25.8 C
Skopje
вторник, 26 август 2025
Дома Blog Страница 9515

По фудбалот, во Франција се одложуваат и мечеви од ЕП

По одложувањата на неколку фудбалски мечеви, во Франција започнаа да се одложуваат и дуели од Европското првенство во ракомет. Поради демонстрациите и немирите кои ги предизвикуваат „жолтите елеци“, одложен е дуелот Србија – Русија.

Првичниот распоред беше овој натпревар да се игра во сабота, во 18 часот, но поради безбедносни причини, тој ќе се одигра во недела, во истиот термин. Во предвидениот термин нема да се игра ниту мечот Франција – Шведска. Тој е презакажан за во недела, во 15 часот.

Од претходно, поради безбедносни причини и немање доволно полицајци, одложени беа дури пет средби од француското фудбалско првенство: ПСЖ – Монпелје, Тулуз – Лион, Монако – Ница, Сент Етјен – Олимпик Марсеј и Анже – Бордо.

За утре во Франција се закажани нови големи антивладини протести, за кои ќе бидат ангажирани дури 89.000 полицајци.

 

 

Куп на Македонија: Беласица против Македонија ЃП, Академија Пандев против Победа

Денеска се одредија полуфиналните двојки за Купот на Македонија. Беласица ќе биде противник на Македонија Ѓорче Петров, додека Академија Пандев ќе игра против Победа за влез во финалето.

Првите натпревари се закажани за 27-ми февруари 2019 година, додека реванш-средбите ќе се играат на 10-ти април.

Официјално: Прандели е нов тренер на Џенова и Горан Пандев

Џенова по отказот на Иван Јуриќ, го назначи Чезаре Прандели за нов предводник на екипата. Шеесет и едногодишниот италијански стратег потпиша едно и полгодишен договор, според кој на кормилото на калчолигашот ќе остане до јуни 2020 година.

Џенова веќе втор пат во сезонава менува стратег, Јуриќ издржа само осум меча, на кои не оствари ниту еден триумф, a претходно му врачија отказ на Давиде Балардини.

Прандели уште денес ќе го води тренингот на првиот тим за којшто настапува и капитенот на македонската репрезентација, Горан Пандев, а во кратки црти на италијанските медиуми им истакна дека со нетрпение чека да ја започне новата авантура.

„Возбуден сум што го прифатив овој предизвик, со нетрпение чекам да ја започнам мојата нова авантура“, истакна Прандели.

Прандели се враќа во Серија А по осум години, откако во неговиот последен ангажман во италијанскиот шампионат го водеше тимот на Фиорентина. По напуштањето на репрезентацијата на Италија, Прандели имаше ангажмани во Галатасарај, Валенесија и Ал-Наср од Обединетите Арапски Емирати.

Прв предизвик за Прандели ќе биде дуелот со СПАЛ на домашен терен, мечот кој е закажан за во недела, со почеток од 18 часот.

 

Хабиб е против учество на жените во боречките спортови (Видео)

Рускиот борец и шампион во УФЦ во лесна категорија, Хабиб Нурмагомедов, се најде среде бура од негативни коментари по неговата изјава во Саудиска Арабија дека им советува на жените да си седат дома, а не да бидат дел од боречките спортови.

Нурмагомедов, кој има 30 години, беше запрашан од една жена каков совет би им дал на жените кои сакаат да бидат дел од индустријата во некој од боречките спортови.

„За жените имам еден добар совет, бидете борци, ама во својот дом“, рече Хабиб, а ова беше проследено со овации и смеење од присутните. Потоа додаде: „Уште еден совет, цело време ‘докрајчете’ ги вашите мажи“.

Овие изјави на Хабиб наидоа на негативни коментари од типот дека Русинот е кловн, дека звучел како да живее во времето од пред 50 и неколку години, а луѓето во публиката кои се смееја беа нарекувани морони.

Ова е спорната изјава на Нурмагомедов:

https://twitter.com/twitter/statuses/1070412553824669697

Сите погледи кон најголемото италијанско дерби – Јувентус го пречекува Интер

Најубав начин да се заврши работната недела е со дерби во петок навечер. И тоа не е какво било дерби, туку се игра најголемото во Италија, помеѓу Јувентус и Интер. Токму со овој дуел ќе започнат денешните типстерски совети, кои ќе ви бидат од корист и ќе ви помогнат при креирањето на тикет во Sport life обложувалниците.

