31.8 C
Skopje
вторник, 2 септември 2025
Дома Blog Страница 9496

Снимка од тренинг на Солскјер во Молде: Дали ова ќе биде првата лекција во Јунајтед? (видео)

На социјалните мрежи се појави видеоснимка од еден тренинг Оле Гунар Солскјер во времето кога беше тренер на норвешкиот клуб Молде. Стратегот инсистира неговите играчи да се обидат да го погодат голот, поточно да ја шутнат топката наместо да се додаваат во непосредна близина на шеснаесетникот, како и во него.

Јасно се слуша: Има ли еб*ена шанса некој од ваш да шутне? Стигнавте до шеснаесетникот, шутнете еднаш кон голот, доста се додавате. Ако сакате да постигнете гол, мора да ја шутнете топката, друг начин нема“.

Многу веројатно е дека слично ќе биде и на првиот тренинг во Манчестер јунајтед, откако ќе се запознае со екипата. Солскјер ќе ги натера „црвените ѓаволи“ да нападнат и да упатат удари кон голот, нешто што ретко се забележуваше на натпреварите кога тимот го предводеше Жозе Мурињо.

Падна договор: Рабио во Барселона доаѓа како слободен играч

Барселона постигна усмен договор со Адријан Рабио, францускиот играч за врска ќе биде новата аквизиција на „каталонците“ од јули 2019 година. Договорот со ПСЖ му истекува по крајот на сезоната, па Барселона ќе го доведе како слободен играч.

Од таборот на ПСЖ неколку пати одбија да му ги исполнат желбите бидејќи Рабио бараше многу поголема плата од конкретните понуди на клубот, па одлучи да ја смени средината во текот на следното лето.

Според француските медиуми, Барселона има можност да го доведе дваесет и тригодишниот фудбалер и во зимскиот преоден рок, но за тоа ќе треба да издвојат средства. Рабио веќе извесно време беше на радарот на шпанскиот гигант, а за неговите услуги беа заинтересирани и некоку други европски клубови, меѓу кои најголем интерес покажа Јувентус.

 

Погба ќе биде казнет од Манчестер јунајтед

Во Манчестер јунајтед не им се допадна објавата на Пол Погба на социјалните мрежи, тоа го протолкуваа како непочитување кон Жозе Мурињо и клубот најверојатно парично ќе го казни Французинот.

Погба, кој воопшто не беше во добри односи со Мурињо, брзо по објавувањето на веста за разделбата на Јунајтед со Специјалниот, објави своја фотографија на која прави сеирџиска гримаса и побара од неговите следбеници да напишат коментар.

Набрзо оваа објава беше избришана, но Погба доби силни критики од членови на клубот, како и од легендата Гери Невил, кој смета дека не е убаво „да се игра на гробот на сменет менаџер“. Од спонзорот „Адидас“ го бранеа својот клиент и рекоа дека постот бил дел од нивна маркетинг-кампања.

Без разлика што навистина стои зад објавата, Погба ќе биде удрен по џебот.

Првачињата им поставуваа незгодни прашања на ракометарите на Вардар (Фото)

Триесетина првачиња од ОУ „Љубен Лапе” поминаа едно претпладне со ракометарите на Вардар во посета на домот на „црвено–црните“. Во СЦ „Јане Сандански” дечињата ги посетија двете сали каде штоВардарци играат натпревари и тренираат, просторијата за видео-презентации, салата за прес–конференции, фитнес и аеробик центрите, како и соблекувалната на екипата.

Дружбата почна на паркингот пред ОУ „Љубен Лапе” од скопската населба Аеродром, каде што автобусот на екипата на Вардар ги пречека децата за да ги однесе во СЦ „Јане Сандански”. Детскиот џагор брзо ја исполни салата во спортскиот центар. Првачињата дојдоа подготвени да навиваат за своите домаќини, па капитенот на црвено-црните Стојанче Стоилов, левото крило Владо Недановски, голманот Марко Кизиќ и левиот бек Марко Мишевски ги поздравија со гласен и еуфоричен поздрав.

Повеќето првпат влегоа во салата, а имаа и многу прашања за ракометарите од типот „Дали продолжувате да играте и кога ќе се удрите на натпревар?”, „Секој ден ли доаѓате да играте ракомет?”, „Кој ве кара најмногу?”, „Зошто не правите смешки кога играте ракомет?”, а омилено прашање што го поставија трипати беше „Зошто сте толку сериозни кога играте?”.

Стоилов се потруди да најде одговор на сите прашања, силно се насмеа кога едно од дечињата им забележа дека кога Вардарци ќе загубат натпревар, личи како да чадат од нерасположение”.


