25.8 C
Skopje
понеделник, 28 јули 2025
Дома Blog Страница 9569

Може ли Барселона да му даде два гола на Интер без Меси?

Мечот Барселона – Интер е дербито на вториот ден од третото коло во групната фаза од Лигата на шампионите. Барселона ќе мора да се снаоѓа без Лионел Меси, кој се повреди во саботата, на средбата против Севилја, па ќе мора да паузира околу еден месец. И Интер е ослабен во пресрет на гостувањето на „Камп ноу“. Без моторот во екипата, Раџа Најнголан, Лучијано Спалети стравува дека битката ќе ја загуби на средината од теренот.

Мечевите од Лигата на шампионите се нешто што не треба да се пропушти кога ќе се обложувате во SPORT LIFE, а ние Ви помагаме со пет мини-анализи и предлози.

Барселона – Интер (21 часот)

Барса и Интер за првпат по 2010 година повторно се среќаваат во Лигата на шампионите. Секако, тогаш борбата се водеше за влез во финалето, Интер од тој двомеч излезе како победник со вкупни 3-2 (3-1 на „Џузепе Меаца“, 1-0 на „Камп ноу“), а подоцна и го освои европскиот пехар. Со еднаков број бодови (по шест) по два натпревари во групата, Барса и Интер најавуваат борба за првото место, иако е рано сега да се решава за тоа, победа за која било екипа сигурно ќе биде пол-позиција за влез во нокаут-фазата.

Избраниците на Спалети со голем мотив и расположение доаѓаат во Шпанија, викендот го совладаа градскиот ривал Милан, а имаат и серија од седум победи во сите конкуренции и сигурно нема да сакаат таа серија да прекине вечерва.

Барса, пак, полека влегува во колосек, убедливиот триумф над Севилја од 4-2 е како потврда за тоа. Подобриот биланс во меѓусебните пресметки против Интер (три победи Барса, еден триумф Интер, две реми) исто така треба да биде мотивација за Каталонците да продолжат во ист ритам против тимот од Милано.

Предлог тип:  T12+ & ГГ (2.50)

 

ПСВ – Тотенхем (18.55 часот)

Ова е вистински момент за Тотенхем да издвои победа, но тоа важи и за ПСВ. Холандскиот првак и премиерлигашот влегуваат во битка за први бодови во групната фаза, по поразите од Интер и Барса. На хартија, фаворит е Тотенхем, но ПСВ со помош на поддршката од преполната арена „Филипс“, нема толку лесно да се предаде. Ова ќе биде само трета меѓусебна пресметка, во 2008 година Тотенхем и ПСВ играа осминафинале во Лигата на Европа, а откако двата меча завршија со резултат од 1-0, ПСВ во реваншот беше подобар по пенал-рулетот.

Предлог тип: X2 & 3+ (2.40)

Пари Сен Жермен – Наполи (21 часот)

Заедно со дуелот Барселона – Интер, ова ќе биде една од највозбудливите средби вечерва. „Светците“ и „наполитанците“ за пр пат ќе ги вкрстат копјата во Европа, а овој меч ќе биде посебен од неколку аспекти. Карло Анчелоти се враќа на „Паркот на принцовите“, каде што од 2011 до 2013 година, две сезони го водеше тимот на ПСЖ и придонесе за освојување на третата шампионска титула во клупската историја. На другата страна, пак, ова ќе биде емотивен меч за Единсон Кавани, кој ќе се сретне со „својот“ Наполи откако го напушти во 2013 година.

Тухел го одмори Нејмар за викнедот, па Бразилецот со полни батерии се очекува одново да блесне. Но, не е само тој, и Мбапе е во форма, забива на секој меч, а ПСЖ со чиста десетка од француското првенство ќе се обиде да ја продолжи низата триумфи.

Предлог тип: Т1 1+I & T1 2+ (1.90)

 

Клуб Бриж – Монако (18.55 часот)

„Кнезовите“ направија реформи во стучниот штаб, замина Жардим, а тимот го презеде Тиери Анри. Легендарниот Французин не се прослави на дебито на клупата на Монако, загуби со 2-1 од Стразбург во францускиот шампионат, а вечерва ќе оди на поправен „испит“ , но прашањето е дали може да смени нешто во тимот за толку кратко време. Бриж им покажа заби на Атлетико во минатото коло. Можеби загубија со 3-1, но добро ги намачија „јорганџиите“, особено во првите 45 минути.

Предлог тип: 1+I & 2+II (2.80)

 

Галатасарај – Шалке (21 часот)

Вечерашните ривали ќе го одиграат само третиот меѓусебен дуел во европски рамки. Кога Галатасарај и Шалке последен пат играа во Лигата на шампионите во 2013 година, се водеше борба за пласман меѓу најдобрите осум екипи.По ремито од 1-1 во Истанбул, турскиот состав славеше со 3-2 на „Велтинс“ со голот на Умут Булу во 95-тата минута. Германците само што се разиграа и почнаа да редат победи, Вердер ги спушти на земја во последното коло од Бундеслигата со пораз од 2-0, а Галатасарај игра „топло-ладно“ во последните неколку меча во сите конкуренции, па прашање е колку се подготвени да го надиграат тимот на Шалке, за кого победа годинава е реткост, но за неа се борат до последен здив.

