27.8 C
Skopje
сабота, 16 август 2025
Дома Blog Страница 9544

Витингтон го менува Хендрикс, останатото е исто

Селекторот на машката сениорска кошаркарска репрезентацијата, Јорданчо Давитков, го соопшти скратениот список на кошаркари повикани за репрезентативните активности кои претстојат кон крајот на ноември и почетокот на декември. Новина е враќањето на Шејн Витингтон како замена за Ричард Хендрикс.

Репрезентацијата по победите над Косово на гости и Романија дома, засега е во одлична позиција во втората фаза од претквалификациите за Евробаскетот 2021, а третиот натпревар, против Косово на втори декември во Гевгелија, може да биде и решавачки.

Сениорите ќе одржат краток собир во Скопје (првиот собир закажан за 28-ми ноември, во 20 часот, во „Јане Сандански“), а потоа ќе заминат за Гевгелија, каде што ќе продолжат со тренинзи до одигрување на натпреварот.

На списокот на кандидати се наоѓаат: Војдан Стојановски, Дамјан Стојановски, Александар Костоски, Дарко Соколов, Адем Мекиќ, Бобан Стајиќ, Андреј Магдевски, Димитар Караџовски, Марко Симоновски, Стојан Ѓуроски, Бојан Трајковски, Љубомир Младеновски, Бојан Крстевски, Андреј Маслинко и Шејн Витингтон.

Вардар со поддршка за „Мовембер“ – Грижете се за вашето здравје

Секоја година во ноември светски познати личности помагаат да се подигне свеста за болестите кои главно ја напаѓаат машката популација, но со редовната контрола може навреме да се откријат и да се лекуваат.

Дел од активностите придружени со симболичното пуштање мустаќи или брада или едноставно фотографирање со мустаќи, помагаат и за подобрување на исхраната, вклучување спортски активности во животот со цел превенирање на состојби кои може да доведат до болести.

Бројот на поддржувачите кои во текот на ноември не ги бричат мустаќите и брадата, а веќе следниот месец се враќаат на мазниот уреден изглед расте, а годинава и ракометарите на Вардар се вклучија во светската кампања „Мовембер” со цел да ја подигнат свеста за здравјето на мажите – особено за ракот на тестисите и простатата.

 

Кјелини: Роналдо ќе „гази“ и на 40 години

Португалската мегаѕвезда Кристијано Роналдо константно ги воодушевува своите колеги во Јувентус по неговата летна преселба од Мадрид во Торино. Последен со пофалби се истакна Џорџо Кјелини, кој за Кристијано вели дека ќе игра на врвно ниво и на 40 години.

„Кристијано не е посебен само по фактот што прв доаѓа на тренинг, туку што прави за време на тренингот. Тој со неговиот менталитет ги тера останатите да го подигнат нивото на работа. Откако пристигна тука, се трудеше што побрзо да се вклопи во нашиот систем, како и на играта во Серија А. Уверен сум дека ќе „гази“ и на 40 години, за разлика од мене. Како сега, така и во иднина ќе ја прави разликата на секој натпревар“, истакна Кјелини за италијанските медиуми.

Роналдо сезонава настапи вкупно на 15 меча во сите конкуренции за Јуве, постигна девет погодоци и асистираше на пет. Според договорот кој го потпиша со „старата дама“, до самото завршување Роналдо ќе има 37 години, но според она што сите го гледаме, таа бројка и тогаш нема да му биде проблем.

НФЛ-лигата не памети вакво нешто

Лос Анџелес рамс и Канзас сити чифс одиграа историски меч во НФЛ-лигата во американски фудбал бидејќи за првпат се случи на еден натпревар двете екипи да имаат по 50 или повеќе поени. Рамс славеа со 54:51, а по четвртини резултатот беше 13-7, 10-16, 17-7, 14-21.

Ова е најефикасен понеделнички меч во историјата на НФЛ, а се играле 773 средби. Во епската битка како да немаше одбрани, „фрчеа“ тачдауни на двете страни (вкупно 14). Видени се 1.001 освоени јарди, 105 поени (трет најефикасен меч во историјата, рекордот е 113 од далечната 1966 година), 10 додавања за тачдаун, четири смени на водството во последната четвртина и вкупно 35 поени во последната четвртина.

