20.8 C
Skopje
вторник, 2 септември 2025
Дома Blog Страница 9500

Деветто реми за Билбао сезонава

Алавес и Атлетик Билбао одиграа реми без голови во последниот натпревар од 16-тото коло во Ла Лига. На стадионот „Мендизороца“, Алавес останува непоразен сезонава, па со вечерашниот освоен бод се израмни со Бетис на шестото место, со по 25 бода.

Катастрофалната сезона за Билбао продолжува, го забележа вкупно деветтото реми во шпанскиот шампионат по 16 натпревари, а по ова коло ќе остане во црвената зона само со 15 освоени бода, исто колку што има и Вилјареал.

„Минималец“ на Аталанта против Лацио

Аталанта со минимални 1-0 го совлада Лацио за седма победа сезонава во Серија А, само четврта на домашен терен. Избраниците на Џанпјеро Гасперини тргнаа фуриозно по првиот судиски свиреж, па веќе по 58 секунди ја затресоа мрежата на „лацијалите“.

Дуван Запата беше човекот на одлуката, кој ја искористи лошата интервенција на Раду и ја смести топката зад грбот на Стракоша. Лацио успеа да постигне гол, и тоа во самиот финиш на средбата, но голот на Ачерби беше поништен со помош на ВАР, дефанзивецот на гостите беше во недозволена позиција.

По четири последователни ремија, Лацио веќе петти меч не знае што е тоа триумф, додека Аталанта со освоени 24 бода се наметна во топ 6 во Серија А.

https://www.youtube.com/watch?v=30vfJzxjP14

Скопје домаќин на кадетско ЕП од Дивизија А

Македонската кошаркарска федерација во летото 2019 година ќе биде организатор на две младински европски првенства. По добивање на правото за организација на ЕП за кошаркарки до 18 години (Дивизија Б), централниот одбор на ФИБА на вонредна средба одлучи да ја прифати кандидатурата на МКФ за организација на уште едно првенство идната година, и тоа од Дивизија А, првенство на кое нема да учествува македонска репрезентација.

„Ова е уште едно признание за нас од страна на ФИБА, доказ дека во изминативе години бевме одлични организатори на ЕП од младински категории потврдено е и препознаено од ФИБА со тоа што за првпат се доделува организација на ЕП од Дивизија А, а да не сме учесници на тоа. Заедно со претседателот Петар Наумоски го искористивме патувањето на ждрепката во Белград, преку добрите конекции и односот со раководните луѓе на ФИБА-Европа, се договоривме за уште една соработка. Ова е добар тест доколку во иднина ни се отвори можност за организација на европски, па и на светски првенства од највисок ранг“, вели генералниот секретар на МКФ, Моника Гаврилоска.

Европското првенство за кадетки ќе се одигра во Скопје, во периодот од 22-ри до 30-ти август.

Јакинта го предизвика Мекгрегор: Реванш со Хабиб само преку мене

Американскиот борец во лесна категорија, Александер Јакинта, или попознат како Ал, го предизвика Конор Мекгрегор да се бори со него пред Ирецот да го добие посакуваниот реванш против Хабиб Нурмагомедов.

Јакинта завчера по пет рунди го совлада Кевин Ли со повеќе собрани поени, а по самиот меч испрати порака до Мекгрегор.

„Бесмислица е ако Мегрегор смета дека ќе добие реванш со Нурмагомедов без да се бори против мене. Конор прво мора мора да влезе во октагонот и да ме победи ако сака да добие шанса за одмазда со Хабиб“, истакна Јакинта.

Мекгрегор во октомври годинава претрпе пораз од Нурмагомедов во четвртата рунда, спектаклот кој се одржа во Лас Вегас, откако по паузата од 693 дена, се врати во октагонот.

Ливерпул прави супертим – Асенсио доаѓа во јануари

Сѐ оди во нагорна линија за Ливерпул сезонава. По 17 натпревари во Премиер лигатам се наоѓаат на врвот на табелата, пласманот во нокаут-фазата од ЛШ го обезбедија откако го совладаа Наполи во клучниот меч (1-0), а викендов го уништија ривалот Манчестер јунајтед на „Енфилд“ со 3-1.

Меѓутоа, Јирген Клоп нема да застане тука, има желба да доведе едно екстра засилување во јануари, со кое тимот ќе биде уште посилен. Имено, медиумите од Островот велат дека Ливерпул ќе ги троши сите предвидени средства за Марко Асенсио, офанзивецот на Реал Мадрид. Дури е и спомената сума, наводно ќе понудат 120 милиони евра за услугите на Шпанецот.

Германскиот стратег се обиде да го откупи Асенсио изминатото лето, но како што истакна Едуардо Инда, шпанскиот новинар, Реал ја одбил понудата од 180 милиони евра. Сега европскиот првак наводно ќе се согласи да го продаде шпанскиот крилен играч, откако неговата форма драстично опадна.