Дечињата шутираа и голови додека пред мрежата стоеше најмладиот вардаров голман Кизиќ.

Во фитнес-центарот децата го поздравија тренерот Роберто Гарсија Парондо, а во аеробик-центарот уживаа во лудориите со фитнес-топките. Турата продолжи во малата сала во спортскиот центар. Особено интересно искуство за децата беше посетата на соблекувалната на Вардар, каде што имаше шкафче за секој ракометар од тимот, а Стоилов им дозволи на децата на игра да го масираат на столот каде што се рехабилитираат Вардарци по натпревар од Лигата на шампионите или СЕХА-лигата.

Децата имаа подготвено специјален мотивациски постер со акронимот Вардар.
Вредни
Автентични
Работливи
Дарежливи
Активни
Рекреативни

Од Вардар порачаа: Тие ќе навиваат за нас, а ние ќе победуваме за да ги радуваме.

Солскјер: Јунајтед е во моето срце, ќе ја оправдам довербата

Манчестер јунајтед и официјално го назначи Оле Гунар Солскјер за нов менаџер на екипата. Како што беше најавено вчера, тој ќе биде вршител на должноста до крајот на сезоната, додека клубот напоредно ќе работи на случајот – долгорочно решение за предводник на „црвените ѓаволи“. Тој веднаш ќе го преземе тимот, додека Мајкл Карик ќе остане на функцијата асистент.

Солскјер речиси во целата своја кариера ја помина во дресот на Јунајтед, од 1996 до 2017 година забележа 336 настапи во сите натпреварувања, на кои постигна 126 гола. Познат како „убиецот со бебешко лице“, Солскјер го очекува тежок предизвик, како и да го среди огромниот хаос кој го остави зад себе Жозе Мурињо.

„Манчестер јунајтед е во моето срце и тоа никогаш нема да се смени. Неверојатно е што повторно сум тука, сега добивам многу поголема, но и потешка улога во тимот. Возбуден сум што ќе работам со голем број врвни фудбалери, поседуваме многу квалитет, а ќе се обидеме тоа да го покажеме на теренот“, истакна Солскјер.

Откако во 2007 година ја заврши фудбалската кариера, Солскјер стана тренер на резервниот тим на Јунајтед, а потоа ја презеде работата во Молде. За норвешкиот стратег прв меч како менаџер на Јунајтед ќе биде гостување во Кардиф, тимот кој Солскјер го водеше во сезоната 2013/14, каде што беше отпуштен само по неколку месеци откако не успеа да го спаси велшкиот клуб од елиминација во втората англиска лига.

Спортска прогноза: Торинската „стара дама“ против „волчицата“ од Рим

Последна шанса за прогнозерите да го освојат мобилниот телефон на Спортска прогноза во 2018 година. Во ова коло, највозбудливиот дуел ќе биде во Торино, каде што Јувентус ќе ја пречека Рома, што ќе биде дерби-меч во рамките од 17-тото коло во Серија А.

 

Ова ќе биде 44-та меѓусебна пресметка, а од претходните 43 меча, статистиката е во корист на Јувентус за повеќе од двојно. „Старата дама“ брои 22 победи, „ римската волчицата“ само девет пати се радувала против актуелниот италијански првак, додека 12 средби завршиле без победник. Кога играле овие две екипи една против друга, во просек се постигнувале повеќе од 2,5 гола по натпревар.

Гледајќи го вкупниот збир на меѓусебни средби, Јувентус редовно ја тресе мрежата на Рома барем двапати, но таков учинок нема остварено на последните пет меча, во кои има три триумфи, еден пораз и едно реми против екипата од Рим. Рома загубила со идентичен резултат (1-0) на последните три гостувања во Торино на „Алијанц арената“, црна серија која ќе се обиде да ја прекине токму во сабота (20:30 часот).

За Еузебио ди Франческо добри вести се закрепнувањата на голгетерот Един Џеко и капитенот Даниеле де Роси, кои веќе неколку дена се во процес на пренирање и ќе бидат достапни за настап.

Во досегашните осум кола имаше неколку 11-ки, но ниту еднаш не се најде јунак кој ќе ги погоди сите 12 мечеви. Освен телефонот, кој следува за перфектно прогнозирање, секое коло тука се и ваучерите од Sport Life. За 11 погодени натпревари следува ваучер од 1.000 денари, за 10-ка се добива ваучер од 500 денари, додека 200 денари ваучер имаат сите оние со девет погодоци на Спортска прогноза.

По успешната прогноза ќе ви се прикажат вашите типувања. Сите прогнози за тековното коло, вклучувајќи ја и вашата, можете да ги погледнете тука.

