28.8 C
Skopje
вторник, 26 август 2025
Дома Blog Страница 9514

Пеколен финиш на шампионот – Реал за 10 минути стаса минус 14 и го победи Ефес

Реал Мадрид приреди пеколен финиш во Истанбул и за само десет минути во последниот период анулира негатива од 14 поени и го победи Ефес Анадолу со 84:82.

Домаќините по три четвртини водеа со 74:60 и беа на прагот на осмата победа во Евролигата, но шампионот на Европа се разбуди во вистински време.

Блескаше Густаво Ајон со 20 поени и со само еден промашен удар од 11 обиди, а Серхио Љуљ е втор стрелец кај победничката екипа со 12 поени.

Ефес се загуби во последната четвртина ја загуби со 8:24 и претрпе трет пораз во десет меча во Евролигата. Кај нив најефикасен беше Адриен Морман со 19 поени, Мичиќ уфрли 15, а Ларкин додаде 14.

Има и план за евакуација на „Сантијаго Бернабеу“ за Суперкласико

Суперкласико меѓу Ривер плата и Бока јуниорс ќе се игра задутре во Мадрид, а организаторите се подготвија максимално за да се избегнат инцидентите.

Дербито на Јужна Америка поради познатите инциденти е преселено во Мадрид и по многу перипетии во недела навечер би требало да биде познат шампионот на континентот.

Сепак за секој случај организаторите се подготвени и за несакани ситуации, бидејќи станува збор за две навивачки групи кои се екстра непријателски настроени една кон друга, особено по атакот на навивачите на Ривер на автобусот што ги превезуваше фудбалерите на Бока кон „Ел Монументал“ на реваншот.

Ситуацијата ескалираше, па реваншот е преместен во Европа, во Мадрид, град кој подготви и план за евентуална евакуација од „Сантијаго Бернабеу“.

Сите што ќе присуствуваат на мечот ќе добијат инструкции како да се однесуваат во случај на пожар, на физички пресметки, и на ранети и на карјно екстремна ситуација и на жртви.

Германија фати опасен залет на ЕП, падна и Шпанија

Германските ракометарки фатија опасен залет и се кандидатки за пласман во полуфиналето на Европското првенство во Франција, по денешната победа против Шпанија.

Избраничките на селекторот Гренер ја прегазија „црвената фурија“ со 29:23 и истакнаа кандидатура за настап во завршницата.

Триото Болк-Гешке-Шмелцер со по 4 погодоци го предводеа победничкиот состав кон нов успех и сега Германките имаат 4 бода, како и двете првопласирани селекции Романија и Холандија, но со меч повеќе.

Шпанија не успеа да им се спротивстави на разиграните ривалки и остана на последното место во групата два со три порази и без шанси за пласман во полуфиналето.

Дербито на Италија што знае да ги скара и политичарите

Јувентус и Интер ќе го играат вечерва 239-от меѓусебен меч во сите натпреварувања, а ривалството кое трае долго честопати ги креваше тензиите во Италија на највисоко ниво, па дури кавги имаше и во Парламентот.

Само во Серија А двата регионални ривали имаат одиграно 170 натпревари, па вечерва во Торино од 20.30 часот на ред е мечот број 171.

Јувентус има многу повеќе успех во популарното Дерби на Италија и вкупно има 108 победи, со 57 нерешени дуели и 73 порази.

Новинарскиот блесок на Џани Брера во 1967 година доведе до епитетот Дерби на Италија за дуелите меѓу Јувентус и Интер. Секогаш било жестоко меѓу ривалите од Северна Италија, а особено тензично стана со аферата Калчополи, кога на Јувентус му беа одземени титули и клубот беше преселен во понизок ранг, а Интер ќари два пехари на сметка на Старата дама.

Првиот инцидент се случи веднаш по војната во 1946 година, а од Интер протестираа поради преголемото влијание на семејството Ањели во фудбалската федерација на Италија. И тимот на терен истрча со јуниори, а Јувентус им ја наполни мрежата и победи со 9:1.

Тогаш Омар Сивори постигна шест голови против надежите на „нероаѕурите“ и во 1946 година ја освои Златната топка или популарниот „Ballon d`Or“.

Недоразбирањата меѓу двата клуба беа чести, а повторно беше жешко во 1998 година, кога за еден недосуден пенал за Интер, расправијата меѓу симпатизерите на Јувентус и на Интер се пресели во Парламентот.

