14.8 C
Skopje
вторник, 2 септември 2025
Дома Blog Страница 9498

Кошаркари на годината се Трајковски и Војдан Стојановски

Кошаркарските работници ги дадоа своите предлози за најдобрите во спортот со портокаловата топка за 2018 година, а признанијата на најуспешните ќе им бидат доделени на свеченоста во понеделник.

Најдобар кошаркар во машка конкуренција не е е еден, туку се двајца. Годинава нема категорија најдобар интернационалец, а со оглед на тоа дека Војдан Стојановски и Бојан Трајковски играат надвор, МКФ реши тие да бидат прогласени за најдобри.

Најдобра кошаркарка е Анџелика Митрашиновиќ, најдобра машка екипа е Работнички, а најдобра женска екипа е Бадел 1862. Марин Докузовски е тренер на годината кај мажите, а Срѓан Дамјановски е најтренер во женски клуб.

Најдобра машка екипа во младинските лиги е Работнички, а Струга кај младинките. Признание има и за кадетската репрезентација како најдобра млада репрезентативна екипа.

Најдобар млад кошаркар е Виктор Ефремовски, а кај девојките е Илина Селцова. Најдобар судија за 2018 година
е Игор Митровски.

Илија Несторовски ќе паузира најмалку три недели

Илија Несторовски нема да може да игра во следните три недели до еден месец. Ова е хендикеп за Палермо, кој се бори за влез во Серија А. Тој сезонава има дадено шест гола.

Снимките на магнетна резонанца покажале дека македонскиот репрезентативец има непријатна повреда од втор степен на листот на левата нога. Несторовски уште завчера почна со рехабилитација и физиотерапевтски третмани, но за него играњето во 2018 година е завршено.

Несторовски е капитен на Палермо и во таа улога денеска заедно со уште двајца соиграчи беше во посета на детска болница во Палермо. Тој на болните им посака што побрзо да оздрават и да дојдат на стадионот „Ренцо Барбера“ и да навиваат за тимот на Палермо.

Меси ја доби петтата Златна копачка

Лионел Меси денеска ја доби Златната копачка за најдобар стрелец во Европа во минатата сезона. Суперѕвездата на Барселона во шпанскиот шампионат даде 34 гола, што помножено со два носи скор од 68 поени, сосема доволно за да биде прв стрелец во Европа.

Меси по петти пат во кариерата ја освојува наградата, која своевремено ја освои и нашиот Дарко Панчев. Меси беше прв стрелец во Европа и во 2017, 2013, 2012 и 2010.

„Кога ја почнував кариерата, не очекував вакво нешто. Сонот ми беше само да бидам професионален фудбалер и по можност да бидам успешен. Играм во најдобриот тим на светот, играм со соиграчи кои се меѓу најдобрите на светот на своите позиции и тоа ми олеснува“, изјави Меси.

На церемонијата присуствуваа многу значајни личности од светот на фудбалот и раководството на Барселона, како и некои соиграчи на Меси. Наградата за најдобар стрелец во Европа од 1997 година ја доделува задружението на Европски спортски медиуми (ЕСМ), во соработка со „Адидас“, па копачката го има и знакот на овој германски производител на спортска опрема.

Зидан е фаворит за клупата на Јунајтед, клупските легенди и навивачите го сакаат Покетино

Отказот на Жозе Мурињо од Манчестер јунајтед одекна силно во фудбалскиот свет. Раководството го изгуби трпението со португалскиот стратег, па ниту 25-те милиони фунти оштета не ја спречија управата во оваа одлука.

Светските букмејкери веднаш се фатија за работа, па истакнаа неколку звучни имиња кои би можеле да го наследат Мурињо на клупата на Јунајтед. Како главен фаворит се споменува Зинедин Зидан, екстренерот на Реал Мадрид, кој по крајот на минатата сезона е слободен откако го напушти Кралскиот“ клуб.

