23.8 C
Skopje
сабота, 13 септември 2025
Дома Blog Страница 9466

Играч на Овиедо „се занесе“ од радост и предизвика контроверзи (Видео)

Откако даде гол во 90-тата минута за водство и победа на Овиедо од 3-2 на гостувањето кај Нумансија, дефанзивецот Кристијан Фернандес Болањо,не можеше да се контролира при радоста, па почна да се допира по интимните делови од телото.

Трите бода за Овиедо се многу важни за зацврстување во средина на табелата во втората лига, но прославата на Фернандес ги подели мислењата. Некои мислат дека бил вулгарен и сакал да ги понижи противничките играчи и публиката, а други го бранат и сметаат дека само покажувал дека неговата екипа одиграла храбро.

Погледнете ги петте гола на овој интересен меч, а при крајот на видеото е контроверзната прослава:

https://www.youtube.com/watch?v=CNVWwyU4rMs

За Јапонките, Лука Модриќ е поубав од Кристијано Роналдо

Животната приказна за Лука Модриќ раскажана во биографската книга со 208 страници „Дете на војната“ го инспирираше светот. Детето од селото Обровац кое побегна од војната и живееше како бегалец (во бегалскиот хотел „Иж“ во Задар, Лука играјќи фудбал скршил повеќе прозорци отколку што скршиле српските бомби) во 2018 година беше избран за најдобар фудбалер на светот.

Сега книгата ќе биде преведена и на јапонски јазик, а издавачите во Јапонија решија на насловната страница да стават фотографија на која Модриќ е сликан во профил, како да трга косата од лицето, наместо со топка или во славеничка поза.

„Модриќ во Јапонија го сметаат за еден од најпривлечните фудбалери на светот. Тој е секс-симбол и нашите жени мислат дека е позгоден и поубав и од Кристијано Роналдо“, објасниле јапонските издавачи.

Долгата коса, физиономијата на лицето и шилестиот нос, а и животната приказна како со упорна работа од дното се стигнува до врвот, биле причина за ваквиот избор на насловната.

Хјустон, Харден има… Не, нема проблем (видео)

Сите го делиме мислењето со Џејмс Харден. Прва помисла на Брадата сигурно му беше „Леле човеку колку сум јак“ откако го омаловажи Џамал Мари, бекот на Денвер. Хјустон ги совлада Нагетси со 125:113, a најкорисниот кошаркар за изминатата година продолжи да доминира на паркетите.

Харден ја крена публиката на нозе во „Тојота центарот“, го прати Мари „по бурек“, погоди тројка и притоа беше фаулиран за дополнително слободно фрлање.

https://twitter.com/HoustonRockets/status/1082483008660094976

Тики-така има и во хокеј (видео)

Калгари флејмс не го дава врвот во Западната конференција, ноќеска ја запишаа 27-мата победа совладувајќи ги Чикаго блекхокс со 4-3. Средбата во „Јунајтед центарот“ во Чикаго ја одбележа една акција на хокеарите на Калгари, имитирајќи ја фудбалската тактика „тики-така“ на Пеп Гвардиола, па со неколку комбинирани додавања потполно ја урнаа одбраната на домаќините.

Калгари мораше добро да се намачи за да ја запише четвртата победа на последните пет средби откако во два наврати беа во негатива од еден гол, а во финишот и со играч помалку стигнаа до посакуваната цел.

Резултати НХЛ:

Чикаго блекхокс – Калгари флејмс 3-4

Филаделфија флаерс – Сент Луис блус 0-3

Торонто мејпл лифс – Нешвил предаторс 0-4

Монтреал канадиенс – Минесота вајлд 0-1

Сан Хозе шаркс – ЛА кингс 3-1

Кливленд кавалирс и Реал Мадрид страдаат од ист проблем

Летоска, само за десет дена две огромни спортски ѕвезди ги сменија своите клубови, Леброн Џејмс од Кливленд кавалирс се пресели во Лос Анџелес лејкерс, а Кристијано Роналдо од Реал Мадрид замина во Јувентус, па нивните екс клубови сезонава се во незавидна ситуација.

Реал и Кливленд не го направија тоа што мораше. Не смееја да жалат пари за да донесат играч кој е екстра квалитетен и гладен за победи.

