28.8 C
Skopje
недела, 27 јули 2025
Дома Blog Страница 9570

Лопетеги ќе добие 18 милиони евра ако биде избркан од Реал

Хулен Лопетеги нема причина за многу да биде загрижен, дури и да добие отказ од Реал Мадрид. Поради слабите резултати, актуелниот стратег на „кралскиот клуб“ е пред отказ, но тоа не би требало многу да го засега стратегот.

Доколку претседателот на Реал, Флорентино Перез реши да го избрка Лопетеги, во тој случај мадридскиот гигант ќе треба да му плати 18 милиони евра како оштета на тренерот. Тоа е сумата која според договорот потпишан летоска, Лопетеги треба да ја одработи до 2021 година.

Лопетеги реши да дојде во Реал непосредно пред Светското првенство во Русија, па поради тој потег ја загуби селекторската работа во шпанската репрезентација. Сепак, овој стратег не е ни малку на исто ниво како што тоа беше Зинедин Зидан во претходните три сезони.

ПСЖ ќе биде без капитенот Силва против Наполи

ПСЖ утре ќе игра без својот капитен на екипата, Тијаго Силва, кој има повреда на задната ложа и не ќе може да настапи против Наполи. Бразилецот го пропушти и дуелот против Амиен изминатиов викенд, а на тренинг се нема појавено од петокот.

Добри вести за Тухел се брзите опоравувања на Ди Марија и Верати, кои се здобија со ситни повреди во победата од 5-0 против Амиен во саботата, па ќе бидат во можност да настапат против екипата која ја предводи Карло Анчелоти.

Средбата започнува утре, во 21 часот, а се игра на „Паркот на принцовите“ во Париз.

 

Реакцијата на Клоп кога го прашаа дали се сеќава кога Ц. Ѕвезда беше европски првак (Видео)

Англискиот гигант Ливерпул утревечер на „Енфилд Роуд“ ќе ја пречека Црвена Ѕвезда во третото коло од Лигата на шампионите. Иако според многумина, ова е меч на кој однапред се знае дека Ливерпул ќе победи, сепак е дуел на двајца поранешни европски прваци. Ливерпул вкупно пет пати бил на тронот на Европа, а Црвена Ѕвезда направи историски подвиг во 1991 година кога со Македонците Дарко Панчев и Илија Најдовски станаа континентални владетели.

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп знае дека неговиот тим утре треба да освои нови три бода, а кога беше запрашан дали се сеќава кога Црвена Ѕвезда била европски првак, слатко се изнасмеа и даде оригинален одоговор.

„Кога беше тоа? Во 1990? Во 1991 година ли. Тогаш сум имал 23 години и очигледно сум имал попаметна работа од гледање на финалето во Лигата на шампиони“, со смеење одговори Клоп, кој подоцна додаде дека има гледано неколку меча од таа сезона и дека Ѕвезда тогаш имала добар тим.

https://twitter.com/thisisanfield/status/1054743297250471936

 

Диего Коста и Савиќ се опоравија пред гостувањето во Дортмунд

Од таборот на Атлетико Мадрид стигнаа убави вести пред тешкото гостување во Дормунд за дуелот против „милионерите“ во Лигат на шампионите. Симеоне ќе може да смета на својот прв избор во нападот, Диего Коста, како и на дефанзивецот Стефан Савиќ. И двајцата се опоравија од повредите поради кои не беа во тимот две недели, односно еден месец.

Коста се повреди на претходниот меч од европси рамки, против Бриж, па не играше на дуелите во шпанскиот шампионат против Бетис и Вилјареал. Савиќ најверојатно утре ќе се најде и во стартниот состав, откако Хозе Марија Хименес остана во Мадрид поради ситна повреда која ја заработи изминатиов викенд.

 

Ливерпул добро го памети првиот пораз на „Енфилд“ во Европа (видео)

Дуелот меѓу Ливерпул и Црвена ѕвезда (среда, 21 часот) во Лигата на шампионите ќе биде посебен, потврди и петминутното видео во кое „црвените“ ја најавија утрешната пресметка. Ливерпул добро го памети првиот пораз на домашен терен во европскиот шампионат, а го претрпе токму против нивниот утрешен противник, во далечната 1973 година.

Според видеото, токму овој двобој во 1973 година имал големо влијание врз успехот на Ливерпул кој го направи на европската сцена од 1977 година до 1984, освојувајќи четири титули од вкупно петте титули кои ги имаат во својата историја.

Од 1900 година, па сѐ до 2000 година, Ливерпул само еднаш бил поразен на своја публика, токму од Црвена ѕвезда, благодарение на голот на Слободан Јанковиќ од слободен удар во 90-тата минута, за конечни 2-1. Тој дуел беше реванш, а „црвено-белите“ претходно со идентичен резултат триумфираа во Белград.

Леброн вети: На крајот сѐ ќе биде добро

Лос Анџелес лејкерс стартуваше со три порази во новата НБА сезона. Најболен од сите сите три неуспеси беше последниот. Утрово, Лејкерс на свој терен дури по продолжение загуби од Сан Антонио спарс со 143:142.

Првата ѕвезда се само во дресот на ЛА лејкерс туку и во цела лига, Леброн Џејмс од херој се претвори во трагичар на дуелот против Сан Антонио. Најпрво, во регуларниот дел Џејмс постигна тројка во последниот напад и израмни на 128:128, што беше доволно за продолжение.