Јувентус – Интер (20:30 часот)

Дуелот против Интер е најголемиот предизвик за Јувентус оваа сезона. Италијанскиот првак ги пречекува „неразурите“ во Торино за да се пресметаат по 239-ти пат во нивната историја. Победите се на страната на Јуве, вкупно имаат 108, додека Интер славел 73 пати, а дури 57 средби завршиле без победник.

Кога Интер последен пат гостуваше на „Алијанц“, фудбалерите на Лучијано Спалети се изборија за реми без голови, а пред тоа „старата дама“ со гол на Квадрадо забележа минимална победа од 1-0. Во Серија А, на последните пет средби Јуве три пати извојуваше триумф, додека Интер само еднаш успеа да ги совлада „црно-белите“.

Предлог тип: ГГ прво/второ (2.85)

 

Вердер Бремен – Фортуна Дизелдорф (20:30 часот)

Време е за Вердер да проработи и да ѝ стави крај на „црната“ серија од четири средби во кои бројат три порази и едно реми. Улогата на домаќин, исто така, ги прави фаворити против овосезонскиот новак, кого имаат катастрофален учинок во германскиот шампионат. Иако Фортуна се избори за сензационално реми на „Алијанц арената“ против шампионот Баерн Минхен од 3-3, вечерва тешко дека ќе има шанса за ново изненадување.

Предлог тип: X кога било (2.20)

 

ПСВ – Екселсиор (20:45 часот)

Холандскиот првак во минатото коло го претрпе првиот пораз сезонава, Феенорд му го зеде скалпот на ривалот ПСВ Ајндховен по 13 последователни победи. Сепак, вечерва се големи фаворити, додека гневот кој го чуваат веќе седум дена, ќе го истурат токму над Eкселсиор. Се очекува убедлив триумф на ПСВ, со тоа што ќе ја тресат мрежата и во двете полувремиња.

Предлог тип: Т11+I & 2+II (2.0)

 

Леганес – Хетафе (21 часот)

Хетафе има исти амбиции како и минатата сезона. Да го заврши шампионатот во горниот дел од табелата, па ако е можно да освои едно од местата кои водат во Лигата на Европа. На речиси половина пат од првенството добро им оди, избраниците на Пепе Бордалас засега имаат учинок од пет победи, пет ремија и четири порази, па со 20 бода се наоѓаат на деветтото место во Ла Лига.

Леганес, пак, повторно ќе се бори за опстанок, а засега е со пет бода предност во однос на црвената зона, па при евентуален триумф, ќе направи удобна разлика која може да им годи во калулациите кон крајот на шампионатот.

Предлог тип: 1-3I & 1-3II (2.35)

 

Порто – Портимоненсе (21:30 часот)

Португалскиот шампион има само една цел, да ја продолжи победничката серија на пет меча и по ова коло да остане на чело на табелата. Вечерва Порто е убедлив фаворит, но тој статус ќе мора да го оправда иако квотата за обичен „кец“ е 1.18. Сите ќе очекуваат убедлив триумф, а голови ќе мора да постигнува нивниот најдобар стрелец Венсен Абубакар.

Предлог тип: Т1 1+I & T1 3+ (2.0)

Заедно со SPORT LIFE на СП во Германија!

Македонската ракометна репрезентација следниот месец ќе биде дел од Светското првенство во Германија (10-27 јануари), а обложувалниците SPORT LIFE на сите свои типстери им нудат една и единствена можност да се изборат во живо да бидат дел од ова планетарно натпреварување. Македонија шесте меча од групната фаза ќе ги игра во Минхен.

Од денеска (7-ми декември), па до 31-ви декември започнува кампањата Заедно со SPORT LIFE во Германија!. Главната награда е пакет-аранжман за две лица во кој се вклучени авионски превоз, сместување во хотел со појадок, обезбедени влезници за сите натпревари од групната фаза на Македонија. Кампањата важи само за несистемските тикети (со една комбинација) уплатени со SPORT LIFE картичка. Типстерите со трите највисоки погодени квоти додека трае кампањата се добитници на трите награди.

Освен среќниот кој ќе погоди најголем коефициент и ќе има можност со уште еден човек заедно да патуваат во Германија, награди ќе има и за оние со вториот и третиот највисоко погоден коефициент. Втората награда е „самсунг“ телевизор 49 инчи, 4К UHD, додека третопласираниот ќе добие Pocophone 64 GB 6 GB RAM.

