14.8 C
Skopje
сабота, 22 ноември 2025
Дома Blog Страница 9859

Шкендија има мака да го сопре Макота

Победа е само на 45 минути до голема сензација и елиминација на Шкендија, актуелниот бранител на трофејот во националниот куп.

Јаник Макота повторно погоди за прилепчани, овојпат во Битола, а Камерунецот со француски пасош беше стрелец и во Тетово, на првиот меч што го доби Победа со 1-0.

Остануваат уште 45 минути и судиското продолжение Победа да ја сочува големата предност од 2-0 и да се пласира во полуфиналето, но и за Шкендија да се обиде да ја анулира предноста и да остане во игра за третиот трофеј на Купот во последните 4 години.

Колку е сиромашен македонскиот фудбал – Не добивме ниту еден долар оштета од ФИФА

Светската куќа на фудбалот, ФИФА, почна со исплата на парите како оштета за клубовите кои имаа свои играчи на Мундијалот во Русија, но за македонскиот фудбал нема ниту еден долар. Ниту еден играч од нашето првенство не настапи на СП, а и македонската фудбалска репрезентација беше далеку од пласман на Мундијалот што се одигра летово.

Просечен квалитет на странци, кои најчесто не играат за своите репрезентации или го носат дресот со национални обележја на земји кои се далеку од големо натпреварување, не остави на дното на Балканот, а од Европа сме далеку.

Најмногу пари како оштета од ФИФА ќе добие Манчестер сити, точно 5 милиони долари, а зад англискиот шампион е актуелниот европски првак Реал Мадрид со инкасирани 4,8 милиони долари. Тотенхем е трет по бројот на играчи што настапуваа летово на Мундијалот во Русија со заработка од 4,39 милиони долари, а потоа е Барселона со 4,15 милиони долари.

Во регионот, односно во земјите на поранешна Југославија, најмногу пари ќе добие Динамо Загреб, точно 680.615 илјади долари, а Риека е зад популарните „модри“ со 547.605 илјади долари.

Интересна е ситуацијата во Србија, каде што Црвена ѕвезда со два играчи кои настапија на СП ќе добие околу 330 илјади долари, пред Партизан, екипа што имаше еден репрезентативец повеќе, но ќе добие помалку пари. „Црно-белите“ очекуваат од ФИФА прилив од 246,2 илјади долари.

Еден од критериумите се и настапите на Мундијалот, па Родиќ и Радоњиќ, кои играа повеќе од триото на Партизан (Стојковиќ, Миленковиќ и Живковиќ), ќе ѝ донесат повеќе пари на Црвена ѕвезда.

Македонскиот фудбал ќе ја чека следната шанса, со евентуален подвиг на македонската репрезентација и пласман на некој од наредните Мундијали или со ангажман на поквалитетни странци во клубовите од Првата лига.

Лоша вест за Рома: Џеко паузира 20-тина дена

Повредата која Един Џеко ја заработи на дуелот против Реал Мадрид во Лигата на шампионите сепак не е наивна и толку несериозна. По направените дополнителни лекарски прегледи, било констатирано дека на Џеко му е потребно мирување во следните 20-тина дена.

Напаѓачот на „римската волчица“ сигурно нема да биде на теренот за дуелот против Калјари, а ќе ги пропушти и средбите против П’лзењ во Лигата на шампионите, како и средбите против Џенова и Јувентус во Серија А. Се очекува тој да се врати на теренот за дуелот против Сасуоло, кој е закажан за 26-ти декември.

Џеко сезонава одигра вупно 16 меча за Рома во Серија А и во Лигата на шампионите и има биланс од седум погодоци и четири асистенции, што покажува дека е една од најважните алки во тимот на калчолигашот кој се бори за висок пласман во Серија А.

 

Суботица ќе падне во среда под налетот на српскиот гигант

Среда е разиграна со вонредните кола во англискиот и францускиот шампионат, има и натпревари во Србија, а во неколку земји се играат и куп-натпревари. Понудата е богата, а ние одбравме пет натпревари од три различни првенства.

 

Спартак Суботица – Црвена ѕвезда (16 часот)

Црвена ѕвезда ќе игра во Суботица, а со мислите полека се насочуваат кон последниот меч во фазата по групи против Пари Сен Жермен во Лигата на шампионите.

