27.8 C
Skopje
понеделник, 1 септември 2025
Дома Blog Страница 9502

За Меси нема рекорди кои не може да ги достигне

Лионел Меси синоќа одигра еден од најдобрите мечеви во историјата на Примера дивисион. Барселона со 5-0 го победи Леванте на гости, а аргентинскиот виртуоз даде три погодоци и асистираше на останатите два гола. Едноставно, Меси сам го уништи Леванте, во чии редови целиот меч го одигра Енис Барди.

Освен тоа што веќе одамна е најдобар стрелец и најдобар асистент во историјатана Примера дивисион, а со овие три гола и две асистенции само ја зголеми рекордната бројката, Меси од синоќа е и играчот со најмногу победи во шпанското првенство во дресот на Барселона.

Лео стигна дo 323-тата победа во Примера и го остави зад себе поранешниот капитен Чави Ернандес, кој се радуваше на 322 победи. Интересно е што на Меси му беа потребни 432 дуели за да стигне до рекордот, додека Чави тоа го направи во 505 меча.

Во најскоро време се очекува уште еден јубилеј и рекорд за Аргентинецот. Досега има дадено 397 погодоци во Примера и му недостасуваат уште три гола за да биде прв со неверојатни 400 гола во првенството на Шпанија.

Во Ливерпул „мириса“ на шампионската 1990 година

Навивачите на Ливерпул речиси три децении чекаат да се израдуваат на титулата во англиското првенство. Откако е формирана Премиер лигата, Ливерпул нема ниту една титула, но многу фанови на „црвените“ веруваат дека оваа сезона е дојдено времето да се стави крај на „сушата“.

По 17 одиграни кола, Ливерпул е лидер во првенството и има 45 поени. Со 14 победи и три нерешени, тоа е единствениот тим без пораз. Во вчерашното дерби против Манчестер јунајтед, Ливерпул одигра одлично и на крајот тоа беше наградено со победа од 3-1. За разлика од сега, минатата сезона во истиот период, Ливерпул имаше освоено 14 поени помалку.

Овој триумф имаше двојно значење за Ливерпул. Тимот стигна до 18 меча без победа (се брои и дуелот од последното коло од минатата сезона). Тоа е продолжување на најдолгата серија без пораз во последните 28 години. Во 1990 година, Ливерпул имаше низа од 23 дуели без пораз. Токму таа година е последна запишана како златна за Ливерпул бидејќи стана шампион. Ако продолжи Ливерпул сезонава во ист ритам, може да се повтори 1990 година.

Задоволство по триумфот над Манчестер имаше и кај тренерот Јирген Клоп. Германскиот стратег за првпат беше подобар од „црвените ѓаволи“, а со тоа комплетираше победи против сите 26 премиерлигаши против кои го водел Ливерпул откако е дојден на „Енфилд роуд“. Клоп засега не сака да зборува за освојување на титулата.

„Ниедна секунда не размислуваме за титулата. Го победивме Манчестер и докажавме дека имаме квалитет, но тоа е само еден меч“, рече Клоп.

Нанижа 15-ка во Врапчиште, добивката е над 6 илјади евра

Драмата во Рим и спорниот момент во 95-тата минута ги растажија Горан Пандев и неговите соиграчи од Џенова, но донесоа голема радост во село Врапчиште.

На тикетот со 15 двојки во полошкиот регион се чекаше само победа на Рома против Џенова за супер добивка од 376.480 денари, или околу 6.150 евра. Во последните моменти се случува неверојатна драма. Рома води со 3-2, се игра петтата минута од судиското продолжение. Пандев скокна, турнат е од Флоренци, има ли пенал за Џенова?

Судијата Ди Бело пресече, нема пенал, а нема ниту користење на ВАР и покрај протестите на играчите на Џенова. Во Врапчиште радост, натпреварот заврши со триумф на Рома од 3-2, а тој натпревар се чекаше како последен на добитниот тикет уплатен за 300 денари.

Со „еден плус еден“ до добивка од 2.100 евра

Играта еден гол во прво полувреме и еден во второ е многу популарна кај обложувачите во Sport Life, а му донесе добивка на играч кој уплатил 17 парови, сите одиграни 1+1 и сите погодени.

Добивката од околу 2.100 евра е остварена со уплата од 30 денари, а тикетот е уплатен во Охрид.

И пари и прво место на наградната игра „Навиваме заедно“ за пат во Минхен на СП во Ракомет

Подвиг приреди обложувач на Sport Life со тикет уплатен во Тетово само за 50 денари, на кој се погодени точно 23 парови. Комбинацијата од конечни типови и двојни шанси со еден меч одигран со играта гол-гол (ГГ) му го зголемија буџетот на среќниот добитник за 173.569 денари, или околу 2.830 евра.

Со овој тикет добитникот со вкупен коефициент од 3.471,39 изби на прво место и во играта „Навиваме заедно“ и моментно е главен кандидат за пат во Минхен на ракометното Светско првенство на кое ќе учествува и Македонија.