Предлог тип: 1-3I & 1-3II (2.02)

 

Маркос Алонсо останува во Челзи до 2023

Левиот бек Маркос Алонсо останува во Челзи до 2023 година, барем според новиот петгодишен договор кој го потпиша утрово. Шпанецот во лондонскиот клб дојде во август 2016. Сега тој е стандарден стартер во тимот, а во последно време и во шпанската репрезентација.

Маркос е единствениот фудбалер во историјата на англиската Премиер лига кој имал 14 победи на првите 14 старта за еден меч. Тој сега важи за еден од најдобрите леви бекови на светот, знае да даде убави голови и од слободен удар, за него се интересираше Реал Мадрид, но Алонсо останува во Челси.

„Среќен сум што подолго време ќе останам тука и ќе продолжам да играм за еден од најдобрите тимови на светот. Имав две многу добри сезони, се надевам дека така ќе биде и во иднина“ – изјави 27-годишниот Алонсо.

Атрактивно ја заби топката во кошот, па доби бокс во глава (Видео)

Атрактивно постигнатите поени секогаш најмногу се памтат од кошаркарските дуели. Овојпат има двојна причина да се памти тоа што се случи на дуелот помеѓу Велс и Кафенберг во австриското првенство. Екипата на Велс беше во напад кога Ервин Зулиќ атрактивно ја заби топката во кошот. Со тие поени, Велс поведе со 17 поени против Кафенберг.

Забивањето на Зулиќ не му се допадна на Американецот Давид Самуелс, кој реагираше многу неспортски. Веднаш по забивањето на Зулиќ, Самуелс го нападна противничкиот играч удирајќи го директно во главата и го нокаутираше. Американецот веднаш беше исклучен, а потоа доби и отказ од тимот на Кафенберг.

Дибала: Одигравме интелигентно и со многу самодоверба

Јувентус вчера со минимални 1-0 го победи Манчестер јунајтед на „Олд Трафорд“ благодарение на Пауло Дибала. Аргентинецот најдобро се снајде во казнениот простор на „цвените ѓаволи“ во 17-тата минута, па одбиената топка од Квадрадо ја смести зад грбот на Де Хеа.

„Играме многу добро, пред сè, интелигентно. Во одбаната бевме цврсти во клучни моменти, а со голема самодоверба напаѓавме и верувавме дека можеме да издвоиме позитивен резултат. Научивме многу од грешките кои ги правевме во вакви натпревари во последните неколку години, сега знаеме каде сме најсилни, а каде бевме најранливи во минатото. Вака треба да продолжиме и резултатите ќе си дојдат на место“, истакна Дибала по мечот.

Потврдено: Лопетеги ќе го води Реал против Барселона

Реал Мадрид конечно повторно се врати на победите откако со 2-1 славеше против Викторија П’лзењ во Лигата на шампионите. За Кралскиот клуб тоа беше прва победа во сите натпреварувања по пауза од точно 31 ден. Последен пат се радуваа со 1-0 против Еспањол, а оттогаш наредија четири порази и едно реми. За нивна среќа, таа лоша низа заврши на дуелот против Викторија П’лзењ.

Веднаш по триумфот на Реал, со изјава се јави и еден од главните луѓе на Реал Мадрид. Емилио Бутрагењо сакаше да ги демантира гласините дека тренерот Хулен Лопетеги ќе добие отказ пред дуелот на Реал против Барселона. Големото Ел Класико се игра во недела, на „Камп Ноу“, а Лопетеги ќе ги предводи гостите од клупата.

„Победивме со 2-1, но тоа можеше да биде поубедлив триумф. Создадовме многу шанси кои не ги реализиравме. Сепак, најважно е што победивме. Лопетеги ќе го води Реал Мадрид на дуелот против Барселона. Мечот против Барселона секогаш е посебен и треба добро да се подготвиме“, рече Бутрагењо.

 

Повеќе од 30 повредени навивачи на ЦСКА во метро во Рим (видео)

Вчера во центарот на Рим се повредија голем број луѓе, главно навивачи на ЦСКА Москва кои се упатија кон мечот на „Олимпико“ со метро, потврди италијанската полиција.

„Група навивачи на ЦСКА се повредени при влегување во метро станицата. Во еден момент дојде до расипување на движечките скали. Пријавени се осум повредени, но се верува дека има и повеќе“, стоеше во соопштението на полицијата.

Руската амбасада потврди дека има повеќе од 30 повредени навивачи, а има информации дека еден навивач се здобил со тешки повреди, односно останал без нога. Скалите почнаа да се движат многу брзо, а луѓето не можеа да тргнат навреме. Минувачите од спротивната страна се обидуваа да помогнат, но гужвата само ги влоши работите.

https://www.youtube.com/watch?v=BjA9Qy2D6ok

Ренџерите конечно се разиграа

Њујорк ренџерс конечно победи на натпревар во регуларен дел откако со 5-2 го совлада тимот на Флорида. Ренџерите се најдоа во негатива по првиот период, но во втората третина пружија отпор постигнувајќи три гола, на два пати го искористија играчот повеќе на теренот со головите на Зибанејад и Зукарело.