Пред три години, Њу Орлеанс сејнтс го победи Њујорк џајантс со 52:48 и досега тоа беше најблиску до подвиг двата тима да ја надминат бројката од 50 поени. Рамс со овие 54 поени дојдоа на пет поени од рекордот на Филаделфија иглс, а Чифс по вторпат сезонава загубија меч на којшто имале над 40 поени.

По триумфот, тимот од Градот на Ангелите отиде на скор 10-1 сезонава, а Канзас има 9-2.

Ова е последниот тачдаун на мечот, кој на тимовите им обезбеди место во историјата на лигата:

Меси е убеден дека би бил добар и во Стоук

Критичарите на Лионел Меси најмногу му замеруваат што целата кариера ја мина во ист клуб и не се докажал во некои послаби екипи и потешки лиги. Аргентинецот во Барса е од 2001 година и за клубот одигра 650 меча, на кои постигна 566 гола.

Одвреме-навреме се појавуваа приказни дека може да си оди, особено во летото 2016, кога Пеп Гвардиола сакал да го донесе во Манчестер сити, но не успеа да го убеди.

Омилено прашање на британскиот остров е дали Меси би бил успешен ако игра на студеното и дождливо време во Стоук?

За Англичаните, шпанската лига е полесна од Премиер и попријатна за играње, додека во Англија често има тешки и непријатни гостувања, меѓу кои и тоа во Стоук. Сега дојде редот и Меси да се изјасни на оваа тема.

„Дали би успеал во Стоук? Треба да видите на какви лоши терени сум играл во родното Росарио. А, и таму бев доста добар“, рече фалбаџијата Меси.

Реал тргнува во офанзива: 101 милиони за Рашфорд и Ериксен

Реал Мадрид уште отсега се подготвува да се расфрла со пари во следниот летен преоден рок. Веќе се одредени и фудбалерите кои треба да го засилат тимот, а според англиските медиуми, тоа се Маркус Рашфорд од Манчестер јунајтед и Кристијан Ериксен од Тотенхем.

Главна задача на Флорентино Перес ќе биде да ги доведе овие двајца фудбалери, а за нив Реал наводно ќе издвои 101 милион евра. Имено, за услугите на Рашфорд, „кралевите“ ќе му понудат 56 милиони евра на Јунајтед, додека во таборот на Тотенхем треба да пристигне понуда вредна 45 милиони евра за услугите на Данецот.

Рашфорд и Ериксен треба да претставуваат замена за двајца клучни играчи на Реал, од кои едниот веќе си замина. Маркус е најавен како вистинскиот наследник на Кристијано Роналдо, додека Ериксен треба да ја пополни празнината која ќе ја остави Лука Модриќ, кој, најверојатно, ја игра последната сезона во дресот на актуелнито европски првак.

 

Полска ќе ја турне Германија во вториот шешир?

Завршницата од Лигата на нациите нуди интересни мечеви кои треба да го докомплетираат плејофот и изгледот на носителите при квалификациите за Европско првенство 2020. Најинтересно е во Лига А, каде што Полска без Левандовски на гостување кај европскиот првак ќе се бори да остане во елитата. За Португалија ќе навива Германија, бидејќи пораз на Полјаците, ја остава Германија меѓу повластените при ждрепката.

Квотите на денот на SPORT LIFE се од фудбалски мечеви, а како дополнување, при прогнозирањето ви помагаме на уште два меча од Лигата на нации со мини-анализи.

Португалија – Полска (20.45 часот)

Единствениот меч од елитната Лига А се игра во Гимараеш. На хартија, повеќе мотиви треба да имаат гостите, но домашните сакаат да потврдат дека се најдобри во групата. Полјаците секако ќе испаднат во Лига Б, но ако триумфираат вечерва, ќе бидат први носители при ждрепката за квалификациите за ЕП. Меѓусебните дуели често биле со три или повеќе голови. Двата тима ќе бидат подмладени и ќе ги нема главните ѕвезди Кристијано Роналдо, односно Роберт Левандовски.

Предлог тип: 1Х & 3+ (2.50)

 

Србија – Литванија (20.45 часот)

Србите се фаворити, а Литванија има пет порази по ред и на последните четири меча редовно прима барем два гола. Литванија во првите пет кола не освои бод, а тешко дека ќе успее вечерва бидејќи на Србите им треба победа за потврда на првото место и преселба во ранг погоре.