Првото место, односно најголемиот погоден коефициент Ве носи во Минхен на ракометниот Мундијал, а наградата е за две лица со вклучен авионски превоз, сместување во хотел со појадок и обезбедени влезници за сите натпревари на нашата репрезентација во групната фаза.

Втората награда е телевизор Самсунг 49 СМАРТ ЛЕД,  а играчот со трет највисок коефициент на тикет без услов ќе добие мобилен телефон „Pocophone F1“.

Пандев со право реагира: Беше чист пенал, судијата, за чудо, не сакаше да слушне за ВАР

Џенова е оштетена за чист пенал на дуелот со Рома, а фаулот над Горан Пандев во финишот на мечот не го виде судијата Марко ди Бело. И потоа одби да го види повторно спорниот момент на ВАР-технологијата.

Горан Пандев имаше чист удар со глава, но беше турнат од Алесандро Флоренци. Ди Бело покажа играта да продолжи и одби да го погледне повторно спорниот момент.

„Баравме од него да користи ВАР-технологија. Беше чист пенал, но судијата одби да го провери спорниот момент“, изјави Пандев.

https://www.youtube.com/watch?v=EZB9BiJTeKc

Рома победи со 3-2 во меч на кој Џенова двапати водеше, но на крајот загуби, иако поразот можеше да се избегне доколку Ди Бело користеше помош од системот ВАР при спорниот момент во финишот на мечот.

Марк Ален освои титула, па се извини (Видео)

Марк Ален го совлада Шон Марфи со 9:7 во финалето на Отвореното првенство на Шкотска во снукер, а моментот кој го одбележа финалето беше оној решавачки поен за 32-годишниот играч од Северна Ирска.

На Ален за победа пред последната црвена му требаше само уште една обоена кугла, во случајов розевата, тој планираше да ја смести во средната дупка, но ударот беше пресилен, куглата не влезе и продолжи да се тркала на друга страна од масата. За негова среќа, „Боговите на снукерот му беа наклонети“, розевата топка заврши во сосема друга дупка и тој со овој случаен погодок стана шампион на турнирот.

Се разбира, во стил на џентлмен, Ален му се извини на Марфи, а потоа го доврши брејкот и го освои својот деветти фрејм за победа од 9:7.

Погледнете го среќниот и случаен погодок на Ален:

https://twitter.com/twitter/statuses/1074418891860951041

Ќе биде решена дилемата кој против кого во осминафиналето од ЛШ

Групната фаза од Лигата на шампионите заврши, па последен дел кој треба да се заврши за 2018 година во елитната лига на УЕФА е да се дознаат двојките за осминафиналето. Денеска, точно напладне е закажана ждрепката во ЛШ. Во игра за големиот трофеј останаа 16 екипи, од кои половината веќе имале искуство со тоа како е да се крене најзначајниот клупски трофеј во Европа.

Реал Мадрид е актуелен освојувач и рекордер со 13 титули европски првак. „Кралевите“ ќе бидат во делот каде што се носителите, односно екипите кои реваншот во осминафиналето ќе го играат на свој терен против екипа која завршила на второто место во некоја од групите. Покрај Реал, во носителите се и некогашните европски владетели Баерн Минхен, Јувентус, Барселона Порто и Борусија Дортмунд, а од екипите кои го немаат овој европски трофеј се Манчестер сити и Пари Сен Жермен.

Кај неносителите има тројца поранешни европски прваци. Англиските гиганти Манчестер јунајтед и Ливерпул, како и Ајакс. Покрај нив, противникот во осминафиналето ќе го чекаат и Атлетико Мадрид, Шалке, Рома, Олимпик Лион и Тотенхем.

Според правилата на УЕФА, не може да се падне двојка на два тима од иста земја, а исто така не може да играат клубови кои биле во иста група сезонава.

Покрај формирање на осминафиналните парови во ЛШ, во 13 часот треба да започне и ждрепката за 16-финалето во Лигата на Европа.

 

Ви понудивме пет добитни меча со коефициент 28,19, но дали уплативте?

Вчерашните пет меча кои ви ги понудивме како опција за составување интересно неделно ливче беа добитни. Се работеше за пет средби кои беа дел од понудата на Спортска прогноза, а ние решивме да се водиме според статистиката, односно според процентите на типувањата на речиси 500 играчи.

Интересно е што сите пет средби завршија со победа на домаќините, токму како и што мислеа поголемиот дел од прогнозерите. Прва на понудата беше победата на Сампдорија против Парма од 2-0, каде што коефициентот беше 1,85. Потоа следуваа трите големи дерби-дуели. Динамо – Хајдук (1-0), Ливерпул – Манчестер јунајтед (3-1), Австрија Виена – Рапид Виена (6-1). Во овие дерби-дуели коефициентите за домаќините беа 1,47 за Динамо, 1,63 за Ливерпул и 2,65 за Австрија Виена.

