за дуелот со Хрватска, кој според мене е клучен за нас, иако имаме помалку од еден ден да се подготвиме“, истакна Талески.

Го средивме и Бахреин, утре почнува најтешкото

Македонската репрезентација рутински го совлада Бахреин со 28:23, дојде до втората победа во Минхен, и остана непоразена против азиските репрезентации на Светските првенства. Македонија ја оправда фаворитската улога, и освои нови планирани бодови.

Резултатот беше таков што дозволи и мало калкулирање со силите и штедење, бидејќи утре од 18 часот, Македонија има тежок меч против Хрватска.

Дебитантски голови на светските првенства имаа Филип Чурлевски, синот на легендарниот Боро Чурлевски, кој истотака ги бранеше боите на Македонија на големите натпреварувања, и Мартин Серафимов. Филип Кузмановски во 49 минута беше стрелец на јубилејниот 1.000-ти гол за нашиот национален тим во историјатот на ракометните Мундијали, а ги имаме веќе шест.

Со 8 гола од 10 шута, Кирил Пазаров беше прв стрелец и прогласен за играч на натпреварот. Манасков и Кузмановски погодија по четири пати, а Поповски и Талески дадоа по три гола.

После почетното водство на противникот од 2-1, Македонија направи серија од 5-0 за преземање на контролата врз резултатот на една третина од првото полувреме.

Но, ова водство како да ги опушти македонските ракометари, па „црвено-жолтите“ ги фати голема криза во нападот, повеќе од десет минути немаа постигнато гол, а Бахреин со серија од 5-0, поведе со 7-6. Селекторот Раул Гонзалес мораше да побара тајм-аут за да ги смири своите играч и со обид да ја прекине низата на противникот.

Капитенот Кирил Лазаров со два гола ја врати Македонија во водство. Тоа беше период од околу седум минути во кои Бахреин не даде гол, а во меѓувреме им се повреди пеналџијата Мохамед Хабиб и еден шут за кој судиите не беа сигурни дали е гол, со видео технологијата за наша среќа утврдија дека топката не ја минала целосно гол-линијата.

Во второто полувреме, Бахреин не беше закана, и „црвено-жолтите“ умешно ја одржуваа, на моменти и зголемуваа предноста.

Кузмановски со голот број 1.000 за Македонија на СП

На 11 минути до крајот на средбата со Бахреин, бекот Филип Кузмановски постигна гол кој беше јубилеен 1.000-ти во историјата на македонската репрезентација на Светските првенства. На првите пет ракометни Мундијали, од 1999 година наваму, Македонија имаше вкупно 940 гола, против Јапонија беа постигнати 38 гола, а Кузмановски со 22-риот погодок против Бахреинците ја заокружи илјадарката и ќе остане запишан во историјата како стрелец на јубилејниот погодок.

Македонија е на добар пат да дојде до втората победа на СП во Минхен. Мечот со Бахреин е во финишот.

Хиршер царува во Аделбоден

Австрискиот скијач Марсел Хиршер испиша историја, откако со триумфот на денешниот слалом во Аделбоден, стана првиот учесник во Светскиот куп кој победил девет пати во еден ист ски-центар.

Хиршер во својата кариера има 67 победи, од кои дури девет во швајцарски Аделбоден, и тоа е нов рекорд, откако вчера со победата во велеслаломот се изедначи со Ингемар Стенмарк (Мадона Ди Кампиљо) и Аксел Лунд Свиндал (Лејк Луис) кои имаа по осум победи. Хиршер има осум победи во Алта Бадија.

На денешната слаломска трка, второто место го освои младиот Французин Клеман Ноел (прв подиум во кариерата), додека трети беше Хенрик Кристоферсен. По првото возење лидер беше Марко Пварц, но Австриецот не ја заврши трката.

Наредниот викенд скијачите ќе се натпреваруваат во Венген.

На полувреме водиме 12:8, но имавме и „црна дупка“

Ракометната репрезентација на Македонија има водство од 12:8, по првите 30 минути игра во дуелот со Бахреин на Светското првенство кое се игра во Германија и Данска. Кирил Лазаров со 5 гола од шест шута е наш најефикасен поединец.

После водството на противникот од 2-1, Македонија направи серија од 5-0 за преземање на контролата врз резултатот на една третина од првото полувреме.

Но, ова водство како да ги опушти македонските ракометари, па „црвено-жолтите“ ги фати голема криза во нападот, повеќе од десет минути немаа постигнато гол, а Бахреин со серија од 5-0, поведе со 7-6. Селекторот Раул Гонзалес мораше да побара тајм-аут за да ги смири своите играч и со обид да ја прекине низата на противникот.

Капитенот Кирил Лазаров со два гола ја врати Македонија во водство. Тоа беше период од околу седум минути во кои Бахреин не даде гол, а во меѓувреме им се повреди пеналџијата Мохамед Хабиб и еден шут за кој судиите не беа сигурни дали е гол, со видео технологијата за наша среќа утврдија дека топката не ја минала целосно гол-линијата.