Трката за пат на Светското првенство во Германија веќе е започната! Вам ви останува до крајот на оваа година да успеете да го составите тикетот со најголемиот погоден коефициент и заедно со SPORT LIFE да отпатувате на Мундијалот и во живо да ја бодрите македонската ракометна репрезентација.

 

Јувентус е фаворит, Хандановиќ ќе биде на мака во дербито на Италија

Јувентус ќе го добие дербито на Италија против Интер, а Самир Хандановиќ најмалку двапати ќе ја вади топката од мрежата, прогнозира Панче Ќумбев за денешната голема пресметка во Серија А.

Очекувам традицијата да продолжи на „Месталја“, каде што Валенсија во последно време редовно ја победува Севилја, а очекувам многу голови на дербито на областа Рур во Бундеслигата, на главниот меч од 16-тото коло во Премиер лигата и на дербито на полусезоната во полската Екстракласа, вели Панче Ќумбев.

 

Еве ги неговите пет предлог-типови за викендов:

 

Јувентус – Интер (петок, 20.30 часот)

Дербито во Калчото за овој викенд се игра во Торино. Повеќе од јасно е кој е фаворит. Јуве гази сезонава и не гледам како нестабилниот Интер може да освои бодови кај лидерот. Типувам единица со најмалку два гола во мрежата на Хандановиќ.

Предлог тип: 1&Т1 (2.04) 

 

Шалке 04 – Борусија Дортмунд (15.30 часот)

Соседското дерби на областа Рур е натпревар за за сечиј вкус. Екипата од Дортмунд е убедлива годинава и е најсериозен кандидат за титулата во Бундеслигата. Шалке полека се буди и затоа овде типувам само на голови. Можеби благ фаворит е Борусија, но гостинот се нема радувано на победа на овој терен од 2013 година.

Предлог тип: ГГ&3+ (1.92) 

 

Валенсија – Севилја (сабота, 16.15 часот)    

Валенсија полека ја стабилизира својата форма, додека формата на гостинот оди во надолна линија. На последните 7 натпревари на „Месталја“ помеѓу овие две екипи, домаќинот победил шест пати и само еднаш одиграле нерешено. Затоа улогата фаворит ѝ ја доделувам на Валенсија и очекувам да победи.

Предлог тип: 1 (2.30)

 

Челзи – Манчестер сити (сабота, 18.30 часот) 

Борба на титаните во Премиер лигата. Верувам дека ќе проследиме меч со многу голови на двете страни.Според мене, фаворит нема.Челзи игра топло-ладно, изненадувачки загуби од Вулверхемптон во минатото коло, но на домашен терен игра одлично.Сити е убедлив, но сепак е дерби и сè е можно.

Предлог тип: ГГ&3+ (1.90)

 

Лехија Гдањск – Легија Варшава (недела, 18 часот)

Според моменталната ситуација, ова е можеби дерби на полусезоната. Домаќин е лидерот, а на гости доаѓа најдобриот полски тим Легија. Верувам дека ќе има офанзива од двете страни и многу голови. Нормално, ќе навивам за мојот поранешен тим Легија, а фаворит нема на полското дерби и прогнозирам дека ќе биде ефикасно со 3 или повеќе погодоци.

Предлог тип 3+ (1.95)

 

Спортска прогноза: Марко Силва ќе ги подмири нерасчистените сметки со Ватфорд

Средбата помеѓу  Евертон и Ватфорд (понеделник, 21 часот) во 16-тото коло во Премиер лигата дава посебно значење поради еден човек. Марко Силва, менаџерот на „карамелите“, неславно беше отпуштен од кормилото на Ватфорд на почетокот од 2018 година, иако пред стартот на сезоната 2017/18 потпиша двегодишен договор со екипата од „Викарејџ роуд“.

Не му беше потребно многу време да најде нов ангажман. Неговите стратешки квалитети ги препозна Евертон, па тимот од Ливерпул му даде нова шанса на Силва да се докажува во најатрактивното англиско првенство, а за три дена ќе има прилика да ги наплати сите нерасчистени сметки со Ватфорд.

Откако Ватфорд се врати во Премиер лигата во сезоната 2015/16, одигра шест меѓусебни средби против Евертон. Учинокот е подеднавко поделен, по две победи за двете екипи и две ремија, а дури и во гол-разликата се израмнети. На шесте меча и Евертон и Ватфорд бројат по девет погодоци.