Предлог тип: Т1 1+I & Т1 3+ (2.20)

 

Бразил – Камерун (20.30 часот)

Средбата е од пријателски карактер и се игра во Англија, на стадионот на Милтон Кејнс. По СП, Бразилците одиграа пет меча и сите ги добија, без примен гол. Камерун не е во добра форма, последните пет меча му се 0-2 гола. Сепак, против „кариоките“, црно им се пишува на Африканците.

Предлог тип: Т1 2+ пол. (2.65)

 

Шведска – Русија (20.45 часот)

Со одличното издание на гостувањето во Турција, Швеѓаните дојдоа во позиција да се борат и за плејоф во Лига Б. За да успеат, ќе мора да ја победат Русија, независно со колку гола разлика. Првиот меѓусебен меч заврши 0-0, последните пет пресметки секогаш беа неефикасни, но сега „викинзите“ мора да нападнат со сите сили.

Предлог тип: 2-3 гола (1.96)

 

Косово – Азербејџан (20.45 часот)

Важноста на натпреварот веројатно ќе придонесе за малку голови. На 7-ми септември во Баку овие две селекции одиграа без голови. Домашниот терен е предност за Косово. Нашите соседи најавуваат дека ќе одат на победа, а ако триумфираат, ќе се сретнат со Македонија во полуфиналето на плејфоот.

Предлог тип: 0-1 I & 0-1 II (1.95)

Спортска прогноза 6-то коло: Клупскиот фудбал се враќа на сцена

Мобилниот телефон „самсунг галакси А6“ го чека својот прв добитник, а Спортска прогноза ви нуди 12 нови парови од клупскиот фудбал на кои треба да го погодите конечниот исход. Од 12-те меча во понудата, треба да ги погодите сите за телефонот.

За деветка, десетка и 11-ка наградите се ваучери од SPORT LIFE, во вредност од 200, 500 односно 1.000 денари. Кога ќе почне првиот меч, ќе објавиме статистика како се играни паровите и ќе имате увид во типувањата на сите прогнозери, а кога ќе заврши колото, ќе ги објавиме добитниците на наградите, секако, и комплетна листа кој колку погодил.

Во разновидната понуда, најатрактивни се реваншот од финалето во Копа Либертадорес, пресметката на Атлетико и Барселона како дерби за врвот во шпанската лига, како и градските дербија во Лондон и Бирмингам.

По успешната прогноза ќе ви се прикажат вашите типувања. Сите прогнози за тековното коло, вклучувајќи ја и вашата, можете да ги погледнете тука.

Ембид се избламира, Симонс му се смееше во лице (видео)

Филаделфија запиша нова победа ноќеска откако со 119:114 го совладаа тимот на Феникс. Џоел Ембид повторно беше доминантен под обрачите, запиша 33 поени и 17 скока, но овој меч ќе го памти по неговото бламирање.

Ембид сакаше да ја изведе познатата „ветерница“ при обид да ја забие топката во кошот, но таа излезе од обрачот. Наместо тоа да биде атракција, на крајот се покажа како циркус-потег, по што и неговиот соиграч Бен Симонс му се изнасмеа в лице.

https://twitter.com/ESPNNBA/status/1064693967512584192

Ливерпул го сака најдобриот стрелец во Бундеслигата

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, во своите редови сака да го доведе напаѓачот на Ајнтрахт Франкфурт, Лука Јовиќ. Младиот 20-годишен Србин е откритие на сезоната во Германија и моментно е најдобар стрелец во Бундеслигата. На 15 меча во сите натпреварувања, Јовиќ досега има дадено 12 погодоци. Посебно впечатлив беше неговиот настап на дуелот против Фортуна Дизелдорф, кога постигна пет погодоци.

Јовиќ е во Ајнтрахт како позајмен играч од Бенфика и таму сигурно ќе остане до крајот на сезоната. Доколку Ливерпул сака да го купи, ќе мора да ја слушне цената која ја бара Бенфика. Пред почетокот на сезоната цената на Јовиќ беше 18 милиони евра, но сега сигурно таа е многу повисока.