Во српското првенство „црвено-белите“ се неприкосновени и по 18 кола, имаат 9 бодови предност пред второпласираниот Раднички Ниш и цели 13 повеќе од вечниот ривал Партизан.

Денеска против Спартак нема да игра Ненад Крстичиќ, но гостите имаат одличен ростер и лесно ќе најдат замена. Домаќините се во долниот дел од табелата, а последните три меѓусебни дуели со Црвена ѕвезда ги губеа со негатива уште на полувремето.

Предлог тип: T2 1+I & Т2 2+ (1.80) Квота на денот

 

Барнли – Ливерпул (20.45 часот)

Барнли го плаќа европскиот данок и по 14 кола е претпоследен во Премиер лигата. Играа во квалификациите за Лигата на Европа, што им беше прв европски настап по повеќе од половина век, но очигледно е дека немаат голем избор на квалитетни играчи за да го издржат пеколното темпо што го наметнува играњето во Премиер лигата.

Барнли имаше и сè уште има големи проблеми со повреди на играчите, па Шон Дајш постојано е на мака како да го состави тимот.

Ливерпул игра одлично сезонава, сè уште е без пораз во англискиот шампионат и е голем фаворит денеска против Барнли. Можно е Садио Мане да не игра, веројатно ќе паузираат и Робертсон и Лалана, можеби и уште некој фудбалер од првата постава, но „црвените“ од Енфилд не би требало да имаат проблеми да го победат годинава скромниот тим на Барнли.

Предлог тип: 2&0-29 минута (2.20) Квота на денот

 

Манчестер јунајтед – Арсенал (21 часот)

Арсенал нема победа на „Олд Трафорд“ од деветти март 2015 година, а гостувањата на храмот на фудбалот на „топчиите“ им е едно од најтешките во Премиер лигата.

Ривалитетот е голем, се засили во новиот милениум со неколку митски натпревари меѓу двата тима. Во моментов Арсенал е во подобра форма, но Јунајтед е домаќин, па донекаде шансите се израмнети. Последните два меча ги доби Манчестер, еден дома, еден на гостински терен и може да се потпре на традицијата.

Арсенал, во препознатлив стил, игра офанзивен фудбал и со Унаи Емери како кормилар, а на последните 20 натпревари само Спортинг Лисабон успеа да ја сочува мрежата од опасните и ефикасни „топчии“.

Предлог тип: 1Х&2-4 (2.30) Квота на денот

 

Фулам – Лестер (20.45 часот)

Клаудио Раниери ќе биде во фокусот, како сегашен менаџер на Фулам и поранешен на Лестер. Тој е човекот што испиша историја со Лестер и го доведе тимот на сензационален начин до првата титула во Премиер лигата во сезоната 2015/16.

Стартот на клупата на Фулам му беше одличен со победата против Саутхемптон, но потоа повторно на виделина излегоа сите слабости на тимот од Лондон во поразот од Челзи.

Раниери е искусен тренер, но прашање е дали може на кус рок да ги среди работите во таборот на Фулам. Клуб кој потроши многу пари во летниот преоден рок и наместо битка за Европа, е на дното на Премиер лигата.

Домаќините имаат квалитет, бодови се собираат со напаѓачка игра, а Лестер има лек за екипи што напаѓаат. Популарните „лисици“ веројатно ќе играат без двајцата репрезентативци, Варди и Мекгваер, но и немаат пораз на пет меча по ред и можат да го прегрмат и гостувањето на „Крејвен котиџ“.

Предлог тип: Х2&3-6 (2.75)

 

Стразбур – Пари Сен Жермен (21 часот)

Стразбур игра одличен фудбал и е мошне незгодна екипа, која тешко се победува. Особено добро играат во последно време, а најдобро тоа го почуствува Рен, екипата што беше декласирана дома со 4-1 во претходното коло од француското првенство.

На „Стад де ла Меино“ денеска ќе им гостува најдобрата екипа во Франција, Пари Сен Жермен. „Светците“ во минатата рунда ја завршија импресивната серија од 14 победи по ред, со реми против Бордо, а останаа и без Нејмар, кој е повреден. Можно е вечер и Мбапе да не игра, што би бил голем хендикеп за ПСЖ.