Фудбалот повторно се менува, се укинува едно правило

Светската фудбалска фдерација (ФИФА) продолжува со промена на дел од правилата во најпопуларната игра во светот. ФИФА реши дека е време да се укине едно од најбизарните правила.

Според сегашните правила, противникот не може да влезе во противничкиот шеснаесетник при внесувањето на топката во игра по гол-аут. Во иднина нема да биде баш така. Новото правило и понатаму ќе им забранува на противничките играчи да бидат во 16-никот пред голманот да ја допре топката. Штом голманот ја допре топката, противничките играчи ќе може да нападнат и да го пресечат додавањето.

Ова ново правило веќе се тестира на Светското клупско првенство. Колку за потсетување, на Светското клупско првенство пред две години се тестираше и воведување на видеотехнологијата.

Меѓу новите правила кои во март ќе бидат воведени е и тоа играчот кога ќе биде заменет, да не мора да излезе од игра од центарот на игралиштето туку да може да излезе од игра на најблискиот дел од аутот на теренот, со што би се намалило времето кое поминува во прекин на играта.

Нов мандат за Хенес во Баерн Минхен

По едногласната одлука на одборот која беше донесена на вчерашната седница, Ули Хенес ќе остане на чело на управата на Баерн Минхен и во наредните четири години. Хенес до 2019 година ќе продолжи да ја извршува функцијата претседател на клубот, откако беше избран во февруари 2017 година. Членовите на управниот одбор на актуелниот германски првак беа избрани во понеделникот, а и нивниот мандат ќе трае четири години.

Хенес и во првиот свој мандат како претседател на одборот и на клубот, од 2009 до 2014 година, ги извршуваше двете функции.

„Среќни сме што и во иднина ќе имаме управен одбор на чело со функционер од висок калибар“, истакна извршниот директор на клубот, Карл-Хајнц Румениге.

Баерн Минхен не ја започна сезоната како што се очекува од нив. По 15 натпревари, се наоѓа на третата позиција на табелата со 30 бода, девет помалку во однос на лидерот Борусија Дортмунд, а при евентуален триумф вечерва против Лајпциг, ќе може да ја намали таа негатива, откако вчера „милионерите“ за првпат почувствуваа пораз во Бундеслигата од Фортуна Дизелдорф со 2-1.

Конечно некој да е на страната на Мурињо

По вчерашниот отказ кој го доби Жозе Мурињо од Манчестер јунајтед, најголемиот дел од реакциите беа дека Португалецот заслужено си заминува од најтрофејниот англиски клуб. Манчестер јунајтед сезонава игра слабо и веќе заостанува 19 бода зад лидерот Ливерпул во Премиер лигата.

И покрај отказот, на сметката на Мурињо ќе „легнат“ повеќе милиони евра, како оштета за предвремено раскинување на договорот. Затоа речиси никој не реагираше на отказот на Мурињо, сè до синоќа. Изненадувачки е тоа дека прв кој јавно застана на страната на Мурињо е Пеп Гвардиола. Тој е тренер на Манчестер сити, кој во последниве неколку сезони е голем ривал на Мурињо.

„Јас сум на страната на Мурињо. Ние менаџерите секогаш сме сами. Тој е силен човек и очекувам наскоро да се врати“, рече Гвардиола по синоќешниот успешен настап на Сити во Купот и елиминацијата на Лестер на гостински терен.

Блокада на сезоната во НБА (Видео)

Залепи му „банана“ на Леброн Џејмс и стани ѕвезда. Ова му се случи на центарот Џерет Ален од Бруклин нетс. Статистичарите пресметаа дека ова е само деветти пат Џејмс да биде понижен и изблокиран при обид за забивање, а имал 1.850 такви обиди.

Овој момент за историја се случи во втората минута при гостувањето на Лос Анџелес лејкерс во „Барклејс центарот“. Џејмс силно тргна кон кошот на противникот со намера атрактивно да ја заврши акцијата, но пред него се испречи Ален, кој ја игра втората сезона во НБА. Дуелот „еден на еден“ му припадна на Ален.

На Нетс сè им оди од рака во овој период, имаат шест победи по ред, што е најдолга актуелна низа во Лигата, а сега може да се пофалат и со блокадата на сезоната во изведба на младиот Ален.

„Тој е многу помлад од мене. Ми треба многу повеќе време додека се загреам“, изјави ветеранот Џејмс, кој средбата ја заврши со 36 поени и 13 скока.

Ален е осми играч кој го изблокира Леброн при обид за забивање. Единствен кому тоа му успеало двапати е Амаре Стадемаер.