19.8 C
Skopje
петок, 22 август 2025
Дома Blog Страница 9530

Тричковски ќе игра за АЕК Ларнака, Мојсов тешко

Иван Тричковски, според најавите на кипарските медиуми, ќе биде во стартниот состав на АЕК вечерва, од 18.55 часот, против Цирих, а мали се шансите и вториот наш интернационалец Даниел Мојсов да игра.

Тричковски го чека вториот гол во фазата по групи откако беше меѓу најдобрите стрелци во квалификациите (трет) со шест голови. Иван се запиша во листата на стрелците против Баер Леверкузен на „Бај арената“, а вечерва ќе има шанса за нов погодок. Мојсов е повреден и не е неизвесен за настап.

АЕК нема шанси да мине понатаму во Лигата на Европа и заедно со Лудогорец по 4 натпревари ја загубија трката со Баер и со Цирих, двете екипи кои ќе перзимат во Европа.

 

Билетите за мечот Македонија – Косово по цена од 100 денари ќе се продаваат само во Гевгелија

Градот Гевгелија ќе ја организира продажбата на влезниците за кошаркарскиот меч меѓу Македонија и Косово што ќе се игра во овој град на втори декември, во недела, од 17.45 часот.

Цената на влезниците е 100 денари, а тие ќе се продаваат од денеска до сабота, и тоа само во Гевгелија. Интересот е голем за балканското дерби, но од МКФ и Градот Гевгелија информираат дека на денот на одигрувањето на мечот нема да се продаваат билети.

Македонија атакува на третата победа во претквалификацииите за настап на Евробаскетот во 2021 година и ако го победи Косово, речиси сигурно ќе оди во следната фаза на патот до големото натпреварување.

Рапид знае како се освојува Москва

Рапид Виена знае као се освојува Москва, а денеска против Спартак на модерната арена „Откритие“ по петти пат ќе се обиде да остане непоразен кога играл против руска екипа во главниот град.

Во групата Г е вистинска мешаница во битката за двете места кои водат понатаму во Лигата на Европа, а Рапид иако е последен по четири кола со 4 бода, има на што да се надева.

Избраниците на тренерот Горан Ѓуричин го победија Спартак во Виена со 2-0, а имаат само еден пораз против руски екипи на 15 мечеви. И биланс од две победи и две нерешени кога гостувале во Москва, кои се два импресивни биланси на австриската екипа.

Проблем за нив во обидот да се избегне првиот пораз во Москва е предолгата листа на повредени и отсутни играчи. Ги има дури 8 што се неизвесни за мечот од 16.55 часот, а сигурно нема да игра дефанзивецот Максимилијан Хофман, кој е повреден повеќе од два месеци.

 

 

Најневеројатниот меч го одиграа поранешните европски прваци со резултат 5-5 (Видео)

Во вечерта посветена на Лигата на шампионите и дуелите како што беа ПСЖ – Ливерпул и Тотенхем – Интер, ретко кој забележа дека синоќа се одигра можеби и највозбудливиот меч за оваа година во Европа. Да биде се во рамките на Лигата на шампионите, на мегдан беа два поранешни европски владетели. Астон вила беше домаќин на Нотингам форест во меч од Шампионат лигата на Англија.

Нотингам форест е двократен европски првак од 1979 и 1980 година, а Астон вила на фудбалсиот кров на Европа се искачи во 1982 година. Синоќа овие два клуба направија шоу на „Вила парк“. Мечот заврши 5-5, а имаше и два поништени голови и плус еден црвен картон.

Нотингам за 6 минути поведе со 2-0, но Астон вила веќе во 14-тата минута изрмани на 2-2. Повторно гостите дадоа гол, а Астон вила израмни на 3-3, што беше резултат по првиот дел. И во второто полувреме Нотингам форест прв даде гол и поведе со 4-3, а Астон вила израмни на 4-4 во 71-вата минута. Четири минути подоцна, домаќините за првпат поведоа, и тоа со 5-4, но тоа не беше крајот. Во 82-рата минута гостите погодија за 5-5.

https://youtu.be/A9NlVx4zIrQ

Меси го издаде Пике дека лажел

Жерар Пике се изнафали дека погодокот кој го постигна на синоќешниот меч против ПСВ Ајндховен бил добро одработена акција со Лионел Меси. Аргентинецот изведе слободен удар, а Пике втрча во шеснаесетникот и со нога го смени правецот на топката, која заврши во мрежата на домаќините.

„Тоа е акција која неколку пати ја имаме вежбано на тренинзите“, рече Пике веднаш по мечот.

Сепак, тоа не го кажа Меси. Капитенот на Барселона вели дека погодокот е многу случаен.

„Тоа да е вежбана акција? Нема врска. Едноставно лошо го изведов слободниот удар, а Пике случајно се најде таму. Имавме среќа во таа ситуација“, објасни Меси.

https://dai.ly/x6y0lo5

 

Салцбург гази без пораз, но Лајпциг е фаворит во пресметката на Ред Бул

Лигата на Европа секогаш е интересна за играње, а денеска на распоред се 24 натпревари. Се игра петтото коло, фазата по групи е при крај, па и просторот за калкулации е сè потесен.

