14.8 C
Skopje
сабота, 13 септември 2025
Дома Blog Страница 9465

Африканското првенство ќе се игра во земјата на Мо Салах

Африканската фудбалска конфедерација одлучи Египет да биде домаќин на африканскиот Куп на нациите кој се игра од 15-ти јуни до 13-ти јули. Во трката за организатор, Египет ја победи Јужна Африка.

Африканското првенство требаше да се игра во Камерун, но поради бавниот тек на подготовките и недоизградените стадиони, во ноември на Камерунците им беше одземено првенството. Египќаните и Јужноафриканците веднаш реагираа и истакнаа кандидатури за домаќини, подготвени се во секој момент за ваков настан.

Египет по петти пат ќе биде домаќин на Купот на нациите, но сега ќе има само шест месеци да се подготви за настанот на кој првпат ќе учествуваат 24 тима. На Камерун ќе му биде дадена шанса да го организира континенталниот шампионат во 2021 или 2023 година. Со ова не се согласуваат од Брегот на Слонова Коска, кои требаше да бидат сигурни домаќини во 2021. Во Гвинеа треба да се игра Купот на нации во 2023, но тие би попуштиле и би биле домаќини две години подоцна за на Камерун да му се даде организацијата во 2023.

Барселона ќе ја пензионира „11-ката“ на Наваро во март

Барселона ќе го пензионира дресот со број 11 на Хуан Карлос Наваро на први март, во пресрет на дуелот против Реал Мадрид во рамките од 24-тото коло во Евролигата.

„Каталонците“ го одредија новиот датум за церемонија, откако претходно требаше да се одржи на 25-ти ноември пред средбата од Ел Класико против Реал во шпанскиот шампионат, но се одложи поради смртта на таткото на кошаркарот.

Дресот на популарниот „Ла бомба“ ќе биде петти дрес на кошаркар на Барселона кој ќе стои високо во „Палау Благурана“. Наваро ја заврши професионалната кариера по крајот на минатата сезона и ќе остане запаметен како еден од најдобрите кошаркари во Европа.

Ибора не се изнаигра во Лестер, Вилјареал го врати во Шпанија

Вилјареал го доведе Висенте Ибора од редовите на Лестер за сума од 11 милиони евра. Шпанскиот играч за врска ја заврши авантурата на Островот само по една и пол сезона, откако не се изнаигра за „лисиците“. Со „жолтата подморница“ потпиша четири и пол годишен договор, според кој ќе се задржи до 2023 година.

Лестер го откупи Ибора од Севилја во летото 2017 година за сума од 15 милиони евра, но одигра само 37 меча во сите натпреварувања за една и пол година, а постепено го губеше местото во стартните 11. Сезонава одигра вкупно 11 натпревари, на кои главно влегуваше од клупата.

Триесетгодишниот играч за врска ќе биде големо засилување за Вилјареал во вториот дел од сезоната, од него се очекува да ѝ помогне на екипата да се избори за опстанок во шпанската елита. Вилјареал по 18 натпревари во Ла Лига, се наоѓа на 18-тото место со освоени 17 бода.

Гевгеличани подготвени да напишат кошаркарска историја

Екипите на Кожув и Блокотехна попладнево, од 17.30 часот во салата „26 Април“ во Гевгелија ќе напишат ново поглавје од македонската кошаркарска, па и спортска историја, бидејќи за првпат две екипи од ист град во Македонија ќе играат една против друга во некое меѓународно натпреварување.

Овој меч од регионалната кошаркарска Балканска лига ќе биде пренесуван и на „Јутјуб“, а неспоредно пред почетокот, линкот ќе може да се најде на официјалната интернет-страница на БИБЛ.

Градското дерби секогаш е привлечно, а овојпат има предзнак историско, па воопшто нема да биде сеедно кој ќе победи.