Во дополнителните пет минути, Лејкерс водеше со 142:138 на помалку од 30 секунди, но загуби. Сан Антонио даде тројка, а потоа Леброн промаши две слободни фрлања. Гостите го реализираа и последниот напад водство од 143:142, а Џејмс ја превзема одговорноста во последниот напад, но промаши и ЛА лејкерс загуби.

„Го посакував тој шут и го добив, но не го реализирав. Имавме шанса, водевме со шест поени на една минута до крајот, но направивме грешки. Неприфатливо е да промашам две слободни фрлања. На крајот го утнав и последниот шут“, самокритичен беше Леброн, кој потоа додаде, дека се ќе биде како што треба.

„Играме се подобро и подобро. Ми се допаѓа начинот на кој играме. Сезоната е долга, иако овбие резултати не се добри, на крајот се ќе биде добро. Кога доаѓав не ни мислев дека ќе биде сјајно“, изјави Џејмс по поразот од Сан Антонио,

Се знае судијата за „Ел Класико“, во Реал веќе се жалат

Хозе Санчез Мартинез ја доби довербата да ја дели правдата на најголемото дерби во светот, популарното „Ел Класико“ во Шпанија. Барселона на „Камп Ноу“ ќе биде домаќин на Реал Мадрид во дуелот кој ќе се игра в недела.

Само што беше објавено името на главниот судија, веднаш започна да се загрева и атмосферата. Од таборот на Реал Мадрид веднаш почнаа да се жалат од судијата. Мартинез го судеше последното „Ел Класико“ на „Сантијаго Бернабеу“ кога Барселона како гостин победи со 3:0. На тој меч, главниот арбитар го исклучи Карвахал, а досуди и пенал за Барселона, кој беше постоечки.

Сепак не е тоа единствен меч на кој Мартинез исклучувал играчи на Реал Мадрид. Во 2016 година го исклучи Матео Ковачиќ на средбата против Валенсија. Интересно е тоа што Мартинез никогаш досега не исклучил ниту еден играч на Барселона. Но дека Мартинез и не е толку „кобен“ за Реал се покажува по дуелот од Суперкупот на Шпанија, кога Реал го победи каталонскиот гигант со 2:0, а главен беше токму овој судија.

Дуелот меѓу Барселона и Реал Мадрид ќе се игра в недела со почеток од 16:15 часот.

 

Дебакл од Израел за втор пораз на македонските надежи

По несреќниот пораз од 0-1 против Шпанија пред неколку дена, фудбалската репрезентација на Македонија до 17 години уште еднаш мораше да се помири со пораз. Овој пат немаше дилеми, Израелците ја декласираа нашата селекција во второто полувреме, односно со конечни 4-1, иако во првиот дел „црвено-жолтите“ имаа предност.

Во 33-тата минута Бехар Фета го постигна водечкиот гол за Македонија, а Израел во вторите 45 минути четири пати ја тресеше мрежата. За израмнување, односно комплетен пресврт, голови постигнаа Харуш и Габај за само две минути, во 52-та и 55-та минута од белата точка.

Торгеман ги реши дилеми со два гола, и тоа повторно постигнати во рок од две минути (77‘, 79‘).

По два меча и два порази, Македонија е без бодови на третото место на табелата, но со подобра гол разлика од Фарските Острови, кои претходно загубија 6-0 од Шпанија, а шансите за пласман во следната фаза се речиси невозможни.

Од оваа група понатаму со сигурност одат Израел и Шпанија, со тоа што Израелците засега се прво пласирани поради подобра гол разлика, а за првото место ќе се одлучува за три дена во директен дуел на овие две екипи. Македонија во ист ден игра против Фарските Острови, во терминот од 14:30 часот.

Барди го продолжи договорот со Леванте до 2022 година

Македонскиот репрезентативец Енис Барди и официјално го продолжи договорот со Леванте. Шпанскиот клуб знае дека не смее лесно да го испушти Барди, па затоа му ја продолжи соработката за уште две сезони, што значи дека ќе остане до 2022 година.

Барди ја игра втората сезона во Леванте. Во дебитантската година одигра блескаво и се промовираше во еден од најдобрите изведувачи на слободни удари. Само Лионел Меси даде повеќе голови од Барди директно од слободен удар во Примера дивисион.

И во тековната сезона Барди игра одлично и е еден од најдобрите во средниот ред.

„Многу сум среќен за годината која ја поминав тука и се надевам дека ќе имам уште многу такви години“, рече Барди по продолжувањето на договорот. Досега тој има одиграно 38 средби за Леванте во кои постигнал 10 погодоци.

Роналдо на пресот се појави со часовник вреден 1,8 милиони фунти (Фото)

Кристијано Роналдо повторно се враќа на „Олд Трафорд“, стадионот каде го промовираше цеиот свој талент и знаење. Португалецот помина шест години во дресот на Манчестер јунајтед (2003-2009), пред да се пресели во Реал Мадрид. Од оваа сезона тој е во Јувентус.

Токму во дресот на Јувентус, Роналдо вечерва ќе истрча на „Олд Трафорд“, против својот омилен тим. Кога прв пат дојде на „Олд Трафорд“, Кристијано беше само едно обично момче со многу талент. Сега е милионер и еден од најдобрите играчи на сите времиња.

На прес конференцијата за мечот, Роналдо се појави со часовник на раката, кој вреди неверојатни 1,8 милиони фунти. Тоа е дијамантски часовник од брендот Јакоб&Ko, на кој има дури 424 бели дијаманти.