35.8 C
Skopje
вторник, 12 август 2025
Дома Blog Страница 9550

Најдобриот стрелец во МЛС со невиден стил на изведување пенал (Видео)

Венецуелскиот фудбалер Џозеф Мартинес, кој го носи дресот на Атланта јунајтед и постави нов рекорд на МЛС-лигата во САД со 31 погодок во регуларната сезона, го привлече вниманието и со погодокот од пенал кој го даде на дуелот со Њујорк сити.

Поранешниот напаѓач на Торино зеде залет, скокна и потоа веднаш по приземјувањето ја шутна топката и ја застресе мрежата. Ваква техника на изведување пенал не е видена. Погледнете го комичниот, но ефикасен удар од белата точка:

https://www.youtube.com/watch?v=-ni9sW8SiDU

Леброн е незапирлив, го помина и Вилт Чемберлен на вечната листа (Видео)

Леброн Џејмс го одигра најдобриот меч во дресот на Лос Анџелес лејкерс, откако даде 44 поени, а имаше и 10 скока и 9 асистенции во победата над Портланд од 126:117 во НБА-лигата. ЗА Лејкерс ова е четврта победа во низа и сега тимот е меѓу посакуваните осум екипи во Западната конференција. Домашните навивачи беа воодушевени од играта на првата ѕвезда во тимот и го наградија со скандирање „МВП, МВП“.

На овој меч, Леброн стигна до петтата позиција на најдобри стрелци во историјата на НБА-лигата. Тој успеа да го помине легендарниот Вилт Чемберлен и сега има 31.425 поени во кариерата.

Пред Леброн, сега остануваат само четворица. Мајкл Џордан има 32.292 поени, Коби Брајант е со 33.643 поени, Карл Мелоун застана на 36.928 поени, а најдобар стрелец во историјата на НБА-лигата е Карим Абдул-Џабар со 38.387 поени во кариерата.

Далас и Јута испишаа историја, која воопшто не е за фалење на „џезерите“

Меч за памтење се одигра во Далас. Домаќините славеа со неверојатна разлика од 50 поени против Јута џез (118:68). Интересно е што првото полувреме не најавуваше дека ова ќе биде натпревар за историја. По првите 24 минути, Далас беше подобар и водеше, но само со 58:46. Разликата од 12 поени не е невообичаена, но тоа што се случи во вториот дел е за памтење.

Јута едноставно како да престана да игра, а Далас тоа максимално го искористи. Во второто полувреме, односно за 24 минути, Јута даде само 22 поени, а прими 60, па на крајот разликата беше точно 50 поени во корист на домаќинот. За Јута ова е втор највисок пораз во клупската историја. „Џезерите“ со поголема разлика имаат загубено само на 14-ти март 1979 година, и тоа од Милвоки со 158:102.

И за Далас ова е втора највисока победа во клупската историја. Со поголема предност има победено само против Филаделфија, кога беше подобар со 53 поени разлика. Во второто полувреме Далас прими само 22 поени, што е најмалку во клупската историја.

Резултати: Орландо – Филаделфија 111:106, Вашингтон – Кливленд 119:95, Бостон – Чикаго 111:82, Бруклин – Мајами 107:120, Торонто – Детроит 104:106, Милвоки – Мемфис 113:116, Минесота – Њу Орлеанс 107:100, Оклахома – Њујорк 128:103, Далас – Јута 118:68, Феникс – Сан Антонио 116:96, ЛА лејкерс – Портланд 126:117.

Инцидент на дербито, Охрид ја сопре серијата на Пелистер

Ракометарите на Охрид ја анулираа негативата од 6 голови и со победа од 25:22 ја сопреа серијата на Пелистер под команда на Јошко Петковиќ.

Мечот го одбележа подвигот на домаќините и инцидентот што се случи во финишот на првото полувреме. Имаше и физички контакт меѓу ракометарите, а исклучени со син картон беа Дарко Георгиевски и Славиша Димитриевски кај Охрид и Милош Рајчиќ и Иван Димитриовски кај Пелистер.

Гостите од Битола водеа со 18:12 во второто полувреме, но оттогаш до крајот на мечот постигнаа само 4 погодоци, а примија дури 13.

Тасески со пет голови беше најефикасен кај Охрид, додека Кобетиќ за Пелистер постигна шест голови. Ова е прв пораз за битолскиот ракометен гигант откако на кормилото пристигна искусниот лисец Јошко Петковиќ.

 

ФОТО: Охрид њуз

Ѓорѓев и Димитриевски се разминаа, Рајо го победи Грасхоперс

Никола Ѓорѓев и Грасхопрес се гости на турнирот што го организира Рајо Валјекано, каде што брани Столе Димитриевски, но голманот на домаќините и еден од најталентираните наши играчи се разминаа.