„Сите се тие крадци“ урлаше Доменико Грамацио од Националната алсијанса на Италија кон колегата од Демократската партија Масимо Мауро. Мауро е поранешен фудбалер на Јувентус и возврати кон Грамацио дека „Секогаш ќе бидат мал клуб во однос на Јувентус“, по што настана хаос, а имаше и казни за пратениците во Парламентот.

По познатото „Калчополи“ пред повеќе од десеттина години тензиите малку стивнаа, иако имаше нови недоразбирања, но тоа е секогаш така кога играат големите ривали во Дербито на Италија.

 

Дербито е утре, а Челзи уште сега се предава против Сити

Манчестер сити ја игра најдобрата сезона во клупската историја. Од досегашните 15 кола, „граѓаните“ имаат 13 победи и само две нерешени, без ниту еден пораз. Актуелниот првак на Англија, утре го очекува можебои и најгоемиот предизвик во досегашниот дел од сезоната. Избраниците на Пеп Гвардиола ќе гостуваат на „Стемфорд Бриџ“ кај Челзи.

Челзи претрпе два порази во последните три меча и заостана веќе 10 бода зад Сити. Доколку сака да ја врати неизвесноста, лондонскиот тим утре треба да го добие дербито против моментно најдобриот тим во Англија. Сепак, најавите кој доаѓаат од Лондон не се многу оптимистички. Тренерот на Челзи, Маурисио Сари вели дека едноставно нема идеја како да го победат Сити.

„Имаме сериозен проблем. Едноставно како да немаме идеја за тоа како да одиграме за да го победиме Сити. Против Гвардиола ги имам загубено сите мечеви кога сме излегле еден против друг на теренот. Ова е многу важен дуел за нас, против можеби и најдобриот тим во Европа. Против Фулам имавме среќа и ги освоивме трите бода, а потоа загубивме од Вулверхемптон. Затоа мораме да промениме нешто во играта и тактиката, инаку ќе биде лошо за нас“, рече Сари.

Челзи на домашен терен сезонава има пет победи и три нерешени без пораз со 17 дадени и седум примени голови. Сити на гости е со пет победи и две реми и само два примени голови досега.

 

Рони О’Саливен покажа зошто е жива легенда во снукерот

Рони О’Саливен се пласираше во полуфиналето на шампионатот на Велика Британија во снукер, откако со 6:1 во фрејмови го победи Мартин О’Донел. Уште во првиот фрејм, фаворитот направи брејк и поведе со 1:0, а до крајот на мечот успеа да добие два фрејма со повеќе од 100 поени. На тој начин, О’Саливен стигна до 984 уфрлувања преку 100 поени во кариерата.

О’Донел даде добар отпор, но интересно е тоа што имаше и лоша серија, па повеќе од половина час имаше поминато, без да внесе ниту една топка во дупките.

https://twitter.com/WorldSnooker/status/1071071628535128064

Место во полуфиналето обезбеди и Том Форд кој со 6:2 го победи Џо Пери. За Форд ова е најголем успех во кариерата и сега во полуфиналето ќе игра со легендарниот О’Саливен.

 

Дуелот против Интер за Роналдо има посебно значење

Јувентус на свој терен вечерва ќе го пречека Интер во „Дербито на Италија“. Тоа ќе биде 239-ти дуел на италијанските гиганти, а за првпат дел од ова дерби ќе биде Кристијано Роналдо. Португалската суперѕвезда во дебитантската сезона досега има дадено 10 погодоци за Јувентус, а за дуелот против Интер сигурно ќе биде посебно мотивиран.

Роналдо денеска има точно 33 години, 10 месеци и два дена, а пред 16 години, три месеци и 24 дена одигра меч за памтење, и тоа против Интер. Тоа беше на 14-ти август 2002 година, кога Спортинг се сретна со Интер во третото квалификациско коло од Лигата на шампиони.

На тој меч пред повеќе од една и пол деценија, тренерот на Спортинг, Ласло Болони, во 5-мата минута од мечот во игра го внесе Кристијано Роналдо. Со 17 години, шест месеци и девет денови Роналдо дебитираше во сениорскиот фудбал.

Првите 30-тина минути од кариерата Роналдо ги одигра на левата крилна позиција, заменувајќи го Тонито. Во редовите на Интер беше Рикардо Кварежма, како и легендарниот Хавиер Занети. Тој дуел од 2002 година заврши без погодоци.

Сега, Роналдо повторно ќе игра против Интер, но во „Дербито на Италија“ и сигурно ќе биде главна опасност за голот на „нераѕурите“.

