19.3 C
Skopje
понеделник, 28 јули 2025
Дома Blog Страница 9568

„Црвените ѓаволи“ доцнат на мечевите од ЛШ, ги чека нова казна

Манчестер јунајтед е соочен со нова казна од УЕФА, а дозата ќе биде двојна и поради доцнење на мечот со Јувентус и за влегување на навивачи на теренот.

„Црвените ѓаволи“ повторно задоцнија на меч од Лигата на шампионите, против Јувентус вчера, кикс што им се случува вторпат по ред. И со Валенсија беше слично, па натпреварот дури и доцнеше малку, а и вчера против „старата дама“ им се повтори тоа.

Дури менаџерот на Јунајтед, Жозе Мурињо, пешачел за да стигне до стадионот, а проблем за неговиот клуб е што и навивач влета на теренот, што е пропуст во организацијата.

За слабата организација на дуелот со Валенсија, клубот од „Олд Трафорд“ плати глоба од 15 илјади евра, а сега веројатно казната од УЕФА ќе биде повисока.

Турските ракометари во Битола му се поклонија на Ататурк

Денеска турските ракометари добија час по историја, а утревечер ги чека час по ракомет против фаворитот Македонија.

Турските ракометни репрезентативци денешниот ден го искористија и за посета на музејот во Битола, каде што има соба на Мустафа Кемал Ататурк, таткото на турската нација.

Ататурк е најголемата личност во турската историја во последните 100 и нешто години, основач на турската република и нејзин прв претседател. Ататурк дел од своето школување го има минато во средното воено училиште во Битола, па затоа за градот на конзулите има посебна почит кај сите Турци.

Довициозо: Горд сум што му бев главна закана на Маркес

Возачот на Дукати, Андреа Довициозо, во пресрет на трката за Големата награда на Австралија посочи дека е горд што сезонава му бил најголем ривал на Марк Маркес во борбата за светската титула во МотоГП.

Маркес минатиот викенд ја одбрани светската титула на трката во Јапонија, со победата стигна вкупно до 296 поени, 102 повеќе од Довицозо, кој се откажа од настап два дена порано. Шпанецот стигна до својата седма светска титула во кариерата, петта во најсилната конкуренција.

„Горд сум што му бев главен ривал на Маркес, што имав можност да му се заканам во неговиот обид да ја одбрани титулата, тоа значи дека напредувам како возач. Пред две години никој не очекуваше дека јас ќе бидам тој што ќе се обиде да ја прекине неговата доминација. Иако не успеав во тоа, со сите сили се обидував. Ние двајца сме во добри односи и надвор од трките, секогаш имаме тема на разговор, па и двајцата сме „манијаци“ за мотори“, истакна Довициозо.

Трката за Големата награда на Австралија ќе се одржи во понеделник рано наутро, со почеток од 4 часот.

Најстариот фудбалски клуб на светот го слави 161-виот роденден

Натаниел Крезвик и Вилијам Прест на 24-ти октомври во далечната 1857 година одлучија да регистрираат фудбалски клуб и направија чекор за кој не беа ни свесни дека ќе претставува пионерски момент во една славна историја.

Денеска Шефилд слави 161 година од своето формирање и тоа е најстариот фудбалски клуб на светот. Шефилд и тогаш беше аматерски клуб и сега е со истиот статус, составен од луѓе кои се љубители на најважната споредна работа на светот.

Во моментов ФК Шефилд е член на осмата лига во Англија и иако многумина го сакаат поради традицијата која ја негува, одамна е во сенка на многу попознатите градски ривали Шефилд венздеј и Шефилд јунајтед.

Најголем успех им е освојувањето на аматерскиот куп пред 115 години, натпреварување кое беше најсилно во Англија во тоа време. Пред 11 години, за 150-тиот роденден меѓу гостите на прославата беше и славниот Пеле.

Иако е аматерски клуб, Шефилд е единствениот, покрај Реал Мадрид, кој во 2004 година доби Орден за заслуги, што е највисоко одликување на ФИФА.

На Борусија ѝ здодеа од играње со Реал, со нетрпение го чека Атлетико

Борусија Дортмунд многупати играше со Реал Мадрид во последните неколку сезони, а во ждрепката кога им се падна Атлетико Мадрид, се израдуваа што конечно ќе си ги одмерат силите и со другиот мадридски гигант.

„Секогаш Реал, Реал, Реал. Доста беше играње со Реал. Фала Богу што еднаш ни се падна Атлетико“, рекол еден таксист кој возел шпански новинар низ Диселдорф, градот во кој се сместени фудбалерите на Атлетико.

Иако Атлетико не е полесен ривал од Реал, во Борусија со нетрпение ја очекуваат пресметката со „јорганџиите“.

„Знаеме кој е Симеоне, и дека тој има многу силна екипа. Тешко ќе биде да победиме“ – велат фановите на Борусија кои ќе го наполнат стадионот до последно место и ќе бидат 12-тиот играч на домашните.

Гатузо пред отказ, ќе го менува Донадони?