Димитриевски е со селекцијата А во Швајцарија, на завршните подготовки пред мечот со Лихтенштајн, па немаше можност да му биде домаќин на Ѓорѓев.

Рајо Валјекано го освои пехарот на турнирот со победа од 3-1 против швајцарскиот состав, чиј член е младинскиот репрезентативец на Македонија Никола Ѓорѓев.

И шампионот конечно победи во ЛШ

Монпелје конечно успеа да стаса до првата победа сезонава во Лигата на шампионите, а прва „жртва“ е екипата на нашиот репрезентативец Филип Талески, Рајн-Некар.

Францускиот тим беше убедлив и славеше со 31:26. Мелвин Ричардсон и Мишел Гигу постигнаа по 7 гола за победничката екипа, која го дели последното место во групата во која игра и нашиот првак Вардар.

За гостите од Германија играше и Талески и постигна два погодоци од три обиди. Со него во Рајн-Некар играат и Илија Абутовиќ, неодамнешен член на Вардар, и Владан Липовина, ексракометар на Металург.

Најефикасен ракометар кај гостите беше Џери Толбринг со шест голови.

Арсенал има стар проблем, талент од Аталанта ќе ја штима одбраната

Арсенал постојано има ист проблем, тенок е во дефанзивата и иако купуваше доста играчи во одбраната, сега повторно сака да пазари.

„Топчиите“ се заинтересирани за младиот стопер на Аталанта, Џанлука Манчини. Тој има 20 години и игра одлично, а конкуренција на Арсенал ќе бидат и клубови од Италија и Борусија Дортмунд.

Популарните „милионери“ се вистинска фудбалска мека за млади играчи и ќе му конкурираат на Арсенал за Манчини, а во игра се и Интер и Рома.

Манчини сезонава се наметна и како опасен стрелец, а на 11 меча веќе постигна 4 погодоци за Аталанта.

Лихтенштајн тешко ни дава голови, голманите сепак се на готовс (Фото)

Столе Димитриевски прими само еден гол на трите натпревари на кои бранеше со Лихтенштајн, но сепак нашите голмани се на готовс.

Денеска тренираа посебно, а и Димитриевски, кој речиси сигурно ќе биде на голот, но и Шишковски и Илиев се подготвени да ја сочуваат мрежата незатресена.

Димитриевски бранеше трипати против ривалот со кого играме често во последно време и прими само еден гол, на последниот дуел во Скопје.

Тогаш славевме со 4-1, а Столе ја сочува својата мрежа на претходните два меча од квалификациите за настап на Мундијалот во Русија.

Во Вадуцпобедивме со 3-0, а во Струмица бевме уште поефикасни и го декласиравме Лихтенштајн со 4-0.

Сега во Лигата на нациите дојде ред пак да гостуваме во Вадуц и ќе играме задутре, од 20.45 часот.

 

Раул е доктор за ракомет, продолжува во ЛШ без пораз и со ПСЖ

Пари Сен Жермен без многу мака го декласира Фленсбург во Германија со 27:20, и тоа многу полесно од очекувањата. Двете екипи викендов играа во Париз и тогаш ПСЖ едвај славеше со 29:28.

Екипата што од клупата ја предводи Раул Гонзалес нема пораз по 8 кола и е единствена со максимален учинок во ЛШ.

Хансен со 6 погодоци беше најефикасен кај гостите од Париз, а пет постигна Генсхајмер. Кај Фленсбург тројца ракометари, Лауге Шмит, Сван и Ване, постигнаа по четири погодоци.

Мората со помош на психолог се врати како нов

Најдов излез од темнината со помош на психолог. Навистина имав проблем откако во Реал Мадрид не добив вистинска шанса, а не играв ниту во Челзи. Го загубив и местото во репрезентацијата на Шпанија, но тогаш повлеков вистински потег. Побарав помош од психолог, кој ми помогна да ми се врати желбата за фудбалот и насмевката на лицето“, вели Алваро Мората.

Тој вели дека професионалните фудбалери и буквално се срамат да побараат стручна помош кога се во криза, што им ја отежнува работата и им создава проблем во кариерата.

„Играчите не сакаат да одат на психолог. Или барем поголемиот дел од нив. Се срамат. Мене ми помогна. Сè е до главата, а воопшто не е срамота да се побара помош од професионалци“, додаде Мората.

Тој направи камбек во Реал Мадрид по одличните игри во Јувентус, но таму не доби вистинска шанса. Го ангажираше Челзи, но и таму не играше на почеток, па влезе во криза. Сега игра стандардно, а вели дека е така најмногу благодарение на помошта од псхологот.