На друга страна, клупските легенди, а и навивачите го сакаат Маурисио Покетино, предводникот на Тотенхем, да го преземе Јунајтед и да биде долгорочно решение. Засега тимот ќе го предводи Мајкл Карик, но управата нема одлучено дали ќе му даде шанса на Англичанецот до крајот на сезоната или, пак, некој друг ќе биде вршител на должноста до крајот на шампионатот.

Како привремени решенија се споменуваат Лоран Блан, поранешниот тренер на ПСЖ, но и Оле Гунар Солскјер, додека Еди Хау, менаџерот на Борнмут, исто така е земен предвид. Не треба да се заборави дека и Антонио Конте и Арсен Венгер се без ангажман, но малку е веројатно дека тие двајца би го презеле кормилото на ривалот на нивните поранешни екипи.

Според „Skybet“ :

Според „Paddy Power“:

Според „Betfair“:

Пехарот на Вардар Неготино во рацете на 92-годишен навивач

Амет Сакиров во срцето го носи Вардар Неготино, а човекот со 92 години е највозрасниот навивач на еден спортски клуб можеби и во Македонија. Станува збор за господин кој е по потекло од неготинскиот крај, а веќе 60 години живее во Истанбул. Иако шест децении е надвор од родното место, тој и до ден денеска кога е во можност доаѓа во Македонија и ги гледа мечевите на неговиот омилен ракометен клуб.

Неготинци по завршувањето на првата полусезона, се наоѓаат на прво место на табелата во Првата лига. Тие имаат 10 победи и по два порази и нерешени резултати. Амбициите на клубот за пролетниот дел се да влезе во Суперлигата и да биде дел од македонската клупска елита.

Во 14-тото коло викендов, Вардар во Неготино ја совлада Ринија со 40:30, а на тимот му беше доделен трофеј како подарок за одличната полусезона. На трофејот најмногу му се израдуваа „Винарите“ и чичко Амет. Ракометарите при позирањето со пехарот, му го дадоа пехарот на најстариот нивен поддржувач.

Клоп е „крвникот“ на Мурињо

Толку беше од Жозе Мурињо во Манчестер јунајтед. Лошите резултати на „црвените ѓаволи“ едноставно беа знак дека португалскиот стратег треба да си оди од „Олд Трафорд“. Капак на разочарувачките игри и резултати беше поразот од 3-1 во дербито против најголемиот ривал Ливерпул. Дуелот на „Енфилд роуд“ беше последен за Мурињо како предводник на Манчестер, а Португалецот по мечот мораше да му честита на колегата Јирген Клоп.

Интересно е што на Клоп не му е прв пат да „го избрка“ Мурињо од некој клуб. Кога Португалецот беше на клупата на Реал Мадрид, како една од главните причини за неговата смена беше елиминацијата од Лигата на шампионите. Кралскиот клуб тогаш со 4-1 загуби од Борусија Дортмунд, а на клупата на „милионерите“ седеше токму Клоп. Неколку дена по тој пораз, Жозе мораше да си замине од „Сантијаго Бернабеу“.

Две години подоцна, Клоп повторно беше кобен за Мурињо. Португалецот беше на клупата на Челзи, а поразот од Ливерпул со 3-1 беше еден од клучните за да добие отказ, но сепак тоа не му беше последниот неуспех како предводник на Челзи. На 14-ти декември 2015 година лондонскиот тим загуби од Лестер, па Роман Абрамович му даде отказ на Мурињо, и тоа на 17-ти декември.

Сега Клоп повторно го победи Мурињо убедливо, доволно за нов отказ, овојпат од Манчестер.

 

 

Не го пропуштајте последното коло од Спортска прогноза за 2018

Десеттата рунда од Спортската прогноза може да му донесе убав новогодишен подарок на најдобриот, или најдобрите, а во новата понуда за претстојниот викенд ви нудиме 12 натпревари од Германија, Англија, Шкотска, Италија, Шпанија, Белгија и Португалија.

Ова е последно коло од Спортска прогноза за 2018 година, а продолжуваме на 15-ти јануари со ново изненадување, на задоволство на сите прогнозери.