 

Дали е добар тренер или само голем трошач? Мурињо досега потрошил милијарда и пол евра за нови играчи

Жозе Мурињо трпи голем број критики за играта на Манчестер јунајтед во тековната сезона. „Црвените ѓаволи“ се дури на осмото место во Премиер лигата, а португалскиот стратег како главна причина за овој неуспех ги потенцира слабите „пазарења“ за време на летниот преоден рок. Мурињо се жалеше дека не ги добил потребните пари за да создаде екипа која ќе се бори за врвот на табелата.

Стратегот кој може да се пофали со многу титули во кариерата, меѓу кои и трофејот во Лигата на шампионите, сега го чека зимскиот преоден рок, во кој ќе се обиде да доведе барем некој од играчите за кои тој инсистира. Низ целата тренерска кариера Мурињо има доведено вкупно 133 нови играчи, од кои за 101 фудбалер морал да плати оштета.

До овој момент, 55-годишниот Португалец има потрошено неверојатни една милијарда и 553 милиони евра за засилувања, и тоа како тренер на Леирија, Бенфика, Порто, Челзи, Интер, Реал Мадрид, потоа повторно во Челзи и сега во Манчестер јунајтед.

Најдобриот потег во кариерата му е тој кога во летото 2009 година реши да го продаде Златан Ибрахимовиќ од Интер и за него доби 69,5 милиони евра, плус Самуел Ето од Барселона. Покрај тоа што го доби Ето, парите од Ибрахимовиќ ги потроши на купување на Диего Милито (25 милиони евра), Тијаго Мота (10,2), Весли Снајдер (10) и Луис (7). Со овие играчи, Мурињо успеа од Интер да направи шампионски тим кој стигна до тројната круна, па во витрините на „Џузепе Меаца“ се најдоа пехарите од Серија А, Купот на Италија и Лигата на шампионите.

Сепак, Мурињо сега е далеку од таков успех во Манчестер. Иако во својот состав има играчи кои се меѓу најскапите во светот, Јунајтед полек, но сигурно станува еден просечен клуб. Останува да видиме дали во јануарскиот преоден рок Мурињо ќе успее направи „магичен“ потег и да ги врати „црвените ѓаволи“ кон врвот на табелата.

 

 

Одличје за Венгер од здружението на менаџери од Премиер лигата

На ексменаџерот на Арсенал, Арсен Венгер, вчера му беше доделена наградата за посебен придонес во англискиот фудбал. Наградата е од Здружението на менаџери во Премиер лигата, a му ја врачи селекторот на Англија, Герет Саутгејт.

Венгер по крајот на минатата сезона, го напушти кормилото на Арсенал по 22 години, во кои три пати ја освојуваше Премиер лигата, како и седум пати го подигна трофејот на ФА купот. Стратегот со комична изјава ја прими наградата.

„Од денот кога го напуштив моето работно место во Арсенал, речиси секоја недела добивам по некоја награда. Да знаев дека повеќе одличја ќе добивам без ангажман, ќе престанев порано да работам, вака ви се чини дека сум глупав што толку долго сум чекал“, се пошегува Венгер.

„Со гордост му ја доделуваме оваа награда на Арсен Венгер за неговата сјајна тренерска кариера на овие простори. Улогата менаџер многу се смени по неговото доаѓање во Премиер лигата, но неговиот придонес во изминативе 22 години остави голема трага во англискиот фудбал“, истакна извршниот директор на здружението, Ричард Беван.

Обрадовиќ никогаш не победил во ОАКА како гостин

Жељко Обрадовиќ е човек кој има освоено речиси сè што може да се освои во европската клупска кошарка, но една работа никогаш не ја направил. Нема победа на гостување од регуларна сезона кај Панатинаикос, клубот кој во минатото го водеше со успех и му донесе дури пет европски титули.

При првото гостување во ОАКА како противнички тренер во 2013 година, фановите на Панатинаикос го поздравија со долг аплауз и кореографија. Од 2013 наваму, тој со Фенер редовно гостува во Атина во регуларната сезона и никогаш неговиот тим не триумфирал. Фенербахче вечерва има прилика да ја прекине таа традиција на тренерот.

Истанбулските „жолто-сини“ имаат низа од шест победи по ред и го делат првото место со ЦСКА. Московјаните гостуваат кај Басконија, против која имаат 26-7 во меѓусебните пресметки.

Анадолу Ефес го пречекува Реал Мадрид. Традицијата е на страна на Шпанците (пет победи по ред во меѓусебните дуели), кај кои се враќа лидерот Серхио Љуљ. Се виде дека Реал без Љуљ многу почесто губи и затоа враќањето на бекот е голем плус за европскиот првак. „Пиварите“ се во добра серија, а Реал има два порази по ред.