Во фокусот повторно ќе биде дуелот меѓу тимовите под патронатот на Ред Бул, Салцбург и Лајпциг, а и од двата табора ги отфрлаат сите шпекулации и сомнежи дека е можно да калкулираат со исходот.

Еве го нашиот избор на пет предлог-типови за денеска:

 

Салцбург – Лајпциг (18.55 часот)

Братските клубови под патронатот на Ред Бул повторно ќе играат меѓу себе, овојпат во Австрија. Првиот дуел во Германија го доби Салцбург со 3-2, а сега од Лајпциг порачуваат дека е време за реванш. На германскиот тим очајно му треба победа за да ја продолжи битката со Селтик за втората позиција во групата Б. Салцбург е неприкосновен со четири победи и максимални 12 бодови, но денеска е во позиција на аутсајдер според коефициентите.

Предлог тип: 2&ГГ (3.60)

 

Баер Леверкузен – Лудогорец (18.55 часот)

Германскиот тим веќе обезбеди настап во следната фаза во Лигата на Европа и комотно може да се посвети на дуелите од Бундеслигата. Лудогорец ги загуби сите шанси да презими во Европа и на „Бај арената“ може да игра релаксирано, без притисок.

Првиот меч меѓу двете екипи во Бугарија беше многу интересен и со пет голови. Лудогорец веројатно тогаш ја пропушти шансата да мине понатаму, откако прокоцка предност од 2-0 и загуби со 2-3. И двете екипи играат напаѓачки фудбал и повторно се чини дека најдобар избор е да се типува на голови.

Предлог тип: 1+I и 2+II (2.35) Квота на денот

 

Ворскла – Арсенал (18.55 часот)

Многу перипетии има околу вториот меч меѓу овие две екипи, а причина е безбедносната ситуација во Украина. И мечот беше преместен од Полтава во Киев, што е дополнителна предност за гостите.

Арсенал ја декласира Ворскла на првиот меч во Лондон, победи со 4-2, но имаше предност и од 4-0. Разликата во класа е голема во полза на топчиите, а тие веќе го имаат обезбедено пласманот понатаму во Лигата на Европа. И кога Арсенал е во таква позиција, релаксиран, обично знае да одигра натпревари со многу голови, а и полесно победува.

Ворскла има минимални шанси да презими во Европа, но ако сака да остане во игра, мора да победи, што е добра најава за отворен меч во Киев.

Предлог тип: 2 & 2-5 (2.60) Квота на денот

 

Фенербахче – Динамо Загреб (18.55)

Ова е уште еден меч каде што едната екипа веќе си има обезбедено настап во продолжението од ова натпреварување, а тоа е клубот од Загреб. Адеми и соиграчите нанижаа 4 победи со одлична гол-разлика 11-3 и им треба еден бод вечерва во Истанбул да го запечатат првото место.

Веројатно реми ќе му биде доволно и на Фенербахче за да му се приклучи на Динамо во следната фаза. Елиф Елмас и соиграчите мора да мислат и на мечевите од турското првенство, каде што се наоѓаат во мошне незавидна позиција. Ги чека понеделнички меч со незгодниот тим на Касимпаша, па веројатно Ервин Куман ќе бара чаре да победи да или ремизира против Динамо и да ги сочува силите за дуелот од турското првенство.

Предлог тип: Х (3.20)

 

Челзи – ПАОК (21 часот)

Челзи е убедливо прв во групата Л и е сигурен патник во следната фаза, а ПАОК бие битка со МОЛ Види и со БАТЕ Борисов за втората позиција. Грчкиот тим е аутсајдер, има два порази од унгарскиот тим и во евентуален круг со нив, со еднаков број бодови ќе се прости од Европа. Моментно по 4 кола, грчкиот тим има 3 бода, како и БАТЕ Борисов, и три помалку од тимот за којшто игра нашиот репрезентативец Бобан Николов.

ПАОК вечерва мора да атакува на победа во Лондон, а токму таква игра му одговара на Челзи. Екипата која викендов нема да патува бидејќи го чека градското дерби со Фулам, па ќе може да му се посвети на дуелот со ПАОК и да се обиде со максимален ефект да ги заврши натпреварите во фазата по групи.

Предлог тип: 1 & T1 3+ (2.40) Квота на денот

 

Вардар сака со победа против Кjелце да ѝ каже збогум на 2018 година во ЛШ

Вардар сака со победа да ги заврши натпреварите во Лигата на шампионите за 2018 година, а противникот е добро познат, во „Јане Сандански“, во сабота од 17.30 часот ќе гостува полски Кjелце.

Триумф му ја носи на нашиот првак втората позиција, пред да продолжи на мечевите во ЛШ идната година во февруари.

