28.8 C
Skopje
вторник, 29 јули 2025
Дома Blog Страница 9564

Елина Свитолина се измачи, но дојде до ВТА финалето

Украинката Елина Свитолина е првата финалистка на завршниот ВТА турнир во Сингапур. Во првото полуфинале, таа ја совлада Кики Бертенс со 7-5, 6-7, 6-4. Тенисерките водеа голема и исцрпувачка борба која траеше 2 часа и 37 минути. Ова беше најдолг меч на турнирот.

Свитолина без пораз дојде до финалето на турнирот на кој се осум од деветте најдобри тенисерки на светот (без повредената Симона Халеп). Бертенс на турнирот влезе како резерва, по откажување на Халеп, но таа докажа дека е тенисерка со најголем напредок во 2018 година, и ги освои срцата на љубителите на овој спорт.

„Беше голема борба, физички напорно, игравме на високо ниво, среќна сум што победив, многу ми значи ова. Во финалето ќе го дадам својот максимум, тоа ќе биде мој последен меч годинава и мора да го дадам најдоброто од себе“ – изјави Свитолина.

Во финалето, шестата носителка Свитолина ќе игра со Каролина Плишкова или Слоун Стивенс.

Дербијата се утре, денеска Кожув ќе има мака со Пелистер

Гостувањето кај Кожув кај Пелистер, треба да биде најинтересниот од трите натпревари од денешната програма во првата машка кошаркарска лига. Гевгеличани немаа многу време да се подготват за овој меч, бидејќи пред три дена имаа гостување во Бугарија, но сепак важат за фаворити на дуелот во Битола.

Пелистер уште нема победа, и мотивите кај нив да се совлада противникот, ќе бидат големи, а нивна предност е домашниот терен. Битолчани гостуваа во првите три кола, и ова им е прва шанса да дојдат до победа.

На другите два денешни меча, домашните екипи се големи фаворити. Дерби мечевите се закажани за утре.

Двојки, 4 коло, денеска: Блокотехна – Шкупи (17.30 часот), Пелистер – Кожув (18), Фени индустри – Вардар (18). Утре: Куманово – Работнички (17.30), МЗТ Скопје Аеродром – Гостивар (17.30).

Ремс ќе игра во бел дрес, за да потсети дека пред 60 години загуби од Реал

„Штутгарт 1959“ е напишано на белите дресови со кои францускиот тим Ремс утре ќе настапи на гостувањето кај Рен. Со тоа, од клубот сакаат да потсетат дека тој германски град, во далечната 1959 година, загубија финале во Купот на европските шампиони и играа против најславниот клуб на светот кој има бел дрес со виолетови детали.

Клупските бои на Ремс се црвени со бело.

Тоа финале во КЕШ во Штутгарт на 3 јуни 1959, Ремс го загуби од Реал Мадрид со 0:2, па мадридскиот клуб јавно му се заблагодари на Ремс што направиле ваков потег. Реал и Ремс кои се стари ривали и „вечни пријатели“, а финале во најсилното натопреварување играа и во 1956, тогаш шпанскиот тим победи со 4:3.

Нема билети за Грција – Македонија

Грчката ракометна федерација објави дека пред салата во Кожани нема да има продажба за билети за утрешниот меч против Македонија, туку оти во сала ќе се влегува само со акредитации и пропусници. Дуелот од квалификациите за Европското првенство 2020 се игра утре од 16 часот.

По договорот со полицијата од Кожани, ракометната федерација ги донесе следниве одлуки: зголемено обезбедување и воведување посебни сообраќајни мерки пред, за време и по натпреварот, мечот да се прогласи од висок ризик, да нема продажба на билети, и сите покани за присутните во салата да бидат со име, број на лична карта.

Присуство на луѓе кои немаат таква покана или акредитација, нема да биде дозволена. Вратите ќе се отворат на еден ипол час пред почетокот.

Борусија игра фудбал за мерак, во Дортмунд ќе падне и Херта

Германскиот фудбал го познава одлично, беше дел од Бундеслигата како играч на Ајнтрахт Франкфурт и вели дека оддамна немало екипа, која игра фудбал за мерак, како што во моментов тоа го прави Борусија Дортмунд.

Александар Васоски повторно ги анализира натпреварите од германското првенство, има пет предлог типови, а меѓу нив е и дербито меѓу Борусија Дортмунд и Херта.

„Борусија е како машина за голови, изненадува начинот на кој постигнуваат погодоци, а играат и убав фудбал за око. Веројатно и најубав во Германија и очекувам нова нивна победа во ефикасен меч, вели Васоски во анализата за Спорт Манија.