Кожув е во улога на домаќин, ќе ја има поддршката од трибините, а ќе треба да се види како ќе реагира тимот по промените. Тимот има нов тренер, Александар Јончевски, а направија и корекции во составот. Си заминаа Иван Мишковиќ и Александар Радуловиќ, додека ново име е повратникот Владимир Ивеља (во сезоната 2014/15 беше дел од Кожув), кој дојде од Ловќен, утрешниот противник на МЗТ Скопје во втората АБА-лига.

Блокотехна во минатото коло го претрпе првиот пораз и ќе биде мотивирана да се врати на победничкиот пат. Тимот од Негорски бањи, кој среде сезона се уфрли во БИБЛ, има скор 3-1, па важи за благ фаворит против соседот, кој има 1-4. Кожув нема играно 20 дена и треба да се види како паузата влијаела врз тимот.

Судиската тројка ќе биде од Грција.

Де Роси наскоро ја завршува кариерата?

Даниеле де Роси има хроничен проблем со `рскавицата на коленото, му се советува операција, но тоа е опасно во негови години, а ако се знае дека договорот му истекува во јуни, веројатно оваа сезона е последна за него во Серија А, можеби и во кариерата.

Лекарите сметаат дека капитенот на „волчицата“ не треба да игра повреден и да трпи болки, па можноста предвреме да ја заврши кариерата е реална. Де Роси целата кариера ја мина во Рома, има 35 години и сака да се повлече како играч на овој клуб, исто како и Франческо Тоти, но повредите може да му ги сменат плановите.

За Нова година, сопругата и синот му беа на Малдиви, но Даниеле остана дома за да се рехабилитира. Де Роси се повреди на 28-mi октомври и уште не се гледа светло на крајот од тунелот. Изборот му е да има трпение или да оди на операција која ќе значи долга пауза, веројатно и крај на кариерата.

На „Вембли“ ново градско дерби – Прва рунда меѓу Тотенхем и Челзи

Тотенхем – Челзи (21 часот)

По третото коло во ФА купот, Тотенхем и Челзи повторно ќе играат натпревар од куп, но овојпат во рамките од полуфиналето на Лига (Карабао) купот. Градските ривали вечерва ќе го одиграат првиот меч од ова полуфинале, а силите ќе ги одмерат на „Вембли“. Избраниците на Маурисио Покетино имаат скор од 3-2 во последните пет меѓусебни дуели против „сините“, а поразот од 3-1 во ноември беше прв за Челзи во оваа сезона во Премиер лигата.

Со повреди се мачат двете екипи, кај „сините“ недостасуваат неколку клучни офанзивци, како Педро и Вилијан, исто и Жиру, додека Покетино за овој меч го загуби Лукас Мура. Овие проблеми ќе ги натераат двајцата стратези да комбинираат состави во кои ќе играат и младинци, а наводно Сари ќе му даде шанса на талентираниот Хадсон-Одои, кој импресионираше во мечот против Нотингам форест со две асистенции.

Кога играат Тотенхем и Челзи, без разлика на кој стадион се игра, тоа е најава за голови, а сметаме дека и вечерва нема да недостасуваат.

Предлог тип: ГГ3+ (2.02)

 

Нант -Монпелје (19 часот)

Средбите во националниот Куп на Франција беа како загревање, а од денес продолжуваат мечевите во францускиот шампионат. Вториот дел од сезоната го отвораат Нант и Монпелје. Двете екипи се во очајна форма само со по еден триумф од последните пет натпревари во лигата, па јасно е дека ќе има тешка битка за трите бода. Монпелје само еднаш има славено победа против Нант во последните четири меѓусебни средби, и тоа токму на теренот каде што ќе играат и вечерва.

Предлог тип: 1X & 2-4 (2.50) – квота на денот

 

Лион – Стразбур (21 часот)

Средбата се игра во рамките на четврт-финалето во Лига купот на Франција, а Лион ќе има тешка задача против Стразбур. Не случајно Стразбур се најде меѓу најдобрите осум екипи во ова натпреварување, за пласман во четврт-финалето ги елиминира Лил и Марсеј, а сега и трет меч во низа како гостин ќе се обиде да остане во Купот.