Сепак, гостите се фаворити, а Стразбур ќе биде опасен противник и има потенцијал да им пружи силен отпор на гостите од Париз. На последните два меча меѓу овие две екипи имаше вкупно 13 голови, а и вечерва е можно гол-шоу во Стразбур.

Предлог тип: ГГ1 (4.33)

 

 

 

Спортска прогноза: Милан се залета, но дали ќе го победи Торино?

Минатата недела Милан ги израдува своите навивачи победувајќи ја Парма со 2-1. Благодарение на трите бода, но и на поразот на Лацио, „росонерите“ конечно успеаја да се најдат на четвртото место во Серија А, кое води во Лигата на шампионите. Иако има уште многу да се игра, оваа четврта позиција е една од најпосакуваните, ако се знае дека првото место уште од сега е речиси сигурно резервирано за Јувентус.

Следниот предизвик на Милан е средбата против Торино на „Сан Сиро“. Токму овој меч е и еден од 12-те кои се на понудата на Спортска прогноза во новото коло. Милан е речиси непогрешлив на свој терен сезонава. Во седум дуели има пет победи и по едно реми и пораз. „Росонерите“ се и фаворити против Торино, но и гостите имаат свој адут. Торино и Јувентус се единствените два тима без пораз на гостински терен. Нивниот боланс на гости е две победи и пет нерешени, па ќе биде многу интересно да се види дали ќе продолжи таа серија и по гостувањето на „Сан Сиро“.

Сите играчи на Спортска прогноза ќе имаат можност до почетокот на Барнли – Брајтон во сабота, во 16 часот, да ги дадат своите прогнози на понудените 12 мечеви. Понудата за ова коло е на дуели од топ 5 земјите каде што се игра најдобар фудбал во Европа.

Дали токму овој викенд ќе имаме перфектен прогнозер, останува да чекаме до понеделник, кога ќе се одигра и последниот меч од ова коло меѓу Евертон и Ватфорд во 21 часот. Секако, ќе има и вредносни ваучери за сите кои до крајот на викендот ќе погодат 11, 10 или 9 парови на СПОРТСКА ПРОГНОЗА.

По успешната прогноза ќе ви се прикажат вашите типувања. Сите прогнози за тековното коло, вклучувајќи ја и вашата, можете да ги погледнете тука.

 

Серена Вилијамс се чекираше за Мелбурн, ќе атакува на осма титула на Отвореното првенство на Австралија

Серена Вилијамс ќе се врати на терените во Мелбурн и по едногодишна пауза, повторно ќе игра на Отвореното првенство на Австралија. Првиот Гренд слем во сезоната ќе се игра од 14-ти до 27-ми јануари, а Серена го потврди учеството.

Помладата од сестрите Вилијамс има 7 трофеи на австралиското тениско првенство, а лани не играше. Паузата беше поради породувањето.

Отвореното првенство на Австралија ќе го има 107-мото издание на турнирот, а титулите ќе ги бранат Каролина Возњацки кај дамите и Роџер Федерер во машка конкуренција.

Серена претходно ќе игра на Хопман купот, турнир што се игра во Перт.

 

Навивачите на Бока со фешта ги испратија фудбалерите кон Мадрид (Видео)

Реванш-мечот од финалето на Купот Либертадорес конечно ќе се одигра на деветти декември во Мадрид. Фактот дека дуелот ќе се игра на „Сантијаго Бернабеу“, а не на „Монументал“ во Буенос Аирес, ја намалува големината на спектаклот. Сепак, навивачите на Бока се потрудија на вистински начин да ги испратат своите миленици кон Шпанија.

Илјадници фанови на Бока излегоа на улиците да ги испратат фудбалерите на Бока и им порачаа дека очекуваат да го доведат трофејот, наменет за најдобриот тим во Јужна Америка.

Првиот меч на „Ла Бомбонера“ заврши 2-2, што значи дека мора да има победник во реваншот. Ривер ќе ја има улогата на домаќин, но во финалето на Купот Либертадорес не важи правилото на даден гол во гости, што значи дека ако по 90 минути биде нерешено, ќе има дополнителна драма.