Во понудата најголемо дерби е Јувентус – Рома, но има и други интересни пресметки, како онаа на Рајо Валјекано и Леванте, што претставува македонско дерби, бидејќи еден против друг ќе се најдат голманот Столе Димитриевски и бомбардерот Енис Барди.

Деветтото коло донесе една 11-ка, можеби десеттото коло ќе биде среќно и ќе падне првата 12-ка, а со тоа и доделувањето на главната награда, телефон „самсунг А6“. Секако, тука се и вредносните ваучери за сите кои до крајот на викендот ќе погодат 11, 10 или 9 парови на СПОРТСКА ПРОГНОЗА.

По успешната прогноза ќе ви се прикажат вашите типувања. Сите прогнози за тековното коло, вклучувајќи ја и вашата, можете да ги погледнете тука.

Борусија останува на максимум во Менхенгладбах

Денеска и утре во вонреден термин се играат натпреварите од претпоследното, 16-то коло од првиот дел на сезоната во Бундеслигата, па повторно со своја анализа и предлог-типови за пет натпревари со Спорт Манија е редовниот гостин Александар Васоски.

„Како и секогаш, има доста интересни натпревари, првиот дел од сезоната имаше одличен фудбал во Германија и очекувам и денеска и утре да има доста возбудувања. Навивачки сакам мојот поранешен тим Ајнтрахт да го победи Мајнц во локалното дерби, кое носи и солиден ривалитет меѓу двете екипи. Апсолутни фаворити за победа во ова коло се двете Борусии и Волфсбург, а головите се некако најреална варијанта на дуелот меѓу Вердер и Хофенхајм“, вели Васоски во најава на анализата и предлог-типовите за 16-тото коло во Бундеслигата.

 

Борусија Менхенгладбах – Нирнберг (18.30 часот)

Борусија е еден од ретките тимови во Европа што ги има сите победи на домашен терен. Тимот од Менхенгладбах игра извонредно во првиот дел од сезоната, а и денеска е голем фаворит против Нирнберг. Екипа која нема ниту еден триумф на гостински терен и игра скромно во последно време.

Борусија има одлични офанзивни играчи, Торган Азар и Аласан Плеа се во топ 10 стрелците во Бундеслигата и очекувам повторно да бидат ефикасни и денеска против Нирнберг. Домашниот тим ќе нападне со цел побрзо да ги разреши сите дилеми околу победникот и да остане на второто место пред дербито со Борусија Дортмунд во последното коло од првиот дел од сезоната.

Предлог тип: 1-1&3+ (2.65)

 

Фортуна – Борусија Дортмунд (20.30 часот)

Ова е регионално дерби меѓу две екипи од градови кои се блиску еден до друг, но разликата во квалитет е голема. Апсолутно класата на Борусија Дортмунд се потврди со ефектни и ефикасни игри во досегашниот дел од Бундеслигата. Тие се единствената екипа без пораз во првенството, имаат 9 бода предност пред конкурентите и ќе одат на нова победа, со цел да ја задржат или да ја зголемат предноста пред Баерн и Борусија Менхенгладбах.

Домаќините имаат доста проблеми и со повредени играчи и тешко дека ќе успеат да го изненадат лидерот во Бундеслигата.

Предлог тип: 2&3+ (2.05)

 

Волфсбург – Штутгарт (20.30 часот)

Волфсбург е во добра серија во финишот на првиот дел, има 3 победи и реми на последните 4 натпревари, а верувам дека и вечерва ќе ја продолжи низата.

Штутгарт ги загуби сите натпревари на гостински терен со поквалитетните екипи, екипата не е во добра форма и се бори за опстанок, па се очекува победа на Волфсбург и најмалку два гола во мрежата на Зилер.

Предлог тип: 1&Т12+ (2.22)

 

Вердер – Хофенхајм (среда, 20.30 часот)

Хофенхајм во минатото коло ја прекина серијата од 8 меча со најмалку еден постигнат гол, но очекувам повторно да одигра ефикасен меч. Имаат серија од 4 нерешени натпревари, играа доста мечеви поради учеството во Лигата на шампионите и имаат еднакви шанси за победа како и Вердер.

