20.8 C
Skopje
понеделник, 1 септември 2025
Дома Blog Страница 9501

Реал го „изгоре“ за добивка од 60.000 евра!

Кога се работи за обложувалниците, постојат многу муабети како тоа само за еден меч некој ќе добиел голема сума пари. Сепак, тоа што му се случило на еден обложувач во Хрватска, навистина е за неверување.

Во градот Имотски уште минатиот понеделник било уплатено ливче за цела недела на кое имало дури 35 парови. Уплатата била за 10 хрватски куни (приближно едно и пол евро), а добивката изнесувала 444.031 куни односно речиси 60.000 евра.

На неверојатното ливче најголем бил коефициентот на победа над Динамо против Хајдук (1.50), додека сите останати имале помал коефициент. Последен меч бил синоќешниот дуел на Леванте и Барселона, кој го доби каталонскиот гигант со убедливи 5-0.

Откако станало јасно дека ја погодил и победата на Барселона против Леванте, на ливчето останал само еден незаокружен пар. Поразот на Реал Мадрид од ЦСКА Москва на „Сантијаго Бернабеу“ е причината за неосвоените 60.000 евра. Кралскиот клуб веќе беше сигурен на првото место во групната фаза од Лигата на шампиони, па мечот против ЦСКА му беше неважен.

Очекувано беше Реал да победи, и тоа на коефициент 1,23, но тоа не се случи. ЦСКА му го нанесе најголемиот пораз на мадридскиот гигант на свој терен во Европа (3-0), но што е поважно, донесе очај кај хрватскиот типувач, кој остана без посакуваните 60.000 евра.

МЗТ и во Словенија замина некомплетен

Игра како на гостувањето кај Спарс во претходното коло треба да биде примерот кој ќе го следат во МЗТ Скопје Аеродром ако сакаат да го добијат и утрешниот меч против словенечки Хелиос во втората АБА-лига. „Штрковите“ во Домжале играат од 19 часот и повторно ќе бидат некомплетни како пред неполна недела во Сараево, но во последно време веќе се навикнаа да се борат со скратени сили.

„Хелиос е квалитетен тим, формата им е во нагорна линија. Имаме проблеми со ростерот, но тоа е нешто што самите ќе мора да го решиме. Ќе пробаме да одиграме како против Спарс и ако успееме во тоа, тогаш ќе имаме сериозни шанси да дојдеме до уште една победа на гости“, најавува капитенот Дамјан Стојановски.

Тренерот на Хелиос санс, Дејан Јакара, вели дека индивидуално, МЗТ е најдобар тим во АБА 2 лигата и го има најефикасниот напад, па нема да им биде лесно да ја запрат брзата игра на македонскиот претставник. Хелиос, предводен од засилувањето Блаж Махкович, ја победи Олимпија во словенечкото првенство и тоа покажува дека задачата на тимот на тренерот Кочов нема да биде лесна.

Ако некој „крал“ биде исклучен во Абу Даби, нема да игра со Ајакс

Измените во правилата на Светското клупско првенство предвидуваат казни за фудбалерите во други меѓународни натпреварувања, доколку тука бидат санкционирани.

Со други зборови, во Реал Мадрид биле информирани дека доколку некој играч биде исклучен во евентуалното финале во Абу Даби, тој играч нема да има право на настап на наредниот интернационален натпревар, во случајов првиот со Ајакс од осминафиналето од Лигата на шампионите.

Во минатата сезона, последниот меч во календарската година за Реал беше против Барселона, а со оглед на тоа дека имаше еден исклучен фудбалер на Светското, тој не можеше да настапо на Ел Класико. Сега санкцијата ќе се пренесе само на меѓународен меч кој го организира УЕФА.

Инструкторот на ФИФА, поранешниот колумбиски судија Оскар Руис, им ги претставил на луѓето од Реал и другите новости. Ако се прави замена, играчот не мора да оди да се поздрави со тој што влегува на негово место, туку може и да го напушти теренот на најблиската аут-линија до која се наоѓа во моментот.

Реал в среда го игра полуфиналето на Светското клупско првенство против азискиот првак Кашима од Јапонија и ако нема изненадувања, во финалето треба да се сретне со Ривер плејт.

Германците и Англичаните првпат во троен дуел, Меси му се радува на Лион

Ждрепката за осминафиналето од Лигата на шампионите донесе дури три англиско-германски двобои и ова е првпат во историјата да има три соочувања во иста фаза помеѓу клубови од овие две земји кои се големи фудбалски ривали.

