16.8 C
Skopje
сабота, 22 ноември 2025
Дома Blog Страница 9875

Фенербахче доминантен и во неосвоивата „Блауграна“

Прв овосезонски пораз за Барселона пред своја публика, Фенербахче со конечни 84:65 ја освои „Палау Блауграна“ во дербито вториот ден во 10. коло во Евролигата. Турскиот гигант сосема заслужено триумфираше против избраниците на Светислав Пешиќ, освојувајќи ги сите четвртини од средбата.

Уште од стартот на средбата гостите ја презедоа иницијативата, диктирајќи го темпото полека градеа предност. Кон почетокот на вториот период Фенер поведе и со +10, а при секој обид на Барселона да се врати резултатски, кошаркарите на Обрадовиќ имаа решение за секоја закана.

Во последната четвртина Фенер влезе со 17 поени предност, но наместо домаќините да пружат отпор, влегоа во уште поголеми проблеми.

Мохамед Али се истакна како најефикасен кошаркар од составот на Фенербахче, реализираше 16 поени и пет скока. Гудуриќ додаде 13 поени и четири асистенции. Кај поразените, Адам Ханга беше најефикасен со 15 поени.

Резултати Евролига 10 коло:

Химки – Панатинаикос 76:68

Анадолу Ефес – Басконија 96:85

Олимпијакос – Будуќност 92:70

Матета ужива во ноември, Мајнц ја победи Фортуна

Жан Филип Матета ужива месецов во фудбалската игра и на шестиот меч што го одигра во ноември, го постигна петтиот гол, многу важен и победнички за Мајнц.

На гостински терен Мајнц ја победи Фортуна во Диселдорф со 1:0, благодарение на мајсторијата на францускиот тинејџер во 67. минута.

Матета одлично се снајде во шеснаесетникот на Фортуна и погоди за победа на својот тим. 21-годишниот младински репрезентативец на Франција не постигна гол само на еден меч во ноември, против Борусија Дортмунд. Серијата ја почна на 4. номеври против Вердер Бремен, а потоа постигна три гола на три меча за младата француска репрезентација.

И денеска Жан Филип погоди за Мајнц и го завршува месецов со пет погодоци на шест дуели што ги играше што е импресивен учинок за фудбалер кој има само 21 година.

Исланѓанките ќе ни бидат главен ривал, ја торпедираа Турција со 36:23

Ракометарките на Исланд убедливо ја победија Турција со 36:23 и јасно е дека ќе бидат главен ривал на Македонија за пласман во квалификациите за Светското првенство следната година.

Второто полувреме беше клучно за триумфот на Исланѓанките, откако по првиот дел имаа предност од 18:14. Со брзо темпо го скршија отпорот на Турчинките во второто полувреме и славеа со убедлива разлика од 13 голови.

И утре ќе играат против Македонија во салата „Борис Трајковски“, а победникот речиси сигурно ќе го освои првото место во групата и ќе продолжи во квалификацискиот циклус на патот кон Мундијалот во 2019 година.

Како во старите добри времиња – Вилја и Иниеста ќе бидат соиграчи во Јапонија

Давид Вилја ќе се сели од Њујорк во Кобе и повторно ќе игра заедно со некогашниот соиграч од Барселона, Андрес Иниеста.

Висел Кобе е подготвен да го ангажира некогашниот шпански репрезентативец, кој објави дека веќе нема да го носи дресот на Њујорк сити.

Вилја имаше одлична авантура во МЛС лигата, беше еден од најдобрите напаѓачи како играч на тимот од Њујорк, а во САД е од 2014 година.

Сега Висел Кобе има амбиции да атакува на титулата, а се надева дека до врвот ќе стаса со некогашниот тандем од Барселона, Вилја и Иниеста.

Димитриевски си фати ред, повторно е на голот на Рајо Валјекано

Столе Димитриевски си ја дочека шансата да брани за Рајо Валјекано, а и вечерва од 21 часот е на голот на шпанскиот прволигаш против Еибар.

Тренерот Мичел му даде шанса на нашиот репрезентативец да дебитира на куп дуелот со Леганес, а веднаш потоа стаса и првиот меч во шпанското првенство против Вилјареал.