Во поденелник, во 21 часот, овој дуел ќе го затвори 16-тото коло во Премиер лигата, а исто така ќе биде и последен дуел од новото коло на СПОРТСКА ПРОГНОЗАкој може да одреди дали конечно ќе имаме добитник на „самсунг галакси А6“

Понудата за ова коло е составена од 12 меча од петте земји со најквалитетен клупски фудбал во Европа. Сите играчи на Спортска прогноза ќе имаат можност да прогнозираат до почетокот на средбата Барнли – Брајтон, кој се игра во сабота, од 16 часот. Во понеделник ќе се знае дали ќе има прогнозер(и) со погодени 12 парови и ќе станат први добитници на главната награда телефон „самсунг А6“.

Секако, ќе има и вредносни ваучери за сите кои до крајот на викендот ќе погодат 11, 10 или 9 парови на СПОРТСКА ПРОГНОЗА.

По успешната прогноза ќе ви се прикажат вашите типувања. Сите прогнози за тековното коло, вклучувајќи ја и вашата, можете да ги погледнете тука.

Шокантни снимки – ѕвездите на Арсенал се дрогираат на забава (Видео)

Британскиот весник „Сан“ на својот портал објави шокантни снимки на кои се гледа како некои од најдобрите фудбалери на Арсенал од балон вдишуваат „хипи крак“, кој го нарекуваат „гас за смеење“, но освен што предизвикуваа смеење, тој гас може да има и многу негативни последици по здравјето.

На снимката се гледа како Матео Гендузи губи свест откако вдишува од гасот, Месут Озил ги превртува очите и се наоѓа пред колапс, Александре Лаказет делува загубено, а од гасот земаа и Пјер-Емерик Обамејанг и Сеад Колашинац. Лекарите предупредуваат дека гасот предизвикува еуфорија, халуцинации, проблем со координацијата и слично. Доколку се земе премногу гас, може да предизвика срцев удар, дури и смрт, како резултат на недостаток на кислород во телото.

Оваа забава на фудбалерите на Арсенал се случила во август, во ноќен клуб во западниот дел на Лондон, пред стартот на сезоната. На масите има и шампањ, виски и вотка, а друштво на фудбалерите им прават и околу 70 девојки. На забавата биле и Шкодран Мустафи и Хенрих Мхитарјан, но тие не вдишувале од балоните. На присутните им се забранило користење на телефони, но целата журка е снимена на безбедносни камери.

Не е првпат познати фудбалери да бидат фатени како земаат од овој гас. Рахим Стерлинг во 2015 и Кајл Вокер во 2013 година, исто така, беа сликани. Од Арсенал уште нема официјална реакција по обелоденувањето на снимките.

Погледнете го однесувањето на фудбалерите на Арсенал:

https://www.youtube.com/watch?v=2tWItat_3N0

 

https://www.youtube.com/watch?v=U0r-2vaOnEM

 

Падна договор – ПСЖ за 75 милиони евра го купува холандскиот „бисер“

ПСЖ на половина од тековната сезона го договори првото засилување за следното лето. Во редовите на „светците“ доаѓа младиот Френки де Јонг од Ајакс, за кого ќе бидат исплатени неверојатни 75 милиони евра.

Холандскиот таблоид „Телеграф“ истакна информации дека претставници на ПСЖ вчера биле во Амстердам да преговараат околу евентуалниот ангажман на талентираниот играч за врска и дека е постигнат устен договор за преселба на Де Јонг во Париз налето.

Спортскиот директор на Ајакс, Марк Овермарс, ги потврди преговорите, но, притоа истакна дека и уште два гиганти чекаат своја шанса да излезат со понуда за идната ѕвезда на холандскиот фудбал. Познато е дека Барселона и Манчестер сити беа екипите кои најмногу го посакуваа Де Јонг, но францускиот првак буквално им го украде пред нос.

Ова е знак дека Адријан Рабио сигурно ќе го напушти ПСЖ по крајот на оваа сезона, па како слободен играч ќе бара нова средина.

Со овој ангажман вреден 75 милиони евра, Френки де Јонг ќе стане вториот најскап Холанѓанец во историјата. Пред него е Вирџил ван Дајк, кој за 85 милиони евра минатата сезона се пресели во Ливерпул од редовите на Саутхемптон. За Ајакс, ова ќе значи и најголема продажба на еден играч во клупската историја. Тој рекорд досега го држеше Давинсон Санчес, кој во 2017 година потпиша за Тотенхем во трансфер вреден 40 милиони евра.