Иако заедно имаат 10 титули европски прваци, Баерн првпат ќе игра со Ливерпул во ЛШ. Баерн имал соочувања против Јирген Клоп додека тој ја водеше Борусија, има позитивна традиција со англиските тимови, пред сè, со Арсенал, но сега ќе има тешка задача против европскиот вицепрвак, иако реваншот ќе го игра дома. Дресот на Баерн го носат Роберт Левандовски и Матс Хумелс, кои играа за Борусија кога тренер беше Клоп.

Манчестер сити го доби Шалке, што значи враќање за Лерој Сане на стадионот каде што ја почна сениорската кариера. Сане од 2014 до 2016 година има дадено 11 гола во дресот на Шалке. Сити го има победено Шалке во 1970 година, кога го освои својот единствен европски трофеј, тогаш во Купот на победниците на куповите.

Тотенхем и Борусија Дортмунд лани беа во иста група во ЛШ, англискиот тим беше поуспешен во двете пресметки, а петте гола беа дело на Хари Кејн и Кореецот Сон.

Од англиските тимови, само Манчестер јунајтед не доби германски ривал. „Ѓаволите“ одат на непозната територија, бидејќи никогаш претходно не играле против Пари Сен Жермен.

Интересен куриозитет е поврзан за Барселона и Лион. Лионел Меси својот прв гол од пенал во Лигата на шампионите го има постигнато токму против Лион. Тоа се случи во ноември 2007 година, на стадионот „Жерлан“ во Лион. Овие два тима меѓусебе играле шест пати и Лион никогаш не победил.

Освојување на прво место во групата не му донесе некоја среќа и лесен ривал на Јувентус, но тимот од Торино сега во своите редови го има Кристијано Роналдо, кој против Атлетико Мадрид има дадено 22 гола во кариерата, а и последниот европски хет-трик му беше против „јорганџиите“.

Актуелниот првак Реал Мадрид ги има добиено последните шест соочувања со Ајакс, но во единствениот случај кога овие тимови играа елиминации, во 1973 година, понатаму се пласираше холандскиот гигант, тогаш предводен од Јохан Кројф.

Во НБА договараа размени, а мислеле на различни играчи

Екипите на Мемфис гризлис, Вашингтон визардс и Феникс санс неколку дена договараа размена на неколку играчи, а на крајот договорите пропаднаа поради неверојатно недоразбирање. Едните мислеле да дадат еден играч, а другите сакале да доведат друг играч.

Феникс сакал да го даде Тревор Ариза, кој летоска дојде како големо засилување, но ги разочара „сонцата“. Договорот бил Ариза да замине во Вашингтон, а во спротивна насока да отидат Остин Риверс и Вејн Шелдон. Во целиот тој „трејд“ се вклучи и Мемфис, каде што требало да замине Кели Обре Јуниор, а „гризлите“ во Феникс да го дадат Дилон Брукс. На крајот, дел од трансферите не се остварија, и тоа поради недоразбирање.

Феникс во своите редови очекувал да дојде Дилон Брукс, а Мемфис планирале да го пратат Маршон Брукс. Откако двата тима сфатиле дека се работи за играчи со исто презиме, но се работи за различни кошаркари, размената била сопрена.

Сепак, Феникс успеа да го освари договореното со Вашингтон, па Ариза е нов играч на тимот од главниот град на САД, а во „сонцата“ останаа Остин Риверс и Обре Јуниор.

 

 

 

Четири години по ред – Реал Мадрид и 2018 ја заврши на врвот

Реал Мадрид четврта година по ред е фудбалскиот клуб со најдобар коефициент на ранг-листата на УЕФА. Кралскиот клуб ги заврши 2015, 2016, 2017 и сега и 2018 година на врвот, а има 144.000 поени, пред Баерн и Барселона, кои се зад него со коефициент од 127.000 поени.

На четвртото место е Атлетико Мадрид со 125.000 поени, пред ривалот во осминафиналето во Лигата на шампионите, Јувентус со 120.000 поени.

Од македонските клубови, најдоброрангирана е Шкендија на 177-мото место на кое ја завршува 2018 година, пред Вардар на 208-мата позиција и Работнички како 239-то пласиран клуб во Европа.

Од 361-во до 366-то место еден до друг се наредени Шкупи, Пелистер, Силекс, Ренова и, што е интересно, Металург и Турново, екипи кои веќе не се натпреваруваат во ниту еден ранг на натпревари во Македонија.