„Ова ни е последен меч за оваа година бидејќи следува пауза до февруари. Кјелце е многу добар тим, играат многу брзо и имаат добра одбрана. Нашата цел е да победиме и да стигнеме до второто место во групата. Не смееме да имаме осцилации во играта, како што имавме на претходните мечеви“, вели тренерот на Вардар, Парондо.

Оптимист, како и секогаш, е и Стојанче Стоилов, еден од најискусните во таборот на Вардар.

„Ова е директен дуел за второто место во групата. Тежок ривал, но играме дома и добро се подготвуваме. Многу сакаме да победиме, посебно против Кјелце и да бидеме на второто место за крај на 2018 година. Наше е да излеземе на терен и да дадеме сè од себе да ги победиме Полјаците“, додаде капитенот Стоилов.

Моментно лидер во групата А е Барселона со 16 бодови и Каталонците сигурно ќе бидат лидери до паузата и продолжението на натпреварите во февруари, а Кјелце е на втората позиција со 12, но Вардар може да го прескокне ако победи во сабота. „Црвено-црните“ во тој случај ќе бидат втори, зад Барса со 13 бодови.

 

Убаво деби за Еурофарм во Купот на ЕХФ – Хановер, Татабања и Нексе се противници на битолчани

Еурофарм Работник ќе игра против германскиот Хановер, Татабања од Унгарија и хрватскиот тим Нексе во групата Б во Купот на ЕХФ.

Битолчани за првпат играат во фаза по групи во европските купови, а до овој степен на натпреварување стигнаа со елиминација на Берн.

Денеска на ждрепката во Виена ги добија своите противници, а стартот во групата Б ќе биде на втори или трети февруари следната година.

Состави на групите:

А – Фуксе Берлин, Сан Рафел, Ла Риоха и Балатон

Б- ЕУРОФАРМ РАБОТНИК, Хановер, Татабања и Нексе

Ц – Порто, Констанца, Холтесбро и Куенка

Д – Кил, Гранолјерс, Азоти Пулави и ГОГ

Икарди купи часовници „ролекс“ за сите 23-ца играчи на Интер

Капитенот на Интер, Мауро Икарди, направи еден необичен потег. Купи 23 часовници „ролекс“ и им ги подели на сите 23-ца соиграчи. Овој потег на Икарди е како еден вид благодарност од капитенот на Интер до сите негови соиграчи кои му помогнаа минатата сезона да стане најдобар стрелец во Серија А.

Икарди не ги заборави ниту оние кои играа до пред неколку месеци за „нераѕурите“, а потоа си заминаа од клубот, па часовници има и за Рафиња, Кансело и Нагатомо. Едноставно, ова е потег на вистински лидер и капитен на тимот, кој знае на каков начин да ги мотивира соиграчите.

Интер синоќа загуби од Тотенхем со 1-0, но „нераѕурите“ остануваат со добри шанси за место во нокаут-фазата. Во последното коло треба на свој терен да го победат аутсајдерот ПСВ, а Тотенхем да не слави на „Камп ноу“ против Барселона.

 

Спортска прогноза: Тотенхем го „реши“ Интер, на ред е Арсенал

Повеќе од 130 години трае ривалитетот на овие два клуба од главниот град на Англија. Првата средба меѓу Арсенал и Тотенхем е на 19-ти ноември во далечната 1887 година, а интересно е што тој меч не е завршен. Поради темница, дуелот бил прекинат на 15 минути до крајот, при водство на Тотенхем од 2-1.

Од тој натпревар во 1887 година досега, овие ривали се имаат сретнато вкупно 182 пати, а Арсенал е поуспешен. „Топчиите“ имаат 76 победи, Тотенхем се радувал 57 пати, а 49 средби завршиле нерешено.

Двете екипи се во одлична форма. Арсенал нема пораз на 17 средби по ред во сите натпреварувања, додека Тотенхем победи на шест средби во низа. Уште поважно за Тотенхем е тоа што ги доби важните средби против Челзи во Премиер лигата, а потоа го победи и Интер во Лигата на шампионите. Сега Тотенхем ќе има мисија да му го нанесе првиот пораз на Арсенал по повеќе од три месеци.

Интересно е што Тотенхем е единствениот тим во Премиер лигата што нема одиграно ниту еден нерешен меч, додека „топчиите“ имаат три ремија во последните четири средби во домашното првенство. Иако Арсенал ќе биде домаќин на неделниот меч, Тотенхем е екипата која сезонава е најсилна на гости. На осум гостувања, тимот на Марусио Покетино победи седум пати.

Лондонското дерби викендов е во понудата на седмото коло од Спортска прогноза, каде што сѐ уште ја чекаме првата 12-ка, која носи и освојување на мобилен телефон „самсунг А6“. Дали токму овој викенд ќе имаме перфектен прогнозер, останува да чекаме до понеделник. Секако, ќе има и вредносни ваучери за сите кои до крајот на викендот ќе погодат 11, 10 или 9 парови на СПОРТСКА ПРОГНОЗА.

По успешната прогноза ќе ви се прикажат вашите типувања. Сите прогнози за тековното коло, вклучувајќи ја и вашата, можете да ги погледнете тука.