Трајковски и Несторовски го туркаат Палермо кон Серија А (Видео)

Македонскиот тандем Александар Трајковски-Илија Несторовски, со голови одговори на критиките дека играат слабо во последно време. Тренерот на Палермо, Роберто Стелоне, верува во нашите репрезентативци, знаеше дека головите ќе си дојдат, а Нестор и Алекс по еднаш ја затресоа мрежата на Падова во победата од 3:1.

Сега на табелата во италијанската Серија Б, Палермо има три бода плус во однос на второпласираната Пескара, а сицилијанците имаат и меч помалку, па може да побегнат и на плус 4 или 6.

Падова поведе со 1-0, но во финишот на првото полувреме, Несторовски одлично го пронајде Трајковски, кој со шут откосо го изедначи резултатот.

Во второто полувреме, Палермо направи пресврт, Слободан Рајковиќ даде гол за 2-1 во 68 минута, а две минути подоцна Несторовски ги постави конечните 3-1. Во 76 минута, Несторовски беше повлечен од игра, а Трајковски ги одигра сите 90 минути. Покрај тоа што трите гола беа дело на фудбалери од балканските простори, добра вест е и враќањето на Бугаринот Чочев, кој заигра после пауза од 200 дена.

- Оглас -

Најнови вести