Раководството на Милан наводно размислува, односно работи на случајот да го отпушти тренерот Џенаро Гатузо. Италијанските медиуми тврдат дека поразот од Интер изминатиов викенд ја прелеа чашата, но не бил резултатот она што ги разочарало челниците на клубот, туку начинот на кој играле избраниците на Гатузо во текот на целата средба.

Веќе се споменува и замена, наводно,  Роберто Донадони, екстренерот на Болоња, ќе ја преземе екипата најмалку до крајот на оваа сезона. Донадони е слободен агент откако по крајот на минатата сезона, му истече договорот со Болоња. Според тамошните медиуми, дури Рикардо Монтоливо и неговиот агент замешале прсти во оваа смена, тие притискаат Донадони да биде назначен за нов тренер.

Донадони, исто како Гатузо, е поранешен фудбалер на „росонерите“, кој го носел црвено-црниот дрес во два наврати, освојувајќи ги сите можни трофеи со Милан.

Нејмар со Спајдермен и Бетмен на грбот ќе го напаѓа Наполи

Фудбалерот на ПСЖ, Нејмар, на социјалните мрежи се пофали со новата тетоважа на грбот на која еден спроти друг се познатите филмски ликови Спајдермен и Бетмен. Веројатно Нејмар не можеше да се одлучи дали повеќе му се допаѓа човекот-пајак или човекот-лилјак, па на грбот реши да си ги истетовира двајцата, збогатувајќи ја и онака богата колекција на тетоважи по телото.

Вечерва Нејмар со својот тим игра меч од ЛШ против Наполи и ако даде гол, можеби ќе го соблече дресот, па и на париската публика да ѝ се пофали со новата тетоважа која му беше нацртана додека играше покер со пријателите.

 

Пред дуелот со Турција, РФМ доби турски спонзор

Ракометната федерација на Македонија, претставена од претседателот Живко Мукаетов, и Билал Суџубаши, генерален извршен директор на Халк Банк, потпишаа договор со кој оваа турска банка стана нов генерален спонзор на РФМ.

Капитенот на репрезентацијата, Кирил Лазаров, вети дека ракометарите ќе направат сè што е потребно за да ја оправдаат довербата и да се прикажат во позитивно светло во квалификациите за ЕП 2020 кои ги почнуваме утре, во Битола, против Турција, како и на Светското првенство во јануари.

Дуелите со Турција, Грција и Исланд од квалификациите за европскиот шамионат треба да послужат како подготовка за настапот на СП во Германија. Националниот тим денеска се сели во Битола и ќе тренира во реновираната сала „Боро Чурлески“, која утревечер ќе биде преполна.

Роналдо и Ферги во прегратка: Мило ми е што си во добра форма, шефе! (фото)

Средбата меѓу Манчестер јунајтед и Јувентус на „Олд Трафорд“ беше посебна од повеќе причини. Прво, тоа беше пресметка на фудбалски великани, Роналдо се врати на „Театарот на соништата“, Погба прв пат играше против „својот“ Јуве.

„Старата дама“ замина со цел плен од Манчестер, Дибала ја направи разликата. Меѓутоа, посебен момент се случи и по завршувањето на натпреварот. Имено, Кристијано Роналдо не ја испушти шансата да се види со Сер Алекс Фергусон, менаџерот кој го донесе во Јунајтед во 2003 година и му помогна да стане еден од најдобрите фудбалери во светот.

Роналдо на социјалните мрежи објави фотографија како е во прегратка на Ферги, порачувајќи: „Голем тренер, но, пред сè, прекрасен човек. Ме научи многу работи на теренот, но и надвор него. Мило ми е што те гледам во добра форма, шефе!“, стои во пораката на Роналдо.

МЗТ во „Битка на Неретва“, Кожув стартува во БИБЛ

МЗТ Скопје Аеродром вечерва од 19 часот му гостува на Зрињски во Мостар, во дуел од втората АБА-лига, и ќе се обиде да дојде до првата госитнска победа во ова регионално натпреварување.

Тимот од градот на реката Неретва не знае за победа, тие се најнеефикасен тим во АБА 2, но во своите редови имаат искусни и квалитетни играчи. Зрињски е актуелен првак на Босна и Херцеговина, па МЗТ воопшто нема да има лесна задача, особено што во тимот на тренерот Ѓорѓи Кочов ќе го нема бекот Џејмс Вудард, кој е повреден.

„Во натпреварот влегуваме без калкулации. Зрињски е противник кој не смее да се потцени. Тие се како ранет лав и по четири порази по ред, одвај чекаат некого да `гризнат`. Се надевам дека нема ние да бидеме нивната прва жртва. Ќе ни треба организирана и смирена игра, и агресивност на двете страни од теренот. Се надевам дека нема да ја испуштиме победата како против Приморска“, изјави Андрија Бојиќ.

ГЕВГЕЛИЧАНИ ГОСТУВААТ ВО СТАРА ЗАГОРА

Екипата на Кожув од 17.30 часот има тежок испит на првиот настап сезонава во БИБЛ. Станува збор за гостување кај Берое во Стара Загора. Бугарскиот тим славеше во првиот меч, но против Кожув нема да смета на еден до двајца важни играчи. Кожув има микс од младост и искуство и само ако дадат максимум, може да се надеваат на триумф.