До отворањето на јануарскиот фудбалски пазар има уште две недели, па останува да се чека расплетот за оваа трансфер-сага.

Највулгарната прес-конференција на Балканот (видео)

Спрскиот прволигаш Напредак денес со пораз од Раднички Ниш со 2-1 го заврши првиот дел од српската Суперлига. Тренерот на гостите, Ненад Лалатовиќ, на прес-конференцијата по мечот тотално полуде уште пред да му бидат поставени прашања од новинарите, па почна да навредува и да пцуе.

При почетокот на пресот, застапникот на Напредак му постави прашање на Лалатовиќ за кого бил наменет средниот прст, а овој тотално полуде.

Лалатовиќ своевремено ја предводеше репрезентацијата на Србија до 21 година на Европското првенство кое се одигра во Полска 2017 година, каде што во групата играа против селекцијата на Македонија.

https://www.youtube.com/watch?v=AJeIQA7Bpc0

Росицки е нов спортски директор на Спарта Прага

Томаш Росицки од денес е нов спортски директор на Спарта Прага. Легендарниот чешки фудбалер ќе го замени Зденек Шчасни, кој ќе остане во клубот и ќе биде на чело на стручниот штаб.

Еден од најстарите клубови од Источна Европа се наоѓа во големи проблеми, односот меѓу управата, играчите и навивачите е сведен на минимум, а Росицки во улога на пожарникар ќе го гаси огнот, односно ќе се обиде да ја врати Спарта на стариот пат.

Прашкиот клуб сезонава игра далеку под своите можности. По 19 натпревари во првенството, се наоѓа на петтата позиција со 32 бода, заостанува цели 16 бода зад лидерот Славија Прага.

Голот во 92-рата минута го расипа камбекот на Ерсун Јанал во Фенербахче

Фенрбахче ремизираше со конечни 2-2 против Ерзурум во мечот од рамките на 16-тото коло во турскиот шампионат. Враќањето на Ерсун Јанал на клупата на гигантот од Истанбул можеше веднаш да донесе позитивен резултат, но гостите со гол во судиското надополнување успеаја да избегнат пораз.

Домаќините има предност од два гола по првите 30 минути игра. Ају реализираше во 18-тата минута, пред Шкртел да погоди за 2-0 само девет минути подоцна. Сепак, и покрај негативата од два гола, фудбалерите на Ерзурум не се предадоа. На стартот од вториот дел, Басан намали на 2-1, а Тај во втората минута од судиското надополнувње израмни и го постави конечниот резултат.

Фенербахче и по четири последователни средби не успева да издвои победа во турското првенство, па со 10 бода, исто колку што има и Ерзурум, останува при дното на табелата, поточно на 15-тото место.

Бока јуниорс доведе неискусен тренер

Раководството на Бока јуниорс се одлучи да го постави Николас Бурдисо за нов тренер на екипата. Јужноамериканскиот вицепрвак му врачи отказ на Гилјермо Скелото по поразот од лутиот ривал Ривер плејт во финалето на Либертадорес купот, па од таборот на клубот одлучија да му дадат шанса на неискусниот Бурдисо, кој воедно е дете на Бока.

Бурдисо ја заврши професионалната фудбалска кариера во октомври годинава, откако минатата сезона ја помина во дресот на Торино. Триесет и седумгодишниот новопечен тренер за првпат ќе се проба на оваа функција.

Бурдисо потекнува од академијата на Бока, а со аргентинскиот гигант има освоено три титули во Либертадорес купот, пред да ја продолжи кариерата во Европа, поточно во Италија. Во богатата кариера, Бурдисо ги бранеше боите на Интер, Рома и Џенова, како и на веќе споменатиот Торино.

Јунајтед ја активираше клаузулата за Марсијал

Ентони Марсијал ќе остане во Манчестер јунајтед најмалку до 2020 година откако клубот денес ја активираше неговата клаузула. Според потпишаниот договор, кој првично му истекуваше во јуни 2019 година, Јунајтед имаше можност да ја продолжи соработката со Французинот на уште една година, па денес раководството одлучи да го стори тоа.

Тоа го направија и со Давид де Хеа пред еден месец. Претставниците на Марсијал сега се обидуваат да изнудат нов договор за нивниот клиент и да ја осигурат неговата иднина на „Олд Трафорд“ и по 2020 година.

Дваесет и тригодишниот крилен офанзивец сезонава е еден од подобрите играчи во тимот, иако претходно се шпекулираше дека ќе го напушти Јунајтед поради влошените односи со Жозе Мурињо. Но, очигледно е дека такви несогласувања не постојат, а Марсијал ја користи секоја шанса да докаже дека заслужува да биде во стартните 11.