Во одлучувачкиот период пантерите се обидуваа да се вратат резултатски, но ризикот да го остават голот празен само ги влоши работите за нив, па така примија уште два гола.

Ајкулите од Сан Хозе ја прекинаа серијата од пет победи во низа на Нешвил, и тоа на нивен терен со 5-4. Иако домаќините по два периоди имаа предност од 4-2, хокејарите на Сан Хозе не се предадоа и со три гола за помалку од пет минути направија пресврт, што воедно значеше и голема победа за нив.

Резултати НХЛ:

Колумбус блу џекетс – Аризона којотс 1-4

Њујорк ренџерс – Флорида пантерс 5-2

Монтреал канадиенс – Калгари флејмс 3-2

Отава сенаторс – Бостон бруинс 1-4

Нешвил предаторс – Сан Хозе шаркс 4-5

Чикаго блекхокс – Анахејм дакс 3-1

Далас старс – Лон Анџелес кингс  4-2

Едмонтон ојлерс – Питсбург пингвинс 5-6 (по продолжение)

Сити го разби англиското проклетство во Украина

Манчестер сити на доминантен начин дојде до три бода на гостувањето кај Шахтар, додуша не во Доњецк, туку во Харков, но сепак на украинска територија, и стана првиот англиски тим кој славел над Шахтар во гостински меч од Лигата на шампионите.

Досега Шахтар против премиерлигашите имаше пет победи и две нерешени. Но, синоќа беше тотално надигран од тим во кој прва ѕвезда е Давид Силва. Шпанскиот фудбалер од средината на теренот првпат во кариерата даде голови на две гостувања по ред во ЛШ.

ГОСТИТЕ ВЕЌЕ НЕ СЕ ПЛАШАТ ДА ГОСТУВААТ НА „ОЛД ТРАФОРД“

Другиот клуб од Манчестер, големиот Јунајтед, нема причини за задоволство. „Ѓаволите“ дома беа поразени од Јувентус со 0-1 и се потврди дека во последно време „Олд Трафорд“ не е место на кое се плашат гостите. Тимот на тренерот Жозе Мурињо загуби четири од последните 13 домашни средби во сите натпреварувања. Пред тоа, Манчестер јунајтед дома четири пати загуби во 81 одигран меч.

Мурињо: Бонучи и Кјелини може да бидат професори на Харвард

Манчестер јунајтед не успеа на „Олд Трафорд“ да му даде гол на Јувентус и загуби со 0-1 во дербито од третото коло од Лигата на шампионите. Англискиот гигант делуваше немоќно на теренот, па иако ја имаше поддршката од трибините, гостите стигнаа до победата. По дуелот, тренерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо, го призна поразот, а имаше само пофални зборови за противникот, посебно за двајцата клучни играчи во дефанзивата на Јувентус.

„Господата Бонучи и Кјелини може да одат на Харвард и да предаваат за тоа како треба да играат централените дефанзивци. Имаат големо ниво на стабилност. Ако ја загубите топката, нема проблем, тука се Бонучи и Кјелини да коригираат. Фантастично, апсолутно фантастично. Јувентус е тим со многу искуство и многу е тешко да го победиш. Треба да се биде реален и да се признае дека тие се на различно ниво од нас. Немам забелешки за играта на мојот тим“, рече Мурињо по поразот од само еден гол во дуелот со Јувентус.

Сега на Манчестер ќе му остане да се бори за второто место во групата, каде што ривал ќе му биде Валенсија, бидејќи како што кажа португалскиот стратег, првото место е резервирано за Јувентус.

Раул Гонзалес, Лео Меси и …… Карим Бензема

Карим Бензема од Реал Мадрид со синоќешниот погодок против Викторија Плзењ, негов прв по подолго време, придонесе за триумфот на својот тим од 2-1 и стана само третиот фудбалер во историјата на Лигата на шампионите, по Раул Гонзалес и Лионел Меси, кој постигнал барем по еден гол во 14 сезони по ред во најсилното клупско натпреварување.

Бензема е првиот играч од шпански клуб кој сезонава во сите натпреварувања постигнал три гола со глава и, уште позначајно, го надмина Руд ван Нистелрој на вечната листа на стрелците во ЛШ. Повеќе голови од Бензема (сега има 57 гола во ЛШ, од кои 12 за Лион и 45 за Реал) имаат само Кристијано Роналдо (120), Меси (105) и Раул (71).

МАРСЕЛО Е ВО ФОРМА, А НЕИЗВЕСЕН Е ЗА „КАМП НОУ“ В НЕДЕЛА

Реал синоќа конечно победи по 31 ден без радост, но не остави позитивен впечаток. Дополнителен проблем е што „кралевите“ во последните минути играа без Марсело, кој се повлече откако доби силен удар. Бразилскиот лев бек е во форма, даде голови на последните два меча и за тимот би било сериозен проблем ако не може да смета на него на неделното дерби против Барселона.