Еве го неговиот избор за дел од дуелите од 9. коло во Бундеслигата.

 

Мајнц – Баерн (Сабота, 15.30)

Домаќините немаат постигнато гол на последните 5 натпревари и кризата кај нив е евидентна. Во Германија тешко е да се вадите против Баерн. Особено што шампионот полека го остава зад себе периодот на турбуленции и се стабилизира со формата. Односот на релација Нико Ковач и играчи се подобрува и очекувам сигурна победа на Баерн.

Предлог тип: 2-2&2+ (1.93)

 

Хановер – Аугсбург (Сабота, 15.30)

По традиција на нивните дуели има многу погодоци, а и сезонава и двете екипи се ефикасни. Хановер игра отворен фудбал, сака да игра на гол повеќе од противникот, а и Аугсбург е ривал по мерка. И гостинот знае да биде ефеикасен, па овде ќе типувам 3 и повеќе голови.

Предлог тип: 3+(1.75)

 

Борусија Дортмунд – Херта (Сабота, 15.30)

Борусија е хит и тоа не само во германскиот фудбал, бидејќи игра неверојатно добро и во Лигата на шампионите. Имаат постигнато 18 голови  на последните четири натпревари на домашен терен и се работи за екипа која во моментов игра најубав фудбал во Германија. Очекувам да продолжат во исто темпо и да забележат нова победа во ефикасен меч.

Предлог тип: 1-1&3+ (2.80)

 

Хофенхајм – Штутгарт (Сабота, 18.30)

Мал проблем за Хофенхајм може да биде настапот на два фронта и во Бундеслигата и во Лигата на шампионите, но овде ќе се потпрам на квалитетот на домаќинот и на лошата форма на Штутгарт. Хофенхајм лесно постигнува голови, Штутгарт уште полесно беше декласиран од Борусија Дортмунд во минатото коло и тоа на домашен терен и не верувам дека има сили за изненадување. Верувам дека Хофенхајм ќе победи, но посигурен тип ми е дека ќе постигна два, или повеќе голови во мрежата на гостите.

Предлог тип: Т12+ (1.44)

 

Лајпциг – Шалке 04 (Недела, 15.30)

Ова е меч на две екипи кои ја претставуваат Германија во европските купови, а според мене Лајпциг е во подобра форма. Игра добро и во Бундеслигата и во Европа Лигата. Шалке 04 игра променливо, не може да влезе во вистински ритам и мислам дека проблемите што ги има тимот од Гелзенкирхен ќе ги искористи Лајпциг. Верувам дека домаќините можат да постигнат два или повеќе голови, со што ќе ја продолжат агонијата на Шалке 04. Очекувам по овој меч гостите да останат без тренер.

Предлог тип: Т12+ (1.87)

 

ФИФА воведува нови правила: Нема веќе „крадење“ на времето

Премногу пауза и задржување на времето се најнепопуларните работи во фудбалот. Во англиската Премиер лига сезонава натпреварите активно се играат во просек по 55 минути и 9 секунди. Вкупно биле направени 2599 измени, од кои 129 односно 5 отсто се во судиското надополнување на времето. Арбитрите во просек се решаваат средбата да трае дополнителни 4 минути и 22 секунди.

Поради фактот дека во Англија само 55 минути се активни од вкупно 90, а и во сите останати првенства ситуацијата е многу слична, меѓународниот одбор за правила на фудбалската игра (ИФАБ) предложи да се забрани вршење на замени на играчите во судиското надополнување. Уште една од можните нови правила е да му се дозволи на играчот кој ќе биде заменет, да го напушти теренто до најблиската аут линија, а не како што е досега, само на определеното место.

Со воведување на овие правила, сигурно би се намалило залудно потрешеното време без активен фудбал. За тоа дали ќе бидат овие правила веведени ќе се гласа дури следната година.

 

Алегри не му дава одмор на Роналдо

Јувентус денеска гостува кај Емполи во меч од 10 коло на италијанската Серија А, во обид да започне нова победничка низа. „Старата дама“ имаше осум победи по ред во првенството, но изминатиот викенд на свој терен киксираше и одигра само 1:1 против Џенова.

Тренерот на италијанскиот првак, Масимилијано Алегри најави дека не планира да одмора ниту еден од првотимците, а посебно потенцираше дека Кристијано Роналдо ќе биде на теренот. Алегри вели дека неговите играчи во нападот ќе мора да ја подобрат реализацијата, бидејќи не даваат доволно голови, во однос на тоа колку шанси создаваат.