Репрезентативец на Косово збесна и направи лом (Видео)

Бењамин Кололи ќе биде казнет по инцидентот што го приреди откако беше заменет од Лудовик Мањин на мечот меѓу Цирих и Лугано.

Кололи е репрезентативец на Косово и веројатно ќе игра против Македонија во полуфиналето во Сегментот Д од Лигата на нациите, а во бес го искрши лимениот кров што ја покрива резервната клупа на Цирих.

Мањин одлучи да го замени репрезентативецот на Косово и играч на Цирих, а Бењамин луто реагираше. Одби да се поздрави со тренерот и потоа направи лом. Мечот заврши без голови, а за реакцијата на косовскиот репрезентативец е најавена казна од челниците на Цирих.

Погледнете ја реакцијата на Кололи.

Убав предизвик за ракометарките, инкасираа 10 илјади евра, ќе добијат уште 30 илјади за пласман на СП

Челниците на Ракометната федерација на Македонија се задоволни од настапот на нашата женска репрезентација во квалификациите кои се успешно апсолвирани и одлучија да ги наградат ракометарките со 10 илјади евра.

Успех против Словенија во јунските два бараж-дуели нè носи на Светското првенство во Јапонија, а ќе им донесе и дополнителен бонус на репрезентативките од 30 илајди евра.

„Сакаме да сториме сè што е во наша моќ ракометарките да ги имаат сите услови за успешен настап во баражот“, изјави Живко Мукаетов, првиот човек на Ракометната федерација на Македонија.

Ќе им бидеме домаќини на Словенките во терминот од 31-ви мај до втори јуни, а реваншот ќе се игра на осми или деветти јуни следната година.

Македонските кикбоксери сјаеја со медалите освоени на Балкан бест фајтерс

Македонскиот кикбокс клуб Шампион е втор најуспешен клуб на меѓународниот турнир Балкан бест фајтерс, кој викендов се одржа во Ниш. Шампион се врати со 17 медали, од кои имаше по осум златни и сребрени медали, како и една бронза.

На турнирот имаше повеќе од 1.000 натпреварувачи од 15 земји. Медалите за македонскиот тим ги освоија:

-32 кг кик лајт
Туркер Исмаил – злато
+47 кг кик лјат
Нелсон Узеир – злато
-70 кг кик лајт
Томислав Павловски – сребрен
-60 кг кик лјат
Миа Тодорова – злато
-57 кг – К1
Марко Тодоров – сребро
56,5 кг кик лајт
Даниел Наневски – сребро
-60 кг К1 и лоу кик
Викторија Варадинова – злато, злато
–55 кг кик лајт
Андреа Костовска – злато
-60 кг кик лјат
Мимоза Стаменковска – злато
-50 кг кик  лјат
Силвана Вељановска – сребро
-65 кг кик лајт
Цецилија Велковска – сребро
-84 кг кик лјат 
Елвир Али – бронза
-81 кг К1
1.Бобанчо Илиоски – злато
-71 кг лоу кик
Игор Ставревски – сребро
Христијан Ангелов – сребро
-38 кг кик лјат
Давид Вениќ – сребро

Лацио против Севилја ќе биде дерби во Лигата на Европа

Стефан Ристовски и Спортинг добија тежок противник и ќе мора да го елиминираат Вилјареал во дербито на Пиринеите за да играат во осминафиналето во Лигата на Европа.

Големото дерби сепак ќе се игра во Рим и во Севилја, а меѓусебе ќе играат Лацио и Севилја, екипа која пет пати го има освојувано трофејот и е рекордер.

Аријан Адеми ако остане да игра за Динамо Загреб, ќе патува за П’лзењ на мегдан кај чешката Викторија, Елиф Елмас со Фенербахче ќе игра двомеч против Зенит, а Дејан Илиев со Арсенал ќе го има за ривал Бате Борисов.

Финалето во Лигата на Европа ќе се игра во Баку.

Еве ги сите двојки за нокаут-фазата во Лигата на Европа:

П’лзењ – Динамо Загреб

Бриж – Салцбург

Рапид Виена – Интер

Славија Прага – Генк

Краснодар – Баер Леверкузен

Цирих – Наполи

Малме – Челзи

Шахтар Доњецк – Ајнтрахт Франкфурт

Селтик – Валенсија

Рен – Бетис

Олимпијакос – Динамо Киев

Лацио – Севилја

Фенербахче – Зенит

Спортинг – Вилјареал

Бате Борисов – Арсенал

Галатасарај – Бенфика