 

Азар доби понуда која нема да може да ја одбие

Реал Мадрид веќе две години се обидува да го доведе Еден Азар од Челзи. Најдобриот играч на лондонскиот тим е голема желба на Кралскиот клуб, но многу веројатно e дека ако Азар го облече дресот на Реал, ќе станат уште помали. Челниците на Челзи подготвија понуда за продолжување на договорот на Азар, кој ќе го направи да биде најплатен фудбалер во историјата на клубот.

Челзи му нуди останување на Азар на „Стемфорд бриџ“ со неделна плата од неверојатни 300.000 фунти. Тренерот на Челзи, Маурицио Сари, се надева дека Белгиецот ќе ја прифати оваа понуда.

„Знаете колку е Азар важен за нашиот тим. Тој е посебен играч. Од клубот му понудија нов договор, па сега останува тој да одлучи дали ќе го прифати. Знам дека преговорите траат веќе неколку недели, а доколку има нешто ново, сигурно тоа ќе го објавиме“, вели тренерот на Челзи, Сари.

Азар дојде во Челзи во 2012 година од тимот на Лил, а тогаш Белгиецот го одбра англискиот тим иако имаше понуда и од Реал Мадрид.

 

Мадрид очекува заработка од 25 милиони евра од Суперкласико

Мадрид е подготвен за суперспектаклот што неочекувано ќе го организираат во недела, а од реванш-мечот во финалето на Копа Либертадорес меѓу Ривер плате и Бока јуниорс заработката ќе биде околу 25 милиони евра, тврди професорот за маркетинг, Жаиме Фортуњо.

„Тоа е вистински спектакл што ќе привлече многу фудбалски симпатизери. Очекувам приходот што ќе го оствари градот Мадрид да биде околу 25 милиони евра. Половина од тие пари ќе се потрошат за сместување и за хотели, 20 проценти од заработката ќе имаат рестораните, а, секако, ќе има зголемена продажба на сувенири и слични трошоци што ќе ги направат гостите“, вели Фортуњо.

По инцидентите пред реваншот што требаше да се игра на стадионот „Ел Монументал“ на Ривер плате во Буенос Аирес, Јужноамериканската конфедерација доби понуда од Мадрид и ја прифати, реваншот да се игра на деветти декември, во недела, од 20.30 часот на „Сантијаго Бернабе“.

Најавена е зголемена безбедност поради опасните навивачи на двете екипи, а се очекува да бидат ангажирани околу 2 илјади припадници на силите за безбедност во Мадрид.

Првиот меч на „Ла Бомбонера“ заврши нерешено, 2-2, а во финалето на Копа Либертадорес не важи правилото за повеќе постигнати голови на гости при израмнет вкупен резултат, па би имало пенали ако и во Мадрид биде нерешено.

Прилепчани веруваат во чудо, решение на проблемите е елиминација на Шкендија во Купот

Победа со предност од 1-0 го почнува реванш-мечот со Шкендија денеска, во Битола, од 13 часот, а елиминација на актуелниот бранител на трофејот во Македонскиот куп би ги решил проблемите кај прилепчани.

Двете екипи зачестија со меѓусебните средби во последно време, а Победа приреди две изнанедувања против Шкендија, со триумф во првенството и во првиот меч од Купот. Но, потоа стигнаа и проблемите кај прилепчани.

Покрај тоа што долго играат како домаќини на различни стадиони низ Македонија, ги тресе и финансиска и резултатска криза. Нанижаа пет порази по ред, го сменија тренерот Мегленски, па поранешниот македонски репрезентативец Јане Николоски ќе се обиде да најде лек за елиминација на моментно најдобрата екипа кај нас.

Шкендија пред две недели ја надигра Победа на „Кукуш“ во Турново и ќе се обиде да стигне барем до идентичен триумф од 2-0, за да ја продолжи одбраната на круната во Купот.

Идентична предност како Победа има и Македонија Ѓорче Петров пред реваншот со Работнички. Скопското дерби ќе се игра на националната арена „Филип Втори“, исто така од 13 часот.

Во истиот термин Беласица во Струмица ќе се обиде да ја запечати предноста од 2-0 против Силекс по триумфот на првиот меч во Кратово, а два гола предност има и Академија Пандев против Кораб. Дебарчани се единствениот тим во октетот најдобри што не се прволигаши и ќе се обидат на свој терен да приредат подвиг и да анулираат негатива од 1-3.