Последна понудена „единица“ според процентите на Спортска прогноза беше на дуелот од Бундеслигата меѓу Ајнтрахт Франкфурт и Баер Леверкузен. Домаќините победија со 2-1 за добитен коефициент од 2,45.

Ако сте ги одиграле овие пет меча со чисти „единици“, тогаш имате добитен коефициент од 28,19 во обложувалниците на Sport Life, што значи дека за 100 вложени денари, добивката ќе ви била 2.819 денари.

ТУКА може да ги проверите нашите вчерашни совети и објаснувањето дека ако се водите според процентите на играчите на Спортска прогноза, најлогично е да играте на домаќините, а со тоа да имавте и добитно ливче.

Моралес: Меси ни ја уби желбата за фудбал

Се обидовме да се надигруваме со Барселона, но големата разлика меѓу нас и гостите беше што тие го имаа Меси. Сакавме да постигнеме барем еден гол, но тој ни ја уби желбата за фудбал, вели капитенот на Леванте, Хозе Моралес.

Аргентинскиот ас одигра брилијантен меч со хет-трик и две асистенции, па на крајот Леванте мораше да се помири со тежок пораз од 0-5.

„Не можевме да му се спротивставиме, иако се обидовме со сите сили. Не се откажавме, но немате ниту многу решенија на располагање против таков играч“, додаде Моралес.

За Меси тоа е 49-ти хет-трик во кариерата, тој е единствениот фудбалер со 50 голови во 2018 година, а 50 или повеќе погодоци постигнува во осум од последните девет сезони.

На „Сиудад де Валенсија“ лани не играше против Леванте и тогаш Барселона го претрпе единствениот пораз во Ла Лига, со 4-5, но вчера беше во препознатлив стил и речиси сам го декласира клубот од Валенсија.

На 17-ти декември 2015 година Мурињо доби отказ од Челзи… денес е 17-ти декември

Манчестер јунајтед ја игра најлошата сезона во последните 28 години. Од 1990 година, клубот немал толку лош биланс по 17 одиграни средби. „Црвените ѓаволи“ синоќа беа немоќни на теренот на „Енфилд роуд“ и сосема заслужено го загубија дербито против најголемиот ривал Ливерпул (3-1).

Многумина како главен виновник за неуспесите на тимот го посочуваат Жозе Мурињо. Тренерот на Манчестер вчера направи експеримент со составот, а тоа се покажа како погубно. „Црвените ѓаволи“ заостануваат дури 19 бода зад лидерот Ливерпул, а стратегот на најтрофејниот клуб зборува дека до крајот на шампионатот главен приоритет ќе биде да се освои четвртото место на табелата, кое е последно што води во Лигата на шампионите.

Сепак, и тоа четврто место е далеку бидејќи Челзи има дури 11 бода повеќе. Интересно е дека Мурињо сега ќе се фокусира да го стигне неговиот поранешен клуб Челзи. Последниот работен ден на Мурињо како предводник на лондонскиот тим беше 17-ти декември 2015 година, кога доби отказ.

Денеска е 17-ти декември…многу навивачи на Манчестер сигурно ќе бидат среќни ако на Мурињо му се повтори историјата од Челзи, но дали така мислат и челниците на гигантот од „Олд Трафорд“, останува да видиме.

Лука Дончиќ поместува граници во НБА-лигата

Лука Дончиќ одигра уште еден блескав меч, но, за жал, неговиот Далас беше поразен во дуелот со Сакраменто со 113:120. Словенечкиот тинејџер едноставно го имаше на сите страни на теренот, па дуелот го заврши со 28 поени, што е за три поени помалку од израмнување на личниот рекорд по бројот на дадени поени на еден меч во НБА-лигата. Покрај 28-те поени, Лука имаше и девет асистенции, шест скокови и една украдена топка.

Бројките кои се забележани зад името на Дончиќ се речиси неверојатни. Тој стана само шестиот тинејџер во историјата на НБА-лигата со такво постигнување на еден меч.

И Денвер има свој херој од Балканот. Никола Јокиќ беше незадржлив и на крајот заврши со 26 поени, девет скока и 4 асистенции во победата над Торонто. Клучна за мечот беше последната четвртина, кога Денвер одигра одлично во одбраната и го задржа Торонто само на 14 постигнати поени.

Леброн Џејмс делуваше изгубено во Вашингтон, па неговиот Лос Анџелес лејкерс лесно загуби со 18 поени разлика. Ѕвездата на Лејкерс едноставно немаше своја вечер, па за 33 минути на теренот, даде само 13 поени, а имаше и шест скока и три асистенции.

Резултати: Бруклин – Атланта 144:127, Кливленд – Филаделфија 105:128, Индијана – Њујорк 110:99, Вашингтон – ЛА лејкерс 128:110, Далас – Сакраменто 113:120, Њу Орлеанс – Мајами 96:102, Денвер – Торонто 95:86.