Бруно Генесио ќе мора да го ротира составот за овој дуел бидејќи веќе за три дена им се враќаат на натпреварите во првенството, а сигурно не сака да остане без клучен играч.

Предлог тип: 1-1 & 2-5 (2.95) – квота на денот

 

Спортинг Хихон – Валенсија (21 часот)

Валенсија нема простор за грешка, поразот од Алавес со 2-1 мора да ги разбуди фудбалерите на Марселино. Добија лесен противник во осминафиналето од Крласкиот купот, против второлигашот Хихон уште вечерва ќе треба да ја завршат работата за во реваншот да имаат полесна задача на домашен терен.

Од 2009 година Хихон само еднаш во 11 средби се радувал на победа против „лилјаците“, а шансите да оствари позитивен резултат вечерва му се минимални.

Предлог тип: 1-3I & 1-3II (2.05) – квота на денот

 

Шведска – Финска (17:45 часот)

Точно по три години, Шведска и Финска повторно ќе се сретнат во меч од пријателски карактер. Оние фудбалери кои немаат клупски обврски се на подготовки во Доха, Катар, па топлото време ќе го искористат да ги одмерат силите. Шведска во овој дуел ќе влезе како фаворит, а шансите за победа ѝ се поголеми знаејќи дека дури четири пати ја совладала Финска во последните шест меѓусебни средби.

Предлог тип: 1 & T1 2+ (2.45)

Младинец на Ботафого направи фаул кој е кандидат за „клоца на годината“ (Видео)

Фудбалерот на Кујаба, Гиљерме, добро ќе размисли следниот пат кога ќе се обиде со дриблинг некому да му ја протури топката низ нозе. Ударот кој го доби во младинското  натпреварување од Купот, познато како Копиња, ќе му биде лекција за во иднина.

Главниот актер во оваа ситуација беше Луис Енрике од Ботафого. Тој беше понижен од Гиљерме, па две секунди подоцна со сета сила му удри клоца на противникот, кој падна на земја како покосен. Енрике доби црвен картон во таа 80-та минута и го остави својот тим на цедило при резултат 0-1. Кујаба ја искористи предноста од играч повеќе на теренот и до крај ја задржа минималната предност.

Погледнете го дриблингот и фаулот „за во затвор“:

 

Дибала има цена – Може да почне лицитацијата меѓу Баерн, Сити и ПСЖ

Јувентус ќе му дозволи на Пауло Дибала да облече дрес на друг клуб доколку некој понуди повеќе од 100 милиони евра. Манчестер сити, Баерн Минхен и ПСЖ се интересираат за неговите услуги, но ќе мора да ги испразнат своите каси за да го придобијат Аргентинецот.

Според торинскиот медиум „Тутоспорт“, Јувентус ги ингорираше првите понуди за Дибала бидејќи сите биле под сумата која ја бара „старата дама“.

За разлика од изминатите неколку сезони, Дибала е далеку под потребното ниво барем кога станува збор за постигнување голови. Офанзивецот по првиот дел од сезоната во Серија А постигна само два погодока, а врз неговата голгетерска форма има влијание доаѓањето на Кристијано Роналдо, кој за разлика од Дибала, редовно ги тресе мрежите и е прв стрелец во италијанскиот шампионат со 14 погодоци.

Токму затоа Јувентус ќе му дозволи да си замине бидејќи Дибала повеќе не е неопходен за Алегри, иако му беше предвидена долга кариера во Торино. Во 2015 година Дибала беше доведен како големо засилување од Палермо за сума од 40 милиони евра. Досега настапил на 162 меча во сите натпреварувања, постигнувајќи 75 погодоци и 28 асистенции.

Игра за Перуџа, а платата мора да ѝ ја даде на Северна Кореја

Хан Кванг сонг е 20-годишен фудбалер на Перуџа во италијанската Серија Б, таму игра како позајмен од Калјари, но интересно за него е што платата која ја добива тој е принуденда ја даде во неговата татковина, Северна Кореја.

