22.8 C
Skopje
вторник, 2 септември 2025
Дома Blog Страница 9497

Конте ја одби понудата од Бока јуниорс, чека абер од Манчестер јунајтед

Антонио Конте сè уште чека на следниот ангажман како тренер, во меѓувреме ја одби понудата на Бока јуниорс, а веројатно ќе ја пропушти шансата да биде нов стратег на Манчестер јунајтед.

Според информациите кои ги пренесува ЕСПН, нов тренер на Манчестер јунајтед ќе биде Оле Гунар Солскјер, и тоа според изворите на ЕСПН, тој е сигурен избор на англискиот гигант.

Конте веројатно ќе чека нова шанса, а имаше одлична понуда од Бока. И тоа со посредство на Карлос Тевес, играч на гигантот од Аргентина, кој играше за Јувентус во ерата на Конте.

Сепак не дојде до договор, па Конте сè уште е без работа.

Кочов: Им симнувам капа на моите кошаркари

Секоја чест за моите помошници, кои одлично ја простудираа играта на Хелиос и ми помогнаа тактички да се справиме со домаќинот во Домжале, вели тренерот на МЗТ Скопје, Ѓорѓи Кочов.

Македонскиот вицешампион играше без репрезентативците Соколов, Симоновски и Маслинко, а иако беше на клупата, не настапи и Младеновски. Сепак, Хелиос е победен со убедлива разлика од 19 поени, 92:73.

„Момците одиграа одлично и покрај кадровските проблеми што ги имавме. Им симнувам капа за одличната кошарка што ја одиграа против Хелиос. Им благодарам и на моите помошници кои одлично ја простудираа играта на Хелиос. Победата е апсолутно залсужена“, изјави Кочов.

На МЗТ сега му останува само уште дуелот со Борац Чачак на домашен терен во обид со десетта победа да ја заврши 2018 година во АБА 2 лигата.

Андрија Бојиќ држеше час по кошарка, МЗТ го декласира Хелиос со 92:73

Едно одлично полувреме му беше доволно на македонскиот вицешампион МЗТ Скопје за убедлива победа во Домжале против Хелиос со 92:73.

Аеродромци ја прокнижија третата победа по ред во АБА 2 лигата, вкупно деветта сезонава во ова натпреварување.

Извонредниот Андрија Бојиќ држеше лекција по кошарка во Словенија и постигна импресивни 35 поени, гарнирани со 11 скокови. Вудард даде 14 поени, а првото полувреме беше клучно за победата на гостите од Скопје.

МЗТ имаше предност од 49:37 по 20 минути игра, а домаќините се заканија во продолжението, намалија на минус 7 пред почетокот на последната четвртина.

Но, МЗТ го имаше супер расположениот Бојиќ и ја доби последната четвртина со 27:15 за убедлива победа со разлика од 19 поени.

Фенер никого не може да победи во фудбал, ама може секого во кошарка

Поголемата концентрација и поддршката од 12-илјадната публика беа клучни фактори во победата на Фенербахче над ЦСКА Москва во дербито на Евролигата. Фенер славеше со 79:75 откако во последните две минути направи серија од 6-0.

Русите имаа плус 12 по првото полувреме, но кога беше најпотребно, турскиот тим беше на потребното ниво и остана само со еден пораз сезонава. Во второто полувреме, „армејците“ беа запрени само на 27 поени.

Димитрис Итудис не најде начин да го совлада својот учител и венчан кум Жељко Обрадовиќ, па ЦСКА падна на трета позиција. Итудис и Обрадовиќ во 2015 првпат се сретнаа еден против друг, откако пред тоа 13 години работеа заедно и со Панатинаикос освоија пет европски титули. Сега Србинот има 5-4 во дуелите со Гркот.

Бундеслигашите џабе патуваа до Менхенгладбах – Борусија го победи и Нирнберг за 8 од 8 на домашен терен

„Борусија парк“ е вистински бедем што не се освојува, а вечерва Борусија Менхегладбах ја продолжи импресивната серија од победи на свој терен со триумф од 2-0 против Нирнберг.

Второпласираната екипа го заврши првиот дел од сезоната со настапи на својот стадион и има блескави 8 победи на 8 натпревари. Им остана уште гостувањето кај лидерот Борусија Дортмунд во последното коло од првиот дел на сезоната, а за удобен пат на дербито на 21-ви декември на „Сигнал Идуна парк“ се потрудија најдобрите стрелци на тимот.

Торган Азар во 47-мата минута ја поправи грешката од финишот на првиот дел кога утна пенал, па со деветтиот погодок ѝ донесе на Борусија предност од 1-0.

За да не заостане зад Азар, со деветти гол во сезоната се потруди и францускиот интернационалец Аласане Плеа, кој погоди во 86-тата минута за конечни 2-0.

Тимот од Менхенгладбах по 16 натпревари е на второто место во Бундеслигата со 33 бода, шест помалку од Борусија Дортмунд, но и со меч повеќе.

Нирнберг е претпоследен само со 11 бодови.