Кавалирс е далеку од плејофот во НБА-лигата, исто како во сезоната кога Џејмс првпат си замина, тогаш во Мајами хит. Со тоа од тим кој дојде до големото финале на НБА во минатата сезона, „коњаниците“ преку ноќ станаа потпросечен тим само затоа што останаа без лидерот. Клубот не купи некоја ѕвезда за да го засили составот, па сега ќе се надеваат дека ќе бидат најслаби во лигата и ќе имаат најголеми шанси да го земат првиот пик на наредниот драфт.

За разлика од Кавалирс, фудбалскиот клуб Реал Мадрид не е навикнат да губи толку многу натпревари како сезонава, но слабите резултати, неефикасноста и намалената посета на неговите домашни мечеви се последиците од заминувањето на Роналдо. Португалецот девет години решаваше мечеви, го преземаше товарот на свој грб.

Од Реал си замина и авторитетниот тренер Зинедин Зидан, кој почувствува дека треба да го напушти тимот кој е физички и психички потрошен, а како капак на тоа, главните играчи често му се повредуваат. На Реал му треба свежа крв и нов лидер. Веруваа во силен тимски дух, но и тоа го нема. „Стариот и себичен“ Роналдо се покажува како незаменлив. Реал многу тешко дава голови без Кристијано. Клубот не донесе замена која ќе прави разлика на теренот и сега тимот страда.

Биното доби шанса да испише историја со Ферари

Досегашниот технички директор, 49-годишниот Матија Биното, го наследи Маурицио Аривабене на позицијата шеф на тимот од Формула 1, Скудерија Ферари.

По разочарувањето во 2018 година, кога Себастијан Фетел имаше ветувачки старт на сеозната, но серијата грешки го чинеше губење на титулата и доминација на Луис Хамилтон од ривалскиот Мерцедес, беше одлучено да биде заменет Аривабене, кој четири години беше на чело на тимот.

Сите технички лица во тимот во иднина ќе треба да му рапортираат директно на Биното. Од Биното се очекува да го врати Ферари на врвот. Тој е човек кој во последните години имаше голем придонес во подобрување на моторот на болидите на Ферари. За него беа заинтересирани и други тимови, па Ферари за да го задржи, му го понуди челното место.

Биното цел живот е во Ферари, повеќе од 20 години работи таму, докажан е, верен и сега е на позиција од која може да командува и да ги врати шампионските мигови на „црното коњче“. Навивачите на италијанскиот тим од 2007 година чекаат титула, од времето кога шеф беше Жан Тод. Претставувањето на болидот за 2019 е закажано за 15-ти февруари.

 

За Харден 30 поени се просек, Лејкерси и трет пат подобри од Далас

Нов блесок на фаворитот за МВП-наградата, Џејмс Харден го предводеше Хјустон до 10-тата победа во низа на домашен терен, а во „Тојота центарот“ падна Денвер нагетс со 125:113. За Брадата ова беше 13-ти меч во низа на којшто постигнува 30 или повеќе поени, ноќеска застана на 32, а во својата статитика додаде и 14 асистенции за дабл-дабл учинок. Харден имаше голема помош од Клинт Капела, кој постигна 31 поен, а му недостасуваше еден скок за двоен учинок.

Лидерите на Западот по пет последователни победи, претрпеа пораз, ниту двојниот учинок на Никола Јокиќ од 24 поени и 13 скока не беше доволен за Денвер да остане непоразен и по гостувањето во Тексас.

 

ЛА лејкерс и во третиот овосезонски дуел беа подобри од Далас маверикс, ноќеска ги совладаа со 107:97. „Езерџиите“ конечно запишаа позитивен резултат без повредениот Леброн Џејмс, а екипата на Лук Волтон ја предводеше Брендон Инграм со 29 поени и шест асистенции, откако Лејкерси се изборија за славење по заостатокот од 15 поени.

Лука Дончиќ одново одигра импресивен натпревар, за жал, немаше многу помош од своите соиграчи, па поразот беше неизбежен. Словенецот застана на 27 поени и осум скока, како единствен од редовите на Далас кој ја надмина границата од 20 поени на оваа средба.