„Роналдо ќе игра. Ние ќе мора да ја подобриме реализацијата ако сакаме да победиме. Емполи е добар тим кој знае да ја контролира топката во свој посед. Ако не одиграме како што треба, ова може да биде тежок меч за нас“, рече Алегри.

Кристијано кој дојде во Јувентус за сума од 112 милиони евра, сезонава одигра 11 меча и даде пет гола, што е под неговиот просек на кој сме навикнати. Јувентус на ова гостување ќе биде без Сами Хедира и Емре Џан, а неизвесно е дали во нападот ќе биде Марио Манџукиќ.

 

 

ПСЖ во јануари сака да го купи Санчез, но има проблем

Шампионот на Франција, Пари Сен Жермен уште сега започнува со потрага на нови засилувања во јануарскиот преоден рок. Како прва опција за доведување на „Паркот на принцовите“ е Алекси Санчез. Чилеанскиот репрезентативец е едно од најголемите разочарувања во Манчестер јунајтед, па иако беше доведен како големо засилување, сега почесто е на клупата за резерви, отколку на теренот.

Самиот Санчез побарал да си замине од Манчестер, тимот во кој веќе два месеци не бил стартер. „Светците“ од Париз не размислуваат многу и веруваат дека напаѓачот одлично би се снашол во нивниот состав. Сепак, за реализација на овој трансфер има еден голем проблем. Санчез е еден од најскапоплатените фудбалери во Англија, сума која ПСЖ секако би можел да си ја дозволи, но тоа ќе биде спротивно од правилата на УЕФА. Францускиот првак на тој начин би го нарушил правилото за финансиски фер-плеј и ќе ризикува да биде драстично казнет.

 

Во Премиер лигата долго време не било толку неизвесно

Шампионот Манчестер сити ја предводи групата од пет екипи кои се одвоија во трката за титулата во Премиер лигата. Денеска стартува 10. коло во англиското првенство, а интересно е тоа што ниту еден клуб засега се нема одвоено. Дури пет екипи се во растојание од само два бода, што покажува дека може да биде едно од најнеизвесните првенства во историјата.

„Нема дилема дека има пет кандидати за титулата. Кога разликата меѓу сите овие тимови е само два бода, значи дека сите имаат квалитет“, реле Гвардиола.

Од водечката петорка денеска игра само Ливерпул. Тимот на Јирген Клоп на свој терен е апсолутен фаворит против Кардиф. Овие два тима последен пат во Премиер лигата играа во сезоната 2013/14 и на двете средби имаше гол-шоу. Ливерпул на „Енфилд Роуд“ победи со 3:1, а потоа на гости фаворитот славеше со убедливи 6:3.

 

Многу дерби дуели: Типувајте Спортска прогноза до 15:30 часот

Второто коло на Спортска прогноза денеска започнува. За сите оние кои немаат типувано, имаат време до 15:30 часот да ги дадат своите прогнози на понудените 12 двојки. Сите погодени натпревари се за подарок мобилен телефон Сансунг Галакси А6.

Невројатно интересни средби нуди ова коло. Секако најважно во фокусот е утрешното „Ел Класико“ помеѓу Барселона и Реал Мадрид. Сепак тоа не е единственото дерби. Ајакс игра против Феенорд во Холандија, Наполи ја пречекува Рома, а Лацио е против Интер во италијанската Серија А, а Олимпик Марсеј ќе се обиде да го изненади ПСЖ во Франција. Никако не смее да се заборави ни дербито во Премиер лигата меѓу Тотенхем и Манчестер сити.

За да прогнозирате и да се обидете да стигнете до вреден подарок треба да бидете дел од СПОРТСКА ПРОГНОЗА. За да имате можност за подарок кликнете ТУКА и типувајте.

Правила

  • Прогнозерот со погодени 12 натпревари добива телефон Samsung Galaxy A6 2018.
  • Доколку 2 или повеќе ги погодат сите натпревари во едно коло, наградата станува парична: Ќе бидат доделени ваучери од SPORT LIFE во вкупна вредност од 15.000 (ако има двајца добитници ќе добијат ваучери во вредност од 7.500 денари, тројца по 5.000 денари).
  • За погодени 11 натпревари – ваучер од 1.000 денари.
  • За погодени 10 натпревари – ваучер од 500 денари.
  • За погодени 9 натпревари – Ваучер од 200 денари.

Секој корисник има право на една прогноза. Прогнозерите кои прогнозирале два или повеќе пати ќе бидат дисквалификувани за тековното коло.

Ваучерите се активираат исклучиво на Sport Life клуб-картичка.

Во конкуренција се прогнозите испратени 30 минути пред почетокот на првиот натпревар.