За Столе денеска е четвртиот меч вкупно како е „единица“ на голот на Рајо, откако летоска се пресели во тимот од Мадрид од второлигашот Химнастик Тарагона.

Русија забележа клучна победа за пат на Мундијалот во Кина

Русија забележа клучна победа за пласман на Светското првенство во Кина, против директниот конкурент Финска и тоа на гостински терен.

Мечот беше исклучително возбудлив, а домаќините анулираа 10 поени негатива со одлична игра во последната четвртина. Финска го доби последниот период со 21:11, но потоа немаше сили за победа.

Русите се консолидираа и победија со 77:75, па сега им треба победа дома против Чесите кои веќе се пласирани на Мундијалот.

Важна победа забележа и Грузија, против Естонија на гостински терен со 80:73, но веројатно нема да биде доволна за пат во Кина. Грузијците зависат од исходот на мечот меѓу Србија и Грција, кој ќе се игра во Белград, а Грција е веќе пласирана на СП.

Резултати: Израел – Србија 83:74, Бугарија – БиХ 89:82, Чешка – Франција 65:79, Естонија – Грузија 73:80, Финска – Русија 75:77, Грција – Германија 92:84.

Јаховиќ стана мајстор за пенали

Адис Јаховиќ не промашува од белата точка во турското првенство, а вечерва го постигна водечкиот гол за Коњаспор во победата од 2:0 против Аланијаспор.

Поранешниот македонски репрезентативец е прв избор на тренерот Кочаман кога се во прашање пеналите, а Јаховиќ не промашува.

Вторпат сезонава е прецизен и сега има три голови за Коњаспор, екипа која по денешниот триумф се проби на шестата позиција во турското првенство со 21 бод. Ист учинок имаат и Бешикташ и Малатија, но со меч помалку.

Фуриозен старт на ракометарките – Македонија го декласира Азербејџан со 41:22

Македонија има одличен старт во претквалификациите за пласман на Светското првенство селдната година, а на првиот меч од нашата група декласирани се ракометарките на Азербејџан со 41:22.

Избраничките на селекторот Симе Симовски уште од почетокот на мечот што се играше во Скопје, тргнаа фуриозно и направија разлика што навести убедлив триумф.

По првиот дел беше 18:8 за Македонија и бодовите веќе беа запишани, но продолживме во силно темпо и во продолжението. Разликата постојано растеше во корист на домашната селекција и на крајот резултатот е победа на македонските ракометарки со 19 голови разлика.

Тоа е една од најубедливите победи во историјата на женскиот ракомет, кога станува збор за националната селекција.

Во второто коло утре исто така во салата „Борис Трајковски“ Македонија ќе игра против Исланд, а в недела го завршуваме овој циклус со меч против Турција.

Ноа ќе игра за Мемфис, ќе го плаќа и Њујорк никс

Жоаким Ноа потпиша едногодишен договор со Мемфис гризлис, за ветеранскиот минимум, а сепак не мора да се грижи за пари, откако неговиот претходен клуб Њујорк никс се обврза да го плаќа по 6.4 милиони долари во следните 4 години.

Францускиот репрезентативец имаше лош период во Њујорк, проследен со многу повреди и повеќе беше отсутен, отклоку што играше за тимот од Големото јаболко.

Раководството на Никс го ослободи од обврсјите Ноа на почетокот на новата сезона во НБА за да ослободи простор во буџетот, но според договорот треба да му плаќа пари до 2022 година.

Ноа беше еден од најдобрите центри во НБА птред повредите, а сега ќе се обиде да се врати во препознатлива форма во тимот на Мемфис.

ПСЖ потпиша со средношколец

Францускиот првак Пари Сен Жермен инвестира во својата иднина, па реши да потпише договор со средношколец. Се работи за Тиџани Чаброл, 16-годишно момче од школата на францускиот првак.

Чаброл моментно настапува за кадетите на „светците“, но денеска го потпиша првиот професионален договор, кој го обврзува да остане на „Паркот на принцовите“ до 2021 година. Главна причина за овој договор е ПСЖ да се заштити од конкурентите и останатите европски гиганти кои би можеле да го купат Чаброл.

Тинејџерот сигурно ќе остане меѓу своите врсници, но се очекува за две-три години да го покаже својот талент.