Хан ќе биде најдобриот фудбалер од таа земја на Азиското првенство кое е во тек (денеска играат со Саудиска Арабија).

Во 31-вото коло од сезоната 2016/17, Хан му даде гол на Џо Харт од Торино и стана првиот играч од Северна Кореја кој постигнал гол во Серија А. За него се интересираа Арсенал и Јувентус. Потоа беше позајмен во Перуџа, а на дебито даде три гола против Виртус Ентела и тие голови се користат за пропаганда во оваа азиска држава.

Од телевизијата РАИ сакаа да му прават интервју, но дојде забрана од властите во Пјонгјанг. Хан од својата плата задржува само 1.500-1.600 месечно, останатите пари ги дава за владата во Северна Кореја. Нема избор, мора така да биде.

Доста не веруваше дека ќе оди во Минхен, па сега чека пасош за да биде дел од Мундијалот во Германија

Доста Димитриевска од Охрид е добитничката на главната премија во кампањата „Навиваме заедно со Sport Life во Германија“, организирана од спортските обложувалници на Sport Life. Охриѓанката го имаше најголемиот погоден коефициент на тикет уплатен во Sport Life во периодот од 7-ми до 31-ви декември. Иако веќе втор ден откако се знае дека таа е добитничка на патувањето во Минхен и следење на мечевте на ракометната репрезентација на Светското првенство, Доста уште не може да верува.

„Мислев дека е некоја зафрканција. Не ми се веруваше дека можам јас да бидам добитник на оваа награда. Не ни знаев какви се правилата. Мислев дека ако некој добие повеќе пари од мене на тикет, дека тој ќе биде и пред мене на листата, но тоа се работело за погоден коефициент“, беше првата реакција на Доста.

Добитниот тикет е уплатен на 17-ти декември во Охрид, а има само четири пара, но со една иста игра која нуди големи коефициенти. Необичната игра гол-гол и прво полувреме еднаков број голови со второ полувреме донесе вкупен коефициент од 3.519,14, доволен да остане на првото место до крајот на кампањата.

Благодарение на погодените мечеви, Доста доби авионски превоз за двајца, хотелско сместување и следење на сите пет мечеви на Македонија во групната фаза на Мундијалот во Минхен. Добивката донесе и „слатки главоболки“. Добитничката чека да ѝ биде готов пасошот за да може да патува во странство.

„Бев скептик дека ќе останам на првото место до крајот, но како што изминуваа деновите, стануваше сè пореално. Тогаш се сетив дека пасошот ми истекува во декември и дека ќе мора веднаш да вадам нов пасош за да можам да патувам во Германија. На 25-ти декември поднесов барање за нов пасош и сега сум во исчекување тој да биде готов пред тргнувањето за Минхен. Кога поднесов барање за пасошот, не верував дека и во следните шест дена нема никој да направи поголем добитен коефициент од мојот, но ете и тоа се случи“, објаснува Доста.

Кога била помлада, Доста тренирала кошарка, а во обложувалница уплатува поради забава и за атер на нејзиниот покоен татко. Оваа добивка која ѝ донесе патување во Минхен не е прва таква добивка бидејќи и претходно знаела да погоди неверојатни коефициенти.

„Не се разбирам од игрите и тимовите. Играм од атер за мојот покоен татко, кој често играше. Не знам ниту кои се екипите, едноставно имам моја игра. Типувам на ГГ&2<1 и ГГ&1=2. На среќа наоѓам кои мечеви да ги уплатам. Не сакам да играм од познатите лиги или тимови, како што е Реал Мадрид. Најчесто тоа се мечеви од помалку атрактивните првенства. И претходно неколку пати имам погодувано вакви ливчиња. Играм често, но уплатата секогаш ми е за 20 денари“, вели Доста, која во Минхен ќе патува со својот сопруг.