 

Резултати НБА:

Хјустон рокитс – Денвер нагетс 125:113

Далас маверикс – ЛА лејкерс 97:107

Детроит пистонс – Сан Антонио спарс 107:119

Бостон селтикс – Бруклин нетс 116:95

Милвоки бакс – Јута џез 114:102

Њу Орлеанс пеликанс – Мемфис гризлис 114:95

Портланд трејлблејзерс – Њујорк никс 111:101

Сакраменто кингс – Орландо меџик 111:95

Немилосрдна ждрепка: Арсенал – Манчестер јунајтед во 4. коло од ФА Купот

Ждрепката за четвртото коло во ФА Купот донесе едно големо дерби. Арсенал ќе игра против Манчестер јунајтед во Лондон, на 26 јануари. Иако на ждрепката имаше и клубови кои се полуаматерски, ждрепката сакаше да има големо дерби.

За разлика од Арсенал и Манчестер јунајтед, Сити имаше среќа и ќе игра на свој терен против Барнли. И Челзи ќе биде домаќин и тоа на подобриот од дуелот Шефилд Венсдеј – Лутон. Премиерлигашки двобој ќе има и меѓу Кристал Палас и Тотенхем, а Евертон ќе гостува на Милвол.

Во останатите мечеви ќе играат: Свонси – Гилингем, Вимблдон – Вест хем, Шресбери или Стоук – Вулверхемптон, Брајтон – ВБА, Бристол – Болтон, Акрингтон – Дерби или Саутемптон, Донкастер – Олдам, Њукасл или Блекбурн – Ватфорд, Мидлсбро – Њупорт, Барнет – Брантфорд и Портсмут – КПР.

Босански репрезентативец ќе биде причина за развод на Карлеуша и Тошиќ!?

Новата година не тргна добро на приватен план за српскиот репрезентативец Душко Тошиќ (33). Дефанзивецот кој игра во Кина во тимот на Гуангжу, на 3 јануари се вратил во Србија и се посомневал дека неговата сопруга, познатата пејачка Јелена Карлеуша (40) се допишува со друг маж.

Тошиќ го земал телефонот на Јелена и во него пронашол многу пораки кои биле адресирани до репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Огњен Врањеш (29).

Тогаш Душко многу се налутил, па лично му се јавил на дефанзивецот кој настапува во Андерлехт, да му објасни за што се работи, пренесуваат српските медиуми.

Врањеш кој е оженет, минатата година беше поврзуван дека е во врска со пејачката Катерина Грујиќ, а дури има и видео на кое тие се бакнуваат. И покрај таа снимка, Огњен остана во брак со сопругата Даниела.

По појавувањето на веста дека Душко и Јелена може дури и да се разведат, пред помалку од еден час со свој коментар веднаш се огласи и самата Карлеуша.

„Со мојот брак се е ок. Немојте да се грижите. Лоши луѓе, лоши намери… сето тоа кога тогаш ќе им се врати како бумеранг. Нападот врз моето семејство го сфаќам многу сериозно. Не е ни прв ни последен пат. Среќен Божиќ на сите кои го слават“, напиша Карлеуша под сликата на која е заедно со својот маж.

 

Ињаки се разигра, Атлетик конечно победи на гости

Ињаки Вилијамс се разбуди и се разигра и со една асистенција и гол беше најзаслужен за прекин на проклетството без победа на Атлетик Билбао во Ла Лига.

Вилијамс со одлично додавање до Мунијаин му помогна на гостинскиот тим да поведе со 1:0, потоа Селта израмни со погодокот на Белтран, но повторно на сцена стапи напаѓачот на Атлетик.

Ињаки беше прецизен во 54. минута, па конечно и Атлетик носи три бода во Билбао, за првпат сезонава како гостин. Досега имаа пет порази и три ремија на гостувањата во најквалитетната фудбалска лига во Шпанија.

Причина за радост има и тренерот на Атлетик, Гаизка Гаритано, кој е без пораз на четири меча, откако го замени Едуардо Берицо на клупата на Баскијците.

По победата вечерва во Виго, Атлетик побегна од зоната на испаѓање и со 19 бодови е на 17. место во Ла Лига.

Селта има четири бодови повеќе на 14. место.