Марфиев закон за ФИФА – Мамиќ е осуден на затвор, го донесе Ал-Аин до финалето на Светскиот клупски куп

Шампионот на Обединетите Арапски Емирати, Ал-Аин приреди подвиг и ќе игра во финалето на Светскиот клупски куп на ФИФА, откако по подоброto изведување на пеналиte го елиминира јужноамерканскиот првак Ривер плејт.

Домаќините, Ал-Аин ги погодија сите пет удари од белата точка, трагичар за Ривер плејт беше Енцо Переs со утка во последната серија и чудото се случи.

Ал-Аин ќе игра во финалето против подобриот од мечот Реал Мадрид-Кашима, што ќе се одигра утре.

За шампионот на Обединетите Арапски Емирати ова е историски успех и тоа е првиот тим од арапскиот свет што ќе игра во финале во ова натпреварување.

Во мечoт со многу пресврти, Ал-Аин поведе со голот на Маркус Берг во третата минута, а потоа Ривер со двата гола на Рафаел Боре успеа да води со 2-1 по првото полувреме. Израмни Кајо на 2-2, што беше и конечен резултат на мечот.

Во продолженијата немаше голови, а на пенали организаторот на турнирот приреди подвиг и ќе игра финале.

Интересно е што тренер на Ал-Аин е Зоран Мамиќ, кој е осуден во Хрватска на 4 години и 11 месеци затвор за измама, но поради непостоење на договор за екстрадиција меѓу Хрватска и Обединетите Арапски Емирати, тој остана тренер на Ал-Аин. И ќе биде запишан во историјата како прв тренер што успеал да биде финалист со екипа од арапскиот свет во Светскиот клупски куп на ФИФА.

Будуќност настрада во Истанбул

Александар Џикиќ немаше противигра за расположените кошаркари на Анадолу Ефес, па Будуќност го претрпе десеттиот пораз во Евролигата, и тоа убедлив со разлика 38 поени.

Домашниот состав славеше со 106:68 во меч што не донесе многу возбудувања. По првото полувреме Ефес имаше предност од 8 поени, но потоа тргна фуриозната игра на турскиот тим.

Со 32:12 го добија третиот период и ги разрешија дилемите околу победникот. Најефикасен кошаркар со 22 поени е Родриг Буабоа, Брок Мотум постигна 17, а Крунослав Симон 15.

Кај гостите кои одиграа лошо се истакна само Ерл Кларк со 21 поен, а само уште Едвин Џексон имаше двоцифрен учинок со 11 поени.

 

Горан Пандев е играч со најголемо влијание врз клуб во Серија А

Кога Горан Пандев е на теренот, Џенова игра подобро и има плус од 1,56 рејтинг-поени, што го става капитенот на македонската репрезентација на врвот во Серија А.

Пандев, според истражувањата на фудбалската опсерваторија CIES, заедно со соиграчот Николас Споли имаат најголем позитивен ефект и влијание на играта на тим во Калчото.

Кога тие двајца се во игра Џенова освојува повеќе бодови, а така е и со Јосип Иличиќ. Тој има плус 1,50 рејтинг-поени кога игра за Аталанта.

Зад ова трио, според анализата на CIES, се Дош Сантош Валас од Лацио, Ел Шарави и Најнголан од Рома, Хилјемарк од Џенова, Кутроне од Милан, Бехрами, кој игра за Удинезе, и Иван Проведел од Емполи, голман кој ја заокружува топ 10 листата со играчи со најголемо позитивно влијание во играта на тимот во Серија А.

 

Роналдо уште во јануари побарал трансфер во Јувентус

Жорж Мендеш, агентот на Кристијано Роналдо, истакна дека неговиот клиент уште на почетокот на 2018 година побарал да се реализира транферот во Јувентус. Мендеш вели дека преговорите траеле неколку месеци, а започнале уште пред четврт-финалето во ЛШ помеѓу Реал и Јуве.

„Роналдо изрази жела да се пресели во Јувентус уште во јануари. Прво мислев дека тоа е невозможно, но по првиот состанок со раководството на италијанскиот првак, почнав да верувам дека овој трансфер може да се реализира. Преговорите траеја неколку месеци, во Мадрид го остваривме првиот контакт со претседателот Ањели во пресрет на четврт-финалето од Лигата на шампионите“, истакна Мендеш.

Фудбалската јавност се изненади откако шпекулациите станаа вистинити, Роналдо изминатото лето во потрага по нов предизвик се пресели во Јувентус за 112 милиони евра.

Фабрегас си одбра нов спонзор, а тој ќе го одведе и во новиот тим

Сеск Фабрегас е незадоволен од минутажата која ја добива во тимот на Челзи и затоа најави дека сака да си замине од „Стемфорд бриџ“. Како главна следна дестинација на Шпанецот се споменува Милан. Италијанскиот тим е во потрага по квалитетно засилување, а докажаниот Фабрегас сигурно е вистинско решение.

Офанзивниот играч за врска неодамна потпиша нов четиригодишен спонзорски договор со „Пума“, а токму тоа е најава дека Милан ќе биде неговиот следен клуб. „Росонерите“ и „Пума“ соработуваат и токму тоа треба да биде врската и за доведувањето на Фабрегас на „Сан Сиро“.

Иако уште не е потврдено, трансферот треба да биде официјалнизиран во јануарскиот преоден рок.