Очекувам неизвесен меч, а, секако, головите се најдобра опција за типување бидејќи и Вердер дава, но и прима доста голови.

Предлог тип: 3+ (1.40)

 

Мајнц – Ајнтрахт (среда, 20.30 часот)

Ова е уште едно регионално дерби, а има солиден ривалитет меѓу двете екипи. Ајнтрахт ме воодушеви со игрите сезонава и како поранешен играч на овој тим навивачки ќе типувам победа против Мајнц.

Сакам да продолжи серијата одлични настапи на Ајнтрахт, кој има перспективен состав, игра без калкулации, напаѓачки и заслужено е во горниот дел од табелата.

Предлог тип: 2 (2.35)

 

 

 

Неколку потенцијални голеади низ Европа

Комбинација од натпревари од национални купови, домашни првенства и Светското клупско првенство е нашата денешна понуда од пет предлози што треба да ги играте во обложувалниците на SPORT LIFE. Квотите на денот се тука, а ви даваме и мини-анализи на пет фудбалски меча кои се интересни за прогнозирање.

 

Борусија Менхенгладбах – Нирнберг (18.30 часот)

Тука домашните се големи фаворити и не би смееле да помислат на кикс. Нирнберг има само еден бод повеќе од последниот Хановер, а ја има и најлошата одбрана во Бундеслигата (35 примени гола на 15 меча). Менхенгладбах е на второто место, има еднаков број бодови со Баерн и со победа ќе се задржи на таа позиција.

Предлог тип: 1 & 3-5 (2.40)

 

Орлеан – ПСЖ (21.00 часот)

Иако станува збор за меч од Купот и против себе имаат второлигаш, во ПСЖ нема да влезат потценувачки во овој дуел, барем такви се најавите. Орлеан во втората лига има три порази по ред и секогаш и дава и прима гол, па паѓаа барем три гола. Нападот на „светците“ е еден од најсилните на светот и би требало да има голеада.

Предлог тип: Т22+ & ГГ (2.35)

 

Порто – Мореиренсе (21.45 часот)

За тим кој игра осминафинале во Лигата на шампионите не би требало да претставува проблем да го мине осминафиналето во португалскиот куп. Порто е голем фаворит, иако и гостите играат солидно во лигата. Порто има серија од 13 победи по ред, последен пат загуби на седми октомври. Мореиренсе од 27-ми август наваму нема нерешено.

Предлог тип: 1-1 & 4+ (2.90)

 

Болоња – Милан (20.30 часот)

Домашните се во зоната на испаѓање и имаат само една победа во последните девет меча во Серија А. Милан е четврти и полека ја наоѓа играта, а откако испадна од Лигата на Европа, сега е целосно фокусиран на домашните обврски. И традицијата е на страната на Милан. Претходните два меѓусебни меча во Болоња завршија со истиот резултат, 2-1 за „росонерите“.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.95)

 

Ал Аин – Ривер плејт (17.30 часот)

За да дојде до планираното финале на Светското клупско првенство, Ривер плејт мора прво да ја прескокне полуфиналната пречка, а тоа е Ал-Аин од Обединетите Арапски Емирати. Домашните против првакот на Африка кој го поразија со 3-0 покажаа дека може да бидат незгодни, но Аргентинците се фаворити. Ривер има едно финале во ова натпреварување, во 2015 година.

Предлог тип: 2 & 3+ (2.10)

Омразениот Мурињо трпи сеир од сите страни (Фото)

Жозе Мурињо стана експерт за добивање откази, „Отпушениот“, плачко, сакал да си оди кога го видел распоредот на натпревари во февруари, славење на Марсијал и Погба. Ова се дел од коментарите со монтирани фотографии по социјалните мрежи.

Манчестер јунајтед одлучи да се раздели со тренерот со кого сезонава тимот игра многу слаба одбрана и заостанува дури 19 бода зад првопласираниот Ливерпул. Клубот потроши 500 милиони евра за засилувања, но недостасуваа резултати и трофеи.