Потоа крилото Дејан Манасков погоди двапати по ред, па Македонија на пауза замина со позитива од четири гола предност, што е највисока предност досега во текот на мечот.

Деби на светските првенства имаше младиот Филип Чурлевски.

Солскјер гази, а во Англија упорно му бараат замена

Актуелниот англиски селектор, Герет Саутгејт, е најновото име кое се спомнува како можен тренер на Манчестер јунајтед во следната сезона. Вистина е дека Норвежанецот Оле Гунар Солскјер е само привремен тренер на тимот, но иако има феноменални резултати и успеа да ги препороди „црвените ѓаволи“, никој не верува дека тој ќе остане подолго време и јавноста на британскиот остров постојано лицитира околу неговиот наследник.

На Солскјер кој засега одлично си ја врши работата, веројатно не му е пријатно секој ден да слуша и чита како се зголемува бројот на негови потенцијални наследници. Наводно, главна желба на управата е Маурисио Покетино од Тотенхем, а во комбинациите се и Зинедин Зидан, Диего Симеоне, сега и Саутгејт кој ја воодушеи нацијата со пласманот во полуфиналето на Мундијалот во Русија.

Пречка за можен премин на Саутгејт на клупата на Јунајтед е што има договор со фудбалската асоцијација на Англија до 2022 година.

Атлетико останува „црната точка“ за Леванте

Атлетико Мадрид го совлада Леванте со 1:0 во првиот денешен меч од шпанската Примера дивизија. Голот беше дело на Антоан Гризман во 57 минута, од пенал.

Гризман е стрелец на последните шест гола за клубот од Мадрид, кој останува втор на табелата по завршувањето на колото. Французинот сезонава има 9 гола, од кои само два не му се после прекин. Три се од пенал, два од слободен удар, а два после корнер.

Леванте има 12 порази и една нерешена (пред 14 години) на 13 лигашки гостувања кај Атлетико. Најголемата шанса гостите ја имаа во 70 минута кога шутот на капитенот Моралес од близина беше одбранет од Облак, а одбиената топка дојде до Барди кој шутираше над голот. Десет минути подоцна Барди имаше уште една прилика, но беше изблокиран од Годин. Последната победа на Леванте во Примера беше на 3 декември.

Атлетико сезонава на свој терен, дури шест пати имаше резултат 0:0 на полувреме, но тие се тимот со најмногу освоени бодови како домаќин. „Јорганџиите“ не знаат за пораз во првенството од 1 септември наваму. Пред почетокот на натпреварот, Гризман доби признание за најдобар играч во лигата за месец декември. Негативност за Атлетико од овој меч беше повредата на Стефан Савиќ кој мораше да излезе од игра уште во 9. минута.

Солари нема многу избор, Иско вечер мора да игра

Неиграњето на Бејл, Васкес, Асенсио, Крос, Маријано, можеби и Винисиус, го прави речиси задолжително уфрлање на Иско во стартниот тим на Реал Мадрид кој вечерва ќе истрча на тешкото гостување кај Бетис на „Бенито Вилјамарин“. Иако Иско не е омилен кај тренерот Сантијаго Солари и постојано го остава на клупата за резерви, вечерва се чини дека е неизбежно да го стави Иско меѓу почетните 11.

Шпанските медиуми најавуваат дека на голот на Реал ќе биде Навас, кој ќе брани во лигашки меч за првпат по 26 август, одбраната е комплетна со Карвахал, Марсело, Рамос и Варан, можеби и Начо, а во средината покрај Касемиро и Модриќ, ќе бидат Валверде, Себаљос и Иско, додека осамен во нападот ќе биде Бензема.

Но, можеби Солари кој сака да игра 4-3-3, ќе изненади со уфрлање на младите Винисиус кој до вчера беше болен и не тренираше, или штотуку дојдениот Брахим Дијаз, па така местото на Иско повторно би било загрозено. Откако Солари е тренер, тој го водел Реал на 16 меча, а Иско само двапати бил стартер.

Почина јужно-африканска фудбалска легенда

Легендарниот фудбалер од Јужноафриканската република, Филемон „Фил“ Масинга, почина на 49-годишна возраст. Не се објавени повеќе детали околу смртта, но од крајот на декември, тој бил хоспитализиран, а во последните денови состојбата му се влошила.

Во неговата родна земја, никогаш нема да го заборават голот против Конго во 1997 година, со кој ЈАР се пласираше на Светското првенство во Франција 1998. Во 1996, тој беше член на тимот ко го освои африканското првенство.

Масинга во 1994 година почна да игра во Европа, две години го носеше дресот на Лидс (таму играше заедно со сонародникот Лукас Радебе), потоа прејде во Сент Гален, кратко беше и во Салернитана, а од 1997 до 2001 беше во калчолигашот Бари, пред во 2002 година да ја заврши кариерата играјќи за Ал Вахда во Саудиска Арабија. За националниот тим играше од 1992 до 2001, и даде 18 гола.